Од млекото има дијареа. Земи му конзерви/пакетчиња со мека храна и мешај му ја со сувите бисквити што веќе си ги купила ако само суво не јаде, или омекни му ги со водичка прво. Со млеко никако.
Да, знае дека ќе излезеш и сака да ти даде на дознаење дека сака да останеш со неа Скоро сите кучиња го прават тоа, со тек на време знаат да препознаат дека се спремаш за излегување. Нормална реакција е, не сака да остане сама
Добро е сега, му се опорави стомачето. Се консултирав со ветеринар и ми рече дека не е проблем ни со млекце да му ги давам, смее да јаде млечни производи но не многу домашни работи. Тие whiѕkas продолжив да му ги давам и ги јаде секако, и со вода и суви не му се проблем, но сепак многу се тврди па со вода ги потопувам. Дијареата може му беше дека на улица го најдов па којзнае што јадело. А ветеринарот ми препорача дека најубава храна за мачки е ослиџ со ориз, но ќе видам не можам постојано да му готвам така да тоа ќе јаде од време на време. Сега е прочистено, весело, здраво и си го чувам во соба Благодарам на одговорите.
Ann.94 за да не се повторувам, а наназад во темава еве неколку постови кои би можеле да ти послужат за да се информираш повеќе околу исхрана на мачки (клик1,клик2,клик3)
Само што собрав едно маченце од надвор и решив да го чувам. Поголемото го чувам долго време и не ми беше вакциниран, а ова сеа сакам. Можете да ми кажете за каква вакцина се работи, колку пари се отприлика и некои информации кои би можеле да ми послужат?? Ве молам, мн ми треба
Бидејќи скоро минував низ истото сега ќе ти кажам, се на се ќе те фати накај 1000 денари. Во тоа се вклучени вакцинација (против некои болести што би можело да ги фати), таблета против глисти и ампула против паразити/крлежи. Најдобро ќе те информираат на ветеринар, зависи што ти е најблиску но најфалени се: Ветеринарен центар Ул. Антон Панов 22 Скопје (Капиштец) тел.: 02 3178 611 моб.: 070/ 23 43 23 и Д-р Марин Величковски адреса: Јосиф Јосифовски Свештарот 37 (кај гимназијата Корчагин) место: Скопје телефон: (02) 3113 101 Можеш слободно да ги исконтактираш и да ги прашаш за детали.
Имам женка лабрадор стара 3 месеци. Се е во ред, почнува да учи наредби, меѓутоа имам проблем кога се среќаваме со луѓе. Воопшто не е агресивна, но кога ќе здогледа човек одма почнува да се радува, трча накај човекот и скока врз него. Се гледа дека не е напаѓање... Јас го знам тоа, ама ни мене не би ми било пријатно нечие куче да скока врз мене. Како да го решам овој проблем?
Штом скока по други, веројатно тоа го прави и на тебе? Доколку да, следниве видеа можат да ти помогнат https://www.youtube.com/watch?v=oFscKdfpQWA https://www.youtube.com/watch?v=C9utUCUAtVY https://www.youtube.com/watch?v=s5hp_mRQcMs https://www.youtube.com/watch?v=Ghz5jrz0Y_Y
Кучето има многу остри заби, обувките кои се пред врата за миг ќе ги снема, и ќе ги видиш искинати. Ај, што имам и на мене некои гребаници од него при играње. Несакам да му стане лоша навика Сака многу да си игра, не дека е лошо па сака да ни наштети Како можам да му дадам до знаење дека не треба така да прави ?
Ние нашето го одвикнавме од обувките со играчки. Имено му обезбедивме топки и други играчки и сега немаме мака на таа тема. Си игра со нив, обувките не ги дира.
Имам куче старо скоро 3 години но пред една недела нешто не беше арна, имаше суво носе и не сакаше ни да игра ни ништо и дадовме парацетамол и се опорави но по 3-4 дена дојде ветеринарот за да ја вакцинира за од беснило. Му кажав дека пред некоја ден имаше темература за да знае дали смее да ја пушти вакцината рече дека немало проблем и ја пушти вакцината. Другата ден кучето веќе не сакаше ни да јаде. носото повторно и стана сув. Му се јавивме дојде и пушти инекција антибиотик и тоа две инекции. Вечерта малце се опорави почна да јаде, но другата ден пак по старо и дававвме парацетамол и онака со молење ќе касне нешто. Вчера дојде и пушти пак инекција антибиотик се опорави малце почна да игра да јаде но од синоќа повторно скискна. Денеска не сака ни да испаѓа од куќата, само лежи не сака ни да јаде ни вода пие едноставно бега од нас. Дојде повторно ветернираот и и пушти 3 инекции од кои едната била за апетит, за темература и другата незнам некој антибиотик, но цела ден нема никаква промена само лежи ни јаде ни ништо. Ве молам некој совет зошто наместо да оди на подобро се оди на полошо. До вчера бар ќе каснеше нешто ке поиграше но денеска не сака ништо само лежи.
А каква дијагноза дава ветеринарот? Што ви кажа? Го прегледа ли? Какви се тие инекции што му ги става? За што се? Констатира ли ветеринаров температура па што му дал и за тоа инекција? Или ги научил две, три инекции па ги користи како универзални за се'? Може грешам ама мене постапката на твојов ветеринар не ми се допаѓа. Не знам од каде си ама мој најдобронамерен совет е да си го однесеш кучето кај некој друг ветеринар на нормален преглед во ординација па да му објасниш што и како се случува. А не да доаѓа тој и само да го клука кучето со инекции, а подобрување нема. Шест инекции му ставил. Не се малку. Очигледно има некој проблем што од толку антибиотици не му поминува. Не чекај да биде полошо.
Денеска го гледаше и според него носот му е сув и имало темертаура ама и топчето коа ќе и го фрлам оди да го зима и топчето коа ќе го фатам и тоа е жешко, со јазикот коа ќе ме допре на раката е жешко. И да го однесам во ветеринарна исто е он таму работи и уште некој друг негов колега. И мене не ми се допаѓа зошто само инекции и става и наместо да оди на подобро се на полошо оди. Незнам што да направам како да му помогнам.
Имате друга ординација во градот? Ако немате, можеш да земеш број од ветеринар од било кој град (можам и јас да ти дадам број од мојот ветеринар преку лп), да му се јавиш, да му ја објасниш ситуацијата, па да ти каже мислење. Знам дека не може многу да направи преку телефон ама барем ќе слушнеш и второ мислење. Друго решение е да го качите во кола ако сте во можност па да го однесете во друга ординација која ви е најблиску. Има многу несовесни ветеринари, имам неколку примери околу мене кои трпеа последици од такви. Треба многу внимателно да се бира. Не сите навистина ги сакаат животните.
Ако сакаш дај ми го бројот од ветеринарот за да го имам а утре ќе видам што ќе направм или ќе го однесам негде или ќе се јавам и ќе видам што ќе каже твојот ветеринар
Ми треба ветеринар некој дежурен во ова време. ИТНО Е !!!! Ако може побрз одговор ако знаете кај има и дали работи.
Па пак давајте му вие парацетамол на кучето! Кој ве учеше вака бе дека лекови за луѓе може и на куче да му ги давате?Знаеш дека тој лек може да му ги оштети црниот дроб и бубрезите! Лекови што се наменети за луѓе несмеат да се даваат на животни! Иначе ветеринарна амбуланта што работи 24 часа е онаа во Автокоманда! Може дирекно да отидете секогаш има дежурен ветеринар!