Девојки зошто толку не може да сфатите дека некои луѓе едноставно не можат да се прилагодат на секаква средина.Првите години некако ќе преживееш од љубов но потоа треба од рмбање на нива. Лесно е да се каже може да најдете работа во град но навистина мислете дека е лесно секој ден да патуваш толку километри и пола ден да ви мине во пат?Плус потоа и децата ќе треба да ги праќате да учат во град.Дали врне или град мава вие на едно место а децата на друго чекаат комбе за да се вратат дома.А кој кога ќе се врати знак прашалник Тој што не може во село да живее што мајка ќе бера таму...Потоа ќе цифка нели дека сака да работи во град.А да не зборувам за некои што работат кај што работат но потоа од работа ќе одиш на нива да помагаш.Свекрвата нема да биде вечно жива за да му помага на маж ти. А за тие пак што не можат да издржам без да седнат во некои кафуле на кафица или не сакаат кал под ноктите и штиклите не ми се ни коментира Битно ќе се земете од љубов нели, а што ке се мачете потоа и вие и цело семејство ќе му ја мислите потоа нели? Не туку уште сега се мисли на тоа! И не знам што толку сте ја нападнале марамка дека би го оставила дечкото зошто не го може тоа.Не може и крај.Еве и јас си сакам кариера и не сакам животот да го минам во село.Зошто потоа да мачам се живо и диво околу мене. Кој мисли дека може секоја чест но не мора веднаш да ги осудувате другите.
Многу е лесно да зборуваш за друг, да советуваш без притоа да си се снашол во слична ситуација, да велиш да сакаш да живееш на село а повеќе од 1 ден не си бил во планинско село. Има разлика од село до село. Едни се салата да речеме во Скопје кои се 10-15 км одалечени од центарот на градот или на неколку километри од друг град поголем град, реално овие не се ни села туку перифериски населени места. Па си имаш куќа, двор со борчиња, овоштарник со секогаш свежо овошје, неколку метри бавчичка со зеленчук за мерак да си направиш шопска, компирчиња, марулка абе мераци. Си одиш на работа 10-20 минути повеќе од луѓето што живеат во центар, ни имаш гужви, свеж воздух, дворче со кученца, пиеш утринско кафе на сонце, мераци. Да сакам и би живеела така, а и живеам. Си има негативности, ама се повеќе ги гледам позитивностите. Ама село некое кое е планинско или многу одалечено од град, каде сите луѓе се занимаваат со земјоделие или сточарство, каде доаѓањето на некоја девојка од град е тешко прилагодливо. Ретко која девојка денес би прифатила од град да отиде во село во вистинска смисла на зборот. Притоа збориме и за девојка со факултет и амбициозна, но друга е околината. Мислите тие луѓе на кои целиот живот им е селото ќе ја разбираат неа? Ни таа нив, ни тие нејзе. Таа ќе сака да работи во најблискиот град, ама по доаѓање од работа ќе ја чека еден тон работа која тие ја сметаат за нормална за секоја девојка, за снашка. Така да по некое време девојката или ќе се откаже од работата и ќе стане селска девојка или поверојатно ќе си замине од таму. Љубовта не е така розева, неможат обични градски двојки да си прифатат некои негативности, а најмногу во вака градски-селски двојки околината ќе ја потисне љубовта, опкрожувањето, обврските. Ретко и секоја чест на некоја девојка која ќе успее да се вклопи во таква околина. Од работа канцелариска дома да отиде да месе зелник, да чисти, да пере, да копа, да вози трактор и потоа со црвени раце и кал под ноктите да отиде пак утредента во нејзината административна работа. Нешто ќе мора да се откаже. Станува збор за различни размислувањата, различно е воспитувањето, различно е гледиштето на животот.
