Ова е различно од тоа што Хрватска официјално го има кажано. Вакцинирани со било која вакцина би требало да поминат. И ПЦР тест би требало да помине. Или ако немале потврда за вакцина со QR код и тестот ако не бил на англиски. Јас Хрватска ја меркав за одмор, а тие уште во Март најавија дека ќе ги примаат сите вакцинирани (без разлика на вид на вакцина). Еве пак пред три дена потенцираат дека сите вакцини ги признаваат: Udovičić: Hrvatska za ulazak turista priznaje baš sva cjepiva protiv korone - N1 (n1info.com). Баш заради туризам и баш заради тоа што Русите како туиристи трошат прилично пари секаде каде што одат. Ај ако можеш објасни повеќе зошто имале проблем. Зошто ниту еден документ не бил признаен што бил издаден кај нас.
Кај нас во Хрватска амбасада не беа сигурни, беше речено дека неофицијално ке го пуштат со Спутник,плус имаше потврда за службено патување,вчера на граница не ги пуштат,немале известување дека со СПутник можат да пуштаат. ПЦР от му поминал рокот ,постар од 180 дена. Направи нов тест. Не знам што ке биде,и ние планираме Хрватска,мислам дека кога ке почне сезона се живо ке пуштат ко и лани.Мора да спасуваат сезона.
Ова е дефиниција за непочитување правила. Дискриминација е кога земјата системски и систематски измислува правила кои една или повеќе групи однапред се знае дека нема да можат да ги исполнат. Поврзано со хегемонија имаш дискриминација на цели земји. И џабе СЗО предупредува да не се користат КОВИД пасоши се додека не се постигне вакцинација секаде затоа што нема да има ефект. Битно политички некој да поентира. Научно уште ништо нема потврдено. Еве по најново истражување се сугерира доживотен имунитет https://www.nytimes.com/2021/05/26/health/coronavirus-immunity-vaccines.html. Ама тоа не е влезено во КОВИД пасош.
Што би кога е се регуларно и демократски и основано на факти и наука. Он анодер њуз и малце оф луѓе приметуваат интересни нус појави во врска со вакцините и факт чекерите се тука да ве уверат како очите ве лажат.Вистина ова, има кај нас некој да потврди?Не ширам теории на завера озбилно прашувам,првпат слушам за ова што е ова?
Не знам дали Европа не ги признава Руската и Кинеските вакцини затоа што не сака Руси и Кинези да доаѓаат во Европа или сака да ја форсира само својата вакцина. Упс, Европа нема своја вакцина. И не можеш да знаеш дали е заради политика или едноставно не исполнуваат комплетно стандарди, квалитет, процедури и документација кои се потребни. Исто како за лек, некаде поминуваат стандарди и регулатива, некаде не. Не може да признае вакцина или лек затоа што твојата држава ја набавила и ти сега се осеќаш дискриминирано. За друга "дискриминација" јас не знам, освен тестовите за антитела за кои никој никаде не се тестира туку веројатно е некаква мода во Мк и никој никаде не бара потврда за антитела. Значи измислено ваше правило. Друго што беше? Прележан повеќе од 6 месеци? Која таргет група е таа? Или ај да поврзиме комплет па може ќе решиме мистерија. Значи прележани над 6 месеци, вакцинирани со Кинеска или Руска, оние кои ради би се тестирале за антитела наместо дали се позитивни или не... хммм, не знам? Која држава има граѓани кои ги исполнуваат овие услови и не можат ништо да направат за да поминат граница? Ниту една. Ако не си прележан или си вакциниран со моментално неодобрена вакцина од Европа, секогаш може да направиш тест и ќе поминеш слободно. Буквално секој има опција. Значи?
За феноменот... Го чув ова пред некое време, и видов клипчиња од наши луѓе што се снимиле со париче на рака. Некои користеле и спојувалки или батерии за рачен саат. Ме копкаше и пробав на свекрва ми која во тој момент беше ревакцинирана пред 2 недели. Си го најде точното место на убодот (го шеташе паричето по рака во некој радиус) и оп! Двединарчето си стоеше залепено на рака . Ја снимив "драмата" со мобилен, објаснување немам. Можеби електрицитет, пот, откајзнам шочудое.
Сакав да пробам чисто од зезанција, маж ми ми упати еден таков поглед од кој се засрамив, па му се налутив зошто помислува дека сум глупа, се скаравме и толку Спојлер Ќе чекам да заспие па да пробам
Трг у тоалет ќе чекаш до вечер будалче и не заборавај паричка Мислам само фајзер се спомнува нема руска и кинеска у уса незнам за нив ајде фемина magnet challenge бриџет take the lead не знам што смајли да убацам адекватно за ситуацијава.
Како Европа нема своја вакцина Па Бионтех Мајнц е изумителот на Фајзер со америчка подршка . Фајзер е германско-америчка вакцина. Во Марбург е погонот за производство.