Низ минатото. Моето бившо момче беше од село (типично село), јас од град. Разликата беше во културата. Не дека сум којзнае колку културна (се знам што лишка сум ), туку навистина постоеше разлика, барем во нашиот случај. Тоа беше затоа што тој на еден начин беше поинаку воспитан, во однос на мене. Се разликувавме скоро во се. И да се работеше за нешто добро, тој имаше сосем различно гледиште од моето. На еден начин наместо полесно да се изведе нештото, тој беше спротивност за тоа. Тука беше и комуникацијата, однесувањето... а што беше најинтересно е тоа што беше многу горд и непопустлив за ништо. Не велам не, функциониравме некако. Попуштав, зашто на еден начин го разбирав, ама не беше тоа тоа. Раскинавме.
Значи на едно од моите работни места имав прилика и лично да се уверам во ова. Постојано бев во контакт со луѓе од села и помалку населени места и истиот впечаток го стекнав. Кое почитување, која пристапност, алал да им е. Изгледа тоа се должи на поздравиот и помалку стресниот начин на живот кој го водат. Исто така, нема да речам ни дека сите од град се искомплексирани. Секаде има секакви, 100 луѓе-100 психи. Доколку има љубов, почит и разбирање, врската оди во вистинска насока, а ваква дискриминација е во најмала рака смешна.
Не можев да ја најдам обратната верзија на темава, ако воопшто постои, па ако модераторот ја има на увид, нека ме премести Испровоцирана бев од постот на Ашлинг во СДК Кои села жити се? Оние во кои веќе одамна останале двајца тројца старци? Борино и Бирино кај што всушност уште пред дваесет најмалце години условите за живот им биле оскудни и речиси невозможни, без струја, без вода, без пристап?! Тие села веќе одмамна изумреле, ама чисто за спооредба, во Македонија има села, и тоа села во кои баш добро се живее Не велам не, има девојки кои си ја барааат среќата во „убавините“ на градовите, има сеуште кокошки што мислат дека е некултурно да се станува во 4 за на тутун, па се кријат под капи и шатори на пат за фамозната нива, не прават муабет за црно под ноктите и за нив пепелта и мотиката се „непознат“ поим, ги има, да, ама ги има и по градовите исти вакви, што работат штогоде, ама после пладне се парталат како нивниот нокт им пукнал, па спиеле до 11, па мама и тато се доктори(читај хигиеничари во приватна амбиланта), и нееее, тие не сакале ни да погледнат во некој со Југо и просечни фармерки Значи вакви има секаде, СЕКАДЕ, без разлика дали се во село или град! Девојките од селата, ако бараат услови за просечен живот, во кои јас подразбирам вода, струја, доволно соби, нормална комуникација меѓу генерации, не значи дека сакаат исклучиво во град да се мажат. Еве јас лично, познавам многу кои не би го дале селото за ниеден М-р/Д-р во град. Всушност, нели провинција е се она надвор од Скопје, па затоа гледам веќе се изнаживеа повеќето секој ден кукајќи и плукајќи по и криви ни должни Реалната слика, всушност, повеќето не ја знаете, а таа не ви ја покажува групата пуфли излезени од дома за да се оќарат. Многу е подобро да си прв во село, отколку последен во град. Девојките од селата не се оние кои секогаш се срамат од нивното потекло.
Се согласувам со Кате.21 и ќе бидам малце офф-топик. Многу ме нервира тоа што луѓето зборуваат дека "сељанките" од провинција одат во Скопје на факултет само за да се омажат таму. Не викам не, ги има такви ама не се сите. Се знае кои одат со таа намера. Оние што во нивниот град нема шанси да најдат прилика пошто го поминале цел град и сите ги знаат какви се. Во контекст на темата, мислам дека не е ништо страшно да имаш дечко од село. Има разлика од селјак и селанец. Јас сум од село, а да бев од град воопшто немаше да ми смета.
