Градска девојка со дечко од село

Дискусија во 'Врски' започната од Theodora, 26 јануари 2011.

  1. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    6.157
    Пол:
    Женски
    Ништо не сакам да докажам јас, сакам само да дадам мислење дека глупо е да се прави споредба дали дечкото е од град или од село. Да, поддржувам да се живее во град, не во село, многу подобри услови има во градот, а на крајот од денот секој нека си одбере каков сака таков. Моето си го кажав, смири страсти.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    7.175
    Пол:
    Женски
    Токму затоа и има повеќе можности за кариера и е развиен бидејќи основната потреба на луѓето да се преселат е сконцентрирана во Скопје што прави поголема маса а тоа е прва и основна цел на бизнисите.

    Зборуваме за затворен круг на пазарната економија.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.338
    Допаѓања:
    15.290
    Ама џабе е и да живееш во центарот на Скопје, ако сте со мали плати, тоа е измачување. Што фајде што има и кафулиња, и ресторани и курсеви и се и сешто кога тоа само ќе го гледаш, а нема да можеш да си го дозволиш. Без пари во Скопје нема квалитетен живот.

    Туку се вратив викендов од семинар, со нас беше жена од гратче од источна Македонија, и ми вели „Вие на раат сега ќе седите, ќе си слушате предавање, а јас ќе морам да седам како на трња и да барам во групите превоз за назад со кола“, инаку градот е отсечен ни автобус немаат до Скопје и се жали дека многу работи пропуштила во животот баш поради тоа што е од мал град, немаат ни еден превоз, не друго. И што ако Скопје ја има државна болница кога и таму е гужва, никаков ред, куп лекарски грешки имаше, значи тие во малите места немаат болница, овие во Скопје имаат болница каде може да те осакатат. И не го правете па Скопје ко којзнае што, кои можности се тие во град каде квадрат е скап како на море, а платите се по 35.000 денари?

    Тие што живеат во малите места изгубиле надеж одамна, а тие што се во Скопје, имаат надеж, ама така и ќе остарат со надеж дека ќе биде подобро.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.898
    Допаѓања:
    35.977
    Пол:
    Женски
    И во помалите градови нема квалитетен живот. Цените се тие насекаде, а платите помали отколку во Ск. И плус нема можност за напредок.
    Во Ск и да немаш, пак можеш да излезеш да се рашеташ некаде, а во селата кај ќе одиш? Не зборам за западните села, туку за источните. Тие со една уличка шо се.
    Таму секој втор или трет се занимава со дрога или мигранти. И да сакаш да најдеш салам дечко за женидба, нема. Не е ни чудо шо на скоро секоја жена маж и е криминалец.
    Останаа само тие пензионерите шо работат по фабриките. Другите се спремаат за селидба, или Ск или странство.
     
    На Gosh, MiloMalo, Catnight и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.338
    Допаѓања:
    15.290
    Целата држава е без перспектива.
     
    На FlirtBerry, MiloMalo и Adidas888 им се допаѓа ова.
  6. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    725
    Па не е баш дека источните села се со мигранти и дрога, баш источно сум родена и израсната сега сме Скопје, освен Дојран и Струмица друг не се занимава со мигранти и дрога, а од Струмица знаеме кој е па сите се знаат меѓусебно и не им можат ништо, инаку Кочани, Велешко, Штипско селата се во ред, само празни, никој нема останато, а Струмичко село башка накај водопадите кога одиш, една куќа не можеш да најдеш сиромашна, таму Зајко сите богати ги направи.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    841
    Пол:
    Женски
    Сите се во право и не се
    Еве јас работам во скопје во мол каде што се изгледа елегантно и префинето нели скопје центар ама кога ке се симнат фамилииве од село апла се гледа некултура и сељачизам се одесуваат како на пазар се дерат додека се на каса се влечат не знаат за срамота и прибери се на јавен простор си диалектот го слушам сфаќам не се од тука ама не може да се однедуваш како да си на пазар или на нива да се довикуваш со жената и мажот доаѓаат во распуштени маици во папучи и валкани тренерки затоа што нив им е тоа животен стил океј е ама дома. Тоа е за надвор општо луѓе а за дечко сопруг да и тоа не би одбрала затоа што многу од тие што младоста ја поминале сред село со цело село на негова возраст пијат или прават седенки од јутра до сутра жените дома им мијат готват перат некој маж сака и кокошки да чува ама ја да му ги хранам јајце ке снеселе нека кр си купаам
    Исто и во средно одма се гледаше кои се од село некултурни невоспитани бељаџии опасно е да ти се пуштат на врат ке ти се качат немаат срам дома ке ти дојдат со татко ти ке седнат или ке те прогањаат ако им се засвиѓаш
    Растени сме како што сме растени и тоа е за нив нормално за нас е ова нормално и можеби ако не ни прија не треба да се замешаме
    Имам колешки од село немаат благе везе со нашите муабети не ни иде не можеме ни дс се дружиме ни муабет да правиме зошто нешто нивно не одбива а они нислат дека припаѓаат тука ок ако средината не те прифаќа смени нешто адаптирај се на промената
    Ние кога ке одиме во село се однесувамр како нив што прават они тоа и ние а не кова они ке дојдат го носат сељачизмот со нив
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Ауу зошто така?:rofl:
     
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.898
    Допаѓања:
    35.977
    Пол:
    Женски
    Се занимаваат пола и повеќе, само не ги знаеш.

