Добро несмеат да се даваат да но во тој случај си немала и затоа велам добро е што си му дала виршла а и виршлата скоро нема месо сето е соја и засладувачи. За апче за глисти ќе почекаш кога ќе го вакцинираш ќе ти дадат и ќе ти кажат да му даваш по 1/4. Ако го пуштате надвор и пример оди по гадни предели и дома дојде може да ви развие паразити.И ако голтнеш влакно зависи сега може да ти се формира тенија во стомак.Но ако е чисто мачето ако го негуваш пример купи му шампон во прав и во длаката втривај му маслиново масло за да блеска и да му биде чиста длаката,тогаш нема опасности.А пример ако голтнеш влакно случајно ете например јас голтнував и веднаш кора од леб јадев и вода за да ми го однесе во желуднико за киселините да го уништат!
Му купив храна Whiskas Junior, течна е, со говедско. И ја изеде ај тоа, ама се чеша еве, ушињата го чешаат многу. Можно е да е од храната или така само? Нема болви...
Шуга да не фатило? или гљивици?? види таму да не има црвени точки ... Не б и требало да е од храната.Инаку зборував за сува храна не течна со месо.Избегнувај ја течната чисто онака кога немаш што да му дадеш давај му.Подобро давај си му чисто месо и сува храна
Не бре, каква шуга ќе фати кога воопшто не е изнесено од дома...а ние по дома не сме шугави! На кој начин се фаќаат тие болести? Eдит, изгледа од храната е...случајно се намачка до устето од храната, и еве таму се чеша сега..а ја јаде, задоволно е
Ако се чешка често,носи го на ветеринар.И кога ќе се нацепа со храна,со влажна крпа миј му ги ушињата
Вчера забележав моето кутро кученце фатило крлеж Веднаш пробав да му го извадам со чупалица, али вадејќи го стиснав па пукна крлежот, се обидов целосно да го извадам , мислам дека и главата му ја извадив али пак не сум сигурна... кажете ми дали доколку некој дел од крлежот останал внатре има некоја голема опасност,што може да му се случи на кутрето??? утре го носам на ветеринар,па тој ке ме посоветува за заштита од болви, крлежи ...
Дипи намачкај го со зејтинче на местото за ако има уште нешто да излезе. И секогаш ако видиш крлеж прво намачкај го со зејтин за да ги извади нозете ако е навлезен во телото на кученцето а после нежно извади го со пинцета. Иначе најдобро решение ти е да му ставиш една ампула и ќе бидеш мирна едно 3-4 месеци. Јас моето куче го шишам на 3-4 месеци зошто има долго крзно и тогаш му ставам ампула и фала богу ништо не фатило ни крлеж ни болва. Поздравче!
Ќе ве частам мекици феминки! Госпоѓа Лили ми е трудна.. Ама не се радувајте пребрзо..можеби ќе ја носам да абортура.Прво ќе се консултирам со ветеринар..како абортирањето ќе влијае на нејзиното понатамошно развивање.
Шо зборуваш бе како ќе ја носиш да абортира среде бременост немој така ако абортира ќе треба да матката да и ја извадат и всушност да ја кастрираат и мачињата ќе умрат ќе ги фрлат таму на некој отпад.После бременоста кога пораснат мачињата т.е 6 месеци после последната бременост тогаш однеси ја
Сакам да прашам дали ампулите за болви крлежи се штетни по човекот , т.е дали по апликација по дома може на децава нешто да им се деси??
Зошто да не абортира ?? А што да им правам на мачињата..тоа се големи обврски..а јас немам толку време...
Прво нека се родат,ќе ти заземат простор од 30 на 30 цм.Ќе видиш колку се,дај боже да се малку 1 или 2.Мојата мачка раѓаше по 6-7 и секогаш ги јадеше пред да стигнеме до неа(оти беше глува и неможеше да ги слушне како мјаукаат) Подобро да ги поклониш на некој или ако имаш услови да продадеш па да си покриеш кастрирањето тоа ќе те чини 1000-1500 денари
Јас во два наврати имам користено такви капки на старата мачка 2 пати и поединачно на две други мачинја по еднаш и досега не приметив ништо што би влијаело лошо по здравјето на моите деца иако се склони на алергии од каплите не приметивме никакви реакции ! Еве замисли вака колкава е телесната маса на едно маче спрема онаа на лугето кога не им штети лично на мачките а се втрива дирекно на вратот со масиранје крузно длабоко да навлезе течноста во кожата на мачките зошто би влиаело на децата .Ако веке се плашите побарајте на интернет се за составот на капките па одлучете НО оние кои јас ги користев напросто се феноменални повеке од 3 месеци не сум приметила ниту мува а камоли болва во моите мачки !
Ништо нема да се случи, ампулите не се штетни за човекот, а ни за животното, туку само за болвите и крлежите...
Дај ги по другарки,по баба дедо испрати ги негде на некој да живеат.И скопи си ја после Лили,да не се мачи и таа и ти.Знаеш дека со секое раѓање и се скратува од животот,не само на неа туку на секое живо суштество(женка)
Еј не зезај, на фб има многу страници каде можеш да ги огласиш. Едноставно, сликај ги и напиши краток текст за мачињата, контакт телефон и тоа е тоа. Така ќе најдеш 100% некој што ќе ти земе
Е како тешко? Ако сакаш да ги подариш сигурно ќе се најдат заинтересирани. Само распрашај се, а ако до толку неможеш да најдеш на кого да подариш(што не верувам) исконтактирај ги или стави ги на оглас на групава на ФБ , а и на фемина имаш тема каде можеш да ги рекламираш. Дури и јас ќе зимам маче кај и да е, па ете може ќе ти посвојам Ама не е сигурно ова. Според мене во никој случај да не ја носите на абортирање. Греота е за неа, и за маченцата.