1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градска девојка со дечко од село

Дискусија во 'Врски' започната од Theodora, 26 јануари 2011.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.684
    Пол:
    Женски
    Како не се?
    Еве да сакаат да одат во град да прошетаат.
    Мора да им обезбедиш прво превоз.
    Некое има талент за јазици,како ќе оди на курс по англиски ако нема во селото.
    Како ќе оди на музичко?
    Ако нема превоз?
     
    На Ance-to, Bezimenka90, candy.cane и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Никој не го потценува селскиот живот, туку едноставно некои луѓе сметаат дека таквиот начин на живот не е за нив и не знам зошто ти тоа толку лично го сфаќаш и се навредуваш.

    Ти спомна дека не би живеела во Скопје, и мн други луѓе го имаат тој став па не гледам некој да ви се лути, ваше право.

    А за потценување, па ако не се лажам ти во неколку наврати ги потцени тие од град демек на вересија купувале и слично.
     
    На Mrs. Lovett, Bezimenka90, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    1.316
    Пол:
    Женски
    Dobro toa e tocno da,ama zarem tie vo gradovite ne plakat taksi voopsto,ili poveketo se so velosiped vozat,sakam da kazam I vo gardot site ne ziveat do muzicko skolo,do centarot za jazici.
     
  4. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    @Crnookata Кој кого потценува? Човекот од селото може да го купи човекот од градот? Ова не е потценување? Каков е овој твој коментар? Никој не зборува тука за пари, сите зборуваат за можностите коишто ги имаат градовите/селата. Секој има право да изнесе свое мислење, секој има право да си го живее животот како сака.
     
    На Mrs. Lovett, Bezimenka90, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    1.316
    Пол:
    Женски
    Abe jas go kazav toa sto go zborese prodavackata od butik,kaj vide da gi potceniv,taa taka kaza I jas samo napisav ovde.
     
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Јас откако имам деца ги сфатив благодетите од живеење во село. Децата се толку слободни, по цел ден се надвор во двор и на улица, никогаш не им е досадно, не мора да мислиш каде да го одведеш за да се забавува... Тревник, песок со играчки, една лулашка врзана за дрво и летото базентче со вода и детската радост е загарантирана, а богами и се што е потребно за правилен детски раст и развој.
    За почист воздух, домашно одгледани градинарски производи, домашни животни и сл да не зборувам.
    Подобро кога ќе пораснат ќе ги носам секој ден со кола на активности во градот, отколку да им го ускратам ова што сега го имаат.
    Нашето село е урбанизирано, со школо и градинка и по неколку маалски продавнички, градот ни е на 10 мин, за во маркет, парк, игротека и сл не ми е тешко да ја запалам колата и да отидам. Сигурно побрзо ќе стигнам отколку некој што ќе заглави во гужвата во Скопје.
    Баш од скоро мм отиде во странство и нормално ни се наметнува прашањето што како во иднина, дали ќе одиме сите, јас се уште сум категорично против токму поради лагодниот живот што си го имам овде и не можам да се замислам да живеам некаде на друго место.
     
    На Sofice, IRBBB, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Во град имаш јавен превоз, во село има ама редок е или воопшто нема.
     
    На Bezimenka90, candy.cane, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Значи животот во село е погоден ама ако имаш кола испаѓа.
     
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Па многу ретко денес кој нема кола.
     
    На Dust и Crnookata им се допаѓа ова.
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    55.263
    Пол:
    Женски
    Има голема разлика од село до село. Смешно е да мислиш дека сите села се како оние на приказните.

    Да не се лажиме, ретко кој би отишол да живее во мало и неразвиено село каде 99% ако не и сите живеат од стока и/или од ниви. Ниту јас.

    Јас имам спомнато дека живеам во големо село, што е и општина. Најосновните работи како што се: школо, градинка, маркет, колонијални продавници, амбуланта, аптека, пошта и редовен превоз до град имаме. Со кола е 15 минути до град, што не е многу во споредба со оние во поголемите градови што патуваат со јавен превоз или такси. Имаше и банка едно време ама ја затворија. Исто така имаме и природа во близина, што е уште една голема позитивна страна.

    Знам како е и работата на нива, секое лето работам на нива. И искрено не би го работела тоа кога ќе се осамостојам, па ги разбирам оние од поголеми места што го имаат тој став. Ама сега среќа не е како порано, и луѓето повеќе се ориентираат на други работи. Ретки се младите што се осамостоиле што продолжиле со земјоделство. Најголем дел се тие од генерацијата на родителите мои и постари што го работат ова.

