На темава напишав свое лично мислење, на кое секој има право. Немав намера некого да навредам, а ако некој се пронајде, се извинувам.
Не би живеела во македонско село. Ниту асална инфраструктура има, ниту забава, ниту автобуски превоз. Тоа е реалноста. Некои од нив уште ни канализација немаат. Околу селата самите жители си прават и депонии. За болница ќе треба во друг град да се оди. Од друга страна, село во западна европска земја е подобро за живеење него град. Сите се поврзани, има што да правиш, има се, за да не се малтретираш во град да идеш, а е далеку помирно. На темата, не би била со дечко од село, затоа што се растени во средина која е различна од мојата, со други сфаќања. Не дека омаловажувам, но моите навики, учења, функционирање во општеството е доста различно.
Се додека не ја читнав темава, не верував колку заостанати ликови сме имале на форумов, срам ми е да пишувам и кажам свое мислење искрено.Мислев во 21 век сме имале емпатија за луѓето од селата, ама деф остануваме сеуште нај заостанат народ.
Ја го лупнав тоа за сфаќањата. Се однесуваше на некои удварачи кои од нива буквално подалеку не отишле и единствена цел у животот им е да најдат жена за расплод и ништа више. Каква забава какво живеење сами? Со свекри и крај, не знаат за друго. Нит арно видел нит за арно плаче, велат старите. Е сега, ако некој се увреди, прво би се увредила сестра ми која живее во селото. Еве за неа не сметам дека е заостаната, напротив. А има многу како неа, исквирцани дотерани со кои можеш нормален муабет да си направиш. Јас кога одам кај неа, одмарам буквално. Ем сме на раат мирно чисто и со комшивките од таму си разговараме за се и свашта, убаво ми е. Секако дека има исклучоци и од едното и од другото така да не би да полемизирам околу тоа, еве уште еден примерок ќе дадам за градски тип, тука у центар живее и нема ниеден заб у устата, денес, септември 2026та. Ниеден...
Еве јас сум растена во град и маж ми исто преселени сме во село, село кое има све што треба. Младите овде исто студираат работат излегуваат. Буквално исто како и тие од град, вакви мислења да имаше можеби пред 30+ год ќе разберев, ама сега?? Башка во моево село многу познати личности, врвни доктори и луѓе од разни високи функции живеат или имаат викендици. Еве го Соње се рачуна како село, а е на 10/15 мин од Центар. Огромни хациенди има. Најбогативе луѓе во државава потекнуваат од село. Јака муда ако дечкото бил од град.
Не знам што ве вреѓа, едноставно е избор во животот. Погоре ми падна смешно, сме немале емпатија. Имам емпатија, не значи дека треба за маж да земам некој од село. Што е со муабетот смотан. Едниот родител, не ми беше баш од село, но нешто налик село. Никогаш не можев да се докажам, некои глупи адети, или верувања и сфаќања, што не знам што би правела со нив во 21 век. Кажи ми еден селанец што мисли дека и тој треба да пере, да чисти, да мења пелени, да готви. Сфаќањата им се дека си одат од кај мајка им, за да си најдат нова мајка. Или па да чува добиток, боже мој, муви цел ден да ме летаат и да ми мириса на природно ѓубриво. Супер за нив, без нив не би постоеле, ама не можам да се замислам да живеам таков живот. Иначе и јас живеам во село, ама селото не е споредливо со македонско село. Имаш возови, автобуси, маркети, разни продавници, болница, школи, градинки. Да ми плати некој, во град не се пикам. Е тоа фали на Македонија. И нема да постојат глупи теми како оваа. Затоа што за грев се луѓето што живеат на село, за се нешто оди во град. И после Скопје пренаселено, другите места се празнат. Не дај боже детето да ти има некаков проблем, сами се препуштени и никој не се замара со нив. Тоа е целата филозофија, а не дека мислам дека некој од село е помалку вреден од мене.
Никој не е за грев имаме и амбуланта и големи маркети исто, пошта...училишта. За во град да идеме на работа. Секако не можеш да споредуваш село во Германија, Швајцарија.. но и овде има села кој ги има сите погодности. И тие затуцани размислувања обично ги имаат постарите не и младите. Затуцани мислења имаат и тие во градот, зошто во градот многу мал дел се градски деца што би рекле. Повеќето граѓани избегаа од градот, заради градските сељаци.
Кај мене мајка е од село, татко ми е градско дете. Мајка не е останата без денар и пред многу години беше останата без работа, како така се снајде, не остана без леб. Иста ситуација се случи и со татко ми, погодете, мајка на грб го носеше, пошто на мајка не и беше срам да оди и да копа, т.е да работи било што, додека на татко ми му беше. Е, тоа ми е зборот, децата од село се научени СЕ да работат, а од град НЕ! Јас сум од град, мм е од село, не ми мотајте вакви биле такви биле, еден да остане без работа ќе драмите овде дека ги носите на грб.
Ни младите веќе по селата не копаат зборам Скопскиве реткост е веќе тоа и овде. Нити чуваат стока, постарите има некој си работат лозје, чуваат стока но и тие се се поретки. Многу ми се чудни поедини членки што се понашаат како од марс паднати и што мислат дека човек од село е еднакво на некој што носи опинци. Се фалат со кариера и образование ама џабе кога плитки се.. Се гасам од темава зошто бан ќе добијам..
Да знаеш само колку работат децата од село. Оддамна имав колешка дур бев и работев во МК. Работевме во смени, после смена беше отидена да помага на нејзините на нива и не и беше срам да каже дека работи! Затоа ги поштувам јас децата од село, немаат срам од работа, не бараат 100 денари за кафе од мама и тато на 30г.
