1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грешките од минатото ги плаќаме денес

Дискусија во 'Разделби' започната од Bunny2, 26 декември 2010.

  1. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Епа луѓе незнам што да ви кажам освен едно ОГРОМНО фала :) Се извинувам што неможев порано да пишам,ама не бев во можност.Во право сте оние кои велите дека тоа и го заслужив.Така е и свесна сум за тоа.Само едноставно,незнам зошто,но ми е премногу тешко да прифатам дека јас сум таа кривата за се.Тоа е така зошто у принцип секогаш знам вината да ја префрлам на друг.Барем за тоа ме бива :D Лесно е да кажеш ме извара или едноставно он не ме сакаше,ама во ваква ситуација...
    Како и да е...Не планирам да се трудам како што некои од вас ми кажавте,зошто кога требаше тоа да го направам јас не го направив.Сега веќе помина доста време и малце е касно :worried: А и да сакам некако да стапам во контакт никако неможам.
    Нема везе,сега веќе се трудам да продолжам понатаму.Запознав некој друг и убаво ми е со него.Ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму,само треба на времето да оставам.Нормално уште мислам на него од време на време ама тоа е...

    Што се однесува до Malecka 16,пробај исправи ја грешката што некогаш си ја направила.Неможам да ти опишам колку си среќна што имаш сеуште колку толку контакт со него :) Понекогаш е потребно малце да ја голтнеме гордоста :)
     
  2. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    На рушевината од несреќата човек сваќа колку е среќен.
     
  3. DzamPolat

    DzamPolat Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    0

    WOW се пронаоѓам ама башшшшш во се.......Бев толку незрела и несериозна а детето живот за мене ќе дадеше........... :sweat: Но баш заради таа моја незрелост на нему му скисна и немаше друг избор туку да ми раскине и од таа вечер сфатив дека тој е мојот живот и од таа вечер не сум имала еден убав сон..........животот ми се смени 190 степени :) но што да се прави.......
     
  4. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Ахх конечно слушнав нешто за него.Среќен бил покрај неа,баш ми е мило.Други го вртат против мене :worried: Не ми се верува дека после толку време не ме знае уште дека никогаш не би кажала лош збор за него :(
     
    На a-bordo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Грешките што ги имам правено порано сега ми ги вади низ нос,заслужувам знам ама ми доаѓа да :@ (смајливо објаснува се) ...
     
  6. simona12

    simona12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    во животот понекогаш сме ставени на тест како да одлучиме ,како да продолжиме ,треба добро да се размислува и грешките да не се повторуваат само да важат како искуства кои ке не потсетат ако сме заборавиле што вистина е вредно за нас . Накратко: "ЕДНАШ АКО СЕ СОПНЕШ ОД ЕДЕН КАМЕН ,ПРОСТЕНО Е ,АКО ПОВЕКЕ ПАТИ СЕ СОПНЕШ ОД ИСТИОТ КАМЕН ,ТОЈ ИМА ПРАВО ДА ТИ ЈА СКРШИ НОГАТА"
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  7. simona12

    simona12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Во животот " се се врака ,ама баш ,се се плака".Сите правиме грешки не постои некој кој е безгрешен ,но како понатаму се носиме со грешките ,совеста работи против нас, потребно е многу труд и сила да се избориме со самите себе ,дека ке дојде време да му кажеме СТОП на тоа виновничко чувство што ни ја јаде душата,дека ке дојде време кога во себе ке кажеме -ја платив цената на мојата грешка-.Ве прашувам дали иде тоа олеснување ???????Никој неможи да те казни повеке од самиот себе . Но како што реков никој не е безграшен ,позитивниот став кон нештата помагаат за човек да си ја олесни душата.
     
