1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градска девојка со дечко од село

Дискусија во 'Врски' започната од Theodora, 26 јануари 2011.

  1. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Znaci za da razmisluvas deka nekoj od selo moze da ima ponazadni sfakanja od nekoj sto zivee vo grad, mnogu gresite...
    Od ovaa gradska malograganstina mi e preku glava! Tolku prost narod, neprosetan i neiziveen nemam sretnato nikade!
    Znaci kako sto moze realno da si napravis muabet so covek od selo, vo grad takov ne naogas.
    Razlikata e vo toa sto lugeto na selo donekade nemaat kompleksi na takvo ODNESUVANJE sto onie koisto ziveat vo grad mislat deka go imaat. HAHHAHAHAHAHHAH kako NE!
    Iskreno, site gledaat eden od drug sto pravi, kako se oblekuva itn itn...zemaat krediti za da ucestvuvaat vo NATPREVARITE za godisnite odmori..Abre ajdee be ljuge...vo drzavite pogore, najbogatite i najmoknite luge ziveat vo provincii, ve molam...
    Onie koisto mislaat deka mestoto na ziveenje e presudno za toa kako edna licnost ke se izgradi vo zivotot, sto ke napravi i koj ke stane, mnogu ghresite!
    Taka samo ja pokazuvate vasata malograganstina i ogranicen mozok!
    [mod-kirilica:1b9dgaat][/mod-kirilica:1b9dgaat]
     
  2. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    72
    Мајка ми е од град и кога се земале со татко ми не сакала да живее на село, ама баба ми и дедо ми и рекле ако имаш семејство и си со тој што го сакаш ќе бидеш среќна и на планина, а ако си сама џабе е што живееш во град. Да дека има и многу прости и во село, ама ги има и во град. Ама колку има маани едно место на живеење, толку има и предности. А и во последно време гледам дека оние кои имаат повеќе пари купуваат имоти на село, поради мирот.
     
  3. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Имаш 23 год. доволно си возрасна да се осамостолиш, незнам дали работиш или студираш, но да заминиш од тој покрив.Модриците по телото од родителите не смее да си ги дозволи девојка на твоја возраст, никогаш не сум сваќала дигање на рака на девојка, па и не сакам.Проблемот тие суров и тежок ама имаш просто решение, кога знаеш веќе дека неможеш да си играш сакана ќерка и љубовница.Вработи се , можиш да изнајмиш соба негде ако немаш средства за стан, а имаш опции и да крениш кредит. Првин осамосталисе, па потоа со мирна глава ќе мислеш што понатаму со дечкото, јас искрено навивам за него и се надевам дека во иднина ќе си ги остварите плановите.Единствен излез тие овај..незнам како не си избегала од таа тортура досега.
     
  4. elyzabeth

    elyzabeth Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Обекаа дека ке биде све во ред но ништо од тоа, а дечкото знае се што се случува, ги виде модриците, ги знае сите навреди кои ги рекоа моите, дури и кога се слушаме на телефон, ако ме видат дека зборувам со него почнуваат на глас да врегаат за да ги чуе, му се јавија по телефон за да му речат дека тој нее за мене, да ме остави, али тој е се уште со мене. Моментално сум во најтешката ситуација, работа не се наога лесно, сакам да си го продолжам и факултетот, али немам мир и кога ке седнам да учам. Продолжуваат да ми велат правиш страм за нас што си со него, татко ми стално ми вели излегувај несакам да те гледам, брат ми не ми прави муабет, мајка ми стално збори остави го и продолжува со навредите. А кога ке ми текне на навредливите зборови што ми ги рекоа мене ми се гнаси едноставно од се, такви зборови не очекував од родител да слушнам. Имам голема поддршка од дечкото, ако нее тој мислам дека досега ке завршев затворена во некоја болница, и жалниот тој сето тоа го трпи, му реков на моменти ми доага на ум дека можеш да се измориш од оваа ситуација и да ме напуштиш, али вели дека ме сака и дека ме има сфатено каква личност сум јас, дека му е важен мојот карактер и моите вредности, па вели дека нема да ме остави заради глупостите на моите, стално ми вели дека јас не сум виновна што тие така се понашаат, дека не заслужѕвам да ме остави поради нив. Се надевам дека се ке биде во ред и дека во скоро време ке излезам од оваа ситуација!!!
     
