1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грбавост

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Victorya, 5 септември 2010.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Искривен ’рбет

    Јас ко мала имав искривување, но не вака ко вие што сте опишале туку странично. Заборавив сега како точно се викаше, долку кај што почнува рбетот ми идеше на десно малку....на кого ќе му текне нека го пише називот на деформитетов :) Си носев корсет упорно цела година, спиев со него....ама го откажав, а требаше уште 6 месеци. Ми се исправи мноооогу, и баш ми е криво што не го износив до крај. Сега имам уште блага деформација, физички не се познава веќе, ама имам проблем со еластичноста во тој дел :) и стомачните вежби ми се многу потешки од другите. Ама ми рекоа дека со физичка активност ќе се среди
     
    На supergirl22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Искривен ’рбет

    ^Тој деформитет се вика сколиоза, така некако изгледа:
    [​IMG]
    Да, вежбите се единствен спас, но не знам кои да ги правам... Уффф.. Сакам прав ’рбеееттт! ;( ;( ;( ;( ;(
     
  3. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Искривен ’рбет

    И јас го имам истиов проблем. Носев пластичен корсет, и јас нередовно, зашто беше крајно неудобен, а во летно време да не ни зборувам. Пиев витамин д, рибино масло, поодвратно нешто немам пиено во мојот живот, и сега му го чувствувам вкусот и ми се гади. Како и да е, не се комплексирам, си се навикнав и си се прифатив, сега тоа е што е ...
     
  4. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Искривен ’рбет

    Леле и мене колку ме боли грбов ;(
    Искривен ми е ама незнам како |(
    Цел ме боли од лево до десно од горе до доле :@
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Искривен ’рбет

    И јас го имав тој проблем искривен на едната страна. Носев корсет ама мојот беше некако како од гипс потоа баш таму кај рбетот беше метален и кај стомакот се поврзуваше со каишки и беше крајно не удобен и на почетокот го носев но со тек на време престанав, едно време бев и физикала терапија ама не сум задоволна од медицинските сестри што беа, и потоа одев во теретана и и таму ми дадоа вежби за грб. Ми се исправи рбетот, но не целосно и сега понекогаш ме боли грбот ајде сега се издржуава само незнам што ќе правам на стари години
     
  6. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Искривен ’рбет

    Јас имам Кифоза.Ми дадоа да носам еден појас и околу 15 вежби кои мора да ги правам секој ден по 15 пати секоја.На почетокот ги правев вежбите редовно, потоа баталив :@ .
    Каков идиот сум тоа е немогуќе ! Времето што го поминувам пред компјутер зошто не вежбам ?
    Преска правев после неколку месеци :@ .Лута сум сама на себе.
    Потоа друг ке ми е крив кога нема да може да се направи ништо.Свесна сум за тоа а не ги правам.
    иСто така ме боли грбот понекогаш.
    Од утре почнувам најредовно, I promise :worried:
     
  7. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Искривен ’рбет

    И јас имам искривен 'рбет односно поднаведнати рамиња. Мајка ми ми купи каишки да ги носам, дома имам два пара и на почетокот кога ги носев се осети промена, потоа ги баталив и не ги носам веќе. А еве сега имам 17 години и нема шанса да ми се исправи веќе. Коа ми вика носи ги додека имаш можност јас незнаев каде се :x Мислам дека имам искривување кај вратот и сколиоза (која можеби и ја немам).
     
  8. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Искривен ’рбет

    Мислам дека и јас имам искривување на грбот :@
    И тоа највеке од седење на компјутер, како и впрочем поголемиот дел од денешнава младина.

    Сакам да прашам каде да одам да ме види специјалист и да ми препорача вежби (ако знам јас вежби али кој да ги прави) и евентуално нешто за носење..
     
  9. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Искривен ’рбет

    И мене ме интересира бидејки и јас го имам истиот проблем а сакам да носам нешто за исправување иако касно е кај мене веке имам 21 год :worried:
     
