1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градска девојка со дечко од село

Дискусија во 'Врски' започната од Theodora, 26 јануари 2011.

  1. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Пред името на моето место на живеење стои н. .... Пред неговото стои с. .... Едиствената разлика е тоа. Битна е љубовта, карактерот. Тоа што тој живее во село го прави помалку човек? А мене повеќе што живеам во град? Молим ти се.
    Не ми се верува дека поделбиве уште постојат. Ако дечкото си е на место, нема врска од каде е.
    А што правиме ако девојката е од село, а дечкото е од град?
    Постојат, си постојат плитки луѓе кои си сакаат звучно име за дечко. Само тоа и добиваат, име, а не љубов. Да се горди кога ќе кажат од кое елитно место потекнува фраерот.
    Мене не ми е битно. Веќе 4 години функционираме одлично. Тој е прав џентлмен спрема мене, ме чува како капка на дланка. Не ми треба повеќе од тоа.
    Колку е мирно местото каде што живее, нема потреба да заклучува дома, спие мирно. А мене во сред бел ден ми имаат крадено од двор.
     
    На elena11032011, MandyLane и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. qqq

    qqq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    7
    истото е и со мене..мојот дечко е од скопје..ама не од центарот..т.е. неговите живеат малку по на страна а он си има стан у центар..и на почеток сите ми збореа као демек сељак незнам шо незнам како..али на крај испадна дека сум у право и дека никој не ме сакал повеќе од него..
     
  3. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Јас сум од село ама една моја другарка од град секогаш велеше. Јас нема шанси да одам да живеам во село да работам на нива и да нема каде да отидам да прошатам. И замислете пред неколку месеци се омажи во село и тоа во некои луѓе што премногу работеле земјоделие.
     
    На Nastjaaa4 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    и јас сум од село а дечкоми е од град но тоа не ни прави некоја голема разлика...честопати на некој девојки или момчинња од град ми иде иако не ги познавам да отидам и у фаца да им кажам т.с да ги прашаам дали знаат кој тешки селаци се тиа...Како прво поголемиот број од нив немаат понашање и култура а да не зборувам за некој други работи...и посел ќе се правеле шмизли од град или фраери од град иако на крајот паѓаат на најниско ниво.Сметам дека едно девојка или машко никогаш не треба да гледаат од кадее нивниот партнер туку какви е тој и дали им одговара
     
  5. elena11032011

    elena11032011 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Истото ми се случи и мене.Дечкоми е од село,а моите родители не го прифаќаат.Oдиме веќе 1ипол година,на почетокот навистина многу се нервирав кога ќе ми зборуваа лошо за него и постојано плачев,а и мојот дечко се нервираше и во еден период сакавме дома јас да му кажам дека сме се скарале а ние да се гледаме тајно.Ама јас бев таја што рече НЕ,и му реков дека и покрај тоа што тие не го сакаат ние ќе останиме заедно и нема да се скараме,бидејќи јас одам со него а не тие,и мене ако не ми смета тоа што тој е од село тие нема потреба да се мешаат тука,оти јас одлучувам за мене.
    А можам со сигурност да потврдам дека луѓето од село се многу покултурни,подобри...Па затоа која и да е девојка да не се секира другите што велат,тие се само луѓе кои мислам дека само тие постојат,СЕЉАЦИ...И ако се сакате никој ништо не ви можи,љубовта е посилна од се... :)
     
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Дечко ми е од село, ма да, таму каде што живее веќе одамна е променет терминот село,местото важи за Општина и сега од кај да го рачунам? |(
    Безврска муабети, познавам една девојка која и самата е од село, а му раскина на дечкото, затоа што од кога почна да студира во Ск и стана под ниво. Апсурд! Но,тоа се плитки луѓе и не ме чудат.
    Туку,муабетот ми беше за дечко ми.
    Човек како него нема да најдам ни на Марс. Го сакам, ме сака, зошто би ми било важно местото на живеење?
    Единствено ми паѓа тешко што не живее поблиску за да сме што почесто заедно, ма да и вака се гледаме секој ден и сме преблиски,сепак..

    На почеток и мајка ми ми правеше проблем и уште знае да даде невкусни коментари од време на време,но како што го запознава се повеќе и повеќе, се средува.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе има огромна разлика помеѓу селанец и сељак човек.

    Селанецот повеќе го гледам ко трудољубиво суштество, кое знае да работи, знае да спечали, знае да одржи едно семејство.