  5. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Драга ќе излезеш од оваа ситуација, ако излезеш од таа куќа, нели ти ветиле дека ќе биде се во ред кога си заминала првиот пат? Па се увери дека не е. А каде си заминала првиот пат кога дигнаа рака на тебе? Вратисе пак таму, немаш поголем доказ од тоа дека никогаш нема да го сменат ставот од пред нашата ера. Или имаш друга опција дечко ти ако е финансиски стабилен, можите некако убаво да се договорите па плановите за во иднина да ги остварите пред време, заради околностите.
     
  6. elyzabeth

    elyzabeth Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Првиот пат кога излегов бев кај него дома, па моите почнаа да се јавуваат дека не биле добри, одиле по болници и јас дојдов да ги видам зошто ме бараа премногу. Разговаравме и обекаа дека се ке биде во ред, јас се видов со него и му реков се. Одлучивме да останам кај нив но уште истата вечер се покајав и после три дена повторно заминав. 20 дена не се видов со нив, ми се јавија да кажам можеби 10 пати да ми речат лугето што ке кажат, срамота е, врати се дома, ми рекоа дека никогаш нема да ми опростат што сум заминала така. Кога се видовме со мене дојде и дечкото и пред него почнаа да зборат еве ние веке прифакаме да се гледате, немаме ништо против никого, ако се сакате бидете си заедно. Тој рече еве гледаш дека веке се смирени, нема да прават проблеми, тој им поверува, али јас не. Кога веке тој прифана да се вратам кај нив за да биде се во ред, да нема караници, да почекаме до летото за да се земеме, јас се вратив кај нив. Првите два дена се ок, потоа повторно скренаа.
    Сега ме плаши тоа што премногу ми се закануваат, ме уценуваат да избирам мегу нив и него, ако сум заминала по третпат тие не постоеле веке за мене, не сум смеела да си ги земам моите ствари, не ми давале ништо, од утрово ми велат гледај дека братти рече ако не го оставиш ке се разбере и со двајцата, но прво со него а потоа со тебе (како сфатив од говорот на мојата мајка, спремни се и на нај лошото веке за да не одделат).
    Ми преостанува уште овие последните закани да му ги кажам на дечкото па да видиме што ке се прави :(
     
  7. Tazna-solzicka

    Tazna-solzicka Нов член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    27
    Колку и да сакаме да бидеме фини и културни и да тврдиме нема врска што тој е од село ние од град сепак не е така. Зборувам за вистинско село од провинција не од Скопски приградски населби што ние ги нарекуваме села. Значи лугето од провинциските села имаат тотално различен менталитет од нас градските девојки. Премногу се посесивни, љубоморни и врската со нив би била повеќе мачење отколку вистинска врска. За нив е несватливо да девојка оди толку разголена, потоа неверувам дека и во кревет ги практиуаат сите оние работи што ги практикуваат градските дечки, како што е орален секс и уште милион работи кои повеќе не разделуваат отколку што не спојуваат. Да можеби се поздрави, појаки можеби имаат на некој начин и поголеми пениси но не секогаш е до големината. Значи да би сакала да појдам да речеме 1 месец на село на одмор за да добро се издувам а зошто не и да уживам во таа селска енергија но врска со чоек од село не бидејки сум јас модерна особа а тие тешко ги разбираат тие трендови и часовникот им е заглавен во некој минат век.
     
  8. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Ако тие некоја утеха, имам пријателка што беше во проблем каков твојот,можеби и полош.Бегаше, се вракаше, и одново..
    На крај е среќна со својот сакан и нејзината сакана ќеркичка, имаат прекрасен брак, но сеуште не е прифатено од родителите.Незнам какви се твоите, но суровоста на овие да не си го прифатат внучето е ненадминлива.Сепак та го избра тој пат, основа своја фамилија и е пресреќна, длабоко во себе се надева дека некогаш ќе може барем слика да му покажи од големата фамилија што СИЛНА жена ја створила, но е горда на себе.
    Нема потреба од заканување, не дозволувај да допрат до тебе, мисли на твојата прекрасна иднина што си ја имаш замислено со својот сакан.Нека те заклучат в соба, нека те измачуваат, но ќе се спротиставиш, еднаш штом си имала храброст да заминиш, можиш и сега и издржи, саканиот твој е твое засолниште нели? Земете се и без нив, не ја заслужуваат твојата насмевка на најважниот ден, кога сакаат да ти го одземат она што тие најсвето.Се надевам ќе бидеш храбра и ќе го одбереш правиот пат.
     
