Ја шишам ретко и не сметам дека тоа е грешка. Ја шишам 2-3 пати годишно, по неколку цм. Ја чешлам додека е мокра, но ставам спреј,третман, а пред тоа и маска, така што не ми се заплеткува, баш лесно се чешла. Не ја сушам на најголема температура бидејќи и онака имам слаб фен. Никогаш не ставам лак пред да ја стилизирам. Ретко ја пеглам, а уште поретко ја виткам. Ја мијам на 3-4 дена, и немам проблем ниту со мрсна ниту со премногу сува коса.
- Чекање од една до друга посета на фризерот Се стрижам 3 пати годишно,знам треба повеќе - Секојдневно миење на косата Ја мијан на 2-3 дена - Сушење на најголема температура Некогаш ја сушам со пониска температура некогаш ја оставам сама да се суши - Чешлање на сè уште мокра коса Ја чешлам мокра - Комбинација од лак за коса и врела пегла Не користам лак,многу многуу ретко - Целосно бојадисување Не ја бојадисувам,имам користено кна и фарба и падна фала богу повеќе не сакам
- Чекање од една до друга посета на фризерот Ја шишам 3 пати годишно - Секојдневно миење на косата Ја мијам на 2 - 3 дена - Сушење на најголема температура Ретко ја сушам со фен - Чешлање на сè уште мокра коса Ја чешлам додека е мокра - Комбинација од лак за коса и врела пегла Ретко користам лак и пегла исто - Целосно бојадисување Ја имам фарбано
*Чекање од една до друга посета на фризерот -Не 5-6 месеџи се шишам *Секојдневно миење на косата -Косата ја мијам 2 пати неделно *Сушење на најголема температура -да за жал *Чешлање на сè уште мокра коса -единствен начин да ја расчешлам ми е на мокра *Комбинација од лак за коса и врела пегла -Не сум пробала. *Целосно бојадисување -Косата не ја бојадисувам
- Чекање од една до друга посета на фризерот Одам на кратење на врвовите неколку пати годишно, почесто немам потреба бидејќи косата ми е многу здрава. - Секојдневно миење на косата Ја мијам секој ден - Сушење на најголема температура Секогаш - Чешлање на сè уште мокра коса Ја чешлам пред да почнам со сушење, уште додека се цеди - Комбинација од лак за коса и врела пегла Не користам ни лак ни пегла. - Целосно бојадисување Ја бојадисувам косата, некогаш цела некогаш коренот. Фарбата ми е многу блиска до природната боја, реално не се ни забележува некоја разлика.
- Чекање од една до друга посета на фризерот Ги кратам врвовите на 6 месеци - Секојдневно миење на косата Ја мијам косата на 2-3 дена - Сушење на најголема температура Некогаш ја сушам со пониска температура некогаш ја оставам сама да се суши - Чешлање на сè уште мокра коса Не ја чешлам косата додека е мокра - Комбинација од лак за коса и врела пегла Прво ја стилизирам косата, потоа користам лак доколку има потреба - Целосно бојадисување Не ја бојадисувам
- Чекање од една до друга посета на фризерот Некогаш се шишам еднаш годишно, некогаш два пати годишно. Во принцип, косата ми е здрава и ја чувам за донирање на дечиња болни од рак, при пад на коса од хемотерапија. Ги кастрам само расцветаните врвови. Овој пат, поради екстремно паѓање на косата, бев приморана да ја шишам кратка. Не ми е жал воопшто да ја шишам, но го правам тоа само со намена. - Секојдневно миење на косата Ја мијам на 1-2-3 дена, со шампон за раст на коса, поради горенаведената причина. Секогаш различно. - Сушење на најголема температура Некогаш не се сушам воопшто, но кога го правам тоа ја сушам со фен кој има заштита со јони. - Чешлање на сè уште мокра коса Прскам спреј за расчешлување, полесно ми е да го нанесам на мокра коса. Ни влакно не паѓа. - Комбинација од лак за коса и врела пегла Ни едно, ни друго не правам. - Целосно бојадисување Си ја сакам природната боја, додека не се појават бели влакна, не ставам хемија на коса. Во принцип ми е мека, здрава, негувана, без воопшто да и обрнувам внимание. Единствената грешка ми е што не се шишам почесто, ми тежи, расцветуваат врвови и паѓа. Сега уште еднаш ќе се ишишам и после година дена ќе ја растам до следната донација.
Косата се донира во Холандија, од таму они прават перики. Има на фб, page, за организација која соработува со нив, побарај ZEDM Slozuvalka. Истите ќе ти пратат инструкции колку треба да ти биде долга косата, за да можеш да донираш и ќе ти пратат упатство на која адреса и како да ја донираш. За жал, во државава немаме организации кои самите изработуваат перики, но барем сум среќна што ќе измамам насмевка на некое детенце. Има на страната и многу наши дечиња кои донираат и навистина станува се повеќе популарно, што ме радува посебно.