Не плаќаат данок на приходи, ослободени се како религиозна институција, си плаќаат придонеси за нив само. Затоа и не смеат да постојат тарифи кај нив и обврзувачки давачки кон верниците. Буквално не можеш да си ја практикуваш верата, ако не платиш. Никој не сака да не постојат туку во интерес нѝ е да ја вршат работата за која се основани. За тоа колку пари имаат гледаме, и да, не ни се они криви што ние не сме отишле во свештенството, па и ние да имаме. Ако се криви за нешто тоа е за работење против нивото на образованието и прогресот на народот.
Ај, до тоа дојдовме, за се' имаме пари, за црквата немаме. И кажавме поназад, религијата се практикува без пари, се наплаќа само за одредени ,,услуги" ама пак не е морално да се плати ако некој нема. Ниеден верник не бил на цедило оставен од страна на црквата.
Кога плаќаме придонеси, плаќаме и данок на личен доход - 10%. Така и поповите плаќаат. Како за сите (кои работат на диво, или делумно на диво), така и за нив треба државата да си поведи сметка, ако прикриваат приходи, да си ги пријават и да си одговараат. Ама темата овде е друга, за лични гревови. Но, очигледно, пуста завидливост, само за приходите не` интересира.
Јас не гледам лага овде. Еве ќе дообјаснам ако треба дел по дел. За првото, еднаш ми се случи да заборавам да дадам 200 денари кога носев леб за слава. Имав пари во мене ама изумив. Никој ништо не ми рече, попот најнормално продолжи да осветува други славски погачи. Друго, си погребала некого? Знаеш колкави се трошоците за погреб? 50.000 денари плативме се' на се' и уште толку за споменик. 100.000. А во црква за погреб е 3000 денари. Јас кога толку пари за трошоци дадов, 3000 денари ли се проблем? А што се случи? Од црквата доброволно рекоа дека погребот тие ќе го платат. Значи црквата помага. Лага? Не е. А зошто не помогна никој од овие другиве, до денар си ги бараат парите? Тоа ви чини, само црквава не ви чини. Второто, прочитај ја Библијата и види убаво што значи верата, како се практикува и за што ни служи црквата. Третото, веќе кажав, истото е со првото, никој не е оставен на цедило. Црквата постои за верниците всушност. Нема лага никаде. Апсолутно никаде. Ако во нешто не веруваш, тоа само е твоја лична перцепција.
Убаво што ти се понудиле да помогнат иако пак ти зеле пари, но да тврдиш дека никој не оставиле на цедило, а јас знам дека да, едноставно според мене лажеш, нека е само мое мислење. Освен ако тој никој си само ти. Фирмите кои ги плаќаш за материјали, услуги се и така регистрирани да вршат дејност која носи приходи и согласно даночни регулативи подлежат на ревизии и закони, плаќаат едно чудо даноци и придонесуваат кон општеството, што не е случај со Црквата. Додека не се регистрираат како Доо или друга правна форма не смеат да воведуваат тарифници и да одбиваат луѓе но тоа се случува и е факт. Не е до трите илјади, може ќе оставам 30000 ден, некој може ќе остави 300, затоа што толку може, но они не смеат да ги условуваат верниците со однапред одредена сума.
мнг е лошо да ги набедуваш луѓево дека лажат, бараше објаснување ти се отворија и ти упорно нивниот муабет го прифаќаш како лага... нека ти биде што да кажам... доколку една црква оставила некој на цедило не значи дека сите други се такви така да полека со убедувањето... и тоа дека има парично условување за практикување на својата вера.... мнг неточно
Кој советува и поддржува туѓи деца да се занимаваат со проституција? Реков да не судите. И Исус учи на истото. А ти судеше. Опули си ја гредата во твоето око. Ок де.. бизнис е. Нека биде оданочен. Како секој друг бизнис.
Има судење, што е грев, и има расудување, што е добродетел. Нормално тука е и доброто советување. Судење е ако речам: „Ете тој и тој го прави тој и тој грев и ќе оди во пеколот!“ Расудување е ако речам: „Тој и тој го прави тој и тој грев и тоа е спротивно на науката Божја!“ (добро ова е и оговарање, ама не е осудување/судење) Добро советување е ако речам: „Ти го правиш тој грев, и да престанеш да го правиш!“ Свети Јован, не го осуди Ирода, ниту Иродијада, туку само расудуваше. Лошо, грешно советување е ако речам: „Ти го правиш тој и тој грев, и продолжи да си го правиш. Нема гајле. Бог е љубов! <3 “
Не туку филозофирај! Фрлате со камења по се' живо и диво. Шо рекол Исус кога ја каменуваа Марија Магдалена? Да прифрлат уште некој, или да не ја судат и да и' помогнат?
Не била таа Марија Магдалина, туку некоја друга блудница. Го објаснував во една порака на друга тема, но не е тоа толку битно. Господ Иисус Христос на блудницата и` рече: „Оди и не греши повеќе“. Не и` рече: „Оди и продолжи да правиш, како што си правела досега!“
А јас на некој му реков дека е паметно да продолжи да се проституира? Слушај ваму да ти кажам... Исус проповедал нов начин, поинаков од тој во Стариот Завет. Свет во кој секој-секому ќе помага. Црквата и свештениците ако се гласници Негови, треба да го следат Неговото учење. Да понудат помош, заштита, психолошка, спиритуална поддршка на луѓето кои се долу. А не да ги газат и плукаат и бркаат ко кучиња! Па уште тоа да го нарекуваш: 'Посочување гревови' Не знај таа дека лижи вода од вир на подот? Не знај дека ја гази кој ќе стигни?! Поп треба прв да подај рака на човек во мака! Ни им ги знаете патиштата, ни им ги знаете приказните! Ни една жена не завршила на тој пат од арно! Да се запрашаш какви се оние кои ги 'купуваат' нивните услуги? Каков човек треба да бидиш, за да злоупотребиш жртва? Како може да ти се дигне бре на човек кој е на дното во животот! Ако сакаш некого да смениш, научи ги корисниците на нивните услуги да не ги гледаат како предмети, туку како луѓе! Е, тогаш ќе речам дека црквата чини!
Ако ми го прочита мислењето на таа тема ( https://forum.femina.mk/threads/Проституција.4927/page-22#post-5820053 ), ќе видеше, дека јас посочив оти помизерни се тие што купуваат услуги од тие што ги продаваат! Веројатно тие што пишуваа беа тролови, кои ако беа вистински не беа свесни, дека тоа што го прават се коси со секој морал и етика и сите, кои и малку се грижат за нив, а и за општеството ќе им посочат, дека тоа што го прават не чини! Зарем е свесна некоја што се продава за кафе, ручек или модерни партали и вика дека тоа што го прави е чесна работа? Не е свесна! И некој треба да и` укаже, дека тоа што го прави не чини! Христос и Црквата, таквите ги чекаат да се покајат. И за нив има место во Црквата. Ама да се очекува од некого, да оди и да им вели: „Тоа што го правите не е страшно! Супер сте си! Само продолжете!“ - тоа е предавство на Христа! Јас на никого не му ги знам маките, од кои тргнале да одат по погрешен пат! Некои ги разбирам и сочувствувам со нив и радо би им помогнал, да не грешат повеќе, ама не можам да ги поддржувам! А, некои ги поддржуваат!