Марама потполно се сложувам со тебе. И подобро на време да се решите што сакате одколку еден ден да се каеш и цел живот да му префрлуваш. И јас никогаш не би живеела на село е сега ќе речете тој тоа што не го сака тоа му се навеува е не е баш така! Јас сум родена во град, моите се исто така од град, во село имам одено неколкупати на гости кај школкси другарки со кои ептен убаво си живеам и воопшто не ми пречи што се од село премногу ги ценам и почитувам. Негоможам тој живот јас не сум научена на работа на нива или на поле. Многу е различно, додуша се е различно до денес секој ден си бил низ град на кафе од утре се е различно. Да не се разбереме погрешно јас ни најмалку не ги понижувам децата од село, напротив имам многу добри другарки и колешки од село, овде е во прашање различниот наачин на живеење и конкретно во примеров на Мрама таа уште сега е свесна дека не го сака тој начин на живот и според мене многу ќе е подобро додека се во врска да се прекини одколку цел живот да го поминат во кавги. А љубов, е од љубов не се живее џабе ти е љубов кога нема да си среќен затоа Марама прави си како што ќе ти одговара зошто во твојот случај и ти и тој треба да жртвувате нешто, ти градот, а тој да се пресел
Лично мене никогаш не ми играло никаква улога тоа од каде потекнува или каде живее се додека имавме/имаме заеднички интереси и цели, планови. НО, ако се најдев засегната како во ситуација на марама, ќе размислев длабоко. Не дека не би живеела во село (ама има од село до село!) ако има огромен имот со предиспозиции за средување добар мал ранч (кога гледам такви ранчови по филмови, па и со расни коњи збесвам за еден таков). Ама не е сеедно да се напушти она на што сме навикнати и она што го посакуваме и идеализираме за нас, значи сите планови, дали професионални или лични, само за љубовта, која по секако не е сигурно дали ќе успее. Не верувам дека ќе биде успешна за луѓе со спротивни интереси. Марама ти си знаеш најдобро, а искрено ме радува што размислуваш со трезна глава без да направиш некоја одлука импулсивно и базирана врз емоции. Емовиите се менуваат, чувствата се губат, после може да е касно. Јас имам поблиска личност која се одрече од многу работи, остави се, од работа, имот, пријатели и роднини и во име на љубовта замина во другиот крај на државата. За да биде со својот сакан и да се бави со земјоделство во село. Сега го сака уште, ама секој ден паѓа во депресии затоа што си го смена животот за 360 степени, остави многу работи зад себе и сега е оставена на (не)милоста на љубовта за да биде среќна. Некогаш несреќата нејзина може да доведе до тоа и љубовта да пукне. Јас искрено не би постапила како неа, не толку брзо и импулсивно. Порано љубовта ја редев на прво место без обѕир на се, но бев мала. Сфатив дека луѓето се менуваат, чувствата се менуваат. Сега ја редам личната среќа пред се, па и пред љубовта.
Се цитирам себе : Останувам на ова дека не е важно од каде е. Но, важно е каде сака да биде. Јас не би била со него толку време ако имаме разлики во размислувањето, однесувањето. Но, после толку време кога треба да бирам дали да живеам во село или град ќе си го одберам градот. Јас воопшто моево не го поставив како проблем на темава, само се изјаснив како размислувам. За некого може сум размазена, препотентна, може некој мисли дека не го сакам доволно итн. Не ми е ни важно. Само сакав да си бидам искрена, љубовта не трае цел живот, а искрено на двајцата не им одговара како живеат нема ни да има љубов. Тој што е негово место, па некогаш запаѓа во депресија зошто нема луѓе, зошто досада го фаќа, не па јас.
И јас имам размислување дека не е битно од каде е момчето,местото на живеење не го прави ни повеќе ни помалку граѓанин. Но ова е поинаку.Ја разбирам во целост Марама,а зашто? Затоа што тука се работи и за компромис за ЗАЕДНИЧКО одлучување за заеднички интереси за ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА што е најбитно. Таа си вели за нејзе не е проблем да биде со него кај и да е,но тој?Тој пробал да живее тука ама не се вклопил така? Епа како може да се очекува дека од девојка со факултет која сака утре да има не само кариера туку и иднина за своите деца,да се вклопи во средина како село кое е полупразно и кое захтева секојдневна тешка работа. Не го окривувам ни него,но малку е себично да се очекува само од девојката да се прилагоди па макар и на планина од љубов.Баш од такви околности и незадоволство ќе згасне и љубов и се. Може не ви звучи убаво дека му поставила ултиматум,ама зашто да не бе?Па го прави за негово добро,сака да го натера да постигне нешто плус во животот,а не само лозјето да му биде приоритет.Тоа не го прави личност што не љуби и што не се грижи за заедничката иднина со дечкото.
