И јас имав почетна фаза на кифоза, земав од тие елечињата еластични, ама неможев да ги носам. Порано не ми сметаше тоа, но подоцна се поизразита беше подгрбавеноста.. Сега пробувам да се држам исправено.. Многу седам на комјутер, тоа е проблемот. Читав негде како да седам исправено, сега пробувам, прво е тешко , после ќе се навикнеш.
Спортувај. Ако имаш услови запиши с ена некој спорт или соберете се со другарки и спортувајте. Тоа е добро и за здравјето,а и правилно ќе ти се оформи телото. И јас откако спортувам имам поголема кондиција, седам исправено, телото правилно ми се развива и не се чувствувам добро додека сум згрбавена. Но ако немаш време распрашај се на доктор за елечињата што ги даваат. Сестра ми порано ми кажуваше дека имала другарка која имала сличен проблем и носела некое елече (под облеката) кое давало звучни сигнали кога седела згрбавено па морала да седи исправено и по извесен период веројатно има резултати. Со среќа.
Ах, и јас си имам вакви проблеми уште од поодамна. Не толку сериозни, ама сепак не сум даска права. Што да правам кога градите ми тежат? Такви помагала од типот на пајачиња што свиркаат при секое искривување, не знам колку би можеле да помогнат. Едино, да почнеш да се занимаваш со некоја физичка активност, како на пример јога, пилатес или нешто слично каде има такви вежби и мораш постојано да бидеш исправена.
Искривен ’рбет Леле душа, што све си преживеала Angel92 Јас еве по стари години открив дека имам сколиоза. Пред 4-5 месеци се укочив баш онака старачки, од кревет неможев да станам две недели и ништо не превземав во тој момент освен апчиња против болки. Е откако почна да ме боли ишиалдикусот од многу седење, решив да си отидам на лекар. Се снимив, бев кај специјалист, кој патем набрзинка ме откачи, не сакаше ништо да ми објасни подетално, и само прочитав во дијагнозата дека имам блага сколиоза, редузирана лордоза и лумбоишиалдикус (веројатно воспалување на нервот). И специјалистот и матичната ми рекоа не е страшно, со пливање и вежби ќе се средело, или пак една физикална терапија. Бев да ме ѕирне и еден другар-кинезитерапевт кој ми препорача да почнам пилатес или јога. А болки во нервот сеуште имам од време на време. И сега сум во мисла дали воопшто да се малтретирам со физикална, или пак да си почнам со пилатес. Некое мислење или совет?
Искривен ’рбет Оди на пилатес чим ти рекол докторот.. секако ништо не губиш ако не е за тебе(секогаш можеш физикална да почниш). Иначе многу е досадна физикалната..
Искривен ’рбет Ангел кога ти го прочитав постот ми се преврте се што имав во стомакот,посебно за ова со огромните штрафови. Јас имав испревен р'бет но од седење на компјутер пишувајки домашно ово оно,и осеќав болк во р'бетот и малку по малку подгрбавев и јас.Сега ме мрзи да правам вежби не дека сум којзнае колку подгрбавена ама не сум како што бев
Искривен ’рбет Јас имам проблем исто имам спондилоза ама тоа е .... ќе си вежбаш повеќе за рбетот и плеќите и носи штикли... верувај помага во одењето исправена
Искривен ’рбет Јас мислев само јас сум била непослушна и не сум носела корсет, а гледам дека сите имаме слични искуства со сколиоза и кифоза. До некаде се тешам така. Сега да може да се исправи би го носела корсетот 24 часа, ама не може. Тоа е. Ќе пробам да одам на фитнес или пилатес да видам дали ке ми помогне. Ако некој има позитивно искуство од фитнес или пилатес нека пише
Искривен ’рбет Оти моравте да ме потсетите на овие работи а? Во 7 одд. на систематски ми открија ни сама незнам дали кифоза или сколиоза или и двете бев на вежби редовно неколку месеци, мислев дека ќе бидат доволни тие неколку месеци но на поседниот преглед докторката ми рече дека до 18 година ќе треба секој ден да ги правам, па луѓеее ми се стемни пред очи, ЗБЕСНАВ ! 5 години секој деен си заминав од физикална и ги правев дома вежбите уште неколку месеци. Има резултат, да, поголемиот дел од 'рбетот ми се исправи, но не целосно, што значи морам за продолжам повторно а мене ми се ГАДИ од тие вежбите, преку глава ми се дојдени, фала богу (ту ту машала да не се почудаам) немам проблеми со болки или такви сл. работи, но по читањето на мислењава некако ме подзаплашивте мора пак да почнам со вежби сакала или не