    Док поим сељак, сељачина ! Ти е тип фраер у градов, кој најчесто има јака кола, кој најчесто мама и татенце имаат парички, а он јадно незнае нос да си избрише а не пак да знае како сам да заработи, тоа е тип кој нема понашање и основна култура. А почитта за женско посебно е непозната збор у негов речник....

    Епа , ако треба да изберам меѓу СеланеЦ и СеЉак ... Ја би сепак првото ...
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Не е така лесно да се биде во ваква врска како што изгледа од постовите на девојките тука.
    Не дека имам нешто против луѓето од село или врските со нив, туку сакам да посочам на проблемите кои можат да настанат во врската.

    Ако дечкото е од село, ама сака да работи во град, не сака да се занимава со земјоделски работи, а и девојката има исти погледи, сака помирен живот и сл. тогаш нема да имаат проблем и да живеат на село. Исто е и ако дечкото е од село, ама има амбиција да се пресели во град.

    Меѓутоа ако девојката е навикната на градскиот живот, а дечкото не покажува никаква амбиција за истиот, сака да си живее селски живот, да си ја обработува земјата која што ја има, да има домашни животни, а девојката не сака ни еден цвет да посади, а не пак нешто друго, и смета тишината, и смета мукањето на кравите (па макар биле на комшијата преку 3 куќи) - тогаш и тоа како ќе има проблеми.

    Лесно е да си во врска, и да одиш кај него на ден-два па да уживаш како на мини одмор, ама ако треба да се зафатиш со работа и градот да го гледаш еднаш во неделата или по потреба, а не си планирала да биде така- тогаш ќе има кавги.

    Едно е како замислуваш, а друго е како ќе биде, затоа треба да се разговара со партнерот кои се неговите планови за иднината и да се види дали ви се поклопуваат, ако не- ќе има доста проблеми.
     
    На eloves, richgirl998, baby-star и 4 други им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе. Од искуство кажувам. Дечкото мој веќе долго време живее во град. Иако од село, тој си е образован и културен. Јас од друга страна, пак, врска немам од село, ни баби ни дедовци не ми живееле на село. Да ме остават таму како изгубен германец ќе бидам. Со дечкото сме договорени во иднина да живееме во град, поради мене, затоа што знае дека би ми требало многу време да се навикнам на поинаков живот, а и заради самиот себе. Од друга страна, пак, мајка му по телефон секогаш ми вели: "Земајте се побрзо, да ми помагаш со тутунот и со бавчата". Стварно, мислам ако сака синот да и е женет само да си најде помошничка, тогаш не знам. А јас да работам тутун, нема шанси. Не дека е навреда за мене, туку едноставно не можам. Јас едвај знам растението тутун како изгледа, па камоли да ги извршувам сите процеси. Секоја чест на ислучоци, меѓутоа да ставиш градска девојка на сред нива, а таа во живот нива не видела, е навистина не е убаво. Што се вика, мачење е тоа. Исто како некој од нива да го земеш и да го ставиш во јака фирма, и да води финансии, а тој појма нема што е тоа. За среќа, дечкото го знае сево ова, и самиот вели дека никогаш нема да ме тера да работам нешто што не го сакам или не ме бидува.
    Мојот дечко е најубавото нешто што ми се случило, и никогаш не ми сметало тоа што е од село.
    Значи, поентата ми е, нема врска дали дечкото е од град или од село, се додека има меѓусебно разбирање, и наоѓање некоја златна средина која ќе одговара и за двајцата.
     
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Сесилија да, во право си. Ама од друга страна, нека живеат и двајцата во град (или во село, небитно), ако не им оди врската, ако имаат различни погледи и сфаќања, различни размислувања, не гледам зошто би било поразлично отколку едниот да е од град, а другиот од село. А ако и покрај релацијава град-село, дечкото и девојката се сакаат, надополнуваат, имаат слични гледишта кон животот, не гледам зошто една ваква врска не би успеала.
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.096
    Пол:
    Женски
    Иако сум од град голем период имам поминато кај баба ми во село. Знам нешто и да подработувам, но нели не сум навикната да работам постојано. Друго е да отидеш во период на берење на грозјето и да помогнеш, друго е цела година да работиш на него.
    Дечко ми е од истото село, веќе 3 години и 7,8 месеци сме заедно. Првите две години не беа толку сериозни, па не ме интересираше што како работи, третата дојде тука во Скопје, со планови за иднина со мене и тука. Но, по 10тина месеци се врати назад. Сега цело време е на лозје, работи и поретко се гледаме зошто е уморен не може да патува.
    Кога разговараме за иднина некако е неодлучен и му дадов рок до јуни или кога се уписите на факултет да одлучи каде сака да живее. Долго време сме заедно, но јас себе не се гледам да живеам во село, па и утре ден децата да ми растат таму. Го сакам селото за викенд, за недела, ај и две. Убаво е и децата да видат што е село, како се живее таму, но не сакам да живеам.
    Можеби не е во ред од моја страна што му поставив ултиматум, но долго време сме заедно, морам да знам на што сум.
    Искрена сум со него, не сакам да го лажам дека љубовта е се , па каде и да живееме. Го сакам, но себе се сакам повеќе и мојата иднина ја гледам тука, а не на лозје.
     
