1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грбавост

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Victorya, 5 септември 2010.

  1. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Искривен ’рбет

    [​IMG]

    Имам кифоза уште од мала. Ми кажаа уште кога бев на систематски преглед во прво одделение. Носев корсети (нередовно), одев на физикална терапија, но бидејќи не бев упорна ’рбетот ми е искривен, т.е. рамената ми се подведени. :worried:

    Како што растам, се повеќе почнува да ми смета тоа и не знам како да го искоренам. Кога одам, можам да одам исправена, но кога седам морам да сум подведена, така сум навикната и точка.

    Дали има некој со сличен проблем како мојов? Што би биле Вашите совети за мене?
    (не најдов ваква тема, но ако има-клуч.)
     
    На 123malecka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.441
    Допаѓања:
    10.317
    Пол:
    Женски
    Искривен ’рбет

    Јас имам мало искривување во горните пршлени,ама не носам ништо за исправување.И понекогаш чувствувам болка и морам да се наведнам на лева страна ,да ми крцне малку во горниот дел па да продолжам со тоа што го правам.
    Сама се терам некако да сум исправена ,а мораш и ти така.Постојано да се трудиш да стоиш и седиш убаво.Лошо е по многу време да се поминува пред компјутер па ќе се заборавиш пак ќе се згрбавиш.
    А исто штом веќе ти смета ,носи некакво помагало или прави дома вежби и колку можеш рамената да ти бидат наназад.
     
  3. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    5.613
    Пол:
    Женски
    Искривен ’рбет

    И јас го имам истиот проблем :worried:
    Имам кифоза, и горе како грпка.. мајками вика дека се повеќе и повеќе ми се зголемува :x
    Носам нередовно каишеви ( за летниов распуст не ги чепнав бидејќи ми беше жешко во нив ) и за тоа време додека ги носев, има некои промени... Т.е. кога ќе седам подолго време искривена, непотпрана на клупа, ме болат рамениците, и кога ќе почнам да ги вртам напред назад крцкаат :worried:

    Совет, мене што ми кажувале, да си посетиш специјалист , може ќе ти препорача каишеви како на мене што ми препорача, ќе треба да си ги носиш ( лесни се за разлика од тие што се цели пластични, овие имаат само две шипки позади кај грбот ) , да вежбаш секое сабајле вежби за грбот, да одиш на пливање..
    Јас сакам да се запишам на пливање ама страм ми е ради телово ( имам набиено комплекси ... )
    Тоа мене ми препорачаа а јас ништо од тоа не праам. И на крај искривена ќе бидам, е ќе бидам.... :worried: :x
     
    На 123malecka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Искривен ’рбет

    Душичка :(

    Немој да страдаш од комплекси, ако ги имаш- надмини ги! :*
     
  5. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Искривен ’рбет

    Имам каиши, ама кој да ги носи? :lol:
    Инаку секогаш после пливање се чувствувам како да летам, исправена сум потполно.
     
  6. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    5.613
    Пол:
    Женски
    Искривен ’рбет

    Ама и да почнам да идам, нема тоа туку така да се исправи..... :x
    не верувам дека може да се исправи... :x :x
     
  7. malinavishna

    malinavishna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    11
    Искривен ’рбет

    Само физичка активност, правилни вежби, пливање, пешачење!
    Така се создава и привлечна фигура со убав стас. Силната воља
    се исплати. Пробај!!!!!!!!
     
  8. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Искривен ’рбет

    имам сосетка со ваков проблем, девојчето од мала исто така имаше искривување на 'рбетот и редовно ја носеа на контроли и и даваа корсети но не ги носеше, како што растеше се повеќе се искривуваше, но не соработуваше со лекарите и не ги применуваше нивните препораки :!:
    сега е веќе средношколка и многу и пречи тоа што е малце искривена во 'рбетот, да има комплекси ама донекаде сама е виновна.....сега прави серија вежби секој ден и и препорачаа да се занимава со спорт (демек најдобро било пливање)....нема некои видливи подобрувања зошто донекаде е веќе оформен 'рбетниот столб и неможе да го промени, требаше кога влезе во пубертет да биде поупорна ама несакаше |( и рекоа дека најверојатно ќе мора да оди на некоја операција (незнам точно каква) во Охрид и едно време закажаа и термин, ама девојката се откажа.....е сега како расти се повеќе и повеќе и пречи и се срами од тоа, но и рекоа дека нема друг начин на кој може да се реши проблемот :(