  8. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Истото ми се случи и мене, ама не дозволив каењето да ме надвладее. Тоа што се случило си го сфатив како една поучна лекција и продолжив понатаму. Сега со сегашниот дечко таа лекција многу ми послужи, научив многу дека треба да ги искористувам жансите во животот и да уживам во сегашноста.
    Верувај дека е бесполезно да се живее во минатото. Тоа искуство понеси си го со себе како лекција плус, и барај ја среќата во иднината ;)
     
    На simona12 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. badgirl12

    badgirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    15
    Моментално се наоѓам во ваква ситуација ..ме сакаше,покажуваше почит спрема мене,беше до мене за се..и јас го сакав но не го покажував тоа и се понашав многу ладно спрема него..еве веќе недела дена се понаша чудно ..јас сватив кај грешам и почнав да се менувам ..но сега тој се понаша така спрема мене како да ми враќа ..порано чувствував дека има некој до мене ..дека ме сака.. но веќе не.. секогаш ја правам истата грешка али порано не се каев за ништо а сега се каам ..зошто стварно го сакам .. и сега незнам на што сум ..незнам што ке биде понатаму со нас. :(
     
  10. MajaZelena

    MajaZelena Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ајде ајде главите горе за некое време ќе се смееме сите на овие коментари... А и не е добро да се гледа во минатото, употребија сегашноста за да можеш да ја отвориш вратата на иднината... А таму секогаш розовата боја на животот ќе биде уште порозова ако сакаш ТИ да виде така... Само Насмевки!!!
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не е лесно да се заборави минатото...особено кога има последици и во сегашноста, кога има останато траги и е неминовно да се сеќаваме. :(
    А општо познато е дека се се враќа, се се плаќа. Не смееме да ја заборавиме кармата. Ништо не останува така. Наше е да собереме сили и да не се вртиме назад, колку и да е тешко.
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Јас кога се фатив со мојот сегашен дечко,бев вљубена во друг.т.е. повредена ,и никако не можев да го заборавам.Тој се грижеше за мене ептен,ми подари многу љубов,но не можев да го засакам. :( Сфатив дека премногу ме засакува и по еден месец -тука имаа влијание и др.фактори,не е битно,му раскинав со образложение дека не ме заслужува мене да си најде подобра :worried: .Он рече дека само мене ме сака,но бидна.Така со него немав никаков контакт неколку месеци.Но,почнав да се каам зошто не му дадов шанса,на таков прекрасен човек,а патам за дебил :fubar: Почнав нон стоп да мислам на него.Еднаш му се јавив,а тој ладен беше кон мене-и реков батали.Почнав д го засакувам и да ми фали се она што правеше за мене.Се мразев многу :doh: После неколку месеци кога го видов,ми се пресекоа нозете,ми летаа пеперутчиња во стомак :inlove: и сфатив-дека навистина сум се вљубила во него.Оттогаш,откога сме заедно,секој ден се повеќе и повеќе го љубам!Навистина ми е мило што сфатив и што ја исправив грешката на време.Зошто да останев со дебилот по кој патев-уф,тешко мене :puke:
    Затоа мислам дека некогаш кога ќе загубиме нешто,сфаќаме колку ни значи.Навистина е така.И некогаш треба да се голтне гордоста и да се бориме за она што е наше,да ја исправиме грешката,да не се каеме многу во иднината ;)
     
  13. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Јас искрено мислам дека одлепив луѓе.Гадново чувство не поминува и не поминува.И не,не е до виша сила,до мене е дефинитивно.Помина толку време,а јас уште неможам да престанам да зборам за него,да мислам на него...Незнам што ми се случува. :D
     
  14. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    ха!!!!!!!!!!!! истата ситуација и кај мене... затрескана во друг, не сфатив колку тој вреди, колку можам да сум среќна со него.. и на крај за да е поинтересно го искористив за одмазда, за да го заборавам другиот, но неуспешно.. го гледав како си оди од мојот живот, рамнодушна... но се се врти се се враќа.. после нецела година пак секој ден мислам на него.. и денес го видов после толку време, но немаше ни едно здраво, само погледи, но од негова страна ладни, ја немаше топлината во нив........ Е БАР ДА МОЖАМ ДА ГО ВРАТАМ ВРЕМЕВО, ехххххх....... ;(
     
