Грев

Дискусија во 'Психологија' започната од Gorddana, 8 јануари 2013.

  1. Gorddana

    Gorddana Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    23
    Дали сте направиле некој грев кој денес се обидувате да го исплатите и совеста не ви е чиста?
    Дали некогаш ке може да си простите? :)


    Ако е дупла темава се извинувам и слободно-клуч.
     
  2. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    624
    Грев :?:
    Сум убијала човек.... :D (не бе се смеам)
    Мислам дека секој секојдневно прави гревови, и јас исто секојдневно правам гревови но досега не сум направила некој голем грев за кој подоцна сум се каела, или пак толку голем за да не можам да си простам.
     
  3. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Сите луѓе се грешници и секојдневно прават гревови, но не секои ги чувствуваат гревовите, некои едноставно не се замараат со нив. Но, на чесните луѓе и најмалиот грев им се чини голем, бидејки имаат чиста совест! Совеста е таа што го прави гревот мал или голем! :emo:
     
    На LadyFlame и LittleFairy им се допаѓа ова.
  4. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551
    Немам до сега никаков грев, а не ни планирам :!: :D
     
  5. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    86
    Ако зборуваме за оние 10 работи кој строго се забранети во книгата божја тогашш...Тешко кој би ,,излегол од овде,, безгрешен..Да грешам,но се каам
     
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    3.466
    Пол:
    Женски
    да ,сум направила гревови ,и јас сум грешник како секој човек,но се покајав и побарав прошка од бога!е сега,оние кои длабоко ми згрешиле и повредиле ,што со нив?иако повеќето не би ни помислиле да ми барат прошка,но ако би ми побарале прошка би се трудела да ги разберам,но не би им простила никогаш :worried: .знам ,добро е да простиш но не сум се нашла во прилика некој да ми бара прошка како јас што го правам тоа.
    а за гревовите од десетте божји заповеди,се трудам да грешам што помалку,пазам од се срце да не прекршам некоја заповед,иако мислам дека и малите гревови не се занемарување.јас имам лабилна психа и често ме мачи грижа на совеста ,брзо се каам и брзо ги исправам грешките.сакам да бидам во мир со сите луѓе колку што е можно :!:
     
    На reddevill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Јас лично за многу малку работи се каам. Кога подобро ке размислам заклучувам дека и кога би се вратило времето повторно истите глупости би ги направила,не затоа што било во ред,туку затоа што ситуацијата ми налагала така да постапам. Но,тоа се само мали грешки,тоа е искуство.
    Настрана оние гревови кои верувам повекето ги правиме (ситни лаги,гледање на кафе и сл глупости),признаван,грешна сум. Сум направила грев за кој милион пати се покајав и незнам Господ дали ми простил ама ете јас не успевам да си простам.
    Инаку,никогаш не сум повредила никого намерно,дури ни оние кои ме повредиле мене. Не сум лош човек и не верувам во омраза и одмазда, и Бог знае дека на никого не му мислам зло.
    А, да, чисто да не преплашам некого,гревов не ми е кривично дело, не е грев пред лугето туку пред Бога,без паники :D
     
  8. fashionbaby

    fashionbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    244
    Секако,и затоа многу се каам :/
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.812
    Пол:
    Женски
    Да сум направила грев, нема да кажам што е, не сакам никој да ми суди. Не се каам зошто не сум таква личност. Не се каам за своите постапки. Ако има рај и пекол знам дека ќе одам во пеколот( немам убиено никој само тоа ќе ви кажам). Не знам како да го кажам ова ама јас не се чувстувам должна да си простам зошто не сум и баш некој голем верник( не верувам дека нешто лошо ќе ми се случи). Совеста ми е чиста, психички сум јака личност и не дозволувам стореното дело да влијае психички на мене. Било-поминало. :)
     
  10. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.407
    Пол:
    Женски
    Ограбив една златара :D Не бе, ама планирам. Ок, доста се шеги, па да, луѓе сме грешки правиме. Ама не се некој големи гревови, некоја мала кажана лага, најчесто за да не навредам некој, искрена сум, да не ме свати некој грешка и не лажам, ама ако ми дојде некој и ме праша „Убава ли сум?“ како и да изгледа нема да речам не. Не се некој големи грешки, ама човекот се учи на грешките и на гревовите. И не знам, ама имам слушнато дека и пцуењето е грев :^)
     
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Се каам за моите постапки. Сега со овој памет не би ги направила. Ама човек учи од своите грешки се додека е жив. Се надевам дека еден ден ќе ги исправам тие грешки. А секако и би им простила на тие што ме повредиле. Не сум лута на никого, не мразам никого. Секое лошо за добро е.
     
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    45.828
    Пол:
    Женски
    Сите грешиме, не постојат безгрешни луѓе. Конкретно јас се каам за некои работи кои сум ги направила бидејќи животот ми ги става пред очи, колку и да бегаш од некои работи тие пак ќе те следат , ќе си ги носиш како свој товар на грб :)
     
  13. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.332
    Пол:
    Женски
    Морам да кажам дека до некаде се пронајдов во ова.
    Да, имам направено грев до сега. Едноставно не верувам многу во тоа дека ќе ми се врати со лошо бидејќи колку луѓе имам сретнато во животот кои направиле многу полоши работи од тоа што јас сум направила, па никогаш ништо лошо не им се случило- не им се вратило. Едноставно, се случува, луѓе сме. И јас исто, не дозволувам делото да влијае на мене. Било и поминало.
     
  14. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.902
    Допаѓања:
    113.465
    Многу, многу, многу гревови ... За некои се каам, некои упорно ги правам ... Некои се повторуваат, некои ги искоренувам ... Многу, многу гревови ...
     
  15. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    7.786
    Пол:
    Женски
    Најголемиот грев е да не бидеш задоволен со тоа што го имаш. (ова се однесува од помалите гревови)
    А тие гревови како убивање,силување и сл. - не се простува. :shake:
     
  16. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.417
    Пол:
    Женски
    Да сум правела грешки кои може да се стават во категорија грев, јас не сум верник па за мене гревот не постои како категорија. Како што реков, грешки сум правела и ќе правам но барем досега не сум се „покајала“ за ништо што сум направиа. Јас сум од оние луге кои остануваат на својот став дури и тогаш кога се свесни дека не се во право.
    А, дали совеста ми е мирна? Да совршено ми е мирна совеста и секако мирно спијам, затоа што никому не сум нанела зло барем не намерно.
     
  17. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    2.262
    Допаѓања:
    32.724
    Пол:
    Женски
    Па,како и секој човек,правам грешки и секогаш се каам за се што ќе сторам,но враќање назад нема,а посакувам да можев да ги исправам грешките.Инаку,феминката од претходната страница што имаше напишано дека и пцуењето е грев-ако е тоа навистина грев,тогаш поголем грешник од мене нема хаха,ама се трудам да се одвикнам,навистина не го личи девојче да пцуе.
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.694
    Допаѓања:
    50.183
    Пол:
    Женски
    Не сум направила таков грев за да ме гризе совеста до ден денес.
     
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.100
    Допаѓања:
    285.407
    Имам грев
    Но не е толку лош за да мам грижа на совест.
     
  20. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.158
    Пол:
    Женски
    Сите сме грешници. И секојдневно ,најчесто несвесно правиме грев. Никој не е безгрешен.
    Можеби сум направила,не викам не, ама секогаш се молам на Бога и барам прошка. Се исповедувам. Се каам..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.