Со должна почит ама на 20-25 год. немаме поим што е тоа љубов, а не пак да жртвуваме се што посакуваме заради некоја наводна љубов за која што и немаме поима дали е вистинска или пак не. Да не зборам па за тие што се под 20 години, ептен е лесно да се посоли памет и да кажеш дека љубовта е најбитна и дека ќе ти ги пополни сите останати празнини во животот, а реалноста е дека нема, и кога тоа ќе се случи ќе ја снема и љубовта. Не би ги жртвувала своите желби и соништа заради никого, ниту заради љубовта, ако не си со некој на иста должина нема ништо да успее. Немате поиме сите вие што пишувате дека заради љубов би направиле тоа и тоа. Ни јас не ги вреднувам луѓето според тоа дали потекнуваат од град или од село, ама тргнувам од своите потреби, можеби би излегувала со дечко од село но не би живеела таму со него, по никоја цена. Едноставно не се гледам себе си во село, не ја гледам својата иднина во село, не е за мене селскиот живот, би полудела. Сосема друга работа е периферијата, во сите светски метрополи луѓето се тепаат да живеат таму, а не во центарот на градот, само ние тука се понижуваме меѓусебно и се гадиме едни од други. Секој има право да си одлучи што сака во животот, ама сметам дека сопствените желби, соништа и потреби не терба да се жртвуваат во име на љубовта, затоа што ако има таква „црна дупка„ верувајте дека ќе ја проголта и љубовта.
Јас живеам во село. И морам да признаам дека едвај чекам да се тргнам од овде. Не сфаќам како би можел да живеам на место каде шансите за просперитет на било кое поле ми се сведени на нула. Можеби размислувам погрешно,но едноставно размислувам за иднината која би ја имал во поголем град. А верувајте,таа би била посветла од оваа овде.
Јас лично немам ништо против тоа. Но да треба да бидам во таква ситуација не би можела. Живеам во строг центар. Дечко ми живее малку подалеку. Кога треба да одам кај него, не бре не се изодува толку пат, многу ми е бидејки сум цел живот научена на сред центар. Утре, задутре кога ке дојде ред ако одам кај него да живеам, ке ми биде тешко. За едно кесе смоки има пат 20 минути на одење, и на вракање уште толку. Е сега сепак е во град и за работа, ова она ке биде лесно. Ама ако требе да одам во село, да патувам секој ден со комбиња или со кола, или децата да ги чекам да се вратат од училиште, па го испуштиле автобусот, не би можела жими се. Сестра ми не живее во село, ама живее на излезот од мојот град на патот накај приградско село. По 10 пати ја пали колата, едниот на училиште, па другиот, па англиски, кошарка, па на роденден, многу малтретирање е.
Секаде е убаво да живеење ако имаш ПАРИ!(Од искуство) Што мислите дека сите луѓе во селото работат по ниви?? Хехе НЕ драги мои има луѓе што живеат во село поубаво и од нас во градот А и има луѓе во градот што немаат леб да јадат.. Исто така што е многу побитно КУЛТУРАТА што ако некој градски тип што пие секој ден кафе по кафулиња со парите од "тато" во него ли ќе гледате како просперитет некој ма ајде ви се молам. Според мене нема градска девојка со дечко од село и обратно. Треба да обрниме внимание на многу побитни работи како што се почит, култура и работа (колку вашиот дечко е вреден) колку вие се чуствувате сигурни во неговите раце.. Бидејќи се започнало од една мала и обична приказна која на крајот завршила со брак, некој кој најмалку се надевате може да ви стане сопруг.. Па немојте после да се жалите дека типот бил од село илиод град самите сте го одбрале.
