Грешки со косата

Дискусија во 'Коса' започната од LoVeR, 19 април 2011.

  1. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Најчести грешки што ги правиме при третманот на косата

    Негуваната и здрава коса претставува адут на секоја девојка. Но, сите ние дури и несвесно правиме грешки при третирањето на косата, што прават повеќе штета од што можеме да замислиме. Еве кои се тие:

    - Чекање од една до друга посета на фризерот
    Оваа навика особено важи за девојките со долги коси на кои и потскратувањето на сантиметар коса им паѓа тешко. Напротив, доколку сакате да ја зачувате фризурата и обликот од претходното потстрижување, треба да го посетувате фризерот на секои шест недели.

    - Секојдневно миење на косата
    Чистата и мирисна коса е прекрасна и за гледање и на допир. Но, со секојдневното миење ризикувате да го исушите скалпот што ќе резултира со првут и масна коса. Наместо секојдневно, мијте ја косата барем преку еден ден со благи шампони што нема да ја оштетат косата, ниту скалпот.

    - Сушење на најголема температура
    Кога сакате да ја обликувате косата, се служите со фенот. Но, внимавајте. Не е топлината таа што ја прави косата мазна и лелеава, туку воздухот од фенот. Затоа, фенирајте се малку подолго од вообичаеното на помала температура и ќе имате доброобликувана и неизгорена коса.

    - Чешлање на сè уште мокра коса
    Не почнувајте со обликување на косата додека не ви е речиси сува. Во спротивно, ризикувате да ја заплеткате и да ја искинете косата, а со тоа да придонесете само во нејзиното оштетување.

    - Комбинација од лак за коса и врела пегла
    Ако ја напрскате косата со лак и почнете да ја пеглате, правите катастрофална грешка. Алкохолот што го има во лакот испарува на големата топлина, а тоа само ќе помогне во горењето на и онака сувата коса. Затоа, наместо пред, употребете го лакот по пеглањето на косата.

    - Целосно бојадисување
    Ако ја бојадисувате целата коса секогаш кога треба да го бојадисате само коренот, правите огромна грешка. По истите инструкции подгответе боја само за коренот и бојадисајте го само тој дел. Не претерувајте во третирањето на косата особено кога станува збор за третман со силни хемиски супстанции како бојата за коса, хидрогенот или избелувачот.

    Следете ги овие совети како решенија на сите проблеми со косата. Резултат? Здрава, сјајна и негувана коса каква што отсекогаш сте посакувале!
     
    На angela19, magic.girl, Angela12345 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    1-јас знам дека треба секои 8-10 недели, ама ај...
    косата ја скратам 3-4 пати годишно, сакам долга коса :)
    2-косата ја мијам секои 2-3 денови
    3-ја сушам на голема температура, ама косата супер ми е... не сум приметила нешто
    4-се бањам ноќе, па кога ќе се разбудам ја чешлам косата, слаба ми е, па немам проблем
    5-тоа НИКАКООО !
    6-хммм... да купам фарба само за корените... и што да направам со остатокот?
    тоа мора да се фрли, значи секои 2 недели по пола фарба... не би рекла :)
    а и морам да си ги средам фарбите, ми рекоа да купам деколоратор, па после фарбата која нијанса сакам... па да видиме...
     
  3. EeNnAaa

    EeNnAaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    1. и јас сум една од овие личности ,подолго време не одам на фризер а послем се жалам зошто ми ја сратиле толку косата. :D
    2.ја мијам косата на 2 дена
    3. ја сушам на највисока температура секогаш а незнам зошто :D
    4.бидеќи мојата коса е виткана ретко ја чешлам..а кога ја решла само малце мокра да ми е гледам
    5.ова никогаш!!!
    6.и до сега не ја имам фарбано.. :^)
     
  4. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    Се пронаоѓам во се ова :tmi:
    :sweat: знам дека не треба,ама тоа е :tmi:
     
