Сериозна си? Секој го дефинираш вака што е од село? Селото не го дефинирало човекот него карактер и особини. Како ај ние од градот едни префинети, едни културни... Дај не зафркавај какви ти се овие предрасуди 21 век сме Оваа денешната со порше што фрлаше губре во река може и таа е од село мх?
Немам предрасуди кон луѓе од село Сељаци има и во строг центар ама во права смисла на зборот сељандури Само неможам да се изначудам на некои членови кои пишуваат и етикетираат како луѓето од село биле простотилук или незнам со какво посебно однесување од луѓето во град во 21 век да имаш такви предрасуди е баш искомплексирано Што е уште посмешно тие етикети доаѓаат претежно од ново печените Скопјаништа кои од цела Македонија дојдоа во скопјенцево Продадоа нивите таму од каде потекнуваат за да купат станче во Дебар маало и ќе ти продаваат култура па сите знаеме Скопје каков опинок го гази
Незнам за таа, јас си зборам од свое искуство како и што имам напишано. И да, така ги дефинирам, сите имаме различно мислење, нели?
Како некоја што живеела во двете средини, не гледам разлика во луѓето. Мислам, Македонија е ова лмао, колкава може да е разликата на 10 километри (па и повеќе). И ние растени в село имавме основна технологија, не бевме отсечени од светот. За жал уште има предрасуди за ова, истиот муабет со Скопје вс провинција. Толку ми е плитко и примитивно размислување.
По потекло сум од село, ама искрено у последно време луѓе што живеат у селата некако ми се позаостанати со сфаќањата начинот на размислување и сл. Не велам дека сите се такви или јас ја имам таа среќа да налетувам на такви, ама ете впечатокот ми е тој. Живеам у град, сред центар и ок ми е
Колку сељачишта има што се родени у градов, невоспитани и прости, кантар не ги мери. Не е битно кој од каде е, него каков е.
Џабе е ако живееш во центар, а не си го искористил тоа за личен развој. И многу си влијае на луѓето и колку се шетани, колку се мешале со други луѓе, со какви луѓе се мешале.
И тука има варијации, еве некои пола живот се у странство живеат у метрополи у права смисла на збор ама у глава си останале со балканското затуцано сфаќање и џабе им и шетање и пари и се.
Скоро видов слика со Македонци кои повеќе од 10 години се во Германија, и пишале вака „Дечки освојте ја Германија, пред да биде Германија се викаше Македонија“. После толку време во странство секој муабет во коментари им е кој колку пиел, пцовки, глупости. Не попримаат култура од културна средина. Дали живееш во село или град, гледај да извлечеш максимум од себе, а пречки секако ќе има.
Не ми е проблем кој од каде е, можам да дружам со сите, ама не би можела да стапам во брак со дечко од село ако он сака да живее на село. Навикната сум на град и тоа е тоа. Со дечко од село може нешто зезање, ова она, али брак никако. Освен ако он дојде со мене во градот.
Треба да се разграничи сељак од сељак. Значи, има сељак (карактерна особина) и сељак (жител на село). Поготово кога ќе се каже овој збор, се помислува на она првото, а такви имаме премногу. Иначе јас немам никаков проблем да бидам со девојка од село, се додека девојката нема ограничени сфаќања.
Какви ви се овие мислења и предрасуди? Заостанати сфаќања имале во село пази молим те, како во "град" да се многу остроумни и паметни сите, какви шлајм луѓе има во градов, тоа е чудо невидено. А пола од вас тука од село потекнува, ама не, заостанати мислења имале, а тоа што сте трули од внатре и карактерно одвратни и не почитувате никој, тоа има врска со живеењето во ГРАД, или? На исто ниво ми е ова кога некој од Скопје ќе каже дека од другиве градови е "провинција" ама тоа боли, а вака да лепите од ракав етикета дека е некој од село со заостанати сваќања нема врска, нели.
Еве вчера сите видовме градска сељандура со порше, како фрла ѓубре у река, ноншалантно, ко да лакира нокти. Џабе и пари ако мозок нема, со нив не се купува култура.
Селаните се познавале од км. А вие гражданите мислите дека сте многу саалам? Дај спуштете се на земја бре, од кај и да е, треба да е човек. Плус, баш со дете од село никогаш нема да биде гладен, научен е се да работи и да не се срамува од работа. Размислете ги вашите километри што ги споредувате.