Градска девојка со дечко од село

Discussion in 'Врски' started by Theodora, Jan 26, 2011.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,589
    Likes Received:
    5,936
    ајде ако сакаш кажи ми неколку селски манири..

    а тоа некој да те команда е зависно од личноста може да е од село,град,сељак,љубоморен дечко од било дека со различни културни навики манири...

    и што градскиот да е сељак барем од град е - ОВА ти значи: градски сељак што мама и тато го ранат се барем сум со личност од град..а ти (било која девојка) погледни се со личност од село..
    може ќе се пресели во град,може да си го земеш домазет ;) -еден ден

    се додека има љубов,хармонија помеѓу вас вие секако ќе се погодувате.
    .не мора да живеете во село..одете под ќирија..
    што си има врска тоа дали ќе е од село или не? може да е од град ама СЕЉАК...може да е од село со добри манири,култура и се по ред.....
    Можеби нема да живеете во село од кога ќе се земете или слично доколку и пречи на родителите па нека си го земат домазет...
    и тие се љуѓе + тоа нашите родители не сите се од село,дошле во град и ајде право како може од град во село да одиш,ти да не си будала? па има луѓе во градот живеат поолошо и од оние во село-оние во село имаат стока-колку толку бар за храна....

    ...ете нели сум скоро изјаснета ;)
    и јас одам со дечко од село...па што..ете ми вели те сакам ако треба под ќирија ќе одиме,ако треба домазет ќе дојдам..мене не ми пречи што е од село.. :)


    е сега тоа што има некои ГРАДСКИ што имаат против дечковци од село...нека си гледаат на каков ќе нагазат ;) можеби нивните деца е се мажат во село..кој знае..судбина ;)
     
    girl-miri likes this.
  2. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    238
    Likes Received:
    89
    Мајчице :o тие што мислат дека ако се од град имаат многу повеке од тие на село се лажат, имаат само комплекси, не зборувам за пари, зборувам за чувства, пријатели, блиско семејство, добра душа и многу други навистина важни работи во животот. Зборот ми е сите луге се исти, но сепак различни но тоа каде живеат не ги прави различни туку каков карактер имаат.
    Јас имам дечко од село и се гордеам со него, вреден, работлив, мил, културен. Го сакам многу повеке од бившиот што беше "дете од фамилија" од староградско семејство и излезе гад, мрзелив и што чека на мама и тато.Така да самата тема е апсурдна, малограганска и поттикната од луге со комплекси. Не ги вреднувајте лугето по тоа од каде се, запознајте ги и проценете ги ;)
    П.С. Јас и сакам да живеам во село, помирно ми е, поубаво, и не гледам ништо лошо и страшно во тоа 8)
     
    realGirl, girl-miri and lovebrazil like this.
  3. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2013
    Messages:
    1,481
    Likes Received:
    12,626
    Многу ситни души во нашата метропола..Го кажувам тоа од искуство..израсната сум во село(сега живеам во град) и моите имаат потекло од село,но тоа во никој случај не ме прави помалку вредна од нив,дури голем дел можат и вода да ми носат..
    Кога дојдов во средно и гордо си го кажував моето потекло,многу луѓе се тргнаа од мене,ме отфрлија,бев мета на разговор,потсмевана зошто сум дошла тука кога и во близина на моето село (од каде потекнувам)имало исто школо..често слушав разни муабети за тоа како провинцијалците доаѓале во градот,сакале да студираат,работат и им ги заземале местата.. на некои целта им била и да се омажат мислам стварно :x малограѓанштина на ниво( ако им ги земале дечковците тогаш нека си го преиспитаат своето понашање) :D .. поради нив во еден период се почувствував и безвредно се додека не сфатив дека всушност они се бедни во душите и немаат што да понудат..
    Сега сум на факс и сум задоволна од себе,од успехот што го постигнувам и од моите манири што ги имам..широко срце и насмевка,рака подадена на секого..за многу од нив ова е недостижно.Немам ништо против градска девојка со дечко од село и обратно,а тие во празната постела нека си ја гушнат перницата може ќе ги згрее и ќе им ги смири душите желни за љубов :D
    И никогаш не се знае што ќе ги снајде нив во животот,ако не нив нивните деца..верувам во КАРМА!!
     
    tallyweijl and richgirl998 like this.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,524
    Likes Received:
    55,233
    Gender:
    Female


    Женска олади малку,прави како што ти одговара,ти посакувам се најубаво со твојот дечко,погрешно сум сфатена и не сакам да пишувам џабе, ако ти е тебе убаво и си задоволна твој избор. Ама еден ден ако не се преселите во градот,ќе видиш какви маки ќе имаш очигледно е дека не си го укусила селскиот живот,е тогаш нема да ти биде убаво со сегашниот село- дечко, барем сум реална, бидејќи знам многу градски што скокале и заминале со дечко од село,не им сметало ништо ама на крај се вратија со подвиткана опашка. Сепак на крајот секој си е на своето и нема потреба да се докажуваме и да се цитираме веќе ;)
     
