Ич да не ги слушаш. Ти со него ќе градеш живот во иднина, не со нив. Гледај тебе да ти е убаво. Игнорот е пола здравје. И јас имав дечко од село, еве ме жива и здрава сум.
Ништо не кажуваш, си тераш по свое. Колку повеќе им обраќаш внимание толку полошо. Не можеш да се разбереш со луѓе кои ментално заглавиле во минатиот век. Ако се сакате и имате разбирање, тури им пепел на сите, посебно на роднините.
Lugeto se cudni... cudni svakanja i naviki i potrebi.... dokolku vie gi zanemarite ke imate posmiren i posreken zivot,bez razlika dali ke ostanete zaedno ili ne! Ostavi gi koj sto saka neka si misli i zboruva, ti ako si zadovolna od svojot izbor drugite se nebitni! Sekoe cudo za tri dena,ke im pomine euforijata i ke prestanat da komentiraat!
Нема врска кој ид кај е, туку како е воспитан. Шо ќе ти е гратски лигуш ако мама на 35 му дава пари за кафе и му ги гланца оригинал патиките со влажно марамче пред да го пушти од дома, убав на мајка. Прав маж се оценува по тоа дали те почитува, дали е фер, дали е вреден, дали те гледа како да си последна на овој свет, а најмалку дали е од некој град или село.
Мене ми е малку глупичок насловот на темата. Во селата има исто толку паметни луѓе како во градот. Ама во градовите какви простаци се имаат насоберено.. Ужас..Кој од каде бил.. Чудо големо..
Има разлика јас мислам дека таква врска не успева ,од лично искуство кога- тогаш секој ќе си оди во неговиот свет ,а има и секакви примери ,но ете мене животот ме научи дека некои работи не се мешаат .Имав таква врска и ми раскина ,инаку се сакавме ,но тоа не е секогаш доволно за една врска да успее .Немаше навреди ниту кавги,ама до разделба дојде и мислам дека таа беше причината поради разликите град -село .
Се расчитав малце по темава, па да си дадам и јас мислење. Јас доаѓам од мало место од периферија на Македонија, моите купија стан во ск и сега имам услови да сум „градска девојка“, своја на свое. Најдов дечко од приградски населби, не знам дали е уште село во околинава. Океејј.. на почеток и ја бев ептен „градска“. Која милина секое сабајле во новиве згради да го слушам комшијата како вади шлајмови на сабајле, како комшивката од другата страна у 2 навечер се расправа со дечкото. Каква милина ние градскиве што сме се изнапикале во по неколку квадрати, не дај Боже повеќе луѓе да сме, ќе нема игла кај да пуштиш, не интимност да имаш. Мислам.. нема поубаво од Центар.. нема. Која милина, кој воздух, кој мир. Се ми е на дофат од рака. И што дека ми е кога од дома не излегуваш што се вика, од дома работам, само вечер за шетање. А и тоа шетање во големиот ни град се сведува на неколку места кои ги вртиш и од нив и од гужвата веќе ти е преку глава. Почнав понекогаш да идам кај дечко ми на гости, и колку почесто идам толку повеќе ми се свиѓа таква околина. Доволно да е урбано и блиску до градот за да можеш работа да си завршиш и да стигнеш за 15тина минути, него ли да си цело време во гужвата. И убаво е да не трчаш цело време по детето во паркови, него да можеш во дворче да си го пуштиш и да си ги знаеш соседите колку-толку. Во градовите, барем во ск, ова стана дива лига искрено... На страна проблем ни е што се натегаме дали да живееме на спрат со неговите и тоа не ја засега темава овде. Ама за локациски во последно време пре би избрала нешто приградско/блиску село до град, што е доволно урбанизирано, школа, градинка, болница, него ли градскиве гужви и само да викам демек блиску сум до Центар ау бау... за фамилија не сум сигурна дека е подобро. Баш вчера бев искочена и гледав млад брачен пар, веројатно Центар живее, искочиле бебето да го прошетаат, на булевар, во таа гужва. Пре моево би го шетала во природа негде и на мирно, него до автомобилите да ми брчат. А и кога би идела на работа, според работа не може да бираш многу. Може ќе сум во Карпош, ама добра работа ќе најдам негде во Трубарево и ете ти пак возење до работа секој ден по гужвите. Вака барем едното зло го избегнуваш, гужва кога си дома и треба да одмараш и деца да чуваш. А и во последно со цениве по метар на квадрат, не знам и колку е паметно цел живот да се задолжиш за да си ете, у град, во гужвата. Абе милина. Кога ми дојде идеја во глава, дека можеби ќе живеам со дворче и ќе имам прилика за мини бавчичка да си одгледувам било што, по среќна не сум била. Нема поубаво од бабиниот патлиџан. А и цвеќенца и други растенија може да си одгледува човек и да си ужива. Во светов моментално градинарење е најголем тренд. Од Бекамови, до Опра, сите го шират трендот и и се враќаат на природата. Ама нели ние сме градски, тоа ни е испод ниво. Од такви размислувања дека е срамота на нива да се работи и со животни, стигнавме да мораме се да увезуваме. Нема веќе млади што тоа ги го избрале да го работат, а е најблагородната работа. Секако верувам и финансии се во прашање и државна помош, ама и тоа е друга тема, да не забегувам. И не, не обвинувам никого, и за мене лично зборувам како примерок од као-демек „градска девојка“.
Едноставно он не можел да ме прифати јас така го сфатив,секој пример е различен но јас не се ни надевав на него,он е тој што ми предложи врска така да немав барем проблеми додека бевме заедно,но сепак се разделивме .Причина не кажа,и толку беше.По мое мислење, разлика има , физички изглед, однесување а и тука на Балканот е по затуцано можеби е до менталитетот .