А што мислите каков е животот на село ? Што мислите дека прават во село ? Аман кое време сме сега ,па не се селата како пред 20 /30 години има и превози , имаат поголеми куќи ,поголеми дворови ,поголема комоција , и на село се делат младите , и на село се дотеруваат младите гиспоџици и госпоџи , аман со тие стеротипи
Зависи за какво село се работи, дали е блиску до градот и функционира како приградска населба или е многу одалечено од градот, потоа дали во селото луѓето повеќе се занимаваат со земјоделие и сточарсво или не, дали би живееле во посебна куќа одвоено од родителите на момчето. Од ова ќе зависи и тоа колку ќе се прилагоди, сепак мислам дека ако многу се сакаат и имаат разбирање не би требало да е проблем прилагодувањето и да не се прилагоди може да биде на почетокот во село, а потоа да прават планови за живот во град, секако ако би сакал и дечкото. Не знам некако комплицирано е, не можеш да знаеш дали ќе се прилагоди или не, но ако оди со таква мисла дека нема да се прилагоди, тогаш се нешто ќе и смета и ќе сака да побегне од селото.
Јас не знам од кај да почнам. Прво нејзиниве во кој век живеат да се смирела со бившиот Боже. Јас лично ни три дена не би издржала во заедница ни во село ни во град, ама не значи дека некој не може. А дека ќе треба да се прилагодува многу, ќе треба, ама и да е во град со друга фамилија во исто живеалиште пак ќе е исто. Нема врска тоа со селото. Уствари тоа што е дечково од село е најмал проблем, мене повеќе би ме загрижувало што оди во туѓа куќа без да е осамостоена финансиски. Ако немаат доволно финансии искрено не знам како планираат заеднички живот. Кој ќе им плаќа трошоци?
Има разлика од село до село. Дали е развиено или не. Далечина од други места, превоз.. Претпоставувам дека е развиено село. Освен тоа ако таа самата не гледа никаков проблем, зошто воопшто треба да ја советуваш?
Тргнав да пишувам ама @Celltica се кажала. @Rada15 нема другарка ти проблем со тоа што е дечкото од село, има проблем со неприфаќање на нејзиниот избор од страна на родителите. Затоа прво финансиска стабилност, после планирање крупни чекори. А колку време е во врска со овој од село, што е нож до коска да се сели во селото? Искрено, јас не би имала проблем со живот во околно село, претпоставувам барем почист воздух има споредено со град. Друго прашање е дали е дечкото ,,сељак,, или ок лик, ама тоа не можеш да го гарантираш ни за некој од центар на Скопје. Сепак, ако плановите за заедничка иднина се планови за живот во заедница, шансите за романтичен хепиенд не се многу големи.
Neka ne brzaat so odlukite. Stom ona se predomisluva od sega, a imaat i pritisok od nejzinite, bez pari nema da mozat tuku taka da si sednat na svoe. Ako sakaat tolku neka se verat, neka ziveat pod kirija vo grad(iako neznam za koj grad se raboti) mozam da ti kazam sledno... Ne ne e isto od koe selo e, prvo ne e isto za koj grad diskutirame, nema sekade isti egzistencijalni uslovi, imame sela koi nemaat ni osnovni infrastukturi, zatoa neka ne se brza. Ako se raboti za selo od tipot na Novo Lisice, ne e problem, no ako e Bogu iza legja...tesko Bogami. Neka razmislat ubavo. Neka najde ona rabota podobra, stom ima faks neka se potrudi malku,decko i isto. Brzata kucka slepi kucinja ragja.
@Rada15 јас би ти го кажала истото што и останатите, горе-доле. Ако живее во село блиску до градот (со можност за јавен превоз) и ако самото село има продавница, аптека.. не гледам зошто би и било којзнае колку тешко да се прилагоди. Освен ако животот не и е да оди секој ден на 5 кафиња и секоја вечер по барови/дискотеки/кафани. Иако знам и луѓе од село што без проблем овој живот го живеат, нормално со свој автомобил. Поголем проблем е што таа најверојатно ќе отиде во неговиот дом, а тука треба покрај селото да се прилагоди и на неговиот. Ако неговите имаат ниви да речеме, постои можност да и се врши притисок да работи работа која не ја работела никогаш и не ни сака да ја работи. Иако сепак, ова е муабет базиран на стереотипи за селски живот. Има села, кои повеќе се приградски населби, со "помодерен" живот од некои градски. Нека си среди со нејзините прво, односно сама со себе во врска со нејзините. А за живот до дечкото, има време. Нека се стабилизираат ако можат прво финансиски.
Се работи за село блиску до град некои пет мин со кола. Но, селото е мало и прилично неразвиено, немале ниту една продавница на пример.. Она е доста океј и не е човек што е секоја вечернпо дискотеки па да и недостасуваат но во селото нема ептен ништо... Дечкото, има своја кола и пристојна работа за разлика од неа која работи за минималец. Куќата во која би живееле е семејна куќа со неговите, но она вика дека одделни влезови и се одделно е веќе опремено самошто е заеднички двор... Неговите работат земјоделие но тој не работи со нив бидејќи работи нешто сосема друго, во градот... Тоа е воглавно...
