Давидовата ѕвезда доби нов формат. Во меѓувреме денеска Телеграф УК со инфо дека Британија нема да воведува диг.пропусници. Имунитетот ни природен ни вештачки (вакциниран)не знаат колку трае. Така да тоа 6 месеци е чисто политичка глупоштина исто како и пасошиве за кои се залагаш.
Дај Бриџо не заебавај, паметна си ти. Мислам јасно е дека здравјето на луѓето е у втор план стаено, на прво место е профитот и фаворизирање на одредени работи. Капитализам јебига
Ај другпат вас ќе ве прашаат кои да бидат правилата. Секоја држава си има правила и нема вас како ќе во текне. Пред да тргнеш да патуваш читаш какви се правилата и тоа е тоа. Истите правила се и за мене и за сите во Европа, и јас ако се појавам со тест со антитела и ковид тест позитивен постар од 6 месеци и мене ќе ме вратат. Само јас воопшто нема да тргнам пошто знам дека правила се правила. Смешни сте искрено. Дискриминација е кога ти ги исполнуваш нивните услови што ги бараат ама не те пуштаат. Не е дискриминација кога не те пуштаат заради твои измислени правила.
Нека не патува во Хрватска, нека оди во Сан Марино. Мислам сите го јадеме стапот од нивните политики ама ај ќе се праиме дека се ок и ќе ќутиме. И јас сакам да седнам во ресторан на отворено, ама специјален тест за да седам на отворено стварно не ми е интересно да праам. Или нека ги затворат рестораните или нека не ги дупат, да работат за зијан. Или рестораните нека си направат протисок, еве не знам. Јас ќе седам на клупа на отворено, од принцип. Принципот ми е ок, ама не го решава проблемот. Антимонополска ЕУ протежира монопол на вакцини, монопол на тестови а набрзо и монопол на многу индустриски гранки, јер се што ќе обезвредниш, после евтино ќе си го купиш. Инаку маџарскиот Спутник не знам дали не го признаваат, да не е некоја сложена комбинација на дискриминација?
Јас не лежам на тоа уво дека иднината е сигурна и кај нас а и секаде околу светот се игра прљаво и муљаво и нејасно , највеќе ми боде очи во ситуацијава како што некој напиша-не не не задолжително никако само нема ова она за невакцимирани не е дискриминација мајке им иако логика,наука нема нигде на видик како ни заштита и безбедност не се лажете само желба и желба за моќ и контрола баш се заиграа и оп преку ноќ нови правила без дискусија и согласност а народ апатичен исплашен дезинформиран не знае ни кај се наоѓа ни што се дешава.Да,да вип пропусници будалчиња едни.
Па вакцини не можеш да бираш кај нас. Не е он крив што морал со спутник. Зашто не ја признаваат? Не е ефикасна? Или зашто така им прднало? Нели било која вакцина е подобра од ниедна?
Ова.Него убаво што се спомна оф-грид се попримамливо ми изгледа таа идеја како лудилово се зголемува.
Ке плати тест,и тоа е,малтретирање на здрави луѓе. Со тој европски монопол на вакцини и тестови,го отфлија природниот имунитет на прележаните. Не постои за нив повеке природен имунитет кој пак има поголема ширина од тој на вакциниран човек. Никаква елементарна логика нема антитела да не признаваат,кога се тие толку сигурна потврда. Не ги признаваат за грин ни брзите тестови,луѓе што прележале потврдени со брз тест без пцр нема да имаат грин пас. А од друга страна позитивен ПЦр кај човек кај кој се задржале некои фрагменти од вирусот во носот, а не предизвикал болест, се признава,тој нема да има заштита,ке се разболи,ке шири, е за него ке има грин пас. Имам другарка помина лошо ковид во септември,во март добива резултат со преку 200 игг реф.вредн.над 1.работи во Телеком,нив ги носеа во Србија на вакцина.Не се вакцинираше,така и советуваа лекари,нема потреба пред зима да се вакцинира,има имунитет. Зошто таа да не е безбедна да шета низ ЕУ? затоа што фашистичка Еу решила Пцр от да биде валиден 180 дена,без никакво покритие.