Имам една другарка, која викаше дека никогаш не би се омажила во село, не би била ни во врска со некој од село. Ама како што обично бива во животот, никогаш не викај никогаш Еден период кога и се случија купишта глупости тука, се запозна се еден дечко од село или приградска населба на еден не многу голем град. И тоа релативно малку се познаваа, ама реши да отиде, и отиде да живаа со него. Очекувавме да се врати после 2 месеци, можеби и порано, затоа што живееше и со неговите (исто така викаше дека не би живеела во заедница). После 4-5 месеци почнаа да ја јадат црви, и почна да размислува за враќање, ама не беше одлучна поради големата љубов. Сепак на крај рече дека ќе се врати со или без него. Го сака, ама никако не може да се прилагоди на животот таму. Малку по малку почна да го убедува, и некако успеа на крај да го убеди да се пресели во Скопје, иако на почеток типот не помислуваше на таква опција. Ние и дадовме поддршка, и рековме ќе му помогнеме да се прилагоди тука, и уште веднаш почна да наоѓа хонорарни ангажмани, а после еден месец му најдовме и работа иста каква што работеше таму. Сега е тука, многу е среќна, а среќен е и тој. Има семејство, многу љубов, наскоро ќе имаат и бебе, има подобра плата, пријатели исто како и таму. Значи другарка ми знаеше дека не може да живее во село, и не издржа. Јас лично не знам како би постапила. Од една страна мислам дека за љубов би отишла до крај на светот, ама од друга страна мислам дека не можам да бидам нешто што не сум. Кога- тогаш, реалноста ќе излезе на површина. Марамке, одлуката воопшто не ти е лесна, ама добро е тоа што се познаваш себе, знаеш што сакаш, и реална си. Само така можеш да донесеш вистинска одлука. Некој можеби ќе те разбере, некој не, ама важно е ти да знаеш дека си го направила најдоброто за себе. Во животот има и тешки одлуки, и неубави периоди, ама јас се тешам дека секое лошо за арно е, што би рекле троа постарите.
Има голема разлика од село до село. Девојка/Дечко од рурална средина итекако не е мала работа. Се работи за различни средини по многу основи. Оние села кои гравитираат околку поголеми градови во главно се приградски населби па и девојките/дечковците од таму не може да се оквалификуваат како “девојка/дечко од село“, но ширум државата има села чии жители дијаметрално се разликуваат од оние во градот. Не дека едните се подобри од другите, туку само... се разликуваат. Имам живеено (период, сезона) и работено во приградско село и планинско село, затоа ја разбирам потполно марама. Нам ни е лесно да осудуваме, и да кажуваме како е најдобро за друг да постапи, но кога ке дојде да размислуваме лично за нас, е веке малку е потешко! Како и да е, ти посакувам среќа и да се средат работите како што ти сакаш. Од љубов не се живее, затоа некогаш е подобро да пресечеме некои работи, него да страдаме подоцна, да се каеме и да ја префрламе вината на другиот партнер.
Ние живеевме во населба/село близу до град, така да не бевме на планина, ама имавме 10 декари ниви. На која тутун, на која пипер, на друга компири, на друга пченка. Ама нели се ова се копа. Се делевме кој каде ќе оди на копање, а јас обично мајка ми ја дружев. После истерани два реда ќе ме заболеше грбот. Малку да забушавам и одморам, малку да исправам грб, ќе се исправев и ќе почнев да пеам на колку ме држи глас. Не дека до песна ми дошло, ама ем да се извикам на сред поле, ем на мајка ми интересно и беше. Песните од жени се радо, до брала мома капини, се од оние старите. Па ќе ја викнев и оваа: ме сакаја двајца тројца граѓани мене мама за граѓанин не дава ме сакаја двајца тројца селани мене мама за селанин ме даде во недела свадба ми направија понеделник зедов српот на рамо ме пратија право в поле на жетва Слушаш ли ме мамо, ќе и речев, еден ден ако полудам по некој селанин да не си ме давала, да ме врзеш дома ама да не ме даваш, да не ме цел живот после грб боли од копање. Тоа јас мома од село, научена на работа на нива па не сакав така цел живот да живеам, а не да сум била некоја душичка што не добила плускавец на дланка, па после од/за љубов да копам цел живот. Ви кажувам вака ако има момички од град што мислат дека љубовта е најсилна, болката во грб е посилна, да не пеете после како мене на нива
