1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грешките од минатото ги плаќаме денес

Дискусија во 'Разделби' започната од Bunny2, 26 декември 2010.

  1. Krckalche1

    Krckalche1 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0


    Носеше фантомка како да го препознаам ?!?!?!! Зарем мислиш дека не се трудев да дознаам кој е ?? ... Никогаш не ми успеваше, незнаев од каде да почнам! :o
     
  2. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Се се враќа се се плаќа! Ама баш така.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Aха, значи он туку така се начукал, ама си носел фантомка во џебот за секој случај да не сакал да силува некое девојче успат.

    Ок, ти си знаеш, кажав јас што мислам во претходниот пост. :)
     
    На A-j-a, mims-89 и MacaLove им се допаѓа ова.
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Мене ова не ми е верно :worried: Како може да не запомниш некој што те силува? И од другастрана не ми е верно дека некој што силувал, што направил таков прекршок за кој следува затворска казна толку отворено да си призне во случајов да си се пофали?
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Ок ти не си го видела кој е, ама мислиш дека он не знае дека си ти? Мое мислење е дека он си мисли дека сега сте заедно, заљубена си во него, па ќе ти каже и ќе му простиш дека го сакаш, а он ќе си симне товар и грижа на совест.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jane33

    jane33 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    абе чупе или тој знае дека си таа шо ја силовал ,а ако не знај да му се смириш и да му го пресечиш :rofl: ова ти е машки совет.па после нека силува друга девојка ако можи неспособно копиле
     
  7. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    175
    Потолно се согласувам со насловот на темата.Јас загубив многу нешта поради човек кој можеби ме почитуваше,но други повеќе му значеа од мене.Ми остана само едно нешто во животот.Тоа нема да го пуштам да си оди :DD
     
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Убаво ме замислија вашите случки :?:. Се прашувам само колку години имате и дали на моите 16 е можно тој човек да биде до мене. Ме фати страв да го пуштам сега за да не ми се случи истото како и на вас после некое време. |(
     
  9. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Животот ти ја подарува мудроста преку искуството ,мудроста е подарок кој го добиваме тогаш кога повеќе не ни треба ...вистинките личности и работи сум ги имала во погрешно време ,се ќе беше подобро кого сето она што го имав во себе ,сите оние убави работи кои ми се случиле на 15 години да ми се случеа сега ,таа една личност да ја запознаев сега на овие години се ќе беше поразлично ...грешките од минатото неможеме ниту да ги избришеме ниту да ги поправиме тие остануваат како лекции кои треба да ги научиме и да не дозволуваме истите грешки да ги повториме .
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nicenicegirl

    nicenicegirl Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    значи вака мила , тоа што се случило се случило поминало, тоа е мн болно сеќаваање на таков идиот како пример дечкоти, ова е точно како на филм значи не знам дали го имаш гледано филмот со маричуи но вака беше случката па преку филмот ако го имаш гледано на крајот заедно завршија, зборни со него кажи му и остави го ќе видиш дека тој ке иди ке ти се извинува и ако можиш да му дозволиш бидете заедно но најважното од се е да му кажиш дека ти си таа девојка, а за пријавување е мн доцна бидејќи неможат да се најдат никави докази, јас ти кажувам адвокат сум
     
  11. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Krckalche 1-Позади целава ситуација стои едно големо ЗАТОА.Се што ти се случило,се одиграло така поради една голема причина.Неможам да замислам како ти е.Баш ми е жал. :worried:
    Меѓутоа,фактот е дека чим бил способен на такво нешто да направи,со дечкото нешто не е океј.
    Мој совет е...Си се тргнала што си се тргнала,нека остане така.Подобро за тебе.

    Што се однесува до мене,и причината зошто ја отворив темава.
    Одамна не сум пишала овде,се случија мн работи.Да не навлагам во детали,само ќе кажам дека имав можност да се видам пак,расчистив се и сфатив една работа.Веќе не сме истите луѓе,а што е најважно сфатив дека он повеќе не е човекот кој го сакав толку време.Што е и нормално,бидејќи очигледно нема исти чуства спрема мене.Поради некоја си причина,очекував да седнам со истиот човек,незнам како можев да се лажам сама.Чудно е како улогите ни се смениле,а јас притоа немав појма дека тоа е возможно...
     
