Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Така што го дуе стомачето ич да не се секираш, ништо страшно не е, само така си воздивнува како и ние луѓето што правиме :) Исто така, да не биде на промаја, папагалчињата лесно се разболуваат од тоа, ако настине од промаја, ќе слушнеш како чуден звук испушта тоа значи кива, настинато е, па малку аналгин ќе изрендаш во неговата вода и ќе го испие тоа.
    Оди во некоја пет шоп и прашај за папагалче што те интересира, храна ова она и ќе ти кажат :) Еве неколку мои совети што сум ги дала на други феминки, сметам дека и тебе ќе ти помогнат :) Ги има на претходните страници :)


     
  2. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.329
    Допаѓања:
    17.908
    Пол:
    Женски
    фала многу што се потруди да ми одговориш Black.Beauty инаку нова сум тука се надевам убаво ке се дужиме со папагалчето мое а и со вас феминки :) а папагалов се надевам дека ке се навикне и ќе се опушти :lol:
     
  3. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    За храна најдобро побарај на гугл, а воедно и за се друго што те интересира.
    Јас кога прашав во пет-шопот ми рекоа никако друга храна, само таа што е специјална за него (во мојот случај не се работи за папагал). Не значи дека секаде ќе ти одговарат така, сепак само пример е.
     
  4. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Ве молам помогнете !!!! Татко ми планира за брат ми да земе МАЛАМУТ. Јас не сакам но за брат ми. И сега стрв ми е бидејќи јас несакам големи кучиња.И сега сум во шок помагајте,кажувајте како да се грижам за него, да престане да ми е страв од него ;( :sweat:

    ПЛСССС ХЕЛП! :tmi:
     
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.814
    Допаѓања:
    25.445
    Пол:
    Женски
    И јас имам прашање околу папагалчево, исто за храната. Чисто информативно, од што да се држи подалеку,што е отровно за него,бидејќи има навика што и да има на маса ( без разлика дали се работи за храна или салфетки и некој сличен предмет )си грицка, а да не зборам што му има направено на фикусот,нема лист што не го изгризал.
    Читав на гугл нешто,ама на секоја страна различно ми пишува,не можам да најдам нешто конкретно.

    И уште ова.
    Му менувам вода секој ден,ама некогаш кога сум по цел ден излезена и се враќам касно заборавам да му сменам,ама се работи за еден ден,не подолго. Има врска?
     
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Вака.Пред околу четири месеци ни дадоа куче ама ние веќе скоро пет години чуваме мачка.И во почетокот кучето многу ја лаеше мачката (што е нормално нели :)).Сега не ја лае до толку но кога кучето ни е пред врата мачето не може да влезе.Па ме интересира дали може некако да ги спријателам,да се поднесуваат?
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Моето јаде се и сешто, па ништо не му е... Штом види некој да јаде веднаш крева паника да го пуштат од кафезот. Штом види јадење на телевизија пак крева паника. Пред некој ден земам чепкалка за заби затоа што ме болеше заб и почна да крева паника како да јадам.
    А за водата, не е проблем за еден ден, на секого може да му се случи понекогаш, само не треба многу да му се стоплува водата затоа што ако е топла-папагалчето нема да пие.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Најверојатно нема да успееш. Обично за тоа треба двете животинки да се мали. Кучето секако ќе попушти со тек на време но мачката нема. Доколку е улично маче кое го чуваш низ двор шансите дека ќе се налути, во буквална смисла на зборот, и ќе си отиде т.е. ќе почне да си бара нова фамилија поради тоа што не е центар на внимание веќе, се големи. Таков е карактерот на мачките, може да те сакаат, ама ако не се веќе тие главните бараат нова жртва :)
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213

    Не е проблем за вода ако не му се смени после еден ден, може на секои 2-3 дена :)
     
  10. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Ќе го надминеш стравот кога ќе го погалиш кучето и ќе си поиграш со него :) Чим првиот чекор ќе помине после тоа лесно е, нон-стоп ќе сакаш да си играш со него :)
    Аљаскин Маламут многу сака да е надвор, т.е. многу сака да се шета, тие се навикнати на студ, верни кучиња се, потребно му е четкање на крзното итн. :)
     
