Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грин-пас/ковид пасоши

Дискусија во 'Коронавирус' започната од INNERBEAUTY, 29 мај 2021.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Се вакцинирал после 4 месеци, препораките се дека после прележување си заштитен 6 месеци или имаше за само една доза после прележаност. Можело да почека пред да се вакцинира а можел и да патува ако сака со прележаност, не ми е јасно како бил дискриминиран. Сега е Јуни, вредностите сигурно не се исти.
    Каде е најавата дека Астра Зенека ќе се укинува?
    Дури и да е така, нема да биде заради недоволна заштита туку заради сајд ефектс (поточно политика), што нема логика да не можат да патуваат тие што веќе ја примиле.
     
    Последна измена: 5 јуни 2021
    На senjorita-v и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.843
    Пол:
    Женски
    Препораките се дека можеш да се вакцинираш 1 месец после прележување односно исчезнување на сите симптоми.
    Со прележаност неможеш да патуваш ако си бил болен во декември.
    Пцр от тогаш не важи.
    Кај нас се даваат две дози на прележани.
    Не можеш да патуваш и ако си бил тестиран позитивен со брз тест,без пцр.
    Во Германија , Хрватска,Словенија прележаните со една доза се вакцинираат,и тоа не влегува во зелениот пасош.
    :drunk:
    Токму тие проблеми ќе се јавуваат, и се јавија пробно во Хрватска.
    За АЗ ќе видиме официјално инфо .
    Ако сакаат можат да направат исто ко со вакцинираните со Спутник,не ја прифаќа Ема и крај, џабе си се вакцинирал.
    Засега се само неофицијални муабети.
     
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    |( До кога едни исти работи ќе повторуваме? Две дози за патување, 6 месеци од прележаност. Ако си планирал да излегуваш надвор од државата, почекај 6 месеци после прележување па вакцинирај се со 2 дози и си покриен цела година. Каде сакаш оди. Да не треба медицински лица да се вработат на граници па детално да ти проверува кога си прележал, си се вакцинирал 3 месеци после тоа и сега страв ти е уште една доза да примиш пошто мислиш дека антитела имаш. Или нека не патува до следно вакцинирање како што не патувавме сите минатата година или нека се тестира. Во Хрватска и Словенија колку што знам може со брз тест да поминеш, провери инфо.
    Примерите ко од теленовела да ги вадиш, се некои "драматични" случаи, стигнал на граница прележал десетпати ама 6 месеци и 7 минути поминале па не го пуштиле, па сто документи и потврди имал ама баш тие три што требаат ги нема... Читај правила и крај.
     
    На senjorita-v, bicycle и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    19.884
    Пол:
    Женски
    Од каде се сите овие информации? Се што јас читам друго кажува. Еве пример:
    https://www.sozialministerium.at/In...aeufig-gestellte-Fragen/FAQ-Gruener-Pass.html
    Für bereits genesene Personen, die aus heutiger Sicht nur eine Teilimpfung benötigen, gilt die Impfung 9 Monate lang ab dem Tag der Impfung.

    За оние кои прележале, потребна е една доза вакцина, која е во важност цели 9 месеци од првиот ден на вакцинирање. И во грин пас се ова валидно влегува.

    За разлика од тоа, за непрележени се важи една доза 3 месеци од 22 - ри ден на апликација, а втора доза 6, односно вкупно 9 од првата. Исто така се важи и тест за антитела 3 месеци. (Претпоставувам ако некој има премногу, ќе си испитува на секои 3 или по потреба, рецимо пред патување и нема да се вакцинира додека има доволен број). Односно:

    Ein Nachweis über eine positive Testung auf neutralisierende Antikörper ist für drei Monate gültig.

    • Die 1. Teilimpfung gilt ab dem 22. Tag bis maximal 3 Monate ab dem Tag der Impfung.

    • Die 2. Teilimpfung verlängert den Gültigkeitszeitraum um weitere 6 Monate (somit insgesamt 9 Monate ab der 1. Teilimpfung).

