1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градска девојка со дечко од село

Дискусија во 'Врски' започната од Theodora, 26 јануари 2011.

  1. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Ако некој е од град не значи дека е поголем човек од тие што живеат на село, има луѓе што се многу поголеми сељаци од тие што живеат на село.
     
  2. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    прво сакам да ми се дефинира дали дечкото се гледа по тоа што каде живее?ако е така тогаш за мене нема никак ва врска ако девојката е пд град а тој од село,и обратно :)

    а ако се мисле на карактер дечко кој има селски карактер и е од село,е тогаш неможам да сватам,без разлика ако е од град или село тој пак ќе си биде сељак. :)

    значи со неколку збора дечкото ако е од село не менува ништо,ако е паметен добар и ми одговара,но ако е од село и е сељак тогаш пиши пропао на работата...... ]:)
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Еднаш и јас имав врска со едно типче од село, и тоа воопшто не ми пречеше,баш беше супер местото ама типот беше сељак во душа па затоа и врската не успеа :!: :$

    Абе ние Македонците колку сме плитки, тоа е нешто неверојатно
    еве мајка ми е родена во село, ама бидејки потекнува од печалбарско семејство е растена во Европа, а татко ми е од Скопје и што? многу од девојчињата со кои учев средно живееја во село и по потекло се од таму и луге се исто ко и сите нас, дури и подобри а и другарката што највеке си ја сакам и ценам живее во село, и кога ке отидам на гости баш ми е супер, уживам кај неа дома :$

    Инаку не знам дали знаете ама на Запад само сиромашните живеат во Центар, а богатите живеат надвор од градот :$

    значи дека и јас си имам селски жички, и не баш градско потекло и се гордеам на тоа :!: :*
     
    На sweetgeisha му/ѝ се допаѓа ова.
  4. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    само тие што живеат во стариот дел од градот т.е. што имаат потекло од таму се тие прави граѓани сите други имаат потекло од село :rofl: така да тоа ти е повеќе од пола :rofl:
     
  5. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Немат врска то кој од каде е. Еве и мојот е од село па што? Јас многу повеќе имам потекло од село отколку од град. Важно е карактерот да му е убав. :)
     
  6. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Колку нема тоа никаква врска кој од каде е.. Епа познавам многу луѓе од град што не би им дала ни овци да пасат а не нешто друго, а и спротивно познавам луѓе од село кои се прекрасни така да ни за дружба, ниту за љубовна врска тоа нема никакво влијание. Јас сум од град и не сум имала дечко од село ама сепак и да е дечко ми од село не би ми пречело
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Градска девојка со дечко од село... А селска девојка со дечко од град-како звучи? Прилично исто!
    Значи вака, денешниве дечки и девојки без разлика каде живеат се многу напрадни и модерни. Не значи дека онај од село мириса на сено, ги паси овците, итн. Познавам момци кои живеат во село, ама се скроз фини, убаво се облекуваат, чисти се, значи ако не знаеш од каде се нема да ги препознаеш.
    Да имам дечко од село не ми пречи. Тој ми е само дечко, мене ми е океј, се сакаме, а тоа од каде е нека си е. Нека му се живи и здрави предците. хаха
    Понекогаш сакам да живеам во некое селце, да си имам имот, кукичка и да се оттргнам од секојдневиево градско. За жал, немам кај да одам бидејки моиве се стари граѓани па немаме имоти на село, ама ај да не зафаќам офф.
    Значи, градска девојка со селски дечко, уствари, селска девојка со градски дечко е скроззз океј ситуација се до моментот кога на еден од партнерите ќе им засмета селското потекло. Е тогаш веќе врската нема смисла. Ама се до тој момент, се додека љубовта е присутна, потеклото и корените не треба да се мешаат!
     