  10. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Искривен ’рбет

    Јас имав сколиоза цел живот. Од кога памтам за мене, одев на вежби, пола живот во носење корсети ми помина. Кога имав 5 години, уште во странство ми кажаа дека кога ќе влезам во пубертет т.е. кога ќе ја добијам првата менструација, тогаш ќе се забележи "грпката" и дека кривината ќе е близу 70 степени,а можеби повеќе.
    Па поминаа многу години со вежби, корсети ... Наполнав 11/12, и почна циклусот. Од тогаш секој месец по 5 степени ми се зголемуваше. Достигна до 60/70 степени, и моиве се одлучија да направам операција. Затоа што докторката од Охрид, ни се префрли во Скопје закажавме таму за операција. Имавме и дата и време и се закажано. Но, во меѓувреме моите се двоумеа да ја направам операцијата во друга држава затоа што не беа сигурни во болниците тука(сепак се работи за голема процедура). Исконтактиравме со болници во Франција(познати се за кичми), но некако мајка ми не беше баш сигурна и во нив. Па одлучивме да одиме во Америка каде што би ја извршиле операцијата.
    Докторот ни рече дека ќе мора да имам две операции. Јас всушност не ни памтам зошто беше првата ама памтам дека ми иставаа туба од десната страна од грбот и за момент прекинав со дишење и многу болеше. Со втората операција,требаше да стави две метални шипки по рбетот и да ги заштрафи со 6 штрафови(огромни се,се гледаат на ренген снимки)... Но, во текот на втората операција докторот видел на мониторите дека сензорите кои биле приклучени кај нозете почнале да реагираат па решил да ја прекине процедурата. Тој предложи да почекаме една до две недели додека се стабилизира. Кога излегов од операција, местото каде што се спојуваат нозете и телото неможев да го осетам. Тие две недели бев неподвижна, неможев ни лево ни десно сама да се мрднам, освен ако моите и сестрите не ме помрднуваа со чаршафи под мене. Тие две недели бев со пола исправена кичма а пола крива. Дојде времето и за втората операција, и фала богу помина супер. Немаше никакви индикации за опасност. Потоа уште две недели останав во кревет, и кога беше време да станам да одам веќе имав заборавено да одам.. Значи не беше во план да останам во кревет толку многу време,но ето се случи тоа што се случи.
    Да се разбериме, оваа процедура е многу тешка... емоцинално(за сите) и физички(за тој што ја прави). Има шанси операцијава да оди во негативна насока, како што кај мене било тргнато затоа што сум можела да останам парализирана. Јас и до ден денес има места каде што не осеќам допир,но сепак во однос на тоа што можеше да се случи,немам гајле... А имаше и шанса да го загубам животот на таа маса. Сега кривината ми е некаде во 20тиот степен(што е во границата на нормалата) каде што е многу често кај скоро сите.. Сепак неможат од 70/80 тие да ја намалат до 0 .. И да не заборавам да надополнам... имам лузни на грбот но подобро да имаш лузни одколку да шеташ со грпка цел живот.


    Затоа ве молам гледајте да одлучите сериозно за каде да ја направите оваа операција.. Не е шала и не е за потценување. Ако има некој подетални прашања, слободно нека ме прашат.
     
    На supergirl22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Искривен ’рбет

    Јас сум пак феномен за темава хахаха. Кога сум на ниски обувки или по дома, одам изгрбавено. Мите родители цел живот само викаат: “ ФБИ исправи се!“. Татко ми некогаш и ме зеза: “ што си се свиткала ко ѓеврек, како некоја игла да бараш на земја“ :D. И покрај ова мое неправилно држење на телото, јас немам искривување на р’бетот и тоа е многу чудно. Го забележале сите :)
    А кога сум на штикли, тоа е друга песна. Сакала или не, одам исправена како пушка, бидејќи дури и малку да се подгрбавам, мене ме боли кичмата. Изгледа штиклите се решение :D
    По дома на штикли, со книга на глава и ваљда ќе имаме совршено држење.

    Викторија, пробај со физички вежби и зајакнување на мускулите на грбот. Можеш да се запишеш и на фитнес. Има справи за грбот и јас вежбам на тие :)
     
    На kiki4kablondy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Искривен ’рбет

    Ангел, се наежив кога ти го читав постов.. многу ми е жал за се што си претрпела, а колку си млада, колку мене си скоро, но и мило ми е што се завршило добро.
    Но зошто, зошто дошло до операција? Поради грпката? И како дошло до се ова, како тоа ти предвиделе дека се тоа ке се деси после првата менструација ...
    Уф страшно, важно поминало се како што треба..

    Стварно ме исплаши, но и во позитивна смисла, да се преиспитам себе си..

    Дали знаеш ти, и останатите, прашав и погоре, каде можам да одам да ме прегледа специјалист?
    Дали во систина има нешто вакво?
     
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Искривен ’рбет


    Фала ти Нејм :*
    Како дошло до тој степен,незнам. Изгледа сум имала некоја друга врста на сколиоза кој што во пубертет се влошува, па мораше да се интервенира. Јас со моите, не им верувавме ни збор ама кога наполнав 12,немаше потреба да се лажеме себеси, со око се гледаше дека е многу лошо. Искрено многу им се заблагодарувам на моиве што ставиле заби да се направи операцијава затоа што не е естетски убаво а и штети на белите дробови.
    Да, важно дека сега се е во ред иако немам бидено на доктор да видам до кај е. Ама каде ќе бега, фиксирано тоа е:)
    За Систина не знам,не сум запознаена. Но,дефинитивно сум сигурна за Неуромедика.. Поранешната докторка моја таму се префрли, и е многу добра за овие работи. Некаде странство има специјализирано. Па види прегледај се, иако чим немаш некои видливи маани сметам дека не е нешто сериозно.
     
  14. Night.Wish

    Night.Wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    33
    Грбава сум. Мислам дека уште малце ќе станам како некоја баба. Постојано ме опоменуваат да се исправам, а и самата се опоменувам, ама џабе после 5 мин ќе заборавам и си терам по старо. Многу ми е неубаво кога се гледам таква згрбавена. :(
    Кажете ми што да правам, некои вежби или незнам.. нешто што би ми помогнало.