Сега веќе бившиот мој е од село..Јас сум градска и не ми беше тешко ниту пак некогаш си реков офф тој селанец јас градска како ќе одам да живеам таму..јас и му помагав кога му требаше помош..не се плашев дека имаат крави..тутун и други работи..Но сваќањата спрема животот сосема ни беа различни...тојј сосема другио воспитан аа јас сосема друго..Селаните (без навреда) поинаку гледат кон животот..не значи дека секаде е така но во мојот случај така беше...едноставно бившиот мој не смееше да му се спротистави на неговите родители...учен беше на како шо ќе кажи мажот така не смееш да му спротиставиш затоа што ќе почниш да се караш...затоа ако е со унапредрени мисли не гледам проблем да се оди со селанец ама ако е со мисли од времето на баба му и дедому тука тешко дека ќе се снајди некоја градска и борбена девојка
Не гледам ништо страшно тука , не е битно од каде е човекот , битнен е неговиот одонос према вас ,понашањето ,почитта
Во моето семејство од секогаш постоеле кавги мечу родителите и децата за тоа да не земаат од село, било да е маж, жена, сеедно. Дедо ми е од град, а баба ми од село. Татко ми е од град, а мајка ми од село. Сега јас сум од град и имам дечко од село. Не се срамам да кажам. Многу пати ми пререкуваа за тоа дека е тој од село, дури и баба ми! Воопшто не ми е гајле што ќе ми кажуваат. За разлика од „граѓаниве“ тој не е ладнокрвен, ниту... не знам. Не можам да разберам која е разликата ако е од град и ако е од село? Ако е човек е човек без оглед на тоа каде се родил и живеел.
Јас сум од град, но мислам дека некој селки момчиња се некој многу попаметни и покултурни од некој се градски сељаци од Скопје Но сепак девојката од село и момчето од град или обратно се различно воспитани. Доколку девојката е од град и отиде да живее во село може да и префрлаат за облеката, вкусот на јадењата, однесувањето и обратно, доколку е од село и отиде во град. Но, сепак секој си за себе одлучува
Сите сме луѓе без разлика дали сме од град или од село. Значи иако некој живее во рурална средина според мене не е животно,туку баш напротив,луѓето што се од село, некогаш имаат повеќе љубезност,манири на однесување од нас ''градските'' да речам. Никогаш не сум ги делела луѓето по тоа дал се од град или од село, сум ги делела по душа и карактер,а верувајте некои што познавам од село се многу подобри во срцето и помалку кренати во облаци од оние што живеаат во рурална средина.
Уф,па не е баш така едноставно.Од љубов секако дека не се живее..Ма нема шанси.Ок е да немаш предрасуди кон лугето кои живеат во село,зашто денес ите како има многу еманципирани луѓе,квалитетот на живот и те како е подобрен и во селски средини.АМА,секогаш ќе постое некое АМА.Мора сепак да има некава разлика,некое несогласувања,некоја препирка.Ништо не може да биде совршено.Јас разбирам дека заради љубовта се прават чуда и има многу луѓе кои се откажуваат од некои свои животни идеали и цели,само за да бидат во прегратките на љубовта.АМА,јас тврдам и сум потполно сигурна дека нема девојка која е растена во град,а притоа да се омажи во село,понатаму да нема проблеми и несогласувања околу мажењето во село,макар тоа да бил принцот на бел коњ.Воопшто не сум против за луѓето кои се од село,имам многу другарки и познаници од село,за мене селото не е научна фантастика,ама јас лично не се препознавам таму,бидејки едноставно би си ја упропастила кариерата.Е ај сега во мојот случај,јас докторка,се мажам во некое село пиле кај шо не пеј,а учев 6 години и како ќе напредувам во кариерата?На кој ќе му бидам доктор во селото?На кравите или на желките?Да не бидам погрешно сватена,не зборувам само за мене,но бидејќи денес,такво дојде времето,напредно,брзо и многу динамично не е секогаш изводливо да работиш во град,а да живееш в село.Мислам тогаш нема сврха муабетот?За спиење да бидам в село?Едноставно не би била тоа јас,и пак ќе кажам не се правам голема граѓанка,сум одела по села,сум седела со денови и недели,сум работела,знам и да садам и да берам тутун,знам и да копам,знам и трактор да возам,ама едноставно понатаму би ме затупило во планирањето на иднината.Абе луѓе има села каде глава да те заболи нема аптека.А не сите луѓе имаат коли и пари во секој момент,од типот палам колата и за 10/15 минути сум во градот.Немам ништо против луѓето од село,но мислам дека денес и младите од селата со своето образование својата кариера и напредок повеќе ја гледаат во град,одколку во село.