  12. IVA88

    IVA88 Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Колку ли е само вистина дека грешките од минатото ги плаќаме денес . Направив голема грешка кога имав 18 год, се омажив за кретен со кој сега имам прекрасно детенце, после 2 год се разведов, но како ноќна мора ми стана животот потоа... Закани, насилство , спас да се немало. Подоцна запознав прекрасна личност кој ме засака до небо, се бореше за мене, ми го прифати детето, дури се тепаа со бившиов што не ме оставаше на мира, па судови,све. Неговата фамилија застанаа на страната на нашата љубов, ме заштитија, ме прифатија, но бившиот реши да ми расипе и успеа. Замислете цела негова фамилија се закануваа на фамилијата на дечко ми дека ќе ги убијат, незнам ти што, секој ден тензија и закани, на работа дури им одеа да се тргнеле од мене и од детето мое... и еден ден веќе не се трпеше, после 2 год се разделивме.... дечко ми сакаше да продолжиме да се гледаме, скришно барем дур не се помират тие, се надева дека ако бившиов мој се жени, дека ќе заборави на нас, ако не друго барем ќе олади малу, но јас му се налутив му реков фала што се откажуваш од мене... толку си ме сакал, а ни на момент не размислив како му е штом со толку солзи и болка ми го кажуваше тоа.... јас си заминав , не му се јавив после тоа, му реков да ме остави на мир.... охххх сега све би дала да се гледаме... па макар и тајно... но гордоста не ми дава да му се јавам, а и моите ми рекоа не бил за мене, не се борел, заборави го . Па како да се бори, малку ли направи овие 2 год, зарем требаше крв да падне па да испадне херој.....
    Како да постапам совет ве молам ;(
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Туго мори мајко ова како на филм. Одиш од проблем у проблем....наместо да маваш мажи фокусирај се на детето а се друго само по себе ќе си дојде.
    Запрашај се кога сама ќе почнеш да се бориш за љубовта и дали навистина сакаш. Остави ги твоите на страна и размисли со трезвена глава што сакаш во животот.
     
  14. IVA88

    IVA88 Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0

    Баш како на филм, но детенцето ми е најсвето нешто што ме креват во овие моменти, се правам за него, веќе на школо оди, сепак појќе и заради него се повлеков скроз да не пати тоа да гледа проблеми, никогаш нема веќе да одлучам за врска да биде како оваа што ја завршив сега, сепак мислев дека ќе имаме фамилија и дека и тоа исполнето ќе си расти... веке 2 год и детево мое многу го засака, појќе беше со него отколку со татко му, се правевме заедно, секаде заедно одевме, никогаш не го запоставив.... затоа ми е олку тешко. И од животот сакам само бившиов ми сопруг да ме остајт на мира слободно да дишам, да сум среќна, кога веќе тој не успеа да ме усреќит..... и јас имам право на среќа во мојот живот.... Згрешив... тој ми беше прв дечко... па сопруг кој крена и рака на мене... а сега кога конечно се исправив... го завршив и факултетот и се вработав, и најдов човек кој се прифати поради мене.... зарем многу барам само да се тргне и да сум среќна.... али касно е веќе го изгубив.... сега ќе живеам само за едно.... за детенцето мое....
     
  15. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Баш си ги плаќам денес. :envy:
    Ова бумерангот страшна работа бил. :|
    Мислам дека последниов ми врати, не само за него што му правев на почетокот, туку и за сите други за чии чувства не ми било гајле.
    Стварно не било убаво од оваа страна.. :worried:
    Ќе бидам подобра од сега, зашто не било фер вака да се однесуваш со некој.
    Еден ми наплати за сите... :swear:
    Алал да му е, што да кажам. ]:)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Несакам да се правам паметна и да те терам да бидеш злобна и да се доведуваш во опасност...Но знаеш како велат? Заб за заб, око за око. А јас се согласувам со оваа поговорка.
    Да сум јас на твое место, би го натерала копилево да одиме во некоја шума, би го заврзала за дрво, би му сечела парче по парче од месото на живо се дур не искрвари речиси до смрт, а потоа би го фрлила во оган. BURN! :@
    Прости ми што сум брутална но, згорозена сум од настанот. :|
    Подобро пријави го во полиција, или пиши ни што се случило...
     
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    ‘^Филм ви тера девојчето и не толку добар , полн нелогичности |( Ај за вакво нешто да измислуваш :puke:


    А за сите 15 -16 годишни , што мислат дека ја запознале и пропуштиле љубовта на својот живот , така ви се чини дека прва љубов , личноста се идеализира и се придаваат особини кои не постојат .Гарант повеќето да се запознаете на позрели години ни 2 дена нема да издржите :D
    Не си ја замарајте душичката за глупости...
     
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    и јас тоа ќе кажам,тој сигурно знае дека те силувал,а штом носел и фантомка,се му било испланирано,без разлика што бил пијан :devil:
    баш ме интересира,што направи ти девојко :geek:
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Ова е една од најболните работи што може да се случи. Мислете навреме и ценете го она што го добивате. Ако не го цените, нема да трае вечно. А после ќе го барате.
     
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Ова е точни!! Среќата доаѓа само еднаш !! Јас несвесно ја пуштив и до денес само со тешки идиоти се расправам!! Никогаш не најдов подобар од него !