За потсмевање е трисобен стан? Јас живеам во стан со 2 спални (едната е со дигнат ѕид) па не би менувала за село што е на пола саат од град. Баба ми и дедо ми живеат во село, дома им е средено стварно, веце поубаво од моето, нова клима, телевизор... Ама иди во зима да те видам кога им се замрзнуваат цевките и ѕидовите штом падне минус. А тоа и не е најголем проблем. Излегувам да одам во продавница (2 во цело село, не работат во недела) по пат на измет мириса. Верувам дека има убави села (имам видено неколку). Ама факт е дека во град е поубаво за тие што сакаат брз живот. Би живеела во приградска населба која е врзана за градот со автобуска линија (ако зборуваме за Скопје) или евентуално во другиве градови да е залепена за градот. И јас не би сакала утре задутре децата да морам да ги зимам од излегување или да се мислам дали со такси ќе стигнат безбедно. Крај краева, секој има прави да избере дали град или село. Помал или поголем град. Ко што видов, @SummerGirl не кажа дека сите села се со лоши услови, туку дека ги има многу во Македонија. И тоа е факт.
Точно е дека некој треба да сади,копа,да чисти кочина,никој не кажа дека нешто паѓа од небо. А тоа што младите више немат кејф за работа на село тоа е што нивната работа повеќе не се цени,сегашните мајки ги учат своите деца да гледа да земат градски човек макар и во две соби да живееле само во село да не биле(значи страшни размислувања) посебно што слушам од некои дами тие не се мажиле за земјоделец,за кравар,абее зарем тие не се луѓе ако нема земјоделци ке нема храна,ако нема кравари млеко ќе нема,незнам како некои луѓе можат толку да го потценуват селкиот живот.
@candy.cane маж ми е од село во внатрешноста, кај што условите се никакви. И не е само тоа село. И околните се таквите. Самиот он си кажа од старт дека не гледа иднина таму. На мене не ми смета ако некој е од село, туку условите во одредени села.
Значи сум одела на нива со баба и дедо, со мама и тетките сме нижеле тутун (мама го правела тоа како тинејџер). Ама никогаш не би одлучила тоа да ми е главна окупација. Ако сакаш да живееш во село - живеј.
Знам. Имам роднини на 2 спротивни краеви во МК и одејќи натака секакви услови имам видено. Едно селце кај Македонски Брод, прекрасна природа и се би дала да одам пак таму на ден-два, не фаќа сигнал на телефон. Патот до таму е песок и камења. Супер ако некој сака да живее таму, јас сметам дека после 3 дена ќе полудам. Некој не.
Ама незначи дека и тие што живеат во помалите села треба да ги потценуваме. А зошто таа им се исмевала што живееле во село па одозгора ги нарекувала сељаци,го оправдуваш ти ова,штом ова толку се исмевала па и тие ќе и се исмеваат за нешто.
ЈА ПРЕТЕРАВТЕ СО КОМЕНТАРИВЕ!!! И живеењето во село и живеењето во град си има свои позитивни и негативни страни.. Вистина е дека ако живееш во град се ти е тука на тацна што се вели (маркети, бутици, болници, школи, пошта и сл) но ти недостигаат благодетите на селскиот живот (свежи органски производи, почист воздух, слобода да излезеш во двор и да ја слушаш музиката на штурчето, мирисот на тревата и цвеќињата и сл) во ова современо време скоро секое село има напредна инфраструктура како пошта, здравствена установа, маркети и сл и зависи за какви села зборуваме вистина е дека има одредени села кои како времето да застанало за нив и се да речам запустени ама има и такви модерни села каде што има се..
@Crnookata спомнав поназад дечко ми живее во населба која што е село всушност. И таму има куп магацини а немаат еден асален поснабден маркет. И не би сакала да ми треба некое апче, сируп и болна да морам да фаќам такси за до аптека зашто немаат таму или до матичен лекар да отидам. Да спомнам и дека во населбата има фабрика? Тој уште од старт ми кажа каде живее и какви се условите таму. И никогаш не го гледав поинаку. Ама му имам кажано дека не сакам да живеам таму. Плус немаат ни канализација туку еден дел од населбата се на септичка јама која е одма до неговата куќа.
Ова исто го има и во постарине згради, дуваат прозори, капе кров, нема парно... Улициве дека во град сме чиниш сите асфалтирани се, светла секаде... Очигледно не сте виделе село, има села далеку посредени и поурбани од одредени градски делови....
Не знам каде прочита во мојот коментар дека треба да се потценуваат луѓето што живеат во помалите места. Кажав дека имам пријатели што живеат во мали села и дека ми се подобри пријатели од другите. Кажав дека не ги делам личностите според тоа кој каде живее. Но да се напаѓаат тие што живеат во град зашто живееле во трисобен стан нема смисла.
Мириса на измет сигурно од тие што одгледуват стока,некој живее од нив и тоа не е за потценување нели,еве некој одгледува крави продава млеко за да земе некој денар,и нормално од стоката има измет. Па и во градот бе не е сјајно,кучиња скитници воздух загаден. Кој дека сака нека живее барем да не се потсенуваме,може во село мириса на измет ама па и во градот не е рај.
Хмм зарем тоа не треба општината да го среди или државичката,и ти не се виновни што немат болница,канализација и незнам ти што.
Проблемов со нашиве села е сеуште недоволната урабанизираност. Во добар дел од нив сеуште нема градинки (зборам за скопскиве села кои инаку имаат пристојни услови) недоволно развиен градски превоз т.е последен автобус во 22ч и сл. Не е идеално за родители со деца. Затоа и јас одбрав да живеам во град, а можев да одам и да изградам куќа кај мајка ми во село. Иако живеам во Аеродром кој нели важи за урбана населба, живеам во дел кој сеуште се гради и е далеку од урбанизиран, ниту корпи за отпадоци имаме, ниту има светло пред зграда, ниту клупи, ниту паркови за деца. Кај мајка ми во село сето ова го има...
И да се напаѓат тие што живееат макар во најмалите села нема смисла,знам градски што се исмеват на човек од село макар што тој човек може да ги купи,еднаш една рече тие што работеле на нива биле нечисти тоа според тебе има смисла?
Девојко, во мојот коментар никаде нее пишува дека треба некој според нешто да се исмева. Кажав дека имам пријатели кои живеат во мали села, работат на нива, и нема логика јас на ова да се смеам. Секоја работа која е чесна, не треба да биде исмејувана. Коментирав бидејќи ти кажа дека се смееле на луѓето што живеат во трисобен стан, и беше кажано како нешто многу лошо ако некој живее така. Секој живее според тоа како може и секој се труди најмногу што може.
Според мене живеењето во село ограничува. Кога имаш деца особено,а кога имаш деца во пубертет и големи исто така. Ќе сакаат да излезат,ќе бидат ограничени,ќе ги мислиш како ке одат ,како ќе се вратат. Во село не би живеела,колку и да е најубаво на свет. Може само во пензионерски денови.