@Rada15 Кажаа и погоре, има разлика од село до село. Во развиено село кое е блиску до градот убаво се живее. А и тоа најмал проблем е во ситуацијава. Дали дечково е вработен воопшто? Пошто гледам никаде тоа не го спомна. А и таа е со ниски примања. Зошто да се земаат кога не се финансиски стабилни и не можат сѐ уште да си овозможат посебно живеалиште, без разлика дали ќе биди в град или в село? Јас би ти рекла да ја советуваш да почека, барем да најди постабилна работа. Плус ако и дечкото најде таму работа можат под кирија да седат првично, па потоа нека живеат кај сакаат. Едит: Кога веќе работи тој во градот можат да седат под кирија заедно.
Epa neka si sedat pod kirija,neka zapocnat sami, ne mora da se verat odma.(iako nejzinite ocigledno ke se bunat na toa).
5 минути со кола? Од железничка до рамстор не можеш да стигнеш толку брзо Се пазари од најблиската продавница, ако е толку блиску никаков проблем нема. Со ништо проблем не гледам освен со таа семејната куќа. Полн е форумов со такви приказни, јас мислев вака, испадна онака.
Зошто би оделе под кирија кога веќе дечкото имал опремено место да живеат одделно,само за да е во град? Ако е толку блиску селото нема потреба воопшто,јас повеќе би ставила акцент на неговите бидејќи иако сепак одделно се многу блиску и единствено за тоа треба да размислува.
Мислиш дека би имале проблем со неговите? Она како што кажува он е доста самостоен и цврст карактер не верувам дека ќе дозволи да им се мешаат меѓутоа тоа е село со две улици, без апсолутно ништо ни продацница дури... А плус она треба да патува за работа и тоа за која плата... Така да, слободно пишете што мислите.. Она е многу заљубена во него, така ми делува..Он е согласен некогаш да се преселат во град но во скоро време знае дека никако нема да можат...
Леле темава Освен ако не е некое село кое нема ни пат да се стигне, и куќите се по 1 км оддалечени (веќе никој не живее во вакви села), тогаш не ја ни сфаќам потребата од темава. Селата во МК се доста развиени. Колку и да сте од град, сиг сте биле некогаш на село, макар и неколку саати. Да ви кажам, гледајте дали градот е развиен. Овде веќе во 70% од градовите е пусто, или само 3 месеци живнато и после толку - бомба паѓа. Работа, за млади посебно - на сон само. А селата си се сосема океј. Во Скопје мн повеќе се патува секојдневно од работа до дома, отколку од некое село до град. Исто, и тие што живеат во град пазарат пример еднаш, два пати неделно во маркет, каде одат со кола. Што значи дека не е проблем некој голем ако нема ниту продавничка, зш сиг во неделата еднаш ќе се оди до град и ќе може да се испазари. Во селата е многу помирно. Да не зборувам пак за тоа колку се куќите поголеми, и дворовите, и децата реално посреќни. Школо барем до 4то одд. има во секое село. Во поголемите и од 8, некаде и средно има. Превоз ги следува доколку нема секако. Јас сум од град, мајка ми е од село. 25 години сум, ама кога одам на село душата ми е полна, и мир наоѓам секогаш. Гледам што можам повеќе да одам и да спијам таму. Луѓето се генерално посреќни таму некако. To sum up, ова село/град треба да е најнебитен фактор за врска или брак. Ако не ви се допаѓа, ќе одите под ќирија прво во град, па здравје ќе си купите нешто подоцна. Гледајте ги побитните работи - каков е партнерот карактерно.
Не е прашањето дали селата се лоши а градовите добри. Никој не спори дека се има предност к недостаток туку е тоа што дали она би можела под сите тие услови. Селото е неразвиено. Ако прочита погоре кажав, немаат продавница а за школо муабет не правиме, улиците неасфалтирани значи селото не е од оние села... Во однос на дома, вика дека куќата нуди комоција и се си е супер ...
Кое е тоа село на 5 мин до град што нема продавница? Ако е 5 минути до град значи имаат блиска продавница во најмала рака во градот. И јас палам кола за продавница, а живеам во град. Најблизок маркет пример ми е на 15-20 минути пешки или кола 5 минути
Има развиени села, ама во струмичко на пример, а во другите делови се батал навистина. И да има превоз во село, тој е редуциран не е како во град. Во село ако има ниви, нив мора некој да ги работи, ако не сега по 5 години или повеќе ќе мора. Не е лесно прилагодувањето. Нека не се лажат луѓето. Знам девојки од град што отишле во село, мислеле исто е, ама не е. Друго, епа многу потценуваат луѓето. Свекор и свекрва од село чудно ја гледаат снаата од град, како неподобна. Сум чула и жени од град кои имаат синови па велат „абе нека земе од село, ако е селско, и сиромашно да е, нема да се бунам“. Ако зошто да се буниш? Македонија е доволно сиромашна земја и ако живееш во центар на Скопје, и ако живееш во село, па така да нема да се бунела, селско ако било, како демек ако се живее во град аристократија се тие. Луѓето во град само се камуфлираат зад тоа град, демек се поситуирани, иако не се. Се живее од 1 до 1 едвај и што ако е град?