Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за родителите во брак

Дискусија во 'Брак' започната од Emotional123, 23 јуни 2015.

  1. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Јас не сум мажена но ова ми е една од најболните теми на кои многу често размислувам. Ја имам само мајка ми и би сакала да можам да се грижам и да се жртвувам за неа како што таа го правела сиве овие години за мене.
    Намерно реков дека е жртва бидејки навистина е така, најголемите кавги и несогласувања помеѓу партнерите се токму поради родителире. Понекогаш си размислувам, да не се родителите колку би бил поубав бракот,но веднаш потоа се прекорувам себеси затоа што сфаќам дека тоа е многу себично и се ставам себеси во ситуација како би ми било да слушнам мајка ми да го каже тоа, да не сме биле јас и сестра ми, колку би и бил поубав животот. Затоа мислам дека грижата за родителите е нешто неминовно и треба да се прифати како такво.
     
  2. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    267
    Мила верувај дека токму поради вас животот и бил убав. Немој да размислуваш вака. Нормално дека кога ќе дојде во оние тешки денови или недај Боже болест и слично, Вие ќе бидете покрај неа и ќе и помагате. Токму тоа е вашата улога како деца. Ама дека треба таа да биде дел од вашето новоформирано семејство - тоа е погрешно! Тогаш вие ќе и дадете само засолниште но нема да го решите проблемот од корен. Ќе си имате свои проблеми, свои радости, свој живот и колку и да се обидувате да ја вметнете меѓу вас сепак таа ќе биде осамена. И да не се чувствува осамена нема да биде тоа - тоа! Сепак мислам дека кога ќе се омажиш, животот ќе и се промени. Ќе биде уште посреќна ако ти си среќна. ќе се радува на твојот успех, ќе се радува на внучињата, па ќе готви за нив, ќе плете можеби :) ќе го шета внучето, па ќе одат на поседок кај баба и така ќе си има некои нови обврски во животот.
     
  3. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Не нислев на тоа да живее со нас туку повеќе мислев на тоа дека без разлика што ќе има свој дом сепак ќе влијае на нашиот брак на овој или оној начин. Искрено јас би била пресреќна кога таа би нашла некој со кој би можела да ја сподели староста а зошто да не и да доживее уште многу убави мигови во љубовта и да го збогати својот интимен живот. Колку и да сакаме ние да им надоместиме и пружиме се, никој од нас не може да им го надомести тој дел кој секону е потребен без оглед на годините.
    Многу деца се скептични и љубоморни на своите родители и оркако ќе почине еден од родителите или се разведат ѓи осудуваат на вечна самотија, јас напротив сакам таа да биде среќна а сигурно дека нема да е потполно среќна без тој интимен дел ма да колку ние да се трусиме. Ако бараме од своите родители да бидат сами добро е ако ние се ставиме себеси во таква ситуација и како ние би се чувствувале тие да го побараат тоа од нас.
    Најголемиот страв на децата е дека ете некој од страна ќе им земе нешто што им припаѓа ним, но и тоа може да се реши со правни средства и да луѓето непречено уживаат во својот животот.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  4. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    267
    За ова треба ти да разграничиш. Да и дадеш до знење дека одлуките сега ги донесувате ти и сопругот.
    Често родителите се обидуваат да го наметнат своето мислење свесно или потсвесно, но се зависи како ти ќе се поставиш. Ако ти дозволиш таа да ти ги наметне своите мислења, и тоа како ќе влијае на твојот брак.
    Уште еден битен фактор е тоа како твојот иден сопруг ќе реагира на оваа ситуација. Сепак на твојата мајка (затоа што е сама нели) ќе и биде потребна вашата помош, па ако твојот сопруг не е тој тип - ќе имаш проблеми во бракот. Ако става на мерило па утре да ти препукува за тоа колку сте и помогнале на мајка ти и сл.
    Пр. Сопругот мој кога и да побарале помош моите не направил проблем, помогнал колку можел, или ако јас отидам да и помогнам на мама не ми рекол еее зошто одиш ете нека и помогни сестра ти и сл. Ама кога ќе дојде момент моите да кажуваат како да постапиме со нашето дете тогаш јасно им кажува (али најчесто тоа го правам јас за да не дојде до замерки меѓу нив) дека тоа е наше дете и ние одлучуваме. Зошто обично имаат навика да кажат не му давај сладолед, облечи му чорапи - оти нив му студи :lol: и такви други работи.
     
