Јас не сум имала до сега дечко од село. Би имала еден таков, немам проблем со тоа од каде доаѓа, сите имаме потекло од село некое, НО само ако прифати да живееме во град. Јас во село не би можела никогаш да живеам. Не се срамам или плашам но не би можела моите деца да ги осудам на таков живот... Не такси, не курсеви, не милијарди, ма што сака нека имам во селото, јас да го мислам у сред ноќ како ќе оди и ќе се враќа од дискотека шо ни е толку далеку од дома, ма шанса нема!
Јас па обратно. Никогаш не би живеела во Центар. Мирот и спокојот што го дава селото за ништо не би го заменила.
До сега со сите што сум била во врска биле од село. На мене ништо не ми менува тоа. Сегашниот дечко е исто од село, од 18 год живее во град ама во иднина си планираме пак да си направиме куќа на село.
Имам другарка која има дечко од Охрид, поточно од околината на Охрид, не ми текнува на името на местото сега. Инаку таа живее во Скопје. Кога почнаа да излегуваат, нормално соопшти дома на нејзините дека има дечко и каде живее. Кога разбраа дека е од околината на Охрид, живи ја изедоа. Со месеци девојчево си имаше такви проблеми и стресови поради скрос небитна причина реално. Одеа до таму да и прават муабет во стилот "Кај ќе работиш таму?", "Каков живот ќе имаш таму?". А нема врска тоа што се гледаа едвај неколку месеци кога им соопшти прв пат. Буквално цел живот и го имаа искреирано, ми се повраќаше кога ни раскажуваше. Толку прости луѓе, џабе живеат во Скопје. Туку ај, ќе преминеш некако преку тоа, ќе речеш постари се, ама па не виде нешто поразлично од сестра и девојчево. Сестра и одеше дотаму што не и правеше муабет, ја бришеше од Фејсбук, и правеше драми кога ќе одеше во Охрид да се видат, и што се не. Буквален кошмар. Каква сила имаше девојчево да издржи, ене ги ден денес се пресреќни заедно и покрај таква дистанца им успева врската. Нејзините некако се помирија со фактот изгледа, па не коментираат повеќе. Што се нема да видиш и слушнеш денес.
Секој си има различно мислење и гледиште. Јас па не би можела така мирно да живеам, на страна од сите случувања. Никогаш не сум живеела така и не ни можам. Можеби и јас не сакам во центар ама во околните населби, да, пример Карпош овде во Скопје е преубаво. Излегувам и на 10-15 минути ми е се, сите кафичи, училишта, продавници, трговски, нема толку многу гужва, живеат културни луѓе... Дури и некои населби околу Центарот не ми се допаѓаат баш, на пример Автокоманда или таму кон крајот на Аеродром или Ченто се чуствувам ко да не ни живеам во Скопје, изолирано ги чувствувам и тоа е тоа... Поарно во Тетово, Велес, Куманово ќе живеам ама во градот отколку во овие. Се е до перцепцијата. Јас со помалку од ова едноставно не можам.
Па таман е. Водно, Карпош, Капиштец, Козле... Дебар маало, на пример, не го сакам. Тука менталитетот е бетер од најзатуцаното село. Тука и се соберени сите од најзатуцаните села.
Ако некому му е битно од каде потекнува личноста што вели дека ја ‘‘сака‘‘, тоа не е љубов. Љубовта не е себична, извинете така. Не може никој да избере каде ќе се роди, а нема ништо лошо некој да живее на село. Одгромен број на мои пријатели живеат во село и супер се, не гризат, не се плашете.
Не се плашиме. И јас имам другарки од село, супер женски и многу амбициозни и паметми и сите имаат една иста желба- да живеат во град. Греота е стварно... Толку колку што ја одев од дома до школо они одеа од дома до улица кај што има автобуска постројка.... Едната сега се омажи во приградска населба и супер и е, другава уште се мачи и патува, кога требаше да излегуваме секогаш спиеше кај некои роднини, кај нас од друштво... Не е едноставно. А не се од некое никакво село туку од оние понапредните. И пак за до банка, за до дрогерија, за све трчаат тука у град. Ако немаш услови во кои можеш да живееш, љубовта брзо ќе умре покрај сите нервози и неспособност да се адаптираш.
Извини не се разбравме јас те разбрав дека ти си против. Инаку и јас не сум против дечко ми е од село... Не се разбравме
Не ми е битно дали е од град или од село се додека е амбициозен и паметен. Во село не би сакала да живеам од причина што сакам продавници сакам се да ми е блиску а не за до сити мол да се возам два дена .
Прочитај уште еднаш ,зошто гледам не сфати па ако пак не сфатиш кажи ќе пробам најпросто да ти објаснам
Ја се извињавам пуно. Секој со своите сфаќања. Сепак сакаш да живееш у град? Како и да е не ми е до толку битно. Те разбрав ај .
За тоа и јас коментирав во темата. Условите ми се битни. Ако на некој не му пречи да патува цел саат за да стигне до амбуланта, на мене ми пречи. И не може секој да има кола. И да ја има, за се ќе треба да ја користи. Џабе е љубовта ако не можеш да се навикнеш на условите за живот. Јас сум подалеку од Центар, ама тоа што ми е најбитно ми е на дланка.
Дечки, прашање до сите на форумов, кои се вашите ставови!? Се работи за сериозна животна одлука да кажам... Братучедка ми е градско девојче, растена во град и никад немала седено на село ни пет минути едноставно поради тоа што немаше ни баба ни дедо на село..Истата заврши факултет, одлична се супер меѓутоа не најде стабилна работа па работи на договор на определено за ниска плата и така... Во врска е веќе година ипол со еден дечко, од околните села, исто паметно дете, онака делува на океј личност. Она е ептен заљубена во него и размислуваат да се земат но немаат услови за во град. Она е сигурна дека нејзините нема да и помогнат бидејќи се апсолутно против врската и постојано и кажуваат дека она нема да може на село, дека ќе издржи месец и два и што после!? Главната работа е што она имаше долга врска со друг дечко ( исто океј и од град) и наскоро тргна со овој од село и нејзините и вршат притисок на некој начин да се смири со бившиот. Она вика, јас прекинав со него поради изладени односи и не ми е гајле што овој бил од град... Другиов дечко ја сака и стварно им е океј меѓутоа ја јаде мислата што ако не се прилагоди таму (свесна е дека назад нема) а и не е во можност со примањата да си обезведат живот во град... Кои сд вашите мислења? Дека ќе навикне да живее таму или не!? Дали е во заблуда дека би можел да живее само поради тоа што е заљубена!? Јас не знам што да ја советувам...