Искривен ’рбет Јас имам сколиоза и ишијалгија. Мене `рбетот ми е искривен на лева страна и секојдневно чувствувам болки кои навистина некогаш знаат да бидат и неиздржливи. Кога одам застанвам на секое само за да ми се намали болката. Иначе одев на физикална скоро 2 месеци, но немаше ни малку подобрување, болките беа исти .. Мене ми дадоа некои вежби ама само за врат шо се, а јас имам проблем од кичмата па надолу цела нога. На болница не ми кажаа нешто друго поконкретно што да правам, туку само ми велеа оди поиспраена, а не е така болките се големи за да поминат само со исправање. Јас всушност одам испраена, немам грпка туку од болките во десната нога се кривам на лево и јас не сакам ама не можам да издржам верувајте болките се посилни од се. Е сега ќе ве замолам некои од вас ако имате вежби некои поконкретни ако можи да ставите слики или линк ако ги има на интернет, навистина сакам да правам вежби, но немам. Ако немате слики ве молам ако можи да објасните како ги правите или каде можам да ги најдам. Навистина би ви била благодарна, бидејќи навистина ми е страв што може да биде понатаму. Се плашам да не биди полошо, верувајте насекое кога ќе ми текни плачам. Мене најголем проблем ми е што чувствувам огромни болки, ништо не можам да правам нормално а и ги малтеретирам и другите постојано со моите болки, дури незгодно ми е да одам негде оти знам дека само ќе се жалам од болки а се знај дека не е убо да си во друштво на некој што постојано се жали. и на сите што имате проблеми (но и оние што немате) со грбот, кичмата и слично правете вежби, бидете активни, бидејќи верувајте здравјето е најважно, едно мало искривување и една мала болка можат да ви направат големи проблеми.
Искривен ’рбет Најдобро е да одиш на лекар. Ќе измерат колку степени ти е грпката а со тоа и ќе ти кажат вежби за да ти е подобро.
Искривен ’рбет Ангел јас во текот на последните 2-3 години многу пати имам одено на лекар и на терапии, а последните терапии ги одев дури 2 месеци и ништо. Секој пат кога ќе појдев не ми вршеа некои кузнај какви прегледи туку ајде на терапија. Иначе јас немам грпка, горе кај рамениците сум исправена, туку ми е искривено долу кај кичмата на лево, а тоа е предизвикано од болките во десната нога, односно од ишијасот. Јас се откажав од одење на болници и пиење на апчиња. За време на последните терапии што ги правев секој ден пиев витамини и по два наклофени и не ми помагаа и верувај се откажав, само ќе си го расипев желудникот ако продолжев да ги пијам накофените, оти сепак се многу јаки апчиња. Сега веќе не се замарам со болници и терапии, туку гледам физички да сум активна, трчам и одам на зумба, се мачкам со маст и некогаш правам масажи. Е сега сакам плус вежби некои, оти тие можат многу да помогнат, затоа ако имаш некои вежби и ти и другите кажете, ептен би ви била благодарна
и јас го имам овој проблем ама што бев на ортопед ми рекоа дека доволно е јас поголемиот дел од денот да го поминам исправена и така ке се навикнам
Искривен ’рбет верувајте ми дека колку толку ке се промени со физицка активност мајка ми ми велеше да вежбам но никако да се мотивирам па затоа си имам на пример одреден дел од денот за тоа и тоа е навечер малку подоцана полсе јадењето и така и има резилтат мал но во иднина ке има голем ако ссе трудите
И јас имам кифоза, не сум била на физикална ама ми препишаа елече. Само што го носам нередовно, инаку од тоа потекнува и болки во рамењата, плешките, вратот и главоболки.. Избегавај долго време да седиш, снабди си пајаче, и како што ти кажаа обавезно занимавај се со спорт или нешто фитнес, пилатес, според мене најубаво е летно време ако имаш се разбира слободно време, да трчаш или да пливаш. Од тоа поубаво - здравје !
Искривен ’рбет Го имам истиот проблем, навистина ме охрабри уште повеќе ова извинете што пишувам 3 пати по ред без редактирање
Искривен ’рбет И јас имам искривен 'рбет.. и еве подолго време одам на вежби за 'рбетот т.е. 3 години.. помогнаа колку толку .. али ми кажаа и корсет да носам.. несакав и сегаа мислам лето најдобро за да ти се исправи само ПЛИВАЈ.. од пливањето има најмногу резултати.. и вежбај редовно какви и да било вежби