Значи вака, да се разбереме првин, има огромна разлика од село до село. Каква? Живеев во село, ако може така да го наречам, значи развиено место, не сега со кафичи и бутици, но добро снабдени дисконти, амбуланта, аптека, фризер, депилација и тако даље. Моево село е на некои 10 километри од центар, со автобус е окулу половина час, со кола 10-15 минути. Изводливо е да патуваш секој ден на работа во центар а не губиш по 2-3 часа за превоз. Е сега во моево село има и млади и стари, со земјоделие како што опишавте се бават претежно постарите, и најчесто се тоа бавчи за домашна употреба, многу малку луѓе произведуваат и носат на пазар, и од земјоделството да вадат приходи, најчесто земјоделството им е хоби, а настрана си имаат друга работа и приходи. Е сега друг пример, кај тетките и кај баба ми во Прилеп, значи тоа се поразлични села. Во тие села 99% од луѓето својот приход го вадат од производство на тутун, и за да извадат што поише тутун, а со тоа поише пари, мораат сите да помогнат. Ако мене ми беше нормално за време на летен распуст до ниедно време да висам во парк, во диско, или во нечиј двор, кај нив беше сасвим другачие, во 10-11 сите по дома, јас во 3-4 наутро се прибирав дома, а тие тогаш одеа на тутун. Па дојди дома, нанижи го, земи зачисти, спреми ручек, испери, и дојди да те прашам дали ќе ти се иде на кафе. А ваму кај мене стани на пладне кај 2-3 саат, трк кај другарка на кафе, врати се дома удри еден туш, најади се, подреми на нет, таман ти дошло 9-10 саат, потсреди се и ајт у шетња до сабајле. Е таму шетање, за празници, нема ти текнало тебе да јадеш палачинка во Палма, па викај такси, или автобусот под нозеи во Палма си, таму имаш комбе за во градот до кај 9-10 додека вработените отидат на работа и после 3 кога ќе се враќаат. Такси изгор, те вози 20 и кусур километри и нормално 400-500 денари не ти бегаат. Јез да вака е за летен период, за време на школска година почесто има комбиња ама сепак те ограничува. Во селото каде што живеев и повторно би живеела, не ми е проблем, имам услови и можности да егзистирам и напредувам и понатака, меѓутоа во во овој втор тип на села не би никогаш. Никого не дискриминирам и навредувам, но едноставно јас себе не се гледам во таква средина. Научена сум да шетам, се да ми е релативно блиску, едноставно својата иднина не ја гледам во нивите, напротив ја гледам негде на сосема поразлично место. Љубов, која љубов молим ти се? Ние ќе се сакаме, ама јас со мојот француски маникир не можам да плевам тутун, или да копам пипер, јас не сум учела факултет за да наводнувам ниви, и најголемо достигнуче да ми бидат 10 тони тутун. Едноставно тој живот не е за мене, и таа разлика помеѓу тој селски живот, кој мене би ме ограничил и на некој начин затворил се непремостлива разлика која ни љубовта на Пепелашка и принцот не би ја надминале. Да живеам во село, зборувам за поразвиено, каде не морам да се бавам со земјоделие би, ама во закрепостено не би. И повторно кога велам земјоделие мислам на тоа само од прозиводство на зеленчук да живеам, а не рекреативно да засадам два ред патлиџан и три реда пиперки, тоа би сакала, зошто од тој зеленчук нема повкусен. Е сега ранчови и хациенди би сакала, ама тие филмови во Македонија не се снимаат, тоа Шпанија, манија, таму негде.