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,589
    Likes Received:
    5,936
    да ми извиниш душо...си ја знам ситуацијата многу подобро отколку што мислиш :* :* :*
     
  6. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Joined:
    Oct 7, 2013
    Messages:
    1,013
    Likes Received:
    2,270
    Gender:
    Female
    Како можете да правите такви разлики ... село-град ???? Најмногу што мразам тоа е Дискриминација и тоа од Секаков вид без разлика дали е верска, полова, политичка, образовна и тн. а посебно ова.... незнам како ви дошла идејата да правите таква разлика, се си има своја убавина и градот и селото нормално дека ако живееш во село ке ги немаш некои приоритети што ги има градот како поголема социјализација, продавници и слично исто и селото си има свои приоритети како поголема приватност, мирен живот.. и ако толку таа ГРАДСКА девојка неможе да издржи во СЕЛО нека си седи во град и нека си бара ‘‘Градски‘‘ дечко. Пошто имам живеено и на двете места и убаво ги знам предностите и недостатоците и на двете ;) а сето друго како ‘‘неможела да издржи во село‘‘ е чисто лигавење. Ова е само мое мислење :)
     
  7. bekii

    bekii Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    205
    Likes Received:
    53
    Што има веза кој од каде е... и тие што се од село одат во град на излевање, на журки, се дотеруваат,се шминкаат се исто прават тоа си нема никаква врска, и јас и дечкоми сме од село и секој ден пак одиме и на кафиња и на пици и излагања низ град... поголеми глупости немам слушнато |(
     
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Joined:
    Jan 30, 2013
    Messages:
    7,357
    Likes Received:
    8,482
    Е темава како за мене :D
    Јас сум во врска со дечко од село.Искрено,мене тоа не ми смета,и нема да ми смета се до моментот кога ќе престане да се однесува внимателно.
    Но,има и една негативност.Секојдневното видување.
    Кога не е на факс,се гледаме секој ден,тој патува едно 10 мин само.
    Ама сепак имам грижа на совест.Нафта троше итн.Е токму поради тоа само и е непријатно.
     
  9. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Joined:
    Oct 15, 2013
    Messages:
    2,978
    Likes Received:
    21,188
    Јас градска девојка, а мојот бивши кој мноооооооооооооооооооооооооогу го сакав беше од село.
    Тоа воопшто не ми пречеше демек во иднина и јас ке сум сељанка, а и селото не беше некое од оние села кои имаат едвај 20 луѓе и без инфраструктура, ова е "модерно " село. Како и да е воопшто не ми пречеше тоа што седи во село колку што ми пречеше тоа што такси до кај него ми земаше 150 ден и 150 назад.
    Сепак, штета што заврши оваа убава врска која беше на релација село-град, една од поубавите врски и поголемите љубови. Ех, тие денови..............................
     
    tallyweijl likes this.
  10. Audrey16

    Audrey16 Истакнат член

    Joined:
    Oct 21, 2013
    Messages:
    121
    Likes Received:
    51
    Темава ми е многу без врска...што има врска кој од каде е...љубовта врска нема со тоа. Деградирачки муабет ми е ова.
     
  11. elanor

    elanor Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    526
    Likes Received:
    1,047
    Gender:
    Female
    Колку што има разлика од еден до друг селанец, толку има и разлика од граѓанин до граѓанин. За некого придобивките на градот се кафичи, продавници, кино. За други се опера, театар, изложби. За некој што е навикнат да оди на изложби, промоции и сл. многу е тешко да се навикне на поедноставниот живот на село. Дечкото може да е добар, културен, од дома воспитан, меѓутоа ќе се почуствува разликата во начинот на живот.

    Не викам дека нема супер момци од село. Сум запознала многу. Работата ми е таква да често сум во руралните области од државата. Таму имам запознато попаметни луѓе со завршени 3 одделенија, отколку факултетски професори во главниот град. Никогаш не ги гледам одгоре, со потценување. Дури срцето ми се кине што селата ни се запуштени и мака си мачат со притисок за вода, напон за струја и сл.
    Меѓутоа никој не може да ја оспори разликата во менталитетот, динамиката на животот, погледите кон нештата. И нормално е да ја има. Средината си го прави своето.
    И ќе се омажи на село. А што заедничко ќе има со околината? За седенка ќе направи wine & cheese забава, за ручек ќе готви пилешко биријани или пилешко во сос од портокал и кардамон? За сецесијата ќе разговара, за митот за кралот Артур, за Чо Чо Сан од Мадам Батерфлај. Ќе нема со кого муабет да скрши. Не е така едноставно. Љубовта не може овие граници да ги премости.

    Да повторам уште еднаш, ова не значи дека луѓето од село вредат помалку од луѓето од град. :!: Ова значи дека постојат многу разлики. Некаде поголеми, нeкаде помали. Оној што чуствува дека разликите може да ги надмине, му ја посакувам сета среќа на светот :) За останатите, среќата лежи на друго место.

