1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градска девојка со дечко од село

Дискусија во 'Врски' започната од Theodora, 26 јануари 2011.

  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    55.265
    Пол:
    Женски
    Јас сум од големо поразвиено село што комотно може да се спореди со малите гратчиња во земјава (а и општина сме, така да). Тука се доселиле баба ми и дедо ми дури биле млади. Тука сум цел живот. И либе е од тука. Би се нафатила да седам тука со него ако имаме посебно живеалиште и ако најдам соодветна работа. Ако не, ќе се преселиме. Не се знае иднината што носи.

    Во мало понеразвиено село не би живеела. Има околни села во близина каде што не ми се допаѓаат условите за живеење.

    Не судам луѓе по тоа дали е некој од град или од село. Секакви ги има секаде. Не знам кога ќе сфатиме дека градот не те прави човек, ниту селото сељак.
     
    На Nightwish11, Bezimenka90, stetoskop и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Ance-to

    Ance-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Јас сум девојка од град и иав дечко од село, сега се омажив за него. Не ми сметаше шо е од село ама уште првата година му кажав дека нема да дојдам во село, можеме да седеме под кирија или да подигнеме кредит за стан ама у село не. На почетокот мислеше дека ќе се премислам ама тоа е посилно од мене не го сакам животот во село. Сега живееме во странство јас му кажав твојата фамилија е и моја фамилија ама твојта куќа не е мој дом.
     
    На S.W.A.G, zhap4e, Spidy и 3 други им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    За ова пишував цело време во темава, ама некои погрешно ме разбраа. Факт е дека има разлика од село до село. Не верувам дека некоја ќе се нафати да живее во нехумани услови.
     
    На Alisa22, S.W.A.G, Nightwish11 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Ance-to

    Ance-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    И зашо е срамота мажот да се пресели кај жената ако таа има по убави услови за живот, само за тоа шо е срамота да си домазет
     
    На S.W.A.G, cresa-jagoda, ku4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    И јас се чудам. Баш пишував во темава за другарот на маж ми. Имаше шанса да живее убав живот. Ама тој одбра да остане со неговите и да мизерува. Не знам како некои не сакаат да искористат такви шанси.
     
    На S.W.A.G, cresa-jagoda, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Какви се тие нехумани услови во село?
    Мене и сестра ми баба ми не чуваше во селото од каде што потекнува и никогаш не сум осетила нехумани услови.
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Дува од прозори, капе од покривот, полско веце, греење вода за да се избањаш, неасфалтирана улица, нема улични светла, нема продавница во близина, и др.
     
    На Alisa22, cresa-jagoda и Spidy им се допаѓа ова.
  8. Ance-to

    Ance-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Ист беше и мојов..јас имам куќа на 3 спрата нему му беше срам...искрено среќа што испадна овоа со странство затоа шо не знам инаку каков ќе ни беше крајот :^)
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Ова се вика рурални услови или неурбанизирани селски услови и вака е главно во помалите, запустени селца во поголемите и понаселени нема ништо од напишаново.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ance-to

    Ance-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Нема градинка, смрди на лајно, ако немаш кола не можеш од место да се мрднеш а искрено многу од жените немаат положено па ако некој сака да ги однесе до град арно а ако не ќе си седат дома
     
    На Alisa22, Nightwish11, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Изгледа не ме прочита кога пишав дека има разлика од село до село. Јас мислев за селата кои ги опишав.

    За шетање само кола или такси.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Ти изгледа не ме разбра не се тоа нехумани услови туку неурбанизирани.
    Нехумани услови е друго нешто нималку поврзано со услови во село:D
     
    На An-na и Nightwish11 им се допаѓа ова.
  13. Ance-to

    Ance-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
     
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Мислам дека и јас спаѓам тука.:D
    Со либе близу живееме, ама населбата кај што е он всушност ја пишува дека е село. Малце не ми се допаѓаат условите таму - немаат канализација, имаат една мала продавничка во близина и толку. Немаат ни аптека ни школо блиску. Само ова смета, другото е океј. Сепак му имам кажано дека таму баш и не би живеела.
    Патем има разлика од село до село. Сум била во село бајаги оддалечено од град, без маркет во близина, неасфалтирани улици итн, а сум била и во такво што скоро и не личи на село, ги има баш сите услови.
     
    На candy.cane, Amellie13, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ance-to

    Ance-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Какво мислење има тој? Дали би се пределил ?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Да, и те како. Особено мачно му е што за да испазари мора да фаќа автобус до маркет зашто продавничката кај нив често имаат производи со поминат рок.
    Мислам ај да би било онака со убава природа ама ни тоа го нема. Одма во близина има фабрика која е еден од поголемите загадувачи во Скопје.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Ance-to и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    E strvatno sme ti cudo od narod brejjj...
    Pa i vakvi mislenja li ima...i za ova treba polemiziranje?!
    Splet na okolnosti e cel zivot koj moze sa znae ata bi bi kad bi bi.mm??
     
  18. Ance-to

    Ance-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    За некои работи треба на време да се мисле, не е само се сакаме и ништо друго не е битно... и те како е битно утре кога ќе биде касно
     
    На S.W.A.G, Nightwish11, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имам коментирано и претходно али ајде па ке искоментира.. Вака не ми е проблем со некој од село да сум што потекнува од село, има многу бистри луѓе, цивилизирани, внимаваат на здравјето и изгледот. Ама да се омажам од град во село нема шанси а притоа да не егзистираме никако во урбана средина. 21 век е имаш потреба и од кафич мозок да оладиш со пријатели, ако се разболеш ке ти треба 15 20 мин пат до болница, градинка, бензин се троши многу ке ти се испаќа ако си минималец со кола еднаш во две недели да одеш ако патот е многу одалечен пола саат пример. И многу други предиспозиции
     
    На mssuniquee, S.W.A.G, najjacha и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    13.300
    Пол:
    Женски
    Не гледам проблем со дечко/маж од село, ама реално сите гледаме за подобро за иднината. Јас си возам, кај и да живеам исто ми е дали продавницата ми е блиску. Ама реално и низ Скопје пребирам локации, дали има автобуси, дали има градинка/школо, дали има продавница, лекар, игралиште, а не па во село.
    Јас под село подразбирам далеку од се. Еве Драчево на пример иако е 10км од центар, буквално се има. До средно може да тераш и ич од Драчево да не искочиш. Урбанизирано, со редовни автобуси, школи и болница. И теоретски супер звучи додека детето не ти порасне и не може да искочи зошто нема автобус да се врати, ќе треба со кола да го земам, шофер да изигравам. Без разлика што и населбата и селото Драчево се супер организирани сами за себе, еве за мене не е прифатлива локација да живеам во следните 20 години. А да ми е мажот од Драчево нема да ми е гајле.

    Сакав да речам, тој што е навикнат да живее во центар на градот со сите нишани, ретко може да се замисли да живее некаде каде нема продавница со километри, едни хулахопки да ми притребаат да треба со кола да одам да купам. А дали е дечко или девојка не е битно.
     
    На Bezimenka90, Ance-to, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.