    На elyzabeth му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Колку години имаш?
    Колку години има тој?
    Колку долго сте во врска?
    Што велат на се ова неговите?
    Го разбирам твојот очај во моментов...Најлесно е да се спакуваш и да го напуштиш домот.
    Ама, дали е тоа паметна и зрела одлука?
    Јас би те советувала да не избрзуваш и да почекаш да се смират страстите.
    Разбирам дека имаш сериозен проблем со твоите,но немој да мислиш дека ако заминеш во туѓа куќа (во град или село,сеедно), ќе ти тече мед и млеко.
    Затоа, ДОБРО размисли пред да правиш брзоплети чекори!
    Не би сакала после извесно време да прочитам некој твој пост - Моите ми велеа,ама јас не ги послушав :(
    Ти посакувам среќа!
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.456
    Пол:
    Женски
    Од сред центар сум на Скопје,така да не ми е постов да оправдувам или да врегам град наспрема село ама поголема глупоштина од ова немам слушнато.Се сложувам дека во селата некои работи и размислувања се поразлични,впрочем сум била сведок на тоа но ваква глупост до сега немам слушнато. Па и дечките од село гледаат порничи,и тие се човечки битија со пориви.Јас мисалам дека и најголем планинец од пуста брезница да е нема да одбие ако девојката сака да го задоволи орално. И во град има љубоморни девојки и дечки не само по селата.Сум имала дечко кој бил љубоморен за се иако после тоа се постанови дека тој пати од психички проблеми,сум имала дечко кој не ми давал да се разголувам и да шетам со деколтиња,кој ми ги броел пијачките у диско за да не случајно испијам повеке па почнам да правам глупости....Крај краева секоја пристојна и нормална девојка без разлика дали е во село или во град никад не би облекла допичњак или деколте до пупак.И во град комшиите гледаат од прозор во колку саат си се вратил и кој те вратил.И во град комшиите гледаат колку дечковци ти влегле дома ...

    Не сум имала дечко од село,но се гледав со тип кој беше од Градско ( искрено јас не ни знаев дека постои некое такво место во Македонијава) Имав проблем со него.Имено многу ми пречеше што стално ми пререкуваше дека он мора да се мачи тука да работи,да живее под кирии додека јас сум добивала се на тацна од моите. Е тука е таа разлика кога некој во еден поглед има нижа вредност од тебе. Постојано ми збореше како ние Скопјаните сме биле размазени и распрдени,уфилмани бадијалџии кои не знаат што со себе. Е ради тој став го оставив.Тој самиот не можеше да прифати дека е од помало место да не кажам провинција а не па ја да прифатам.

    Факт е дека секаде има глупаци како што и секаде има мирни и културни луге,но нека каже кој што сака дел од нив навистина имаат фрустрации за своето потекло кое го истураат врз другата страна. И не држи вода тоа мислење па мајка ти и татко од кое село се дојдени.Јас знам каде сум родена и каде сум израсната ,во лична карта знам кој град ми го пишува и знам дека во село освен недела дена на гости повеке немам останато. Се изјаснив на темава порано.Во село не би отишла да живеам ни под разно.Но тоа не значи дека би осудила некој ако се реши на таков чекор.Секој со својата срека.АКо мисли дека ке биде исполнет и срекен во село ,срекен му пат се најубаво во животот.Кои сме ние да кажуваме дали е во ред градска девојка да се гледа со дечко од село или не?!?
     
  11. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Вервај најтешко е да се спакуваш и да го напуштиш денот.Девојката кажа дека имале намери на лето да се земат.Проблемот е што не и ВЕЛАТ нејзините туку се однесуваат како спрема животно без чувства, веќе направила брзоплети чекори и сама си знае како и било и кај и било подобро, сепак е нејзин живот.За мед и млеко реално не тече никаде, но барем за малце мир можиме да се избориме.
     
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    што си има врска тоа дали ќе е од село или не? може да е од град ама СЕЉАК...може да е од село со добри манири,култура и се по ред.....
    Можеби нема да живеете во село од кога ќе се земете или слично доколку и пречи на родителите па нека си го земат домазет...
    и тие се љуѓе + тоа нашите родители не сите се од село,дошле во град и ајде право како може од град во село да одиш,ти да не си будала? па има луље во градот живеат пополошо и од оние во село-оние во село имаат стока-колку толку бар за храна....
     
