Уффф кога го видов насловот на темава си реков каква глупа шмизловска тема, ама се зачитав и гледам дека некои стварно имаат проблем. И јас стојам на мислењето дека има разлика од село до село и од град во град. Ете јас живеам во урбанизирано село, моите родители имаат убава работа дури мислам дека е полесно да влезеш на убава работа во место со 2000 жители од кои 200 имаат завршено факултет, отколку во град каде што сите се школувани. Никогаш ништо не ми фалело (освен што не можев да тренирам тенис на пример па морав да одам на играорна). Никогаш не сме работеле земјоделие и сега имам дечко од град што работи земјоделие ама не се ни замарам со тоа. Што ке биде нека биде. Во мојата општина градот и не се разликува многу од селата освен што има неколку институции повеке. Попрво би живеела во моето село отколку во Чаир на пример. Мајка ми е од град мажена во село и иако овде поубаво живее знае да каже понекогаш дека се излажала што дошла. Тетка ми се омажи во во едно село богу иза леџа во сиромашно семејство па за 15 години им тргна работата стана милионерка. Секој со среќата. Муабетот ми е ако е некое урбанизирано село немој да се мислите. Џабе ако живееш во град а ако немаш пари. За мене важи тоа Подобро прв во село, отколку последен во град. Ама па ако е некое село со 10 куки шо ке ти е да си прв
и јас сум за урбанизирано село ама секое село си има една иста работа трачарење на прво место го ставам ,а јас искрено незнам дали да го наречам моето урбанизирано, јас сум од град а мажена во село , 9 години сум у селово дури стварно незнам како е да се живее во град веќе, сигурно се сменило за 9 години дури и понекултурни станале луѓето во град гледам мислам на младава популација ,сеа немојте да ме сватите погрешно дека не сум испаднала од дома порано идев у град само за некоја цел да си купам нешто да се видам со дргарки и не обрнував многу внимание на луѓето се додека не почнав да ја давам ќерка ми во градинка па се движам почесто низ населбиве кај што има паркчиња и љуљашки,од село луѓето се многу љубопитни и поради тоа се дружељубивии све ги интересира додека па во град се позатворени и секој си ја гледа својата работа и не го интересира од кај си ,нова ли си дрн дрн,и да кажам дека неможеш да стекнеш пријателство во село ,не чуваат тајни и имаат многу позаостанато сваќање за разлика од град па ако сака нека учи во приватно школо со урбанизирани луѓе пак ќе се разликува од другите ова е од искуство,мене ич не ми се допаѓаат сваќањата на луѓето од село многу веруваат во суеверија такви некој глупости и неможеш да се дружиш како групно друштво секој си се дели по 2 или 3 во друштво ретко има по 3 зошто кога и да е ќе се испоговарааат раскараат затоа тука кај нас успева по 2 само во друштво зошто нема кој со кој да се истрачари јас се имам заебано тука и више никад двете се испокараа и накрај мене ме обвинија, зошто?зошто трескаа глупости една за друга а јас не им се сложував со муабетот и од ден денес сум овде сама заради тоа ,и гледам другите како драматизираат тоа е минусот во село и зошто јас сум од далеку и патувам долго време за да стигнам во град што тоа најмногу ме нервира и за свекрвите незнам ама мојата беше злато жена од град е ,дојдена во село а ги гледам свекрвите на другите бегајјјј што подалеку мозок како на кокошка а јазик долг, не размислуваат што ќе речат важно е да треснат. Tешко е да живееш во село поготово кога си со неговите на една куќа со 2 спрата или куќа до куќа или 2 куќи еден двор ова е зачестеност кај селата , а во град си имаш свој стан и си правиш што сакаш што подалеку од блиските а овде многу се мешаат и што треба и без осет што не треба .п.с јас зборам како е кај мене не мора да значи дека е така во сите села, се надевам дека на некој му помогнав во анализирањето има уште реферати да зборам но го одвоив најглавното ,слободно може секој да ме праша што сака дали овде или по ЛП
Секој го има селското во себе, ама секој различно го покажува и истакнува. Значи нема врска, од кај е и што е, доволно е мене да ми е убаво со него, да ме сака! Да има љубов, доверба, толеранција и се’ што треба за да една врска опстане.
На некои луѓе им е најбитното потеклото....и со гордост кажуваат доколку нивниот партнер е од центарот на градот..Демек цивилизирана особа..Ма не мој..... Што доколку, тој некој кој е толку против селото добие фарма...и според тоа мора да живее на село...добивката (парична) од прометот е голема..Зар нема да се пресели во село?? Звучи глупаво..знам, ама рреално во земјоделието се парите.... Така да не треба да се гледа на тоа....порано биле селата модернизирани а не пак сега....Јас уживам во село.