    Нормално е секој да сака да живее во убави услови. Денес има и села што можат да го понудат тоа. Но сѐ зависи во какво место ни е најкомотно да живееме. Мене ми е комотно тука, во голем град како Скопје не би се навикнала. Би ми било тешко. Во помал да, би живеела. На друг му одговара брзиот живот во голем град и не сака да оди во помало место, што исто така е океј.

    И секако не е во ред ни тие во град ни тие во село да се исмеваат. Секој си живее според можностите и желбите. :)
     
    На dayla, Blue.Sky, Lolipop23 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. LucyLu

    LucyLu Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2019
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Леееј каква темааа :inlove:
    Ајде вака :
    Јас сум од периферијата на Скопје односно СЕЛО :D
    Ве читам тука и незнам како сте си замислиле дека живееме ние стварно незнам веќе. Никогаш не бев скратена од нешто дека јас живеам во село. За 30 мин сум во центар. На англиски, спорт, средно, факс... Си движам си терам како што треба. Па ние на бунар вода не полниме, кокошки не ми шетале во двор, не топлам вода :D
    Се имам соочено со неколку деца во средно од типот дека сум од село и слично ама не паднав под нивно влијание воопшто. Тоа беше запознавање и после бев само нивна другарка а не девојче од село :)
    Не правете разлика сите сме исти без разлика каде живееме а како поминува време сите "градски фаци" си доагаат накај мене ВО СЕЛО :hai:
     
    На CindyAnn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Овде не ги коментиравме луѓето од селата, туку условите. А дека има различни села, има. Само некои го извртеа муабетот во нивна корист.
     
    На S.W.A.G, candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. LucyLu

    LucyLu Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2019
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Како и секогаш секој си збори како што му одговара :D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Јас убаво си кажав, ама некои одма ме нападнаа. Ако некој не сака да живее во село (и обратно), не треба да се напаѓа. Секој си има свои приоритети.
     
    На S.W.A.G, candy.cane, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Некои коментари во темава се чиста глупост.
     
    На MarigoldA, Mrs. Lovett и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Точно, ама јас не би сакала да живеам во место кај што таа миризба ќе ми смета постојано и да се движам по улици со лепешки (да и во градови го има ова затоа што сеуште има роми што си шеткаат со коњи во урбани места ама не постојано).
    Јас не осудив никој што живее на село или што се занимава со сточарство и земјоделие.

    Ама не би сакала да чекам да ми се ослободи кола за да идам до град кога во Скопје можам со автобус или пешки да отидам негде. Сакам да излезам и да отидам до некој мол или до кафич, да прошетам во парк или на плоштад а се ова да ми е овозможено пешки или со поевтина варијанта превоз.

    @An-na за кој дел од Аеродром зборуваш?

    @Lolipop23 а дали кога дечињата ќе пораснат, ќе ги земаш и носиш постојано ако сакаат да излезат во град? Пример кога ќе отидат во средно во градот, ако се излезени со друштво што не живее во вашето село. Секогаш ќе излегуваш со кола после 12 за да ги земеш?
     
    На Alisa22, Bezimenka90, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Делот кај Трета Македонска. До Џевахир. Ужас е. Ќе се урбанизира кога - тогаш, ама до тогаш :^)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Аа да, скоро прв пат поминав таму и се збунив некако ко да не сум во Аеродром. Ама и зградите кај Јане болницата беа такви на почетокот, сега е океј.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Знам, ама додека се среди. Скоро четири години сум тука, абер нема.
     
    На SummerGirl и candy.cane им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Во селото од кај што е маж ми нема превоз. Или кола ти треба или такси. А не може секој да си дозволи кола. И да ја имаш, за се треба да ја користиш. Ти затребале марамици, пали одма колата. Или плаќај такси. Такси во еден правец е 150 денари. Во двата правци 300 денари. И да треба да земеш нешто од аптека, таксито ќе те фати поскапо. Друго...не е ова старо време па да греам вода за да се избањам. Или да трчам во полско веце ако ме фатил стомачен вирус. Навечер ако имаш потреба од лекар, треба да одиш во друг град. Немаат во градот дежурна служба. Ако некој сака да живее во такви услови, бујрум. Јас сум против. А за миризбата, и во Скопје мириса на измет. Немам ништо против луѓето кои живеат по селата, ама имам против одредени услови. Има и модерни села кај што условите за живот се феноменални.
     
    На Mrs. Lovett, Bezimenka90, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.