Апел до администраторите на форумов, да си го средат проблемов со цитирање т.е. да ни стигнува нотификација кога некој не цитира, вака ако случајно не видиш никогаш нема да видиш,а не секои се зависни од тоа да се пребаруваат самите себе си. И значи кате21 сега на тебе да ти одговорам. Уствари на што да одговорам,кога и во цитираниот мој коментар пишав "повеќето". И така е. И факт е дека многу малку млади има по селата(значи села во буквална смисла на зборот,а не приградски селца што се на 20-30 минути од градот). Училишта едно на пет села ако има и тоа основно,а за средно ќе си патуваат до најблискиот град. Тоа само по себе си кажува каква е ситуацијата. Сум седела кај баба ми по цели лета на село,ама тоа беа времиња кога селото вриеше од млади, постојано имаше некои манифестации, некои забави, некои панаѓури, некои концерти. На вечер сите на сред село се собиравме,па ајде рака под рака ќе се шетаме или ќе се возиме со моторчиња или во текот на денот ќе се капевме во реката. Сега не сум отидена незнам колку време,а и да одам немам кој да барам. Сите се разотидени по некои градови, во селото им останаа само родителите. Жална слика, но реална. Понатаму јас во претходната тема каде што сум цитирала нагласив дека ретко која девојка од град би се согласила да се омажи во село,а девојките од село преферираат да се мажат во град, па и да се одлучат за дечко од село заедно да живеат во град поради можностите што ги нуди градот. Сега под град очигледно све води накај Скопје,ама моментално споредбата е село-град. Во село си ограничен и тоа е факт,а ограниченоста не гуши на сите. Сакаме да гледаме луѓе, не само за викенди или времето да си го планираме 1 ден уназад. Никој не си знаеме каде ќе не однесе судбината,но едноставно полесно девојка од село би се навикнала на живот во град, отколку девојка од град на живот во село(или воопшто нема да се навикни) Така да, нареден пат подобро прочитај и претходниот пост и све што беше поврзано со истиот пред да ме цитираш, чисто колку да не се губиме од тема во тема и да не ги вртиме работите со кои често се соочувам на форумов. Колку што се сеќавам јас некој во СДК цитирав за тоа како мажите побрзо земале Албанки, отколку Македонки за жени во селата. И земаат. И тоа е вистина која не можеш да ја избегнеш. А, твојава реплика немаше врска со мојот цитат.
А од каде се тие во градовите Значи секој е од некаде донесен.Последните 2-3 генерации(можда и помалку/повеќе)живееле во град и ајде варошани -.-Абе ајде драпај си ќошот.Се сакате?Се еазбирате?Сакате заедничка иднина?Епа со среќа ,јас немам проблем што нема бмв туку трактор.
Кај мене е обратна ситуација, дечко ми е градски човек така прибогат човек, а јас не сум од село туку приградска населба на 3 км од центарот и мојата фамилија се просечни луѓе. И кога се фативме му збореле на дечко ми оние градските како можеш со таа да се фатиш од село, заедно сме си 2 години и прекрасно ни е, секогаш ми вели дека ме сака поради мојата искреност и добрина. Глупости невидени се луѓето посебно во мојот град сите се богаташи и градски а на кредити живеат, купуваат телефони и коли, а не можат сметките да си ги платат. Имам можност поред дечко ми да се дружам во т.н "Крем" на градот и имам роднини баш од село што се, разликата е страшна какво лицимерие, дружење од корст, за пари, гнасно додека луѓето кои си се сиромашни се познава дека се чесни луѓе тоа што го кажуваат го мислат, нема лицимерие, нема корист. Исто моето друштво, другарите и другарките се такви и ме нервира страшно, ќе дојде некој на излевање на маса или ке одеш ќе застанеш некој ке поздравиш и ти велат како можеш да збориш со такви селјачишта и селљандури. Ако некој нема пари да си купи алишта последна мода или има различен стил не мора да значи дека ти ногу разбираш а другите не.