  5. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    @merida се согласувам со тебе освен во делот на сопругот, ми зазвуче малку како да си му благодарна што ете ти дозволува да се грижиш за мајка ти, што според мене е понижувачки.
    Понижувачки во смисла што ти очекуваш одобрение од него и фактички свесно или не свесно се ставаш себе во подредена позиција. Велиш како ќе ти се погоди партнерот? А што има да ми се погоди или не тоа за кое дискутираме е едно од основните човекови права и се што отстапува од тоа е неприфатливо. Замисли да чекаш одобрение од сопругот за да се грижиш за сооственото дете или да и помогнеш на сестра ти.
    Ќе речеш има и такви кои не дозволуваат. Но тоа не е мој проблем туку е проблем на тие жени кои прифатиле да живеат во таков брак каде ќе имаат подредена положба. Јас знам и жени кои до продавница да отидат не само што бараат дозвола туку и пари од својот партнер па дури и кусурот од неколку денарчиња му го враќаат, но ни на крај памет не ми е да помислам дека тоа е нормално или да ну бидам благодарна на сопругот затоа што јас не морам тоа да го правам.
    Јас сум девојка која секогаш се стреми кон повисоки стандарди а не да бидам благодарна затоа што ѓи уживам основните човекови права.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  6. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    267
    Струмка пишав дека мене никогаш не ми рекол :!: погрешно си сфатила. Сакав да доловам момент дека има некои што го велат тоа. Велиш што има да ми се погди - има, зошто во спротивно ти ќе имаш проблеми во бракот. Јесте дека тоа е твое право ама како што кажуваш има и такви на кои тоа му пречи па така настануваат и кавгите во бракот.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.830
    Секој има свој живот. Ако мајката и таткото ве создале, не ве создале за да ги дружите на стари години, не за да ги перете, чистите, да се занимавате со нив. Ве родиле од љубов, ви ја дале сета љубов што ја имале и на крај, треба да ве пуштат слободно да летате во животот. Не треба да враќате ништо, не им должите ништо, треба само да ги сакате. Во ред е гриижата за нив, или грижата на совест, ако не сте со нив, но и вие имате ваш живот.

    Ќе создадете и нов живот, кој ќе го сакате повеќе од мајка ви, 100%. Тој нов живот ќе го сакате повеќе од се и од сите и би биле луди ако му наштетите на тој живот за да бидете со мајка ви. Да си го уништите семејството со сопругот, заради тоа што мајка ви ви е побитна од семејството кое сте го создале со него.

    Ако животот го посветите на мајката, нема да имате друг живот. Кога вие ќе бидете на нејзини години, нема да имате во кој да гледате, како што има таа сега.

    Затоа, се во свое време. Кога ќе е време за нов живот, со сопруг и деца, старото семјество веќе нема место тука. На маката помош во секое време, ама не и дружба секојдневна, удоволување секојдневно и знамерување на детето и мажот заради мајката.

    Не е ништо лошо ако има нов партнер мајката, не знам оти толку срипавте на таа тема, низ цел свет е сосема во ред по смртта на сопругот да се најде нов партнер, само кај нас жената кој не му правела метании 3 години по погреб на мажот и има нов маж, е растурена жена. Можеби и навистина не сака нов маж, и сосема е нормално тоа. Ама може да има пријателка, сестра, брат, комшика, пензионерски клуб, во последно време пензионериве дома не се прибрани, и со нив да ги минува деновите. Викендите со внучето и тоа е тоа. Можеби и ке се изненадите колку многу ќе се промени животот кога ќе бидат сами - ќе си најдат друга занимација. Никој не е должен да си го уништи животот за да врати долг кон родителите. Тоа е џабе живот даден од нив. Сигурно не сакале родителите да ве создадат за да им бидете слуги, туку да имате убав живот. И имајте го.

    Посветете им време и помош на мајката/таткото, ама не и животот.
     
