Каков е уствари тој ковид пасош или како и да се вика? Јас добив сертификат од матичен декс сум вакцинирана со две дози, на листот има таков QR code. Тоа ли е тоа? Ми рекоа со тоа можам да патувам. Или не ? Не сум информирана баш.
Мислам да. Интересна дискусија.Значи врти сучи се се сведува на ова-ако се верува во функционалноста и заштитата на вакцините кој е тогаш проблемот вакцинирани и заштитени да се движат меѓу невакцинирани,доколку се иде на тоа дека сеуште не е сигурна заштитата и функционалноста на вакцините од примање/ширење инфекција која е логиката вакцинираните да имаат привилегии наспроти невакцинирани кога и двата случаи можат да примаат и шират инфекција.Нема логика и наука што иде у прилог на потреба од потврди/ пропусници вака или така Само да видиме до каде е народ спремен да трпи нелогичности.Иначе и за кај нас се спомнуваше некоја тужба колективна има некој повеќе инфо околу ова и до каде е?
Кај нас не верувам да бараат било што за влез во државата, за што би имало тужба? Или ЕУ мислиш да ја тужат
За се што е правено во текот на оваа година и пол злоупотреба на моќ и кршење на човекови права под изговор на заштита а воедно и загрозување (физичко и психичко) здравје,уништување бизниси и приходи и сл.Тужбава се спомнуваше уште пред грин пасот и да влезе "официјално" во игра . На ова мислам. Исто како и во израел мислам се направи народна партија која што беше вокална за време на овие неколку месеци за кршењето на човечки права за време на воведувањето и додека важеше грин пасот мислам и дека они имаат врска со колективна тужба што ја спомна @Cosmi ако не се лажам имаш повеќе инфо околу ова?
Мое мислење е дека овие работи сите се без врска. За влез во држави прво ПЦР негативен тест бараа. Но и тоа не беше 100% сигурно. На граница давав негативен ПЦР па полиција дома ми доаѓаа секој ден да проверат дали сум во карантин тие 14 дена. Мислам глупости тешки. Сега па со тие грин пас или ковид пасоши не сфаќам што е поентата? Изгледа целта е што повеќе луѓе да се вакцинираат..
А да се информираш малку повеќе пред а пишуваш може. Европа сопствените грагаѓани ги двои и им кажува кој каде може слободно да патува, каде не може (односно мора да оди во карантин ако бил во земја А, ама не ако бил во земја Б). Пишуваа членки дека за Македонија мора да се оди во карантин во некои земји за ЕУ земјите не мора. И така низ ЕУ прво си ги шират новите соеви и варијатни. Потоа доаѓаат на Балканот, ама тоа ич не е битно. Од каде на пример Индиски сој во Хрватска кога Хрватска нема директен лет со Индија (па од таму да дојде), има Ковид пасош воведено, има прилично затворени граници за Балкан. Не е воедначен третманот. И не се базира на бројки туку на нешто друго. Инаку СЗО до сега ги има признаено двете кинески вакцини што се користат. Не ќе да е до квалитет работава. До нешто друго е. И да Европа има неколку свои вакцини. Астра Зенека се произведува во Белгија и Италија. Фајзер-Бионтек е разивена во Германија делумно (нели во соработка со УСА). Јансен е делумно Европска. Само што од правење паметни останаа со мањак вакцини. Читај Британија не им дваше дози Астра Зенека заради политички причини (Брегзит), УСА го монополизираше Фајзер на почеток исто заради политика (да се покаже дека може), ЕУ остана со прстот во уста. Па сега се прават силни отпосле. А вакциналните статистики не им се сјајни (во споредба со другите пример Британија, САД, Израел). Имаат и земји во ЕУ со мала стапка на вакцинација (читај Бугарија) кои имаат право слободно да се движат низ ЕУ (запшто секогаш треба ефтина работна сила). Така што ова не е нит заштита на здравје нит ништо. Политика е сакал ти да го согледапш тоа или не.
Оти нема никој да мора да им плаќа за хоспитализација, ако се разболат. Ете, затоа. Ни нивната држава, ни државата во која би престојувале.
Трети земји, шенген виза, на лотарија ги бираа кои ќе бидат а кои не? Мито, корупција, фалсификати... еден куп со фалш дипломи заминаа да работат па ги испофаќаа. Видоа во пракса дека ништо не знаат. И сега сакаш да ти веруваат дека тестовите со кои ја минеш државата се валидни? Не ти веруваат и тоа е тоа, имаат причина. Можеби затоа, не знам. Ама знам дека само некои држави имаат воведено карантин, не е по директива на Еу и со секој изминат ден се олабавуваат мерки.
Скандали со диплома еве (и не прв): University strips German Education Minister of doctorate | News | DW | 05.02.2013. Тестови скандали еве: COVID mismanagement: German government under fire | Germany| News and in-depth reporting from Berlin and beyond | DW | 31.05.2021
Кај нас уште не им текнало. https://www.dw.com/mk/пасош-вакцина-вакцинација-потврда-документ-фалсификат-германија/a-57496001
Не знам на што ти се однесуваше ова . Голем број е скептичен за лечење со хоспитализација (за респираторите и нивната употреба зборуваа и лекари на национални телевизии)и одбира домашно лечење ипак е ова вирус со преку 90% шанси за оздравување со исклучок на оние со намален имунитет постарите и хроничните кај кои шансите се намалуваат .Еве еден пример За потсета кај нас еден период оние што се лечеа во болници беа "штитени " од своите најблиски и посета со војска
Најде пример од 2013 година, браво. Барем ја фатиле и ја санкционирале. Во твојата држава како стојат со фаќање, казни и бркање?
Абе пред 3 дена излезе нова афера, којзнае ти какви вести следиш. https://apnews.com/article/europe-education-government-and-politics-a42615eb9978102569ec32039ca33248 Да не се праиме наивни, сите се цвечки Еве што е проблемот- најнови вести, од сабајле Германскиот министер за здравство Јенс Шпан опстојува на тврдењето дека патувањата во посета на роднини на Балканот и во Турција минатото лето го иницираа вториот ковид-бран во Германија. .. ...Според неговите зборови, имало периоди кога „околу 50 отсто“ од новите зарази со коронавирусот во Германија всушност биле увезени, и тука Шпан особено го спомена заминувањето на луѓето кои живеат и работат во Германија, а имаат семејства на Балканот и во Турција. Овие зарази, како што рече, придонесле до избувнувањето на вториот голем бран на заразувања во Германија. https://libertas.mk/ba-kata-na-ministerot-shpan-balkancite-im-go-donesoa-virusot-na-germancite/ Ја мислам, има основ и да тужи