Па Шпан да ја тужи бившата отоманска империја, јер тој е патернот- балканци и турци. Тие од Хрватска- не, таму се оди на летовање, туристите не носат корона. Едит, едит, само западен балкан- не сметајќи ги Шпанија и Хрватска, во останатите земји Германците не одат масовно на одмор, па може да се претпостави дека во прашање се луѓе кои живеат во Германија, а потекнуваат од Западен Балкан.
Фашистичка крв тоа е. Ги обвинува нашите за вториот бран, тие ќе бидат криви и на есен. Нормално,тие не се Германци ниту некогаш ќе бидат.
Да не беше за вас лично проблем... односно, да не сакавте да патувате летово, ич немаше да ви биди гајле. 'Правата' почнуваат и завршуваат со личниот интерес. Апро-по, не е 'борба за права'.
По ревакцинацијата, за сертификатот не мора кај матичната да одите (така мене на пунктот ми кажааа, дека треба кај неа да одам), туку може да го симнете од https://vakcinacija.mk/ кога ќе се најавите со ЕМБГ.
Јас пробав вака, пишуваше генерирај сертификат, па после преземи сертификат и ни се спушти ништо. Сега кога се најавувам само ми пишува успешна најава и толку, а претходно што имаше мои податоци и која вакцина сум ја примила, ништо нема. Некој што е повеќе запознаен, зошто вака стои? Не знам што е проблемот.
Кај виде ти борба за права? Има универзални човекови права и принцип на недискриминација, кои се пер се, пред да стигнеме до вашите омилени права на посебни групи. Не знам за другите, ама мене не ми треба да бидам сурогат во Украина, за да знам дека не е во ред, иако не сум засегната. А со ова сите сме засегнати, на толку многу нивоа, што не можеш ни да си претставиш. Да ти нацртам- ова отвора врата на пример за ексклузивна здравствена заштита, јер ти си им многу ризичен пациент, и здравственото осигурување одбива да те осигура. Невакциниран си-висок ризик, пушач си-висок ризик, бми толку- висок ризик, додајпожелба- висок ризик. И замисли, не ги интересира дали си геј црна жена. Грин пас-буквално еве ти код кој те дефинира како безбеден. Дали си стварно безбеден не е сигурно, а како си безбеден со АЗ а не со Спутник, не знам. И најпосле се сведува на чиста политичко-економска манипулација, ако сакам да ми идат Руси, прифаќам Спутник, ако не-не.
Ама како отвора врата за бми не ми е јасно, висок бми не е заразна болест. Јас лично еве не ни имам став дали сум за и против, ама тотално нелогично ми е тоа што се претставува како крај на светот да дошол и се споредува со холокауст. Заразна болест е и не знам каква врска има со бми. И тест за туберкулоза бараат ако одиш од Африка од земја каде е активна во поразвиена земја со години и години наназад. Се согласувам дека треба да ги признаат сите вакцини пример, ама споредба со бми нема никаква смисла ниту пак ова отвора таква врата ова. Ова веќе постои, само не е за корона и не се вика грин пас. За една обична дообука од 1 месец ми барале општ и гинеколошки преглед, па ако веќе постои некаква врата, таа е отворена пред едно 10тина години. Не знам стварно, дали само мене 1000 услови ми барале и досега за да живеам, уште повеќе да работам негде, ама грин пас е мачја кашлица за сѐ што сум морала да дадам како отчет. Пример отчет за сите трансакции од последни 6 месеци од банка за да добиеш и само туристичка виза во некои земји, пред 3-4 години ова за UK. Настрана сите други работи што ми ги бараа. Не знам стварно, се осеќам кога ве читам на темава како само мене да ми барале 100 ствари за да одам некаде. Да сакаат да не им идат само Руси и само Балканци, и без грин пасот ќе ги решат. Може дека немам бугарски пасош, ама ете ви кажувам ако имаш само македонски пасош не е така едноставно секаде да те пречекаат со раширени раце. Ова што го зборите постои многу наназад. Едит: Дискриминација или не не знам, со оглед на тоа кои штеточини сме ние од Балкан генерално, и јас да сум развиена земја ќе се прашам кого примам. Да бевме салам народ, немаше сите да бегаме од тука и да се селиме таму кај што има правила. Во спротивно, може да се вратиме/вратите во Македонија, тука нема никакви ограничувања И ве молам да не глумиме навредени, оти стварно не не бива тука на Балканот. Јас едвај чекам патот да си го фатам, а сигурна сум дека и тие што се отселени немаат намера да се враќаат тука од што е убаво. На крај краева, секоја земја која е суверена има право да одлучи кој влегува во таа земја, а не е државјанин.