Има разлика помеѓу луѓе од село и од град, но не е кај сите така. Не треба да судиме по тоа кој од каде е, туку однесувањетп какво им е.. Сите сме од крв и месо, сум имала дечко од село и што има врска.. Ги подржувам сите кои немаат предрасуди за тоа кој од каде е
Mоја другарка е мажена со дечко од село,па немаат никаков проблем,тој многу ја сака и почитува и со неговите родители ем живеат и пак супер се сложуваат.Kој како ќе си ја нареди
Што е битно кој од каде е,битно е да има срце и душа и да знае да почитува, се другото само по себе ќе се дојде. Само искомлексирани родители се замараат и лошо ги воспитуваат децата дека морало да биде од град,да биде ситуиран и некој си во ошеството,што за мене е тотална глупост-затоа и после многу малку врски опстануваат!
Море како е дојдено времево се за пари се гледа. Не е битно дали е од град дали е од село, битно е пари да има. Дури мое мислење е дека машките повеќе гледаат да најдат некоја богата па макар и од село да е. Скоро другар тука од Скопје ми вика "Дај бе најди некоја од кај вас, што има станче тука" Му се смачило на сиротиот да живее со уште 4 луѓе во 70 квадрати, па не му е ебитно од село ли е од град ли е, битно му е стан да има. Втор случај, другарка градска мома, има дечко од село. Детето се и купува и дава пари, ја шета... во се е повеќе од неа. И пиз*ата штом се спомне дечко и прво што кажува е "Јас сум со него, ако е од село". Значи не и останало ништо друго во што во ке биде подобра од дечко и туку само тоа што е од град. А и таква е реалноста, ако имаш пари секаде е убаво.
јас не верував дека има некоја разлика дали некој е од град или од село,битно е да си човек. а и понекогаш во градот има повеке ѓубриња што ќе те заеат него во село ама сега, можам да кажам дека ИМА разлика..и тоа како. јас сум од град,дечко ми е од село... многу убаво ми беше на почеток со него, и сеуште е така.. ама сега кога почнав да одам јас кај него дома,седам по неколку дена,недела дена некогаш(зашто подалеку сме малце)и ми кажува одма муабети имало низ селото,па ова,па она...а и неговите приметувам дека не гледаат на тоа баш..ама се било од муабети,и срамота,што ќе кажат?да не сум трудна?да не сме се земале во тајност па да ме кријат,да се криеме? Ало... мислам, 21 век сме.. кој што сака ке си прави и нека си прави... и така сега го сменив мислењето за релација град-село
Прво, два милиони луѓе сме, основни училишта има во сите села, значи не правиме муабет за село кај што има едвај 50тина жители, ниедно дете, туку за нормални села, со колку толку услови. И сигурно не можеме да очекуваме дека и во приградските населби или селата кои имаат околу 700 до 1000 жители да има и средно школо, ни едно, ни повеќе. Толку народ сме, еве за овој крај, Крушевската гимназија и петте Прилепски средни училишта се повеќе од доволно, зашто едвај ги исполнуваа последниве години местата. Има Демир Хисар, има Житоше, има Брод, е па сега да не треба да има и Долнени гимназија?! Или Норово? Како што нема се ни по градовите, па сме принудени да одиме до СК, исто и ова, се патува едвај половина час, на никој не му смета. Друго, не знам јас во кое село си врвела распуст, ама ограничени баш не сме, дали помали или поголеми села, има пошта, има амбуланти, има маркети и локални продавници, е сега можда нема избор на гардероба или бела техника, ама реално, секој двор има по една кола, не е како едно време, да чекаш со години да ти го пратат каучот што си го купил, одиш купуваш, носиш дома. И крај карева, ни вие во град, ни ние во село немаме толку слободно време па ограничени сме со излегување, напротив, секој си работи што си има, и излегува колку што си сака. Слободата што ја има по селата ја нема ни во најкосмополитенските градови во светот! И за крај, Албанки најчесто земаат оние со прекардашени години, кои не се ожениле навреме, е богами таквите во градовите ни селанка не можат да земат, а не па градска. Не знам уствари дали повеќето ја знаат навистина ситуацијата по селата, или останало на она дека во село има само кал, лепешки и старудии Искрено, јас зборувам за околниве села, повеќе куќи и дворови гледам уредени и чисти отколку ли во Прилеп за последниве 15тина години. Она старото, поарно прв во село, отколку последен во град, навистина има смисла. И, значи, моево мислење не е контарње ниту на Ашлинг, ниту на било кој, си искажувам став, за нешто што се почесто го слушам како предрасуди, и зборувам конкретно за села кои се во голем број во државава ни, не станува збор за оние отцепени, планински, без струја и вода, таму ни пес нормално не би живеел, иако постојат сеуште, а од кои сме излегле повеќето, кој заминал среќа да бара во град, кој се населил во поголемо село Е да, и не е точно дека девојка од град тешко се навикнува на живот во село, тоа само ако не сака
Според мене битно е да е човек, да те сакат и почитвит..шо ке ти вредит ак е од град а ак е ѓубре а? и уш нешо в град имат поголеми сељаци! од искуство кажвам
Јас се сложувам со тоа дека местото на живеење не е толку важно при изборот на партнер. Но има и други работи, муабетите кои ќе се вртат низ градот и предрасудите на луѓето околу мене. А тоа навистина ми смета. Моите родители се многу горделиви и нема теоретски шанси да би си дозволиле јас да одам со дечко од село. Затоа што едноставно се такви. И морам да го прифатам тоа затоа што сум нивна ќерка, живеам под нивни покрив и трошам нивни пари.
