Сите во селата имат услови како и оние во градот,јас имам роднини во многу села често сум во село кај баба ми и дедо,сите во домовите имат бања во 21 век никој не грее дома вода за да се бања сите имат бањи,некој имат и толку модерни бањи со туш кабини абе со све,градина,домашни јајца,домашно чисто месо,органски зеленчук,овошје што си сакат тоа си садат,од селата има и толку богати луѓе што би ги купиле градските со се двор,во селата има интернет,телефони имат сите.помодерни телефони имат од градските. А за продавници има на секој десет чекори, за улични светла има во секоја улица.Јас повеке сум низ селата отколку в град,знам како е сум шетала многу по села. Незнам од кај ги извади овие глупости греење вода да се избањаш,немало продавници па и улични светла,ВИЕ АКО СТЕ БИЛЕ ВО НЕКОЕ ВАКВО СЕЛО ШТО ИМА ВАКВИ УСЛОВИ СТЕ ВИДЕЛЕ ОК,АМА ТОА ШТО ГО НАБРОЈА НЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ СЕЛА. На село јадат све свежо и домашно,додека градските јадат вештачки јајца,млекото што го продават е повеке вода отколку млеко,има жители што си произведуват се во домашни услови,а за какви домови имат да не зборам,додека градските се стуткат таму во тесни станови или под кирии,селаците си живеат во убави уредени домови,толу ли па е чисто низ градовите малку гледам хартија низ улиците а за загаденост да не зборам. ДАЈ ПРОШЕТИ ПРВО АКО САКАШ НИЗ СЕЛАТА ПА ВИДИ КАЈ ТОА ТОЛКУ НЕМА ОД УСЛОВИТЕ ШТО ТИ ГИ НАБРОЈА,ИЛИ ТАКА ТИ КАЖАЛЕ И ТЕБЕ ПА ТАКА СИ ЗНАЕШ ДА ТРОЛАШ. Има села да,што немаат доволно услови ама тие се ретки или скоро се напуштени па се останати само старите по тие села.
Не се глупости. Имам прошетано. И второ, не тролам. Ти сигурно не си била во селата во помалите градови. Ако сакаш, бујрум.
А ти си била низ другите села ако не си била бујрум и ти,и тие што живеат во малите села сигурно не се гладни.
А ДА И ДА СЕ БАЊА НЕКОЈ СО ГРЕЕЊЕ ВОДА ОК,БИТНО СЕ ИЗБАЊАЛ,ЏАБЕ УБАВИ СКАПИ ПАРФЕМИ НАТРУПАНИ ПОЛА КИЛО ПУДРА А ДУШАТА ИМ СМРДИ ОД ВНАТРЕ АРОГАНТНИ АБЕ ЗА НИКАДЕ.
БУЈРУМ ТОГАШ ДА ВИДИШ УСЛОВИ ПОУБАВИ ОД ГРАДСКИТЕ,НЕ МИ СТОИ КО СЕКАДЕ ДА СИ БИЛА ШТОМ МИСЛИШ И ТРОЛАШ ДЕКА СИТЕ СЕЛА СЕ ВАКВИ.
Престани со тоа дека тролам. Ок? Каде прочита дека реков оти сите села се исти? Не туку пишувајте какоа што на вас ви одговара. Нешто многу навредена се најде, а тебе никој не те спомна.
Не ме спомна никој,не се навредиив само се изнервирав како размислуват некои градски,демек ако си од град топ си оние од село мизеруваат тие не се луѓе не.
Супер е тоа што има домашно месо, домашни јајца и органски зеленчук, ама тоа од небо не паѓа, тие кокошки треба некој да ги чува, тие свињи некој треба да ги храни, да им чисти во кочина, да ги заколе, и тој зеленчук некој треба да го сади, копа и наводнува. Така што не гледам ништо трагично што девојка од град, навикната на еден сосема поинаков живот, не би сакала да живееле на село и да ги поминува деновите на таков начин. А колку што гледам богами и девојките од село немаат баш таков кејф, ете и твоите кажуваш имаат потекло од село, ама си отишле од таму и покрај идиличната слика која ти ни ја прикажа. Фали село живеј во град е работава.