  8. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Точно е дека врз карактерот на човекот многу влијае средината во која пораснал и начинот на кој се социјализирал. Можеби некогаш имало поголема разлика затоа што селата и градовите не биле толку поврзани, но денес? Сите сме исти, посебно во нашата Македонија, која е толку мала, нема место и за вакви делби. Стварно не можам да ги сфатам луѓето кое живеат со мислење дека тоа што се од град ги прави подобри од тие што се од село. Која е разликата? Дали во селата во кои има млад свет нема интернет? Дали не одиме сите во исти средни училишта? Сите гледаме исти програми на ТВ и сите излегуваме во исти кафулиња. Се е индивидуално, потеклото во денешно време не ти ја дефинира личноста. Фала богу што нема многу денес што имаат заостанати мислења! :clap:
    Тоа го велам врз основа на тоа што го прочитав на форумот, а и поради животот во средно. Јас сум од село, и имав во клас и од град и од село. Никогаш немаше поделба град-село. Моето друштво бевме девојчиња од град и од село, а имаше и една групичка лигли која исто така беше формирана од девојчиња од град и од девојчиња од село. Е сега тие тоа што моите другарки беа од град не ги правеше лигави, ниту пак тие што беа од село, селото ги правеше добри и фини. :)

    Едвај чекам да си одам дома, да соберам еден куп другарки, да си направиме скара на сред двор! Или пак во сред лето да се сончаме исполегнати на трева како да сме на Хаваи 8) Ама ми фали моето селце!!
     
  9. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Јас немам роднини на село :(
    Роднините по страна на татко ми се распрснати по Балканот, а од страна на мајка ми повеќето се во прекуокеанските земји, па така, тука не ми остана речиси никој. Кога бев помала, моите другарки одеа на поседок кај бабите на село, а јас дремев сама дома и пекав за викенд на село! Ми беше задоволство секогаш кога ќе ме поканеа на гости и понекогаш останував кај некоја другарка на поседок за викенд!

    Родителите на мојот дечко, со кој сме долго време во врска, порано живееле на село, но веднаш по стапувањето во брак се преселиле во една приградска населба (7-8 минути возење до центарот на градот). Населбата е убава, мирна, дечкото има убава куќа, простран двор, градина со зеленчук и овошје, огромен тревник со цвеќиња кој редовно си го дотерува, ограда испреплетена со лозница - милина!
    Воопшто не ми пречи и не ми игра никаква улога неговото потекло, тоа никогаш до сега не станало тема на муабет меѓу нас.

    А во контекст на малограѓанштината, во почетокот кога се фатив со дечкото, една моја тогашна другарка ме праша - „А знаеш каде живее?“ :?: Јас и реков - „Да, знам, а каква врска има тоа?“
    Интересно беше што и самата таа има роднини на село и редовно ги посетуваше, впрочем јас сум одела таму и знам какви се, а уште поинтересно е што се дружеше со сестрата на мојот дечко и се лигавеше пред неа!

    Имам и уште еден случај - моја другарка му раскина на дечкото затоа што живее на село. Нејзините зборови беа: „Иако беше убав, висок, образован, имаше имот, имаше кола, добар беше кон мене, не можев да бидам со него, едноставно ми беше срам да се појавам во јавност со него и му раскинав!“
     
  10. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    ne mi se veruva deka chitam vakva tema...luge shto vi e vas...koj vek sme...kakva veza ima ako dechkoto ili devojkata e od selo,mislam ve molam
    :))))))))
     
  11. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    јас сум од село... Сум имала дечко и од село и од град, имам добри другари и другарки од село. Тие што учат, што се правилно воспитани се 100 пати покултурни од некои градски сељаци! Не можам да речам дека сите млади што живеат во село се паметни и културни ама ако гледаме така ниту во градските млади не се сите совршени! Тука работиме, се трудиме да извадиме пари за да можеме да си го плаќаме факултетот и имаме голема почит кон родителите. Еве јас и брат ми на пример- тој дипломира менаџмент, јас студирам сеуште, кога работиме работиме сите заедно, а сепак кога ни требаат пари прво и кажуваме на мајка ми.
    Тоа е почит!

    Сега имам дечко што живее во град и има угледни родители, никогаш не му сметало тоа што јас живеам и работам всело, ниту пак на неговите, напротив, кога татко му ме запозна и разговараше со мене му рекол на дечко ми дека ми се восхитува! Да знаете- селото може да го направи човекот многу вреден, градот може да го претвори во себично и арогантно суштество(познавам многу такви).
     
