Ситуацијата во државава по селата ни е што јужније то тужније, колку подалеку од градот толку попрост народ.
Имам hot take за темава. Последнава година многу сакам да живеам во село, од овие шо се на излез од град. Како да имам некој calling. Сакам мир и тишина, воедно се да ми е достапно ко ќе запалам колата. И на партнерот му велам да се преселиме в село и зависно до чија фамилија сакаме да сме поблиску, така ќе одбериме во кое село. Воедно, не би дејтала и немам дејтано некој од село. Не дека не сум давала шанса, ако ме привлеква некој ме привлеква и давам шанса. Едноставно на башка планета на постоење сме биле и никогаш не профункционирало. И то не е лошо, едноставно не е за мене. Како rule of thumb, дефинитивно живеј поконзервативно население во село, со то шо дури и кај возрасните колку и да се против нешто, ако се од (поголем) град и се изложени на различности многу полесно ќе се протни нештото. За разлика од то, млади кои се различни, пример лгбт+ млади, во помали места и села имат поголеми предизвици. Во исто време има поголемо заедништво, шо е потешко да се најди во град. На крај на ден се сведва се на то шо ние бараме од партнер/живот/околина. Shocker. Конзерватизам кај партнер, за мене, е голем минус и непосакувана карактеристика. И сем еден од село (технички, роден и растен во град и после решава дека сака да живеј во село) со кој сум била на дејт и со кој ми одел муабет, со другите во првите минути се гледаше голема разлика со дупка толкава измеѓу шо е невозможно да се закрпи. Едноставно е. Сите сме продукт на својата средина и искуство. Некогаш немаме избор за средината (помало место), некогаш имаме (поголемо место). Не е то нешто за вреѓање, едноставно е вистина.
Само шо ги спомнавте ги фатија. Струмичката полиција откри нелегална плантажа и заплени околу 680 килограми марихуана – две лица се приведени (ВИДЕО)
Па по ова прашање муслиманите се поразвиени.Ние, православните и од другиве религии одиме кон град, од високо да гледаме.Многу сме разгалени и стануваме анскиозни доколку го немаме нештото што ни фали. Можеби би требала државата да даде поттик за преселување во помали места.Но, ја немаме таа инфраструктура како патишта, болници, школи, некои основни потреби да се задоволат.Го немаме тој капацитет за да може девојка со дечко од село или пак обратно. Да не бегам од темата, мајка ми е градска девојка и пребегала со дечко од село кој ми е татко.Така да, може, но зависи од кое село, според мене.Селото(више не е) на татко ми е на 10 километри од градот, не е премногу далеку, но размислувам јас за странство и не би дал време ни никаква инвестиција за тоа место.
Колку и да е развиено селото, никогаш не би се преселила во него со маж кој растел таму, најмногу заради менталитетот на луѓето.
Искрени да бидеме, и тоа како се разликуваат луѓето од село. Не дека нема градски луѓе без манири. Ама некако имаат поинакви размислувања, дали дека во селото сите се блиски и се знаат сите меѓусебно, некако многу се интересираат за туѓ приватен живот. Во гости ни дојде една далечна роднина од село. Имала нешто работа до болница, и стандард мора да ги посетиш роднините со кои немаш никаков контакт со години. Кога почна да ме прашува за мажачки, деца, па кога почна да збори како жена не била само за во спална соба, мислам кафето ми се подврати назад.
Па ок ако зборуваме за луѓе што никогаш не мрднале од селото, да се познава. Но искрено не гледам голема разлика и во луѓе кои цел живот не мрднале од тој еден град каде што израснале и им било сѐ сервирано тука. Малку така глупаво е да го судиш некого само затоа што од село потекнува а можеби пола свет го има прошетано и има култура, додека некој од град нема појдено подалеку од локалниот маркет што се вели и е задоволен со тоа. Со некој што има разни искуства и приказни за раскажување многу побрзо би кликнала отколку со некој што не мрднал никаде ама битно од град е.
Градски луѓе зборуваат за култура и менталитет и ги гледаат од високо мислиш од Њујорк се. Па тоа нешто се глупира, лигави и мисли дека вреди повеќе. Со тоа што ги потценува другите покажува каков всушност е човек.
Некако тие што се доселиле у град од село највише хејтаат и нејќат дечковци/девојки од село. Смањете доживљај.
pa rekov, stumicko i dojransko se full so mafijasi na baterii, drugive ne se tolku, kocani shtip ima ama toa se se nizok level mafijasi..
Тоа не им дава право на оние од Скопје да напаѓаат небаре имаат кралска крв. Затуцани има секаде, дури и во Скопјемце @Asparagus
U Skopje se najzatucani i najmnogu se interesiraat za tugj zivot, i toa najmnogu od 80-te generacii se takvi, od ponovite ne bash.
Дојран? Таму мислев баби и дедовци има останато само.. Ај Струмица се имотни и има многу жители ама Дојран. Кочани е отсекогаш познат град по дрогата. Уште од дамнешни времиња. Штета и страшно за младите, и што нема контрола на ваквите дилери а не се исповрзано со полицијата.
Ишкање на мувата од капата тема малограѓанство левел само Скопје е град у државава, чиниш од другите градови не серат против селаните називајки ги сељаци и сметајќи дека се подобри од нив, а па да не праиме муабет за село против село муабетите, мерејќи си ги кои се поголеми сељаци. Тоа е, маЌедонска работа...
Како тоа "попризнаени"? Ете јас знам многу што завршиле на други универзитети и нашле работа во Скопје и тоа. Што од ИТ, медицина и мн. други бранши..