Девојки што да речам јас? Мојот дечко е од село, добар е, има карактер, размислува многу добро, знае да цени! Го имам проценето добро и сум срекна со него. Проблемот се моите родители што се против него, им пречи тоа што бил од село, им пречи што бил плав, им пречи што има скоро 5 год повеке од мене, па велат дека бил селанец, смугав, жабар, немал култура, бил прост зошто бил од село и бил само со средно. Мајка ми е од село, татко ми е роден во град и таму живеел се додека не замина во странство, премногу врегаат, три месеци дигаа раце на мене зошто не сум сакала да го оставам, ме навредија и мене со сите можни навредливи зборови, два пати си заминав од дома зошто бев цела сина по раце и нозе, зошто ме држеа дома под клуч, не ме пуштаа да отидам никаде, ме носеа на железничка кога требаше да одам на факултет,чекаа да тргне возот и си одеа, кога се вракав тие ме пречекуваа, за да се вратам кај нив ми обекаа дека се ке биде во ред, го прифакаа како мој дечко, велеа нема да се буниме кога ке сакаш да излезеш, немаме ништо против,нека доага и тој кај нас, и тоа дека ке биде се ок го рекоа пред него па и двајцата кога разговаравме насамо си рековме дај боже да се смирени, ке биде се во ред. Два дена откако се вратив повторно почнаа со истите работи, прават разни глупости, бајачи гледачи, овој така рекол, другиот друго рекол, почнаа да зборат лаги за мене пред него за да му ја видат реакцијата спрема мене, се надеваа дека ке ме остави,али тој им рече јас ја запознав доволно за да знам дека овие вашите се лаги за да не разделите, со мене се понашат како јас да сум само еден вид на фигура овде во фамилијата и друго ништо, ги вршам сите работи дома, ке ми речат да завршам некоја работа одма ја вршам, да одам некаде, да направам нешто, да се јавам таму и ваму (зошто моите не се многу добри со јазикот овде кај што живееме), се трудам се да биде ок али тие мене ми вракаат со лошо. Незнам како да излезам на крај со оваа ситуација, ние се сакаме и си имаме планови за иднината, али моите велат ако прифатиш да се мажиш со него нас ке не изгубиш, ке бираш помегу него и нас... Се чувтвувам ужасно и незнам стварно како да им доказам дека нее таков како го замислуваат, и реков на мајка ми дека тоа што не го сака е само од нејзината психа, али што и да речам е џабе, татко ми повторно налета да ме дави али мајка ми застана мегу нас и јас се тргнав во другата соба, за секое нешто јас сум крива, ми велат дека еден ден и мене ке ме нарекуваат селанка, дека моите деца ке ги нарекуваат селаци. Не можам веке да ги поднесам, глава ме боли секој ден, имам еден милион мисли, навечер не можам да спијам, ми доага да оставам се како што е и да си заминам еднаш па засекогаш...