Животот во село си е супер. Јас немам живеено во село само на викенд или недела дена имам седено и навистина е многу поедноставен по мирен. АМА за девојка која растела во град би било многу теско да се навикни на селски живот. Од поскромно кон полуксузно е многу полесно да се навинки човек. Јас на мои 26 години се преселив во друга држава каде јазикот го познавав ама сепак на почеток беше тешко додека да се навикнам на овој начин на живот а камо ли не некои си 25-26 години девојка да се навикнува на селски живот. Значи било која промена е тешка но од полуксузно на поскромно да се навикни човек е мноооогу потешко. Затоа ја поддржувам Марама за нејзината одлука кога тој на поубаво не можи да се навикни тешко му е како ли ке му биде неа??? Со мојот партнер живееме заедно 3 години и немаме никој тука па ми има предложено ако сакам да се селиме во неговата држава каде неговите родители би биле од голема помош околу децата НО не би можела да поднесам уште една голема промена во животот иако таа држава е многу слична на оваа исти закони ист јазик скоро се е исто ама околината не е иста голема промена би била во секој случај и ако тој реши сака да се пресели таму среќен му пат јас му имам кажано нема шанса да одам.(тоа си го знаеше од почетокот на врската)
И јас сум иста и во целост те сфакам како ти е .Комшики сме центарски и ја кога треба да се мрднам некаде подалеку од центар од дома не ми се искача.И јас имав дечко кој живееше малце подалеку од центар и гледањето беше смрт.Летно време у горештина автобус не се чека додека отидам кај него испотена срам ми е да го гушнам а не па нешто повеке,навечер мисли коа имаш бус за вракање бидејки таксиво од коа ми го поскапеа не ми се живее.Сите места што до вчера ме коштаа 50ден такси сеа ме коштаат 100ка а не па да сакам негде подалеку да отидам.Со кола неможеш постојано пошто бензинот си кине , па штом ми било волку тешко во Скопје да опстојам сигурно не би опстојала со некој од село па и да не стнува збор за село него за друг град да е ако треба да се гледам еднаш месечно.И не , немам ништо против потеклото на лугето дали е селско или не ама се додека не ме дирнува мене директно бидејки и јас како Марама без разлика колку е голема љубовтна никад не би отишла да живеам од град во село па макар и на милиони да лежел тој таму. Колку и да е урбанизирано селото пак е село не е град ,немаш каде да шеташ,немаш толку кафичи и места за излегување и најбитно од се немаш просперитет освен да копаш нива.И да , можам да одам во најблискиот град да работа ама зошто да цепам толкав пат и да станувам во 5 саат за работа наместо во 7 само затоа што имам пола саат или саат пат до работното место кога тука се ми е до гз. Сум идела кај братучетка долго време во село (урбанизирано село) и да, ми било убаво да се тргнам од градскава галама на недела две , но верувајте после тие 2 недели плачев за градов за галамата во него за свирежите на колите што ме будат насабајле, на фактот коа ке искочам имам милион места кај да седнам на кафе а не едно место,ми фалеа малуомниве луге што ги слушам секој втор ден како се караат под прозор кај мене и милион други работи што ги има градот а селото ги нема.Па дури ми фалеше и да се дотерам и штикли да облечам бидејки селото таму не е некое за дотерување баш буквално по цели денови си у тренерка ако сакаш штикла ке идеш у градот (на кафе у диско и сл). Така да би одбрала СЕЛАНЕЦ само ако сме на иста бранова должина со размислувањата за животот но ако тој си е тврдокорен селанец кој по ниту една цена не би се преселил во град ни на крај памет не ми е да бидам со таков па ако треба и принц Вилијам нека е .
Не ти ја сфатив поентава на ова... За мене нема лошо место на живеење, се додека имаш каде да живееш. Некои луѓе едноставно полесно се прилагодуваат на село, а некои во град, и нормално е да има несогласувања доколку се погодат дечко и девојка кои не го делат истиот став. Нема ништо срамно во тоа дечкото или девојката е од село, срамно е ако е од град, а се однесува како простак.
Само тие што живеат во село можат да зборуваат дека животот во село е ФЕНОМЕНАЛЕН и дека уживаат во него ! Јас живеам во строг центар на градот и не би можела да замислам да живеам негде богу иза леѓа...да чувам крави,кози,овци и орам њива
Морам да ти кажам дека ме изнасмеа,центарска девојка. Само уште да кажеше во кое село си ги поминувала распустите,од коа село се доселени твојте во ценатарот на градот и до кога ги чуваа опинците позади врата,е тогаш се ке беше комплетно. На темава Има село и село, Радишани е село а сите го сметаат како градска или приградска средина ( иако е на 10 км од центарот ) Црниче и Пржино исто се села, Горно лисиче е село,Припор е село. Од мој аспект цел живот сум во град, мојте се стари Скопјани татко ми од Пајко мало мајка ми од ново мало, нај убаво ми беше кога ке отидев во кучата на баба ми во ново мало,имаше дворче мало никакво но сепак беше двор да би отишла да живеам на село или да се омажам на село, поготово во некој од скопскиве села, кој во денешно време и се урбанизирани, а и собраќајот и превозот се на високо ниво.
