1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градска девојка со дечко од село

Дискусија во 'Врски' започната од Theodora, 26 јануари 2011.

  1. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Ако дечково стварно ја сака, нека се прилагоди на нејзините потреби за живеење во град. Толку. Има народ на кој не му е проблем и тоа е океј, ама човек што неможе да живее на село не треба да се прилагодува во однос на тоа прашање. Многу луѓе на минималец што биле ,или со еден вработен се решиле на чекор кирија или купување стан. Се е до тоа колку се сака и како се води економија.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А зошто тој да се прилагодува, а не таа?
    Нели еднаквост во врска барате.
    Еден живее во град друг во село.
    Ќе живеат или во град или во село. Еден ќе се прилагоди. Но кој треба, нема правило.
     
    На LoneWolfGuy, Leat и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Сега дискусијава ќе води кон друга насока.. За еднаквоста можеме да дебатираме на некоја друга тема соодветна , баш поради тоа што многу се залагам за рамноправност.Затоа би се воздржала тоа е мој став и каков совет јас би дала на личноста конкретно. И село не е проблем ако имаш доволно финансии и средства да палиш кола и да идеш во град и се враќаш кога сакаш. Но според ова што го прочитав тоа е мое гледиште сепак личноста треба да си собере повеќе мислења да ги процесира самата и одлучи.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    7.265
    Богданци е село, а општина Богданци е заедно со с. Стојаково с. Ѓавато и нз дали има уше некое.
     
    На Trajce1981 и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Во село Драчево има 2. Гимназија со земјоделско и богословија. :)
     
    На Boy_Sk, LadyR и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  6. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Тоа е реално за пофалба. Никаде немам сретнато досега. :)
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nonamemacedonia

    nonamemacedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Недостадуваат некои детали, за да може подетално мислење. Прво кој град и кое село, има град и град и село и село. Второ на која возраст се.

    Реално, додека си помлад сакаш гужба а после над 35 години гледаш дека и нема многу убавини во гужвата. Има една поговорка викат фали село живеј град, сепак многу зависи и примањарта, за квалитет живот на село потребни се повеќе сретства. Доколку се има сретства мојот став е живот на село но на гратски начин. Со други зборови работи во град живеј во село, без земјиделие и сточарство. Сепак има од село до село.
     
  8. LITIUM

    LITIUM Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    А бе, битно е заемното размислување на двете особи кои се во врска. На пример, си завршила факултет и работно место има во град, тогаш момчето нема логика да те присилува да седиш на село. А едноставно има личности кои се пораснати во градска средина со шеталиште, големо место итн. и не можат да се прилагодат на тој живот во село, бар во многу македонски села, каде што нема ни канализација, ни водовод, нити пак асфалтирани улички. Најголем дел од селата во Македонија се лошо достапни или пак во зима, кога има снег, се недостапни. Па ако живееш на село, може да се случи да не можеш на работа да појдиш и такви некои проблеми.

    Ова го кажувам, дека не е единствен фактор љубовта нема граници. Едноставно, постои и финансискиот фактор, достапност на местото, урбанистички фактори (канализација, водовод).

    Инаку што се однесува до врска меѓу лица од различна околина немам проблем, доколку меѓу нив постои добар заемен однос и меѓусебно разбирање
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Не ги делам луѓето на граѓани и селани, туку на луѓе со современо и луѓе со заостанато размислување. Со првите можам да се прилагодам и да се дружам, да бидам во врска без разлика дали се родени и пораснати во град или мало селце. Со вторите гледам да не се зближувам и да навлагам во дискусии за да си ги зачувам нервите и спокојот :D. Не би живеела во село, и за тоа би барала да се прилагоди партнерот. Го сакам селото за одмарање, викенд, шетња, али јас искрено не би живеела. Точка.
     
    На edna_malecka, mode-kristina, Jana06 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Се прашуваат луѓево Град или село, а селото оддалечено од граот 3 километри, па јас се прашувам, кога ќе прекинеме со овие предрасуди? Градот не е ништо друго освен големо село, каде што се збрале повеќе луѓе отколку во село.
     
    На edna_malecka, Boy_Sk и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. Boy_Sk

    Boy_Sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Машки
    имаш право..во Богданци сум изведувал Хотел... Богданци е мало градче;)
     
  12. Trajce1981

    Trajce1981 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Isto e se kade...
     
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    8.803
    Пол:
    Машки
    Ќе дое време сите ќе сакаме да се селиме у село :D
     
    На Crna Dama, Just_a_kid и edna_malecka им се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Доколку има соодветни услови за живот во "селото" би се преселила.

    А ова со предрасудиве, го имало секогаш и ќе го има.
    Така да опуштено.
    Ти девојко што ме читаш и ако имаш проблем, ич не им се замарај. Опуштено. Дигни глава и насмевка.
     
    На macor24, Bezobrazna01, Just_a_kid и 2 други им се допаѓа ова.
  15. harizmaticnana

    harizmaticnana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2020
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Општо за се,не е важно од каде си , важно е каква личност си.
     
    На t.a.m му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mxrx

    Mxrx Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    147
    Како да се справам со коментарите на родителите и роднините кои во секоја прилика ми се исмеваат што дечко ми е од околните села, ми зборуваат да го оставам и дека џабе сум студирала кога на крај ќе сум завршела во село
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    И шо ако 'завршиш' на село?
    Во 'нормалниот' свет, се викаат фармери и ништо нема лошо во тоа да сакаш да имаш фарма.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Кажи им дека во други држави елитата живее по села, чист воздух, дворно место, мир, сопствени био производи :D дека иднината е во селата, градовите се само за журкање и работа.
     
    На IRBBB, bicycle, Дејан. и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    8.803
    Пол:
    Машки
    Еден ден сите ќе бегаме на село
     
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.336
    Пол:
    Женски
    На пример, може да си ставиш една граница и нема кој што да ти се меша. Ако ТИ си го прифатила, што ти е гајле за другите? Ти ќе си со него, а не тие што ти зборувале. Заземи цврст став и толку е.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.