Информации од денес https://www.radiomof.mk/najavenite-zeleni-kovid-pasoshi-zastanati-na-crveno/ Во првичните најави за зелените КОВИД пасоши, министерот најави дека сертификатот кој ќе го издаваат властите е усогласен со критериумите на европскиот зелен пасош, односно дека домашната апликација ќе биде многу слична со европската. https://www.slobodenpecat.mk/avstrija-od-4-juni-voveduva-zeleni-pasoshi/ Од 19 мај, сертификати за вакцинација, тестови и оздравени по ковид-19 ќе важат во Австрија како дозволи за прием во угостителски, културни, спортски и хотели. На ниво на Европската унија, „зелениот пасош” се очекува да биде воведен кон крајот на јуни, според ДПА.
Европската Унија од денеска воведе систем за проверка на дигиталните пасоши за Ковид-19 што ќе се користат за патувања во рамките на ЕУ и тие ќе стапат во сила од 1 јули. Иако регулативата за употреба на дигитални сертификати како средство за враќање на слободното движење во ЕУ ќе стапи во сила на 1 јули, седум земји членки – Бугарија, Чешка, Данска, Германија, Грција, Хрватска и Полска, веќе одлучија да му се приклучат на системот и почнаа со издавање на првите ЕУ-сертификати. Сертификатите ќе бидат достапни за луѓето што примиле две дози вакцина, имаат негативен тест или прележале Ковид-19. Условите ќе варираат бидејќи одлуките се носат на национално, а не на ниво на ЕУ. Паралелно со ова Комисијата ќе продолжи да обезбедува техничка и финансиска поддршка на земјите членки за да се поврзат со заеднички систем. Брисел најавува почеток на преговори со трети земји за меѓусебно признавање на сертификатите за дигитална вакцинација со цел да им се олесни патувањето на граѓаните летово. Препораката на Европската комисија е дека до моментот на постигнување договор за заемно признавање на сертификатите земјите членки прифаќаат валидни документи за вакцинација на државјани на трети земји. Се препорачува да се прифатат сите вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (на „Фајзер“, „Астра зенека“, „Модерна“ и на „Џонсон и Џонсон“), како и оние одобрени од СЗО за итна употреба (на „Синофарм“), а за тоа индивидуално одлучуваат земјите членки. Носителот на сертификатот за вакцинација мора да ги примил сите препорачани дози од вакцината најмалку 14 дена пред патувањето, објаснуваат надлежните. ©Makfax.com.mk
Пак нејасно и се заобиколува целосно објаснување ноншалантно за какви еу стандарди се работи овде, дали ќе се користат овие "пропусници" за македонски граѓани само при патување во еу земји и влез во објекти во тие земји или и објекти и во Македонија чекаме да се изјасни Св.Филипче https://www.dw.com/mk/европските-ковид-пасоши-влегуваат-во-сила-од-1-јули/a-57625126
Филипче не знае нови вакцини кога ќе има, па за грин пасот ќе знае Чекај аут сме ние секако од светот
Во Хрватска уште првиот ден проблеми,ЕУ ги заборавиле во препораките за грин пас прележаните на кои им била препорачана една доза. Тие што прележале им било сугерирано една доза,како во Хрватска така и во други европски држави. На таа темапроф.др.имунолог проф.др Тробоњача
Затоа што се е политика. Целата пандемија е искористена максимално за политички цели. The Great Reset треба да е круната на сето ова. И после ќе кажат пак дека вирусот излегол од чорбата од лилјак на некој Кинез.
Oд Министерството за здравство соопштија дека мрежата CommonTrust и Светски економски форум, во рамки на проектот „The Commons Project“ ja создале апликацијата CommonPass, со цел воспоставување на интероперабилна платформа за заемно признавање на вакциналните потврди и лабораториските тестови за Ковид-19 меѓу државите. Министерството за здравство се приклучува кон мрежата и, како што појаснуваат од оваа институција, со овој чекор, на македонските граѓани ќе им се зголемат можностите за добивање на дигитален здравствен сертификат во согласност со глобалниот стандард Smart Health Card. https://commonpass.mk/mk