Глуп ми е некако насловов на темава, ме асоцира на скопска дигната фуфа, која изгледа ко 8 од 10 девојки што ќе ги сретнеш низ Центар, и на дечко што од 6 до 19 часот е во штала, и затоа ми е незамисливо.Нејсе, ако се мисли на нормални особи кои силом прилике живеат каде што живеат и ако можат да се замислат заедно на едно место, во село или во град нема ништо чудно. Јас лично го бирам градот, на периферија на Скопје има многу села, и имам доста познаници што си живеат убаво за нив и тоа е во ред, но јас го сакам градот, во него сум некако свој, едноставно тој начин на живот ме исполнува.
Претерувате. Од една страна, секој (со право) има свои преференци за партнерот. Тоа може да вклучува и од каде да е партнерот. Не секое место ги има истите можности и услови. Од друга страна, градскиот тип може да е поголем сељак од селанецот. Ама и селанецот може да е помрзелив од градскиот тип. До домашното воспитување е. Тоа му го гради карактерот. Не локацијата на кој е израснат.
Па има разлика од тоа да ти е *избор* до тоа да мислиш дека сите од село се затуцани и за грев. Не знам колку села си видела низ Македонија, но не се сите како на македонски народни приказни, не живеат повеќето луѓе така за информација. Стварно бе луѓе што ви е, две педи место е цела држава се делиме на секој можен начин според кој можи да се делиме. За греој сме сите, и граѓани и селани.
Не ми е јасно зошто некои луѓе толку се тригернаа од темава кога е факт дека постојат разлики во менталитетот помеѓу градска и селска средина. Додуша тоа важи и за помали градови, едноставно луѓето се поконзервативни, со потрадиционални ставови за брак, за машко-женски односи, родови улоги. Факт е дека во тие мали средини луѓето одржуваат поблиски меѓусебни врски и се поинволвирани во животите на другите, но од друга страна тоа значи дека секој за секого знае се и ако некој отскокнува од некои си традиционални рамки ќе биде оговаран и на некој начин обележан. Значи, ако правите ајвар ќе ви дојдат комшиките на помош, ама ако маж ви готви по дома а не вие истите тие ќе ве олајаваат по село и ќе си поплукуваат да не да им се погоди снаа ко вас. Додека во Скопје со комшиите ќе си бидете на здраво и никој нема кур да го боли дали сте разведени и колку дечковци сте имале и дали живеете вонбрачно со дечкото (ова по селата е тежок скандал лол)и дали готвите и ги пеглате гаќите на маж ви. Така што разлики во менталниот склоп постојат и нема потреба сега да глумиме лудило и да бидеме навредени.
Искрено прво сум у шок што се навреди пола форум за одредени мислења, кога реалноста е таа .Јас не би ја потценувала разликата меѓу град и село особено кога зборуваме за сериозна врска и заеднички живот. Не значи дека секој човек од село е конзервативен или прост ама смешно ми е кога луѓето се прават дека средината во која си пораснал нема никакво влијание врз тебе.Ако некој цел живот живеел во мала средина, каде што сите се знаат, каде што има многу повеќе традиционални правила и мислења од типот што ќе кажат комшиите, нормално е да има поинаков менталитет од некој што растел во град, со многу поширок круг на луѓе, различни искуства, повеќе можности и поинаков начин на живот.Некој растел со избор од 200 кафулиња, различни друштва, луѓе од различни средини, патувања и независност. Друг растел во средина каде што главната социјална мрежа е комшилукот и секој знае кој што прави. Нормално дека немаат нужно ист поглед на светот.Градски живот не значи дека си попаметен, туку дека си бил изложен на повеќе различни луѓе, начини на размислување, животни стилови и можности. Во мало место многу почесто владее она што леле ќе кажат комшиите, семејството има поголемо влијание, а традиционалните улоги се многу посилни и нормално дека има разлика од човек што растел во град и човек што растел во село.
А тие во Скопје од каде се? Де толку не се возвишувајте. Од Скопје се собрала цела Македонија најмалку скопјани има. А демек тие едни културни, не се замараат, абе баш! Ако не те прашат не значи дека не те озборуват или имат некое ок мислење, и баш таквите ги боли.
Има разлика од село до село. Пример јас сум растена во село ама во село каде што се било достапно од клиника, градинки па и кафулиња (демек нешто улога играт). Размислувањата не ни се на сите заостанати тоа е индивидуално и не се дели според географијата и топографијата. Единствената разлика која ја имав е тоа што не бев спремна колку дволични, користољубиви и покварени биле луѓето од великиот град, премногу наивно влегов. Јас лично не можев да ги поднесувам скопските машки ама од авион се познаваа кој се од Скопје а кој од провинција. Премногу лигави, фалбаџии, умислени а кога дојде ред еден да си ја земе 100ката за кафе од маса што требеше да биде бакшиш, беше капак на скопскиот фраерлук. Така да сепак мислам дека постои разлика ама не е небо и земја. А ако мислите за оние луѓе од селата кај шти има по куќа две останато па не мислам оти и тие деца не се отидени да се школуваат а посебно со интернетот денеска и те како може да влијае на начинот на размислување. До сега пештерски човек, настрана албанската популација, не сум сретнала.
Секаде луѓето оговараат. Еве пример. Ако во Ѓорче Петров ве видат дека правите нешто што е неморално или им е чудно, за 15 минути ќе ве дознае и Карпош. За два дена целото Скопје, а за една недела целата држава. Во кој мол и да седнам, слушам детали за нечиј живот. Ако не ве прашуваат во лице, не значи дека во позадина не спроведуваат истрага.