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Морам малку да ве искарам овде, нормално со добра цел :) Без разлика дали е маче, куче, или еве папагалче во случајот кое се чува дома, односно ние сами им ги одредуваме условите, мора да има пристап до свежа вода постојано. Малку е погрешно дека се животни и дека не мораат да пијат чиста вода, на пример надвор пијат од било кое вирче големо чудо.. Но не е така. Имаат инстинкти и знаат сами да проценат, а кога се затворени немаат избор. Буквално е исто како и кај човекот, вие не би сакале да пиете вода што стоела 2-3 дена нели? Грижете се за вашите миленици, ако веќе сте решиле да ги чувате. MandyLane ќе мораш барем еднаш дневно да ја менуваш водата, напиши си на ливче и залепи го негде кај што сигурно ќе го видиш на пример на фрижидер или било каде за да не забораваш.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Хехехе ок тоа, нормално дека треба редовно да се менува водата на миленичињата, за папагалчињата така знам и знам дека им е ок, но кога станува збор за куче и маче тогаш треба секој ден да им се менува водата, знам и дека тие сами проценуваат водата дали е ладна или топла, стара или нова (од искуство знам :) )
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Размисли вака, ќе го имаш од мало (мало кога е ништо неможе да ти направи), ќе го одгледаш, ќе го пораснеш, ќе го раниш, ќе си играш со него. Кога ќе порасне нема да ти биде страв од него верувај, такво слатко кученце неможеш да не засакаш. Нека не те плаши големината, тие не се агресивни кучиња, напротив се многу дружељубиви и верни на човекот.
    Единствениот начин да ти престане стравот е да го одгледаш кучето од мало :)
     
  14. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Не постојат агресивни и неагресивни кучиња ... туку постојат сопственици кои што ги прават кучињата да бидат агресивни и неагресивни ;)
    Се' зависи од сопствникот како ќе го воспита кучето.
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    А дали на питбулот во гените му е да биде агресивен?
     
  16. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Кон животни ДА, кон луѓе НЕ.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Katojiikutaka

    Katojiikutaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    226
    Како вие се грижите за вашите миленичиња кои ги чувате. (Куче е моето-Луси)
    Дали нивната хигиена ви е многу важна или не и обрнувате многу внимание? -Секако дека ми е важна..го чувам внатре во куќа. :)
    Со што ги храните и која им е омилена храна? -не се потресувам и да и давам само кучешка храна..искрејно се јаде,а тоа ми се свиѓа...и давам 3 пати во денот да јаде..(доручек,ручек,вечера) а измеѓу сите добива Крцки за браво кога кје изврши некоја потреба. :)
    Дали имаат некоја посебна навика на пример кога треба да ја извршуваат нуждата или нешто друго ? -Кога кје и се приоди не вика нас (почнува да лае и тргнува накај врата) и тогаш знаеме дека и се оди по нужда. :lol:
    Колку време им посетувате, односно тука можете да ја пишувате вашата целосна грижа која им ја посветувате и да споделувате искуства и совети -па и посветувам време колку што можам повише..ретко излегува што значи дека по цел ден сум дома,освен кога сум во школо(седи дома со моите) :D
     
  18. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е соодветна темава за прашањево.
    Дали знаете каде можам да го однесам кучето да ми го избањаат и за колку пари?Ако постои вакво нешто или јас почнав да фантазирам од рекламата :D
    Неможам сама да го бањам, неќе ич, мрда цело време .Тешко мене :)
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Да да има неколку фризерници. Јас моето го носам зимно време, летно време и онака имам голем двор па лудница е додека го бањаме. :D А зимно време си го носиме во тафталиџе во Ashaya Exclusive.
    http://www.ashaya.mk/
    http://www.facebook.com/pages/ASHAYA-EX ... 1111211147
    1000ка зима шишање и миење, па средуваат ноктиња, мириса убавко, абе да го гушкаш после тоа цел ден :) А плус да видиш само каков професионален однос имаат, алал да им е.
    А и не е ова ново, ептен се актуелни салониве, има периоди кога чекаш и по една недела за термин, немаат место, се им е зафатено ;)

    инаку доберман имаше напишано претходно на темава за фризерниците еве ти
    фризерници и салони за миленици
     
    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    диареја кај мачки

    здраво, ја пред 3 недели од улица земав маче старо околу 3 месеци. Но од тогаш тоа има пролив.
    Иначе мачето е весело и си јаде. Од ветеринар купив еден прашок но тоај немаше никаков ефект иако му го давам редовно. Може ли некој да ми помогне во врска со ова?