    На eloves, SuperGirl24, La.Reina.Del.Sur и 4 други им се допаѓа ова.
  12. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Марама а ако одлучи дечко ти да остане на село и да си го работи лозјето ќе го оставиш?
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.096
    Пол:
    Женски
    Да! Не би можела да живеам таму. Тој си отиде зошто не можеше да се прилагоди тука. Зошто пак јас да оставам се што имам за да одам таму. Тука имаме многу поголеми шанси за успех, за работа, за било каква иднина. Каква иднина ќе имам во село?
    Можеби порано сум мислела дека љубовта е најважна. Сега мислам дека е важна, но како би се реализирала јас на професионален план во село? Ќе треба дома да седам, деца да гледам и да рмбам. Јас не сакам ни тој да рмба, не па јас.
     
    На eloves, La.Reina.Del.Sur, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  14. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Па не значи дека ако тој рмба по нивите дека и ти ќе мораш. И во село ако живееш можеш да одиш да работиш во град. Иднината е секаде иста само кај како ќе ја најде.
    Повеќето девојки би сакале да живеат во град па исто и јас, ама не можете сите да се напикаме во град.
    Искрено јас не би го напуштила дечкото кој толку много го сакам само заради тоа што тој живее во село, ама сепак тоа е твоја одлука. :)
     
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.096
    Пол:
    Женски
    Види, значи јас имам поминато голем период од мојот живот во тоа село, знам како се живее и кој колку работи. Колку на лозје, колку во градот. Не е тоа некое село ко скопскиве па за 20 минути си во град. Тоа не е село со над 200 луѓе. Тоа е село во кое веќе сите се иселуваат. Но, дечко ми имаат премногу земја и најверојатно не сакаат да се иселат зошто сега ја доградуваа куќата.
    Сеедно, моја одлука си е, ако некогаш имаш ваква врска не би сакала да мораш да избираш. ;)
     
    На eloves, mims-89, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Свеедно ми е,не ми е ни предмет на дискусија,ни за размишљање. Просто и малоумно,што народ ќе рече.
    Пих!
    Ама вака,све би дала да си имам еден крепостен селанец,со едно имотче,со еден ранч, па да си берам марули периодов и да си водам љубов по плевни дур си слушам ...
    http://www.youtube.com/watch?v=mMWNwHof ... re=related
    ...да го турирам тракторот на гумно и да си орам. Па да си ведам бројлери,па да си имам домаќи јајциња за велигден.
    Јас не се заебавам.
     
    На perlaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    марама,значи штом си подготвена да го оставиш помеѓу вас не постое многу јака врска...штом имаш срце да го оставис.Иначе тој што знае да се снајде и знае да биде прилагоди ќе најде убава раб и од село макар и да патува во град...а оној кој си е тап во главата нема ни во град да се снајде позззз :)
     
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.096
    Пол:
    Женски
    А од кај ти знаеш колку ми е јака мене врската? не би да ти се правдам на тебе зошто така размислувам. Но, не верувај премногу во приказните што ни ги сервираат филмовите. Гледам имаш 18 и јас така размислував тогаш, но сега е поинаку. ;)
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.219
    Пол:
    Женски
    Марама тешка одлука богами. Ама добро е што знаеш што сакаш. Ако отидеш со него понатаму ќе му префрлаш цело време и мислам дека љубовта на крајот сепак ќе згасне.

    Јас лично за мене викав дека никогаш не би живеела во село. Ама сега некако поинаку гледам на тоа. Да испадне нешто и да мора да одиме да живееме таму би одела. Би одела со него каде и да било ако дојде до тоа. :)
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.096
    Пол:
    Женски
    Тој знае како размислувам, знае дека мене не ми е проблем ниту да работам, ниту пак да поминам дел во село. Јас имам пораснато таму. Но, јас тука ги имам сите услови за убав живот, а таму ќе немам ништо. Кога би дошол тој тука и тој би уживал во погодностите кои ги имам јас. Не сме веќе деца, не сакам да го лажам зошто долго време сме заедно, веќе треба и за иднината да размислуваме.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.