    А овде пишува дека откако ќе стапи на сила, ќе важи сегде во рамките на ЕУ.
    https://www.gesundheit.gv.at/aktuelles/gruener-pass-umsetzung
    Innerhalb der Europäischen Union (EU) ist eine gegenseitige Anerkennung der Zertifikate grundsätzlich ab Inkrafttreten der gesetzlichen Grundlage voraussichtlich ab Ende Juni 2021 möglich.

    Ако се ова лажни информации, тогаш и јас лажам.
     
    На Bridget, green.eyes и Pixi5 им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Не знам само јас дали гледам вака на работите, ама дури и да има ковид пасош, не ќе да биде нешто трајно и ограничено само на овие вакцини вечно. Со оглед на тоа колку се само туристички европскиве земји добиваат од кинески туристи, прилично голем процент од сите се само од Кина, а и друг добар дел од остатокот од Азија што масовно ги користи кинеските вакцини, и колку корпорации имаат соработки со Кина и економски зависат од можноста за патување и комуникација со Азија, мислам дека во моментот кога ќе решат дека им е од корист и не сакаат веќе да одложуваат, одма ќе се појават ЕМА дека ги одобриле и другиве вакцини, особено кинеските.

    Така да не го сфаќајте толку сериозно, мислам дека некое време нема да ги одобруваат вакциниве дури не стигнат да си го извакцинираат грото населението со овие што ги преферираат, зошто ако ги одобрат сега ќе испадне дека и со нив треба да вакцинираат :D До тогаш има опција тест/прележаност, така да не си се стресувајте беспотребно, особено не за патување, зошто опција секако има.
     
    На GirlRose, oblace1, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    179.144
    Хрватите имаат некој проблем. Види последниот параграф:drunk:
    https://m.vecernji.hr/vijesti/sto-s...e-sve-profunkcionirati-u-punom-smislu-1498201

    @Celltica ако ги прифатат сите вакцини за ковид пас, не значи дека сите ќе може со нив да се вакцинираме, туку баш дека такви туристи/нивните пари ги сакаме. Ако вакцината не е одобрена од државната агенција за лекови, џабе ти е вакцинирање. Спутник не е одобрена од ЕМА ама унгарците си ја имаат одобрено и нормално си вакцинираат.
     
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Така е де, секако дека секоја земја си има тело што одлучува. Јас зборам за за ЕМА конкретно, оти они не ја разгледуваат само од аспект ковид пас, туку како тело ја разгледуваат исто како и СЗО. И истите тие ќе ја одобрат одма во моментот кога тоа ќе им е исплатливо на ЕУ. Сосема очекувано, така и досега функционираше светот. Инаку, ако некоја земја сака може и само синовак да користи и никоја друга. Ама обично си ја следат ЕМА, во најголем дел од случаите.
     
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.843
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna
    https://www.hzjz.hr/sluzba-epidemio...ju-protiv-covid-19-nakon-preboljenja-bolesti/
    Во Хрватска веке е воведен,никакви антитела нема во пасошот.
    https://www.jutarnji.hr/vijesti/hrv...ti-i-uzivati-a-situacija-je-sramotna-15078551
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.350
    Допаѓања:
    249.512
    Словенија, Бугарија дозволува со брз тест што е одлично. Во Ск брз е 1000 ден.
    Јас вака ќе патувам. Еве и Хрватска дозволува, Италија нема тестови само гарантно писмо.
    Засега не се вакцинирам од лични причини и јасно ми е дека ќе мора тест. Тоа е.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    5.449
    Пол:
    Женски
    Нешто за идиличната утопија од прва рака која владее/ше во Израел при воведувањето на изумот наречен грин пас кој се претставува како иднината,потполно демократски и регуларен, никако фаличен или скраја да е дискриминирачки и користен за притисок и присилна вакцинација со генетски третман во експериментална фаза на населението.Женава е иначе health advisor и дел од народната партија на Израел што беше спомната во темава која вокално се бори против ова во Израел.
     