    На Dazey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Немам ништо против луѓето што се од село(и никогаш не сум имала). За жал кај нас таков е менталитетот постојат предрасуди овој од село е и неписмен е . Жално :( И како што кажавте има разлика од селанец до сељак. Пожално е кога ќе видиш сељаци што живееат и израснале во град без трошка човечност, а да не збориме за манири на добро однесување. Дури и луѓето од село многу поише ценат од "граѓаниве" (без навреда има и исклучоци) , така да немам ништо против ни за дечко/девојка од село :)
     
  14. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Навистина не знам што да направам. Мене сериозно ми смета тоа што живее во село. Мислам селото е доста блиски до градот, но ми смета :( Така сум навикната од родителите, и не можам да го сменам мислењето. Убав е, добар е многу, ми значи, но.... :!: Убедете ме некако, кажете ми што да направам. Навистина тешко ми е при таа помисла дека е од село :sweat:
     
  15. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Така си навикната од родителите? Што твоите родители ги делат луѓето според местото на живеење? Луѓето од село немаат што да ти пружат,освен љубов..а и замисли имаш се а немаш љубов.. и самата кажа селото е многу блиску до градот,дечкото те почитува,незнам што уште ти е потребно?!
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    richgirl998 ако си сигурна дека го сакаш, а и он тебе нема што да размислуваш. Гледај дали е паметен, вреден, амбициозен и да се сакате. Ако е човек на место ќе си живеет убаво и таму, штом е близу до градот. Во градот ќе работиш, блиску ви е. Можете во иднина да си создадете услови (ако сте вредни и паметни) и за живот во град, ако и кај него има воља. Па малку ваму, малку тамо.
     
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Има доста културни луге во село,додека во град може да се погоди да е сељак,ама секогаш постои она АМА ,колку и да е образован и културен и нашетан човек,тој сепак во себе има некои селски манири,и на крај ќе ти биде криво некој од село да те притиска каде се гледаш,што носиш во чанта,зошто се задржа во вц ,имав еден ваков селанец,и затоа реков од тогаш никогаш повеке со културен дечко од село. Градскиот да е сељак барем е од град,ќе му се скараш ке си излезеш со другарки со друштво,ај оди в село со кој ќе излезеш да те видам :lol:
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    ^Не бе, у центар нема вакви психопати, само по селата :x
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    24.963
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира зошто ниту една нема поамбициозен став, на пример да рече - иако дечко ми е од село, двајцата планираме да градиме кариера, да заминеме на подобро место, во поголем град па ако треба и надвор од државава, туку сите ко да се помирувате со судбината - од село е, во иднина ќе живеам со него и со неговите родители таму од каде што потекнува и сосема ќе заборавам на градски живот.
    Навистина не ве разбирам...
    Како да се работиве во животов строго определени, село или град - нема трета опција...
     
    На mynameislove и richgirl998 им се допаѓа ова.
  20. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    161
    Рама, не знам дали ги имаш прочитано претходните одговори на форумџиките кои ја кажуваа разликата помеѓу селанец и сељак. Значи, никој не вели дека во селата нема сељаци, ама можноста да најдеш сељак е поголема во градовите.
    Исто така... потенцирам :!: ! Луѓето кои што живеат на периферијата во градот, СЕ ГРАЃАНИ, ГРАДСКИ ЛУЃЕ, без разлика од кое село доашле пред да ја направат куќата и без разлика што живеат на некој рид 3 km од центарот на градот. :?: Да бе да !
    Не правам разлика кој од каде е. Разликата ја наоѓам во однесувањето и комуникацијата. Сељак можеш да го препознаеш на прв поглед :^)
    Инаку, врската помеѓу селанец и граѓанка, или обртно е сосема нормална врска. Денес, поголемиот број села се современи и на исто ниво како и градовите, разликата е само што се со помал број жители. Така да, досега немам слушнато за ситуација дечкото селанец да дојде со трактор да ја собере градската девојка.
    :?: Велиш, никогаш повеќе со културен дечко од село? Твоја загуба, ;) во село луѓето се учат да ценат и да почитуваат, да не го креваат носот угоре и да не гледаат на оние кои што живеат во село удоле.

    Имам толку многу машки пријатели од различни села па, се прашувам зошто Господ ги дискриминира градовите давајќи им само малку воспитани и мирни луѓе со карактер...?? :worried:

    А овие моиве пријатели... Цврсти, темелни карактери... Чувствителни, грижливи и мили... Душиња! :$ :* :mm:
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.