Не трола само смета дека во помалите села биле нехумани условите за живот, кај виде дека трола? И ти па ништо да не се разбирало
Не реков така. И јас сум оддалечена од градот. Со автобус одам пола саат. Ама барем имам услови. Колку толку за скромен живот.
Точно е дека сите или барем повеќето се стремат да живеат во град. Точно е дека сите одбегнуваат да садат и работат со овошје/зеленчук. Да не се лажеме, навистина е попрактично да живееш во град, и набрзина да завршиш обврски, и за пазарење, и за шетање, и за кафе/вечера. Ама, според пишаното излегува како да луѓето во село живеат во куќи каде што дува од прозорци, капе од покрив, имаат полско вц. Куќите се со стари мебели, не се бањаат и сл. А демек тие од градовите имаат се нај нај. И не, не е точно. Се согласувам со @Crnookata дека има многу богати луѓе во село кои имаат огромни куќи со најмодерни мебели. Секој си вози и си има своја кола. Исто не е точно дека нема асфалт и дека нема продавници. Можеби има и такви села, да, но мислам дека тие веќе се поретки.
Јас имам роднини во такво село, со струја, вода, канализација, асфалтирани улици, градот е на 5 минути возење. Си чуваат и стока и имаат бавча. Али тоа што водата за пиење и полевање на растенијата доаѓа од блиското загадено езеро и е одвратна на вкус му ги руши сите останати позитивни страни. Кога и да отидам таму, колку и да ми се свиѓа, едвај чекам да се вратам да не пијам вода со вкус на метал. И ова им е отсекогаш така. А здраво одгледувани растенија полевани со контаминирана вода всушност не се здрави. Ако го сакам Скопје тоа е најмногу за најубавата вода
Читам и се чудам какви размислувања имаат поедини луѓе за животот во село. Еве јас сум од село, градот од мене е одалечен 20-30минути,и сега јас оти сум од село немам добри услови за живот? Моето село е општина и има школо,градинка,пошта,дукани имаш колку што сакаш се што ти е потребно за да не одиш до градот,добро исклучок немаме бутици.Јас имам ниви но не ѓи работат, бидејќи мојте одат на работа кога бев помала работеа на ниви и имам одено мноогуу малку 3 4 пати дали имам отидено,веќе во моето село многу малку работат на ниви бидејќи немат кјар,а и сите отидоа во странство.Да не должам многу сакам да кажам дека и во село е убаво да се живее,но добро имаа села се стварно многу сиромашни и немат ништо.Но јас сум задоволна од тука имам куќа имам голем двор имам се што ќе посакам и има многу богати луѓе од село што се газдии и имаат огромни куќи.Не значи ако живееш во град и прекрасно е кај мои школски што имам отидено во град какво им е домаа страшно немат ништо во 2 соби по 6 души...Секој си има различно сфаќање за животот во село и град.
A за вас од Скопје,од каде ја примате таа најубава вода. Јас ако не го сакам Скопје тоа е поради катастрофалната загаденост,и секој ден тепачки во автобуси а за метежот да не зборам.
Една градска дама вака се исмевала на своите соученици од село,ги потценувала и овие од село и се смееле на паметот што го има а живеела во трисобен стан а овие од село куќи имат на два до три спрата. Но што да правиш градски менталитет,башка една продавачка во бутик рекла колку ги ценам овие селаните ке дојдат си купуват со пари се што им треба,а овие градскиве тетраткава ми ја полнат со вересии.
Зашто ги извртувате работите? Или мора да напишете на вас како ви одговара? Факт е дека не се сите села исти. Ние од град сме се исмевале на вас од село. А вие не го правите истото??
Нема потреба до толку да се напаѓаат луѓето што живеат во град. И зошто им се смееле што живеела во трисобен стан?! Секој живее според можностите што ги има во моментот. Јас не ги делам луѓето според тоа кој каде живее. Живеам во град и сметам дека не значи дека сите што живеат во град се такви какви што опиша ти. Имам многу пријатели што живеат во село и се далеку подобри личности од оние што живеат во град. Но не значи дека тие што живеат во град се лоши личности.