    Последна измена: 5 јуни 2021
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    5.449
    Пол:
    Женски

    Ова ми е еден од омилените примери од видеото-The health minister of Israel's considering taking green pass away from parents who refuse to vaccinate their children.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    15.363
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    19.884
    Пол:
    Женски
    Комисијата и советот на државите на ЕУ веќе се договориле за регулатива, односно што влегува во пасошот и што покрај истот ќе важи, на парламентот кој беше оваа или минатата недела, не знам. Покрај останатото, стои и тест за антитела. Трети земји, ќе имаат можност за истово и ќе важат истите правила.

    Не смее да има дискриминација по никаков основ, за што е и посебно разговарано на парламентот, како и за заштита на податоци и злоупотреба за сосема други цели. Освен вакцините кои не ги признаваат, јас друг проблем не гледам.

    Е сега, стварно не знам што е работа со Хрватска. Можеби е различно од една до друга држава. Не исклучувам проблем ниту во други држави, ама би требало да е соодветно решен. Ако за патување во Австрија и Германија на пример, е валидно се тоа од погоре, по која логика не би било за останатите? Проблемот е веројатно во матичната држава, односно секоја треба да регулира кои правила ќе важат за влез и излез од истата, кои информации ќе бидат прифатени од друга држава, односно да има општо прифатени правила меѓу државите.

    Вчера извадив само дел, а покрај останато пишува дека ќе се важи и брзиот антиген тест. Од крајот на месецот регулативата треба да почне да важи меѓу државите. Како ова ќе се изведе во пракса, останува да видиме. Можности за патување секако има, а пандемијава нема да трае вечност. Се надевам дека по масовна вакцинација ќе се види крајот.

    @Cosmi Дали знаеш што точно е со Астра Зенека? Во Германија ја дозволија за сите возрасни групи. Не гледам логика да го направат тоа, за да на крајот не ја важат во грин пас или воопшто за патување.
     
    На WildMk, Celltica и Ahoy им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ништо не знае, знае само дека јас сум вакцинирана со Астра Зенека и сака да укаже дека во блиска иднина и јас ќе сум една од дискримираните :D Преувеличува за да докаже некаква поента.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.843
    Пол:
    Женски
    Од кај да знам со што си ти вакцинирана:|
    Мм е вакциниран по сопствен избор со АЗ ,се работи за лична загриженост по информацијава,а истата е од медицински кругови.
     
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Имам кажано, така би знаела.
    Кои медицински кругови, не ме смеј :D

    Од Јуни мислам дека читав дека ЕУ нема да нарачува веќе Астра Зенека, затоа што им завршува договорот, не им гори веќе под нозе и обновиле договор со Фајзер. Ама, нема никаква логика ниту линк најдов каде ќе се забранува досега вакцинираните да не можат да патуваат затоа што ако ја отфрлат во иднина, ќе биде наводно заради side effects што ги има и Фајзер бај д веј и нема студија дека е недоволно ефикасна и главно заради непочитување на рок на достава од страна на Астра како што беше пример и заради што (ќе) се тужат.
    Така да, очигледно нешто си слушнала а за останатото ти проработила фантазијата.
     
    Последна измена: 6 јуни 2021
    На Lianna Anna и Ahoy им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.843
    Пол:
    Женски
    Добро е Бриџит,смеј се ти,здраво е тоа.:)
    Нека биде така,ама ке видиме,има ден за мегдан;)
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Многупати досега сме дискутирале за можни сценарија за иднина во врска со пандемијава и не дека се фалам ама секогаш губиш :D
    Можно е овојпат да си во право, не велам не, само не пласирај неточни информации дотогаш.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.102
    Допаѓања:
    87.843
    Пол:
    Женски

    Па не баш.Се секаваш кога напишав дека кај нас во јуни ке биде готово со короната,?
    :*
     
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.408
    Пол:
    Женски
    Не е уште готово.
     
    На WildMk и oblace1 им се допаѓа ова.