    На yasemin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    1. Не одам често на фризер,тоа се дешава 3-4 пати во годината,,,,колку споро ми расне уште фали на 1
    месец да ја кратам.
    2. Од порано ја миев секој ден,Но веќе еве 2 месеца како ја мијам на 3 или 4 ден и многу ми е подобро вака :)
    3.Многу ретко да употребам вен за коса,си са сушам природно,за 20 мин ми е сува бидејки ми е поретка со средна должина
    4.Никогаш не ја чешлам кога ми е мокра.......освен шишките морам зошто многу ми се увртуваат и се прчат нагоре :lol:
    5.Е тоа никогаш лак и преса
    6.цела ја фарбам не можам така.Мене со цела фарбана коса коренот секогаш ми е посветол а надолу потемна, а што ке биде ако го фарбам само коренот :?:
     
    На yasemin му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.030
    Се согласувам со грешкиве од кои најчесто ги праам сушењето со фен и фарбањето на цела коса. Сепак, за наааааајголема грешка лична си ја сметам грешката кога си ја скратив долгата коса тоа лани и ми напраи фризерката многу остар степен и ми ја скрати многу косата во должина. Од тогаш, па навака се молам секојден да ми расте а ко што ми е изгорена и фарбана споро расте и да ми беше природна за 1година ќе пораснеше истата ама вака..тешко..
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.155
    Не се наоѓам во ништо
    1, На фризер одам 1-2 годишно за шишање и евентуално за фенирање кога имам некоја пригода. Не сум од оној тип да секоја недела одам на флизер и се фенирам или сл.
    2, Имам ред намиење 2 пати неделно, значи во недела ден и среда или четврток
    3, Кога ќе ја измијам ја држам во крпа 1-2 часа па потоа ја расчешлувам
    4, Лак не користам никогаш а и не ја пеглам зашто ми е права. Многу ретко ја вртам
    5. Не се фарбам
     
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    1.Јас посетувам фризер на секои два месеци или 2,5 месеци.Сметам дека е доволно,кога ќе видам дека ми расцветале врвовите одам и ја кратам. :)

    2.Секој ден не ја мијам,но најчесто ја мијам преку еден ден. :tmi: Не можам инаку,морам да ја измијам,не можам да одам така целата мрсна во главата.А во опавче не можам да ја фатам заради ушите.Така што морам да ја измијам.
    Не ми пречи честото миење,косата ми е убава,а по овој принцип на миење на двата дена се раководам од одамна.

    3.Се` почесто ја сушам со фен иако знам дека е многу штетно.Ја сушам на средна топлина и од далеку затоа што така ми има препорачано фризерката.

    4.А како да ја сушам косата неисчешлана? :^) Јас не можам така,морам прво да ја исчешлам и наместам убаво пред да ја сушам.Тоа е тоа. :)

    5.Косата не ја пеглам никогаш затоа што ми е скрос права и немам потреба.Исто така и не ја виткам со преса бидејќи си имам друг начин на виткање на коса што не ми ја гори. (со твистери)

    6.Косата никогаш не сум ја бојадисала,а ниту планирам во иднина затоа што ќе ми ја уништи многу.Можеби понатаму,кога ќе имам бели влакна. :lol:
     
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.460
    Е тука не би се сложила ... поточно не знам за друго решение ... Кога ќе ја измијам косата ми се заплеткува ако не ја исчешлам додека е мокра и ја оставам така , косата ќе ми биде во тотален хаос сите испреплетени делови и прамени секој на своја страна :x имам пробано .
     
    На unique123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    98
    и јас морам да ја исчешлам косата додека ми е мокра поинаку неможам но сепак имате право дека додека е мокра многу повеќе се кине косата,цели прамени.Уффф само колку проблеми имам со неа :envy: :envy:
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.707
    Не се шишам често, можеби тоа ми е најголемата грешка, ама си ја сакам косата долга. :) Сега за сега не ми е многу оштетена.
    И постојано ја сушам со фен и ја пеглам скоро секој ден. Кога ја сушам со фен гледам да го држам фенот подалеку од косата и не на највисока температура. И секогаш пред да почнам да ја сушам со фен, ја чешлам, инаку не изгледа убаво. Ја мијам 2-3 пати неделно и не ми се мрси многу.
     