    На eloves, richgirl998, teddygirl и 7 други им се допаѓа ова.
  12. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    И да надополнам:
    Мојот бивш живееше во Битола, во центар! Па се мислеше дека го поседува градот, ме вараше на секој ќош, а вџеб немаше 50 денари за кафе! :!: А брат ми буквално ја хранеше неговата девојка и дури и стварите за лична хигиена и ги купуваше и пак ја ценеше!
    Па сега вие видете дали ќе одберете паметен и добро економски поткован селанец или прост и арогантен измамник што живее вцентар во 2 соби со цело семејство(сучајот на бившиот мој!)

    Сепак сеуште можат да се најдат скромни момци вград, се зависи од средината во која растат и родителите.
     
  13. k.r.i.s.t.i

    k.r.i.s.t.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    50
    ЛОЛ!!!!!!!!!!!!!!
    Ама јаде,ти незнаеш........
    Јас живеам во град,моите се добро ситуорани,татко ми е професор во средна школа,имаме имот и капитал,да не бидам себична,али живееме добро,немам којзнае каков луксуз,ама топол дом и храна има во секој момент.Дечко ми живее во село,од градот е одалечено малку 10 на километри,можеби и помалку,за 5 мин се оди со кола.Средно има завржено одвај,учел 6 години,али тоа не значи дека е глупак и прост селанец.Паметен е интелегентен,неговите имаа се што му е потребно за живот.Работат со земјоделие,чуваат стока,имаа за живот.Мене воопшто не ми пречи што е од село.На почетокот ко се запознавме појма немав дека е од село мислев дека живее некаде во центарот на градот,бидејќи нон стоп го гледав по кафулина,како што прават гратските момци кај нас.Кога посака да ме запознае со неговите ме однесе кај нго,на почеток се збунив малку бидејќи мислев дека ме зеза,ама подоцна сватв дека ми ја кажува вистината.Н е ми прчи воопшто.Дури понекогаш во слободно време одам кај нв и му помагам околку полските работи,бидејќи се 3 ца мажи дома мајкаму не може да стаса секогаш се на време и постојано има нешто за работа!Тоа што му8 помагам ми причинува задоволесто и повеќе ги запознавам нив и баш се фини,никогаш не ме навредиле ни пак зборуваат некултурно со некои чудни акцент.И неговата мајка исто така растела во град и се омажила во село за неговиот тако.Сите ние потекнуваме од некое село.Имам кажано еднаж ама ќе пофторам пак:ГРАДОТ НЕ МОЖЕ БЕЗ СЕЛОТО И СЕЛОТО НЕ МОЖЕ БЕЗ ГРАДОТ!!!!!!
    И ајде доста со ова селанец,селанка,богат и сиромашен,тие што бараат матријални средства во личностите се осудени на пробаст,да не можат да ја вкусат убавината на животот кој е заснован на база на љубовта.Доволно е ум и разум,здравје,парите ќе се спечалат,за тоа се тие за трошење.И луѓето од село знаат да почитуваат и сакаат и тоа повеќе од ови во градот,зато шо знаат каква е маката.А не некој од овие гратскиве момци ќе ти се фура ќе ти се фура ,а бе....ќе се крева и на крај како лајно ќе падни-мислам ова да не се сфати како навреда ама има такви поедници.Имам многу нешта да се кажат,ама ако се сака не е проблем село град и незнам шо ти не!!!!!!! |(
     
  14. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Воопшто не гледам тоа дали некој е од село или град...секој си има свои квалитети и маани.
    Јас сум од град, имав дечко од село и беше предобар, додека пак некои од град се тешки кретени...
     