    На SummerGirl, tambelina, vitamina и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Додека беше татко ми жив се беше поинаку.
    Како самохрана мајка со девојче од веќе 16 години најдов некој баланс помеѓу детето и сегашниот партнер.
    Во последно време мајка ми ме злоупотрбува, едноставно не ме остава да живеам.
    Стана многу себична, сака постојано да сме покрај неа и чувтвувам дека се што градев последниве години почнува да се руши.
    3 месеци постојано се жали на некоја болест, а поздрава од мене е. Ќерка ми е исто врзана за неа и помага додека јас сум на работа во домашните работи кои што се помалку ги работи скоро ич, изигрува болен Дојчин.

    Верувајте дека е многу тешко, брат ми не го интересира толку има семејство, а јас!?
    Не ‘не ја чувтвувам како обврска туку како терет, затоа вие погоре што пишувате, а не сте искусиле не го осудувајте родителот на самотија ако останал сам. Секому му е потребна љубов, внимание па дури и телесна љубов на помлади години. Секој колку е постар толку станува посебичен (зборувам за тие што не се во брак или од било која причина останале сами со деца) и сака сопственото дете да го врзе за себе не рачунајќи дека му е терет и дека тоа дете има свој личен живот.

    Пример: Синоќа и велам ќе појдам до кај партнерот, а таа јас уште не зината ме прашува во колку часот ќе си дојдам.:envy: Алоооооооооооооо имам 47 години не сум дете од 16 па да ме прашуваш.
    Тешко е верувајте колку и да не сакам пак чувствувам некоја грижа на совест да не и се случи нешто додека ме нема (таа ми го наметна тоа чувство).
    Со ќерка ми немам проблем, од малечка ја научив да биде самостална и да се бори низ животот.
    Го има прифатено партнерот и често ми вели: Појди мамо колку време не си била...................................
    На крајот секој си знае за себе јас си го кажав своето.
     
    На spacegirl92, tambelina, Luna91 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Skros se soglasuvam so tebe Daleron;)
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    @Daleron извини ама не се СИТЕ такви. Баба ми многу сака да е сама, а не ја оставаат сама. На неа па и е потребно да се одалечи.
    Тетка ми го обезбеди братучед ми со стан зошто сака да е сама.
     
  11. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Kolku za uteha, tvojov primer e i dobar.
    Se sobravme poveke luge kaj edni priateli. Edna majka na priatelka, se javi 4 pati na telefon da i kaze da si dojde doma oti odamna bilo stemneto, a veke bilo 9 trebalo da si legne.
    Priatelkava prvo ja ubeduvase deka rano se stemnuva (okolu 4:30 ), ne e tolku kasno, za na kraj da se spremi i da si odi.
    Od druga strana majka mi e sama i nemame problemi.
    Site stari se razlicni, no deka e griza na sovest e.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Сметам дека сите ние во себе ја имаме таа должност и обврска кон родителите. Најнормално е да се помогне колку што треба и се може бидејки пред се тие луѓе се наши родители кои не израснале и се треселе во секој можен момент за нас.

    Мајка е мајка.

    НО, сметам дека за се постои некаква граница и лимит до каде се може и не се може, некогаш родителите свесно или несвесно многу оптеретуваат и напнуваат со работи кои и не се баш во склопот на помагање и подршка.
    Различните генерации и времиња си го прават своето, но сепак и ние треба да сме оставени раат и без непотребности и глупости од нивна страна.
    Се помага, се подржува онолку колку е потребно во склоп на животната нормала, но ако постојано претискаат и се вмешуваат од сите можни дадени страни е тогаш и јас би малку поинаку со разговор и посочување до каде се смее а до каде не.

    Сепак и ние си имаме свои обврски, турболенции и задачи со кои животариме секојдневно, сепак ние сме оние кои се во цутот на животот и треба да се мачиме за да успееме во било што во истиот, постарите како постари си го проживеале и надминале своето, се труделе создавале, живееле, се мачеле и се смееле.

    Нормално е дека пред се ќе ги почитуваме и ќе им помагаме колку можеме но сепак ние сме тие кои треба да си погледнеме малку повеќе и во нашиот живот и проблеми и да успееме да постигнеме помалку или повеќе од нив, бидејки животот е лоза која постојано се шири и разгранува и од нас самите зависи дали лозата ќе биде одгледувана, чувана и третирана на полош или поубав начин, дали сепак ќе остане на цути и разгранува или пак ќе овене.
     
    На toogood, Outlook и Daleron им се допаѓа ова.