  12. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    -косата ја кратам на секои 3 месеци-знам дека е многу време;
    -имам сува коса ја мијам на секои 3 дена;
    -од фен бегам како од ѓавол, имам виткана коса па не користам ниту фен со дифузер;
    -морам да ја чешлам кога ми е мокра косата, ако чекам да ми се исуши треба да одам да ме ишишат до корен;
    -пегла за коса?-не благодарам, имам тенко влакно ми гори :|
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.415
    Допаѓања:
    9.113
    Многу??? Јас еднаш годишно ја кратам, или може на 7-8 месеци :D
     
  14. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    често ја мијам..и на секои 2-3 дена ми се мрси
     
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.561
    Па ќе се пофалам како скоро не сум направила фатална грешка со мојава коса,ама затоа пред неколку години скоро ја уништив.Уште од основно имав многу долга коса до струк ја чував и таква ми беше цело средно,кога завршив средно ја ишишав прилично кратко и ја исфарбав црвена.Пред тоа ја бланширав,бидејќи ја фарбав црна пред тоа.Црвената бараше пречесто фарбање и кај најквалитетните фарби од Лореал истиот ефект на некои морков нијанса прамени после неколку миења-ме уби портокаловото во црвеното во поим,па пак трагав кон промени,па станав русокоса и тоа испробав неколку нијанси од платинеста до бебешко русокоса,па преминав на лешник,па се шатирав и сето ова се случи во доволно кус интервал на време за да добијам четка за грубо триење на главава.Ми требаа неколку години да и ја вратам виталноста на косава,ама оттогаш внимавам да не правам обиди за набрзина да надокнадам со пропуштеното демек,косава изеде сценарио на некој од средна возраст кој допрва ги изживува пропуштените лудости на тинејџерските дни.
     
  16. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    1. Косата ја шишам на 2 месеца или кога сметам дека и е време пр. ми расцветале врвовите.
    2. Косата ја мијам на 2-3 дена.
    3. Ја сушам со фен знам дека е штетно, но ја сушам од далеку. Само понекогаш во лето ја оставам да ми се исуши природно.
    4. Косата кога ја измијам ја чешлам со чешел со многу раздвоени запци.
    5. Лак не користам и косата не ја пеглам често бидејки ми е права, најчесто шишките ги пеглам.
    6. Се немам бојадисувано и не планирам во блиска иднина, можеби ќе се бојадисувам кога ќе имам бели влакна.
     
  17. bonbonka17

    bonbonka17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    Што е тоа деколоратор?
     
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    3.541
    е баш ме погодивте со темава (не за кратењето) туку за фарбата денес да ви се пофалам сум ко портокал ( баш таа боја) користам иста фарба за коса веке подолго време а денес незнам по која причина од плава излегов портокалова :lol: :worried:
     
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    Најголема грешка ми е тоа што постојано ја врзувам косата во туфче горе високо, така испреплетено туфче знаете нели? А така косата се кине најмногу, дури и фризерот ме предупреди и на секое ме кара. :D
     
  20. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    1.327
    Ја мијам косата на 2 дена, ретко 3,
    Морам да ја исчешлам додека е мокра, затоа што после ке прострадам од синдром на иплашен був :rofl:
    Гледам да ја оставам да се суши природно
    Лак само за бебешките блакна (минимално)
    Преса-5-6 пати годишно , ионака ми е права,нема некоја посебна потреба
    Ја скратувам 3-4 пати годишно по 1-2 цм, бидејќи очајнички се обидувам да ја пораснам до половината ...
    Е ,за фарбање, ја фарбам,ама само степените и тоа бебешко руса,3-4 пати годишно и ставам и бланш за да ја добијам посакуваната нијанса.
    Сума сумаре, косата ми е оштетена од фарбање и бланширање ,бидејќи другиве правила ги почитувам,помалку или повеќе...