    би ве советувала само физичка активност повеќе и да седите исправено, без разлика дали имате или не проблеми со 'рбетот, зошто и да е прав - од неправилно седење може да се искриви :wasntme:
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Искривен ’рбет

    се пронајдов :tmi:
    значи со овој проблем се соочувам уште од мала. ме носе секаде... ми дадоа пластичен корсет да носам, да вежбам, да трчам... што ли уште не :worried:
    амааааа :!: јас толку неодговорна бев и во тие години знате како е (5то одд) и не сакав ни да чујам за корсетот да го носам :shake: па плачев, па не сакав да одам на училиште... |( абе свашта (кога не знаела мајка ми да ме заиграе :D ) , па дури и дома кај мене идеа физеотерапевти за да вежбаме, а јас како некое магаре тврдоглаво кога реков не, и не!
    е сега значи ја чувствувам таа мака. грбот на моменти ееептен ме боли (физички и баш не се забележува), и морам да се испукам целата, понекогаш потребна ми е и масажа, а добивам и главоболки, тоа било резултат од тоа што искривениот дел од 'рбетот притискал на некој нерв кој е поврзан со главата, и затоа тука веќе настанува главоболка.

    имам 21 год и не верувам дека постои до прва лек за да го исправам, сепак јас сум оформена и развиена. целта ми е да го задржам до тој степен, за да не дојде до поголемо искривување.
     
  10. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    5.613
    Пол:
    Женски
    Искривен ’рбет

    Гоу морам да ти кажам дека твојот пост ме подзамисли малце.

    П.С. јас се сеќавам, дури во градинка одев, и мајками ми викаше исправи се :) и идев во капиштец,козле незнам каде е точно во тоа за вежби ( тоа беше негде 1,2 оделение),и пак ништо .
    Сега моментално пијам капки за зајакнување на коските, и ќе се обидам да ги носам каишевиве барем уште една година онака максимално колку што можам.. Па ќе видиме за резлутати. Се надеваме на најдоброто :?:
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Искривен ’рбет

    а какви капки?? :tmi: препорачани од доктор?
     
  12. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    5.613
    Пол:
    Женски
    Искривен ’рбет

    ^^
    Па капки се, се ставаат 2 пати на јазик и ти се јачат коските иначе да, ми ги препорача мојот доктор.
    Се викаат витангол (AD капки). И се даваат само со лекарска препорака мислам :)
     
  13. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Искривен ’рбет

    Девојќи еве веќе една недела како имам болки во кичмата. Денес бев на лекар и лекарот ми даде антибиотици и инекција. Верувале или не неможам ни да седам , ни да движам. И сега се загледав во огледало и што да видам некако како телото да ми се има искривено на десната страна .Не знам дали ми се искривило нешто со рбетот ?? ќе морам утре пак да одам на лекар ,на рентген. Ве замолувам можеби и некоја од вас има таков проблем и ако го има решено нека пише . Благодарам однапред девојќи :* :* :* :* :* :*
     
  14. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Искривен ’рбет

    Пред две години и јас имав такви болки, но не примав антибиотска терапија. само масажа, загревање со ламба (не знам како се вика), електрично перниче и физикални вежби.
     