Да баш сум центарска девојка, целиот мој живот живеам у сред центар ! Инаку имам пишувано и на некои други теми дека потекнувам од староградско,угледно семејство и дека немам селски корени ... Јас ако имав некого во село до сега ке тврдев дека животот во село е фантазија хаахах... Така да срцка опинците на нозе и бегај во село,не зборувај кога немаш појма. Јас ке си останам во центар а ти живеј во урбанизираните села Секој со своја среќа !
Со ова само се докажува дека градска девојка тешко да се приспособи на село.Ама немора да е причината само дека е градска девојка,има мн други причини. Спојлер друго не коментирам
Прво тотално не ти е на место коментаров за родителите на девојкава и опинците каде ги чувале бидејки тука станува збор за твојот став дали ке идеш да живееш во пичковац а не од каде е потеклото на твоите.Секој има свој став ако ти би отишла у село некое има луге што неможат да си го замислат животот подалеку од централно градско подрачје и неможат да замислат да патуваат до работно место пола саат или саат.Имам другарка што живее во Горче па коа треба да идам кај нејзе на гости верувала или не со автобус патувам од 30-45мин зависи како ке ме фати гужва.Па и таа сама кажува да можам одма би се преселила негде поблиску само ради оваа оддалеченост.Коа искачаме у град ако ја од дома искачам 5 мин пред договореното време таа излегува саат време порано.Коа станува збор за одење дома после град во 3 саат сабајле ја никад не се замарам дали ке имам пари за такси или автобус и како ке стигнам дома но таа и тек како мисли .Ако мене едно излегување ме кошта 500ден нејзе ја кошта најмалце уште 200-300ден повеке.И неможеш да ги споредуваш Црниче и пржино со селата надвор од скопје бидејки у црниче сум за 10-15 мин и тоа пешки а у некое село тешко дека ке стигнам толку брзо и толку ефтино.И освен ако немаш многу пари па бензинот да можеш да го трошиш како вода ке ти праи разлика оддалеченоста,а многу луге па и немаат коли да се развозаваат натака навака.И јас како тебе сум идела по села и ми било и интересно и мирно и баш ради тој мир сум ги сакала бидејки тука го немам но сепак налет нека ми е мирот коа тој мир скапо ме кошта.
^^^^Ти стврано имаш 19 години? Не знам кој нема појма во случајов. 21 век сме. Ти на сон да не виде дека на село СИТЕ чуваат кози, крави и носат опинци. Да има такви сеуште, но не сите. Баш ти немаш појма кога никогаш не си била на село, а тврдам дека не е така како што замислуваш. Не велам дека животот е фантазија и дека на сите им е убаво, ама не е ни толку бедно како што ти тоа го кажуваш дека е. На крај краева, па НЕ МОРА градските девојки да се прилагодат на селски живот. Ама барем (некои од нив) нека расчистат со предрасудите и нека не ги навредуваат оние што се приспособиле на такви услови. Мизерно е некој да лечи комплекси на вакви теми.
Ане не се грижи де , баба ми секогаш вака збореше - Најголем противник на Алкохолот е бивш алкохоличар, нај голем анти коцкар и мкразач на коцкари е бивш коцкар, најгласен против селаните е ПОКОНДУРЧЕН ОПИНОК.најголем анти-комунист е бивш Комунист, најголеми домаќинки се бивши ороспии Затоа што тие имаат потреба да докажат дека се тоа што се во моментот а сакаат да го заборават тоа што биле предходно. И баш не мислам дека не знае што е село и дека не видела село,мислам дека сеуште и е свежо помнењето кога натоварени сите во фичото, дошле во градот оставајки ги баба и дедо сами насело како во зграда не им давале да чуваат коковчина, и како им било страв да влезат во кутијана што оди нагоре надоле
Да до карактерот на човекот е но муабетот беше барем за мене лично не би ми сметало да бидам и со човек од Тунгузија,планинец,Селанец ,марсовец се додека имам разбирање со него а во овој случај зборам за разбирање во смисол на тоа дека не сакам да живеам во село некое кога можам да живеам во град.
Фала богу дека е така,ако можеш зашто да не но ако не можеш зарем по секоја цена би гледала да бидеш во град. Па наместо да бидеш со човек од село да завршиш со СЕЉАК од град ? Да ама Црниче и Пржино се СЕЛА и да можам да ги споредувам затоа што по вашата логика село си е село,ете урбанизирано блиску до градот но сепак си е СЕЛО проблем ? И ако твојата другарка сака да ја тера твојата шема,не и се излегува таму каде што живее тогаш сигурно дека треба да му ја мисли и за пари и за се, сигурно има места за излегување и таму каде што живее,па наместо таа да доаѓа во центар оди ти кај нејзе,не гледам некаква разлика помеѓу градскиве и “ селскиве “ кафичи во Ѓорче,Лептокарија или центар, и да Гранд едно време беше меѓу нај популарните дискотеки,полн беше па не слушнав некој од градов да се пожали дека му било далеку.
Човек може да искочи од село ама селото од човекот НЕ !!! така да независно од тоа каде живееш ако си сељак у душа бе брате ни строг центар не те спасува .