  15. lolooo

    lolooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    11
    ako se skaka ne treba da se bira dali e od selo dali e bogat ili slicno toa go imam slusnato od mn devojki mislam deka ne e lubov ako biras kakov e sto e ednostavno ako se sakate nema potreba da takvi rab bidejki eden den nisto ne se znae mozebi toj sto e bog ili od grat ke ja smeni ulogara so bogatite i ako e od selo taka da ne birajte od kade e dali ima kola ili dali e bogat neka presudi srceto koj e za vas prav decko :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
    [mod-kirilica:z5wyr37x][/mod-kirilica:z5wyr37x]
     
  16. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    125
    неам никакви предрасуди за тоа кој каде живее многу е побитно кој како живее и кој како е воспитан никогаш не сум ги делела луѓето според местото каде што живеат.Имаме многу примери каде што деца изараснати од град се понашаат тако сеЉаци и обратно ,,сељаци,, да се понашаат како гратски деца (т.е да се понашаат многу покултурно и по фино) за разлика од нашиве ,,гратски,, деца.
    Но јас сепак имам лошо искуство со така неречените ,,сељаци,, дечкото со кој идев живееше во село(воопшто не ми сметаше) тоа но неговото однесување и неговите манири не се споредуваа ни со пештерки а не пак со човек кој живее во село,сепак сметам дека тоа е до домашното воспитување и колку родителите им обрнуваат внимание на своите деца а не дали типот е израснат во град или во село тоа има најмалку врска каде живее и каде е израснат.
    Битно е да знае да те почитува,да те сака и што е најважно да има домашно воспитување
     
  17. Sidny

    Sidny Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Леле :/ и јас го имам истиот проблем луѓе, не знам што се случива со светов денес. Моите дома почнаа да ми предаваат лекции да го оставам дечко ми зошто не сме од ист град. Мајка ми не можела да поднесе јас да бидам толку далеку од неа кога ќе се омажам, Господеее Божее .. Не знам, немам зборови .. најголемото разочарување во животот го добив од нив.
    А гледаат дека сум среќна со него и дека планираме заедничка иднина.
    Не се свесни дека така ќе ме изгубат, не знам на кој начин ама тоа еден ден ќе се случи.
     
    На elyzabeth му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Не сум била во ваква ситуација. И да сум, не би ми било срам од тоа дека мојот дечко е од село. Тоа нема врска. Баш имам 2-3ца другари, оддалечени од градов 5 минути. Знаат муабет да направат асолен, паметни, интелегентни, запишани на факултет сите. Сите фини. Нема врска што си од село, важно е она што го носиш во душата. Никогаш не сум имала некои стереотипи за нив. Ниту ќе имам. Секој води потекло од село.
     
    На Sidny му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ida123

    ida123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Aбе луге битно ли е? еве јас сум од град а децко ми е село на 15 минути е со кола до таму. идеме година и повисе и стварно мие убаво со него , мислам дека дури и подобро се изразува од мене . знае убаво да се облеце секогас е тука за мене во поцетокот и јас имав некои такви предрасуди посебно од местото кај сто тој доага си мислев еве усте еден селјак да ме замара ама кога се запознав со него сватив дека не е таков :D а исто така имав децко од град со факултет полн дзеб ова она знаци лепотан ама однесуванјето катастрофа. понизуванје на секој цекор ... се филмасе многууууууууу и го откацив на крај ЧД
     
  20. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас никогаш не ги гледам луѓето по нивното потекло. Било да се од село или град ако се луѓе се луѓе и крај. Нити па мислам дека некој треба да се срами од своето потекло. И јас имам некое селско коренче, па што?!
    Нема врска човек од каде е и каде живее. Има личности кои џабе се од град кога немаат ни однесување, ни познавање, ни речник ни ништо.
    Многу ме нервира ко ќе слушнам кога некои зборуваат нешто во стил на „Што бараш со него од село е?“ „Намераваш да се мажиш таму?!? Аман Богу иза леџа е!“ „Ќе видиш, ќе копаш ниви цел живот. На работа нема да те пушта“, крај краева ако јас сум спремна ниви да копам цел живот ќе се мажам таму, што к*р ме боли што ќе речат другите?!
    Сум имала и дечковци од село и од град. Значи нема врска потеклото и местото на живеење во врска со тоа каква ќе е една индивидуа. Се се засновува на пред се домашно воспитување, па образование и така натака... ;)