  15. Krckalche1

    Krckalche1 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки, би сакала со вас да споделам еден голем проблем. Ми се случи нешто многу страшно и сериозно..малку ми е глупо да ви кажам но морам бидејќи немам на кого друг... срам ми е да им кажам на другарките и се плашам дека ако им кажам ќе расакажат на сите.
    Јас имам 19 години а пред 3 години ме силуваа, незнаев кој е тој и мислев дека никогаш нема да дознаам. Но, пред 7 месеци си фатив дечко, со него бевме многу блиски, излегувавме заедно, ме запозна со неговите родители и јас со моите...навистина бевме заљубени еден во друг. Се правевме заедно, се делевме само за спиење. Но пред 4 дена јас и тој правевме муабет, незнам како дојде до оваа тема но тој ми кажа дека пред 3 години во пијана состојба силувал девојка, ми кажа и на кое место .... јас бев запрепастена од неговите зборови, едноставно престанав да дишам... девојката која што тој ја силувал бев всушност јас! Таа вечер си отидов дома, и еве веќе 4 дена мојот телефон е исклучен, немаме никаков контакт .. тој ме бара дома но мојата мајка мисли дека тој ме изневерил бидејќи јас така и кажав .. таа му вели секогаш дека јас не сум дома и да престане да ме бара. Не му кажав ништо затоа што незнам како да му кажам!!!! Почнувам да го презирам!! Сакам да го убијам!! Помогнете ми, дајте ми совет!! :doh:
     
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски


    :o Леле не можам да замислам како ти било... Ако не ти е жал за него пријави го, нека ги трпи последиците. Мене ми е страв за тебе, да не се испијани пак и да не направи некоја глупост. Ако ти значи нешто и чувствуваш нешто кон него можеш по телефон да разговараш. Размисли си убаво :*
     
  17. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    5.525
    ова ми личи на добар филм.
     
  18. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Можам да претпоставам дека колку и да си го сакала сега не можеш да го смислиш или барем така е затоа што само што си разбрала дека ТОЈ Е ТОЈ всушност......можам да пробам да сватам колку ти е тешко и низ што се поминуваш во овие денови,но биди силна и присебна затоа што само така ќе можиш да го поминеш и ова затоа што претпоставувам дека ова што ти се случува сега те навраќа на тие денови кога сетоа тоа се случило ако тоа си успеала да го пребродиш (а си сигурно пошто веќе си влегла и во врска) значи ќе мозиш и ова само ти треба многу сила а верувам дека и ќе ја најдеш и би сакала да ја најдеш за да мозиш да продолжиш напред......не губи верба во животот затоа што никогаш не знаеме што не очекува.....само напред и со убави мисли низ живото понатаму се се средува само треба повеќе или помалце време.....а што се однесува до пријавувавњето што го спомна форумџиката пред мене незнам колку би вредело ако тогаш не ти било пријавено силувањето....ако пак било тогаш по DNK сигурно ќе можат и да го обвинат ама мислам дека тоа ќе биде уште една тешка работа која што ќе ја направиш или не.....него и вака и така на некој начин ќе го стаса казната дали било по пад на правото или по Божји пат сеедно е......многу ми е жал и се надевам дека нешто ќе помогне ова напишаново.....само напред и не губи верба во себе
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Тргни се од него засекогаш. Ова е голем шок и моментално сигурно си и повредена и гневна, ама најдобро ти е - да го заборавиш. Навистина е чудно како ви се вкрстиле патиштата на овој начин, меѓутоа твоето напушатње сфати го како негова најголема казна, бидејќи реално - никогаш нема да му простиш, дури и да имаш љубовни чувства во тебе, се‘ тоа ќе премине во презир и омраза...

    И еден ден ќе си најдеш некој со кој љубовта ќе ти биде извор на среќа, а не на непријатни спомени и непростлива грешка.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    А како не си го препознала? Мислам, јас некој да ме силува, а дам у го забравам лицето не верувам дека е можно, а не верувам ни дека такво нешто се заборава. Башка и туку така не се признава на девојка ти дека си силувал некоја девојка. Тоа просто ми е нелогично.

    Ајде, да речеме дека ова се случило, немаш многу што сега да направиш освен да прекинеш секаков контакт со него.
     
    На A-j-a и mims-89 им се допаѓа ова.