    Ако има ваква тема, слободно заклучете ја
     
  15. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    има посебни вежби за исправување на рбетниот столб,ќе си се консултираш со некој физиотерапевт какви вежби ти се потребни за исправување....знам за вакви работи се оди на физикално :)
    подобро побарај помош уште сега и редовно вежбај ,бидејќи за некој 5-6 години нема да имаат толкава ефикасност истите тие вежби кои ќе би ги правела сега .
    позз :*
     
    На Night.Wish му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LadyGodiva

    LadyGodiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2

    Јас имам сколиоза претпоставувам ти имаш кифоза.... Јас прво одев на физикална ама таму одат и стари болни луѓе и душеците за вежбање се одвратни. Значи ако одиш на доктор ќе ти кажат да носиш едно елече за да стоиш исправена и ќе ти речат да одиш на физикална обавезно. Одев јас едно 15тина дена и си реков мора да има друго решение, и се распрашав па почнав на пилатес, и сега супер ми е, многу е позабавно а и да се пофалам напредувам со стомачните од како почнав :angel: исто има и инструктор кој ти кажува што да правиш и едноставно те мотивира за разлика од физиотерапевтите кои седат и оговараат или зборуваат за турските серии. Не мора пилатес, јас само предложив, можи на пр. во теретана некој кој знае да ти покажи вежби а патем ќе ги размрдаш и другите делови од телото...
    Иначе навистина не изгледа привлечно да си згрбавен ама ете... :| Велат дека е во гените и навистина пред некое време забележав дека и баба ми го има истото искривување, претпостгавувам е вистина.


    Исто многу помага да имаш топка за вежбање дома и да седиш на неа наместо на обична столица ( дури јадиш, седиш на компјутер) оти го држи телото поисправено.

    ако си под 18тина поголеми се шансите за исправување

    епа со среќа :)
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ова со топката е супер идеја. Набави си ваква топка и труди се да седиш исправена...всушност самата топка не ти дава друг избор.

    Исто така мораш да одиш на вежби специјални за исправување на грбот, за убаво држење на телото.

    Не знам како стоиш со танцот, но ти препорачувам модерен балет, не класичен. Таман колку да се научиш убаво да го држиш телото и да одиш исправена.
    Ќе видиш потоа самоволно така ќе си одиш, навиките ќе ти останат.

    Или навистина трк кај физиотерапевт и сериозно фати се за работа. Без гајле, ќе те биде. За кратко време ќе почуствуваш резултат ;)
     
  18. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Јас би ти препорачала да одиш на јога. Пред да тргнам на јога бев многу малку грбава, незначително ама пак не бев сосема права. Но од кога тргнав сосема се исправив. И една другарка што беше многу грбава ја посоветував и таа да тргне и таа беше најпрво скептична но сега замисли, скоро и да нема проблеми со грбавоста! Ем ке се опушташ, ем ке се исправиш.
     
    На Angela12345 и YogaGirl им се допаѓа ова.
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Неправилно седам и тоа со саати сум приморана, а се навалувам нанапред и сум искривена. За жал не можам да избегнам седење зошто така ми налага тоа што ми е занимање. 2 пати во животов сум трпела и болки во 'рбетот кои подоцна поминуваа ама јас бев позгрбавена. Отидов и си купив еластичен појас за кифоза како на сликата.
    [​IMG]
    Навистина е убаво чувството кога со помош на појасов ќе застанеш исправено ама проблемот е што кога јас ќе го ставам сум како робот и не можам ништо друго да правам со раце затоа што не можам ни да се навалувам нанапред. На почеток ми е удобно ама после 1 саат на пример се осеќам заморено од исправеното држење со појасот, па почнува да ме стега и да ме боли грбот (не горниот дел кај што имам искривување, туку некаде на средина на грбот кај што е долниот дел на појасот).
    Е сега јас забележувам дека сум искривена точно во делот под вратот позади, што вака изгледа како вратот да ми е нанапред и од позади горе како да имам грбка. Па дури и кога ќе застанам исправено ми се чини дека пак се забележува. Се плашам дека е невозможно да се исправам. Плус имам поголеми гради кои иако јас не забележувам да имам тешкотија, ми се чини дека си играат улога во тенденцијата на моето тело да се искривува нанапред.
    Треба вежби за затегнување на мускулите на грбот ама и јас како и многу други само одложувам да почнам да одам некаде, а нема некој што не кажал дека вежбање помага како и феминките погоре.
     
  20. YogaGirl

    YogaGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Od licno iskustvo kazuvam deka za da ti se ispravi grbot,'rbetot i da odis ispraveno ke treba da pocnes da praktikuvas yoga....kaj mene u grupa imase edna devojka koja bese mnogu grbava po neceli sest meseci grbkata i iscezna pocna da se ispravuva koga odi i koga sedi sedi ispraveno....najdobro e da se vezba yoga :))) se nadevam deka ke me poslusas...:) pozz


    [mod-kirilica:Dqrjvd3e][/mod-kirilica:Dqrjvd3e]