    Иначе да, во струмичките села има богати куќи и богати фамилии ама џабе коа селата се за никаде. Сум била еднаш на гости таму во едно село, и баш ми збореа за некои водопади во близина ама не ги видов, ама видов доста преубави куќи кои пола од тие биле празни, така ми кажаа луѓето кај шо бев на гости. А во селото освен куќи, немаше ништо друго, мислам дека само една улица беше.
     
    На Medea. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Што ќе е убава куќа ако таму е село една уличка и ништо друго нема ,да отидеш да прошеташ еднаш два пати ама за живеење не би. Колкава куќа да има ако е селото за нигде у пустелија ни автобуси ни ништо немаат.
     
    На KiT и Adidas888 им се допаѓа ова.
  11. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    841
    Пол:
    Женски
    Така кога ке ти дојдам на гости ке седнеме кај што ти сакаш ако го викнеш пола село на маса со нас ке седам што ке правам ако речеш дроби салата ке ја спремаме таму е така си дошла ке прифатиш

    Бев еднашка со пријатели од село преселени со години во град отидовме скара си направивме дојде пола село од деца до 80 години со снаи со сестри се живо ја дружба не видов сите пиеа пееа комшиите на куп жените миј прибесувај дроби собирај трчи по деца а си дошла заедно да седите

    Зошти цело село кај мириса доаѓаат со цела фамилија нити сакав со нив да седам не се знаеме ни да мијам ни да трчам по нивните деца
    Тоа е некултура седи си кај што ти е домот остај не да уживаме
    Како овие луѓе би се однесувале ако дојдат во нормална населба да бидат
    Кај што не сакаме ненајавени 6 души наеднаш па и братот до него со фамилијата
     
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.898
    Допаѓања:
    35.977
    Пол:
    Женски
    И чекај сеа, ти си отишла кај нив па и уште се жалиш како живееле они?
    Никој на сила не те терал.
     
    На bicycle и Medea. им се допаѓа ова.
  13. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Па ти сама си си крива.Прво велиш така си дошла, ќе прифатиш и ќе дробиш салата а после се жалиш што те направиле дадилка и мијачка на чинии за пола село од деца до 80 години?! Ти самата немаш став ни лични граници. Додека молчиш и прифаќаш да ти се качуваат на глава ненајавени луѓе и да слугуваш на комшии, сите ќе те користат. Научи да кажеш НЕ и да си заминеш, наместо да ги обвинуваш сите други за твојата наивност.
     
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    140.614
    Пол:
    Женски
    Што не побарате да се инвестира во другите градови и села?
    Никој не доаѓа во Скопје само од пуста желба.
     
    На christinnn, Cosmic Girl, FlirtBerry и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.338
    Допаѓања:
    15.290
    Авто атом се затворило. И Кочани останува отсечено. И еве што ако Кочани е град, сега кога ќе остане без превоз ќе биде како село.
     
    На Cosmic Girl и bicycle им се допаѓа ова.
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    42.756
    Пол:
    Женски
    Коцка.
    Инаку имаше и Берово транс ама згасна и за време на пандемијата.
    Срамота и брука поради коцка да дозволиш да дојде до овој степен
     
  17. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Женски
    Како се бара да се инвестира? Кој да бара?
    Логично, има луѓе се инвестира, нема луѓе не се инвестира.
     
  18. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    7.175
    Пол:
    Женски
    Сама си контракдикторна на себе. Нели кога одиш во село се приспособуваш на нивниот сељачизам што е проблемот после што сељаците не се понашале градски ?

    Баш ме интересира што толку вашиот разговор се разликувал од тие на колешките што ви било одбивно ?
     
    На Medea. и bicycle им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    140.614
    Пол:
    Женски
    Сигурно не со седење дома и кукање само на тастатура.
    Велат дека сакааат да ги вратат младите во државава. Епа, сите што с(м)е тука да бараме услови што може да вратат луѓе. Сите можат да запишат што недостасува во нивното место.
    Жители на разни места да се соберат и да бараат разни инвестиции и други промени надвор пред институциите. Да им се врши притисок и на социјалните мрежи.
    Што прават Грците и Французите кога не се задоволни од властите?
    Или кршат и палат наоколу. Или се одлучуваат за блокада, граѓанска непослушност со неплаќање сметки, протест, штрајк.
    Ние не мора да ги правиме првите работи. Но, можеме да се одлучиме за вторите.
    Може и да се побара од некој медиум или новинар со слободна волја да подготви прилог.
    Има начини, само треба волја.
     
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.960
    Допаѓања:
    64.663
    Пол:
    Женски
    А од каде идат луѓето што одат Скопје или надвор од државата? За да има луѓе треба да се инвестира, не обратно.

    Многу луѓе ми се чини се делулу за што се случува во државава од удобноста на својот дом. Ама битно знаат дека не сакале дечко што потекнува од село бидејќи бил со многу поразличен менталитет од гражданите.
     
    На bicycle и nextredstyle им се допаѓа ова.