Абе шознам, онака лупнав бми, едно време нешто имаше со авионите и бми. Првпат слушам за гинеколошки преглед, нешто сомнителна си била, мене едино кеш ми барале за странство и чист криминал рекорд за некои формални работи. Може сомнителна си била нешто, многу си зелена и големи ти се очите Лани беше многу позаразна болест, па ни тестови немаше. Догодина ќе видиме што ќе измислат.
Лани немаше карантини? Не знам во која земја како, ама сите што ги познавам седеа 2 недели после враќање од МК во карантин. Тоа мене лично ми звучи како полоша опција отколку тест или прележаност/вакцина. Иначе може сум сомнителна, којзнае, може вака со светли очи на Русинка ги потсеќам па неќат да ме примат Шта ќеш. Али сепак мислам, до пасошот ќе да е
Ќе да е до папирите нешто. Од оваа страна на шенгенот, освен добар ден на граница што ни кажаа, ништо немаше. Имаше нешто зони, жолти, розеви, мижи асан да ти баам. И сега има зони, бтв... Ја гледам сега листата со црвени земји, пак се само 3 и пол зелени, сите мориња освен Италијанското и Малтешкото се црвени Појма немам за што ми е ковид пас.
За разлика од западноевропската демократија. https://greatgameindia.com/ban-vaccine-passports-mandatory-vaccination/ @Celltica Работата е зошто човек уредно вакциниран со спутник да нема право да се движи слободно? зошто човек прележан со високи антитела над 10 да не може да се движи слободно? односно не се признава неговиот имунитет ,а се признава вештачки имунитет кој нема ширина ко природниот и ке трае пократко.
Кажав за тоа, и јас сум за да нема разлика во вакцини кои се одобрени за масовно користење. Ама споредба со холокауст, мислам се надевам само хипербола е.
Зошто упорно и упорно ги поставуваш овие прашања на форумот? Постојано нешто читаш, линкови постираш, читни и зошто не прифаќаат антитела, толку е тешко?
Еве не знам. Пошто се лутат оти читам странски, денес само локални информации Вирусологот Глишиќ вели дека „од самиот почеток, таа е поборник на старите класични вакцини, од целиот вирус“ и верува дека и тие ќе обезбедат заштита од мутантот „ковид-19“. „Мислам дека овие вакцини ќе ве штитат најмногу од мутации затоа што тие даваат целосен состав на вирусот на кој телото создава одбрана. Бидете внимателни, ние мериме само еден или два вида антитела, има неколку видови на одбрана најважни се неутрализирачките антитела, тие не работат. А, моето искуство е дека овие неутрализирачки антитела се појавуваат од првиот ден и сигурно е дека пациентите, односно оние кои прележале имаат посилен имунитет од вакцинираните, иако вакцините се извонредно дизајнирани и даде извонреден резултат“.
Зошто мислиш не сум прочитала?Неприфакање на антитела нема никаква логика.Разговарај со некој специјалист доктор па врати се ке збориме. Не се работите црно бели па ај што има врска овој има 2000 антитела нека се вакцинира ради пасош. Има луѓе со многу високи и им е забрането од имунолози да примат 2 доза. Конкретно вработен во наша лаб.прележан + вакц.има 4500 антитела. Строго му забранија да се вакцинира со 2 доза. Тој ке нема право на зелен пасош,во ред е? треба да се боцне и да направи бура во организмот за да може да добие пасош? Ти би се боцнала на негово место?
Кога се тестирал за антитела, колку време после вакцинација? И кога прележал? Некаде имаше за прележани да е доволна една доза. Пошто не сум прележала не сум се заинтересирала доволно и не знам дали се прифаќа во грин пасот. Пошто сите прележани немале ист тек на болеста и кај едни се развиваат повеќе антитела од други, можеби затоа не се зема во предвид. Ќе прочитам која е штетата од вишок антитела Луѓе имаше на тв што примиле 3 или 4 вакцини па се збореше како го изиграле системот или грешка на медицинскиот персонал, за здравјето нивно ништо не спомнаа.
Декември,после првата доза во април искочија превисоки антитела,претходно имаше ама не толку многу,тројца го советуваа да не прими втора доза и не прими. Над 10 антитела е веќе солидна заштита. Не создава секој организам исто,но не треба и да се активира и да бустира без потреба. Како пилот програм во Хрватска,денеска на зелените пропусници реагира здружението на семејни лекари кои ги водеа болните од ковид. Многу недостатоци за кои веќе зборевме. Ако сакаме да се залажуваме дека се во ред,ок. Ама дека во старт имаат многу нелогичности имаат. Исто ќе биде секаде. Има најава дека Астра Зенека ќе се тргне од листа безбедни вакцини,што ќе биде со луѓето кои веќе се вакцинирани со АЗ. И тие ли ќе бидат дискриминирани?
Логистички било комплицирано да се прават вакцинални исклучоци за тие со природен имунитет https://www.bmj.com/content/372/bmj.n308