  15. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Искривен ’рбет

    Пред се,за да го исправиш рбетот треба упорност многу упорност.Али деца како деца џабе им збориш
    Јас имав исти проблеми само сто ја имав Сколиоза искривување во вид на буквата S,уште од 9 години имам проблеми со рбетот сега имам 17 години и не може ништо повеќе да се направи.Кога ми збореја од дома да носам корсетите да правам вежби јас не сакав ни да чујам,лежев и во болници и секакви корсети ми даваа али џабе.Со првиот корсет многу се зафраквав беф многу мала и не го носев ич,вториот ист таков го носев али џабе не можеше да ми помогни многу затоа што бев при крај со растот оти многу рано влегов во пубертет и од болница ми рекоја растот дека мие при крај.Сега не ми се познава многу али одвреме на време имам неподносливи болки.
    Мој совет пред се биди упорна оти ке зажалиш,знам дека е тешко али морат да бидиш упорна вежби правилно да правиш,корсетот редовно да го носиш и редовно на контроли.Верувај све би дала да се вратит времето кога требаше да носа корсети а ја си се зафркавав.
     
  16. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Искривен ’рбет

    Девојки ја немам искривен р'бет ( мислам дека немам :?: ) , али многу ме боли грбот додека не го испукам како цела да сум укочена, и кичмата исто така ме боли ептен, а укоченост имам и на врат ( и него го пукам) и на плешките и кај рамената...не знам од што е? :?: Има ли некој слично вакво нешто? И плус имам рамни табани ( ко мала не сакав да носам влошки) можно ли е од тоа?? Ваљда не ја утнав темата :^) ;)
     
  17. Ani-b

    Ani-b Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    18
    Искривен ’рбет

    Имам и кифоза и сколиоза :wasntme:
    Не се замарав со тоа,не вежбав редовно па се запишав на фитнес,кај што има и справи за исправување на рбетот.Не го сватив тоа сериозно,но сега чувствувам болки во грбот,и се искривувам се повеќе.Сепак на време си вежбај,и носи корсет редовно,за да не дојде до поголема штета :worried:
     
  18. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Искривен ’рбет

    Страв лозје чува, или барем кај мене успеа тоа :D

    На систематски во 1-во, ми кажаа дека ми се криви забите и треба протеза, стапалата ми биле криви, рбетот ми бил крив... и јас целата кренав паника. Неколку деца од одделението носеа некакви справи за исправување на грбот. Среќа, не дознав какви се. Од преголем страв од амбулнти, сама се лечев 8)
    Секогаш внимавав грбот да ми биде исправен, и кога одам и кога седам, пиев и премногу млеко за да имам здрави коски. Во стапалата погледнував на секои 5 чекори, си замислував како да одам по линија. Правев се, само да сум во се ОК, да не ме носат по доктори. И упорноста ми се исплатеше.

    Сега ми останаа само забите за средување, еве на 24 години носам фиксна. И ке бидам упорна до крај.
    Никогаш не е доцна, секогаш може да се направи нешто и ако не целосно, барем делумно ке се поправи состојбата.

    Нема срам кога се работи за здравјето
     
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Искривен ’рбет

    [​IMG]
    Јас пак, имам лордоза.. Значи, стомакот како да ми оди напред, а г*зето назад. :@ Одев и на физикална, но, открив дека тие вежби повеќе ми го носат стомакот напред, а рамењата и г*зето назад :devil: Се трудам да ги вовлечувам г*зето и стомакот, седам исправено, а со мајка ми пак треба да одиме на доктор. Но, ако пак ми кажат да одам на тие вежби таму што ги прават, нема шанси! Уште толку да се искривам. Они гледат сиите деца (а сите имат различен проблем, на некој вратот, некој сколиоза, кифоза) да ги поминат наеднаш- за еден саат и да си одат на пауза. :| Тоа е, ја кажувам реалноста. Инаку не сакам да бидам таква искривена! Не можам да носам прилепени блузи, одма се познава. А неможам ни кратки, зашто газето ми оди назад. (не дека не можам, туку срам ми е) :devil: ;( Ќе побарам и некои вежби на интернет, само да ми се оправи ’рбетот ;(
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Искривен ’рбет

    Јас пак,имам сколиоза.И тоа напредна,не се познава многу,но си осеќам бааги.
    Бев во Мајчин дом,таму вежби едно друго,но не отидов.Ми кажа докторката,дека за време на бременост,ОГРОМНИ болки ќе имам.А сигурно и сите со искривен грб...
    Вежби,тоа е лекот,ама кој да ги прави...