За секс и за дрва цепење Татко ми е од село, ми кажа од 300 куќи дали во 30 некој живее. Тешка би била потрага по таков партнер. А јас дури бев мала иљадници луѓе имаше, и корзо имаше и полно беше. И автобус имаше до селото, и воз. Овие блиску до Скопје не ги ни рачунам за села, повеќе се приградски населби.
Абе како така. Треба да ги развиваме селата, а вие бегате. Се е исто во село, само што нема Сити мол.
Јас сум селанец, си живеам во село и за ништо не би се преселил во центар на Скопје. Кога идам кај еден другар на гости во Капиштец, мора паркинг да плаќам. А тој кога доаѓа кај мене има парккинг за 5-6 коли кај мене, а кога викам поголемо друштво за скара има простор и за уште 10 коли на 10 метри од мене. Он е заобиколен со згради, едвај сонце го огрева. Околу мене убава природа , со распеани птици на пролет, и штурци навечер. Си насадив домати, шери патлиџани, пиперки, спањак, магдонос, нане, босилек, лимета, јаготки, од следна година планирам и зелена салата, карфиол, брокула... природно, органско, секогаш свежи. Наречете ме селанец, за мене тоа е комплимент. Сум живеел и во Ново Лисиче, и до Ситимол, ама овде ми е најубаво. Ако ми треба Ситимол, за 17 мин сум во Ситимол, а навечер и за 12 мин. Не можам да ја сфатам таа потреба сите да се пикаат во центар и да го гушат центарот, и со превоз и со паркинг и со загадување. Ама за тоа се криви властодржциве наши ујдисани со градежната мафија. А и луѓето се криви што ги гласаат ноторно на секои избори заради некои стини лични краткорочни интереси.
За дрва цепење за секс и по можност да знае домашен леб да прави Да најдам таков маж и јас би одела на село
Цела Македонија е едно поголемо село. Ако не верувате, прашајте ги ЕВН. Кога во другите градови имате проблем со приклучок или снабдување, морало да се јавите во Скопје, се чека централата во Скопје да издаде налог, оттука не можело директ ништо да се преземе. Кога менуваа име на земјата, требаше да го одберат Село Скопје.
Секој си е навикнат на својот начин на живот. Можеби на некој многу му се допаѓа да живее на село а пак некој преферира град. Јас сум од вторите, тука сум се родила, тука сум пораснала, тука сум изградила одлична кариера и немам намера тоа да го напуштам за на пример да се омажам за дечко кој сака да се преселиме во неговото село. Значи не ми пречи да е од село ич, ми пречи ако немаме исти размислувања по однос на таа тема. Секој има право да бира партнер за себе и да си има свои критериуми. И дај намалете со препукувањата како селаните имале незнам какви имоти а тие во град живееле во 30 квадрати. Ниту секој селанец живее во палата ниту пак секој кој живее во град живее во станот со баба му. И во сред центар има од убави по убави куќи така да не треба да се генерализира. Имам викендичка во едно туристичко место и понекогаш ми одговара малку да избегам од градскиот метеж ама мене тоа ми се допаѓа само неколку дена и после тоа едвај чекам да се вратам на својата секојдневна рутина. Значи како што реков, не е проблем дечкото од каде е, проблем е ако планираме нешто сериозно а не се сложиме околу местото на живеење. Просто и едноставно, сум изградила кариера и сум добила работа за која луѓе сонуваат, шанси нема да ја напуштам и да заминам некаде каде нема да ги имам истите можности. Затоа не треба у денешно време да се навредуваме кој од каде е, секој има право на избор. Дали град или село, секое си има предности и недостатоци.
Види тие од село имаат автомобили и одат во град на работа. Очигледно мислиш на некое отсечено село во кое нема патишта добар пристап, ама па таму повеќе не живеат луѓе.
Автомобил користам и за од град во град да одам на работа ама тоа е 10-15 мин пат макс. Секако мислам на некое пооддалечено село. Тоа село може да е блиску до некој друг град во кој нема да ги имам истите можности а не до градот во кој работам. А да запалам автомобил и да возам на пример по саат ипол во еден правец нема шанси.
Има предности и мани. Има села на 3 км од градот, се води како село, ама пеш ќе стигнеш во центар. Но, ако селото е на 15 км од градот, а да речеме дека во помалите градови даваат минимална плата од 26.000 денари, 28.000, 30.000 денари, епа месечната карта до и од тоа село за до град со јавен превоз е 4.000 денари. Значи од 26.000, одземи 4.000, плус за јадење, тебе нема да ти останат ни 20.000 денари чисти за трошок, додуша пресметај дека често ќе треба да купуваш облека, работиш колку да не седиш за џабе, ама па во село ич да немаш ниви, имаш двор и градина, домати, пиперки, компири ќе засадиш, а тој во сред центар што живее во зграда и ќе ја земе истата плата, тоест тој заштедува 4.000 денари што не плаќа за превоз, но тој мора да купува храна, пак парите ќе ги потроши. Врти-сучи шворц си секако, освен да си бараш нешто плус да си поработуваш, за покомотен живот, ко што сите прават. Многу луѓе од село се останати без стаж, без пензија, без никакви права баш поради таа далечина. Посебно жените по селата. Тоа што ќе однесе две кофи селски јајца и ќе ги продаде на пазар, па дел ќе ги даде превоз, дел ќе си пазари храна во маркет, на долг рок не носи ништо, немаш стаж, немаш сигурност, немаш ништо. Во сред центар па воздухот е загаден, екстремно преку зима. Што фајде ако си во центар, се труеш, дишеш ауспух цела година и се фалиш дека си во центар. И во град има многу сиромашни луѓе и сиромаштија не е само 5 души да живеат во двособен стан, сиромаштија е и кога одат на пазар и бараат 200 грама боранија, само 200, мислат денеска што ќе јадат, а да е поевтино. Сиромаштија не е само немање на простор. И има во село луѓе што си имаат пари, да, но тие луѓе работат цел ден, како машини се. Чуваат крави, млекото го предаваат на млекарници, и може да се случи тој со 7 крави да земе месецов многу повеќе од тој што седи во администрација, дреме за некоја смешна пара, но чување стока е цела наука.
Јас не би никогаш, затоа што самиот факт дека е од село, значи и поинакво однесување од градското. Секојдневно влегувам во контакт со луѓе баш од село, се приметува и од километар