    Едит : Горново мислење се однесуваше за одење од град во село.
    Доколку дечкото се преселил во град, факултет, па работа, а оди со некоја што е од град, не гледам никаков проблем. Нема врска од каде потекнува. Најважен е човекот, неговиот карактер, неговиот однос кон девојката, дали се компатибилни. Ако ова е се погодено, потеклото воопшто не е проблем.
     
    glosipgirl likes this.
  12. Joi

    Joi Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2014
    Messages:
    606
    Likes Received:
    1,996
    Луѓе, значи тие што се од село имаат исти интереси како тие од град, значи не носат народна носија, не ги интересираат само козите, овците, свињите и тракторите, и не слушаат само народна и турбофолк музика. Замислете, некои дури имаат и интернет... :!: Не гледам причина за пар кои имаат исти интереси и се сакаат, местоположбата да биде проблем..
     
    marija1907 likes this.
  13. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Joined:
    Jul 26, 2013
    Messages:
    875
    Likes Received:
    2,858
    Gender:
    Female
    не сум била со дете од село ама не би ми претставувало проблем :) може да испадне дека тие од село се попаметни од градскиве деца :lol:
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,748
    Likes Received:
    141,674
    Ние сме двајцата од градски фамилии, градски деца, ама како би отишла да живееме на село...
    Настрана од сите галами и глупости тука, од сиот незадоволен народ, од сите мамини дечиња кои до 30 чекаат мама да им стави јадење, од сите напернати девојки, од сите момци кои врескаат пијани среде ноќ, од сите алапачи сосетки, од сета смрдеа и смог во зима и жешкиот асфалт во лето, од брзиот живот, од работењето од утро до мрак за да дојдеш дома и да паднеш во несвест за спиење...

    Би ни фалеле кафаните, бесцелните прошетки од дома до центар, ама барем ке имаме мир, со куќа подалеку од сите и со кафе во двор кој гледа некаде далеку. Не во станот на комшијата кој ја тепа жена му.

    И дали би била со некој од село? Јас никој досега не сум прашала од каде е, освен кога му одам на гости, за да знам кај да стигнам.

    Се додека ги делиме луѓето на граѓани и селани, ќе останеме сељаци.
     
    Dust, kjukli and Lovely93 like this.
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Joined:
    Sep 9, 2013
    Messages:
    2,637
    Likes Received:
    2,020
    Gender:
    Female
    Се согласувам и само ќе се надоврзам. Во град веќе маживе на прсти се бројат. :rofl: Депилирани, неспособни за ништо, ниедна машка работа не знаат да ја завршат... и нека си е мераклија да пивне бе (не зборам за често и за многу) ама нека не се депилира! И највеќе што мразам мамини мази... и зашто не би била со некој од село? Да не ме сфатат погрешно машкиве, секако има исклучоци во кои е и мојот (а ни пуши ни пие многу а се разбира од секоја работа), но како што знаете вие да речете сите жени се ку**и, зашто јас не би си го искажала своето ГЕНЕРАЛИЗИРАНО мислење. :D Мажите што останаа најголем број се во село и тоа е факт. :D Не дека и таму нема исклучоци, како и во град, како и секаде општо, но ако треба во глобала да кажеме.... :D
     
  16. babyblond

    babyblond Популарен член

    Joined:
    Feb 19, 2011
    Messages:
    1,168
    Likes Received:
    1,548
    Gender:
    Female
    Не би била со никој кој е патријахално воспитуван. А тие од село се најчесто такви. Ретко кој од нив е растен во семејство каде родителите имаат еднаков статус во семејството и се залага за полова еднаквост.
     
    Nimai likes this.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,815
    Likes Received:
    80,655
    Gender:
    Female
    Љубовта не познава граници, нели? Мене не ми менува ништо тоа кој од каде е, но ете има такви примитивци на кои им смета...
     
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,201
    Gender:
    Female
    Не сум сретнала возрасен човек да е отфрлен поради потекло од село. Можеби се случува во оние пубертетски и тинејџерски години, кога некои деца бараат мети на исмејување (иако ниту тогаш не забележав некому да му се смеат затоа што е од село, па мислам дека во мкд нема такви случаи и дека 90% од народот е свесен дека нивните предци потекнуваат исто така од рурални средини).
    Ама затоа, сум сретнала луѓе кои имаат комплекс од потеклото, мислат дека некој ги мрази и одбива поради местото од кое доаѓаат, а на тој некој не му се ниту на крај памет тие и нивното родно место. И тешко оние личности што ќе ги имаат за партнери таквите.
     
  19. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Joined:
    Aug 9, 2017
    Messages:
    5,943
    Likes Received:
    19,773
    Gender:
    Female
    Градска девојка пфффф(facepalm)
    Таа градска девојка што е различна од тие од село ? Мислам колкавав треба да си сељак за да имаш вакво мислење !! Пффф(facepalm)
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Joined:
    Jul 13, 2017
    Messages:
    18,279
    Likes Received:
    226,782
    Gender:
    Female
    на некои теми само што ќе го прочитам насловот ми иде вака :tmi:
     
    ELIDavor, Justicija, parksey and 2 others like this.