Еве јас со фајзер вакцинирана, за заебанција залепив све на мене, ама ништо не се фати. Дали тоа значи дека само со водичка ме вакцинирале? И блутут уклучив на телефонот, да видам што ќе се фати, ама јок, едноставно...разочарана сум Можеби ми се лизнал чипот надоле некаде, и така сум на магнет скоро, ќе го најдам ако отишол во нога
Супер е темата, стратегија- разводнувај и ќе стане беспредметно. Грин пас ин реал лајф- - Ти треба потврда дека не си инфективен. Не постара од 48 саати - Се закажуваш да правиш тест. Резултатот од тестот ќе ти го дадат најдоцна за 48 саати. Може и порано де, ако ти се посреќи. Све е супер
ААА не грешка си. Таму каде што ќе се воведуваат КОВИД пасоши се е розево, се е супер, све функционира, све е експедитивно, за сите имаше доволно вакцини уште од јануари 2020 обезбедено (пред да почне КОВИД). Може и еднорози шетаат по улици. Ти само не си ги видела зашто не живееш баш у местото каде што тие живеат (у друг град да си одиш да ги видиш). Еднорозите исот имаат Ковид пасоши и никаде не им е ограничено движењето. Инаку не знам како у ЕУ ќе функционираат Ковид пасошите кога некои земји нема да ги имаат, некои ќе ги имаат. Словенија на пример ќе прифаќа брз тест, Хрватска нема да прифаќа. Словенија нема Ковид пасош, Хрватска има. Како побогу ова ќе функционира на терен некој да ми објаснеше. А не да збориме глупости за чипови, парички и глупости. И за тоа како Балкан не чинел, а ЕУ е супер средена секаде (вклучувајќи ја и Бугарија на пример со помалку вакцинирани од Србија, Романија, Хрватска и слично). Како Бугарите што им се главна сезонска работна сила во ЕУ (освен перманентна) ќе ги исполнат овие услови со Ковид пасоши (нема да стигнат да се вакцинираат дома). Ќе се вакцинираат во друга ЕУ земја (пошто последната инфо е дека земјата се грижи за вакцинација на своите граѓани)? Ќе ги тестираат на секои два дена? Ако да кој ќе се гриѓи за тоа? Работодавецот или државата? Цело време се трудам да дискутирам цивилизирано и вистински да ја разглобам па еве и да ја сфатам идејата за овие КОВИД пасоши, ама наместо тоа добивам извртувбање на тези и вреѓање на темава. Зашто ако немаш аргументи најлесно е да навредиш некого.
Како што гледам, темата е за грин пас пасоши, не за овие работи што ги наведе. За нив ако ме цитираш во соодветна тема ќе ти одговарам таму. Во меѓувреме не мешај работи. Ама ако веќе така гледаш, тие луѓе па воопшто нема ни да имаат шанса да стигнат до тие работи ако на некој му текне грин пасот да важи и за излегување од домот како што е личната карта пример.
Well...секогаш имало и ќе има луѓе што живеат на маргините на општеството. Не сакаш лична карта, не плаќаш здравство, не сакаш да работиш, не сакаш грин пас? Може па од Африка ќе собираат пари за тебе за храна и ќе ти носат хуманитарни организации дома, до пред врата Ќе се најде начин да преживеете.
Ова не е ни за патување, за внатре државни потреби е. Реално како е у мое село не знам, официјално на сајт пишат 48 саати. По телефон ти велат прочитај на сајтот. Кол центар левел на услуга.
@NoirSerpentine Мислиш на ова ќе се заврши? Тек следат последиците и реакциите од ова кој добива а кој губи на долгорочни стази исто тек ќе се гледа, нема да се остане на ова тоа е сигурно а до кога и колку може да се трпи неправда и нелогичности пред да се почне со реакции и какви ќе бидат тие реакции и тоа тек ќе се гледа. Едно е само сигурно назад веќе нема тој свет си ојде ова е само лажна надеж за "враќање во нормала".
Едно прашање, не знам каде точно да го поставам, нејсе, дали со Синфарм може да се патува низ Европа? Знам дека СЗО ја има признаено, но доколку сакам да патувам низ Европа, дали ми е доволна или пак ќе треба PCR да правам?
Фала ти, ми треба за една од овие Што се однесува до Ковид пасошите,не знам што се крева узбуна. Мене ми одговара. Ќе знам дека таа држава дозволува влез доколку си вакциниран или си негативен. Разликата е што за едното не плаќаш ништо, а за другото минимум 50 еу. Само ме нервира што имаат различни ставови во однос на вакцините. Фајзер може, ама Синофарм не може. Вакцинирана сум со тоа што имало, не дека сум имала избор, ебаве тоа сојките европски. Се надевам дека наскоро ќе одлучат секаде да се признаени и тие што не се.
https://www.slobodnaevropa.mk/a/филипче---до-крајот-на-летото-очекуваме-колективен-имунитет/31242713.html Желим речи не знам како.До средина на лето тоа е за 2 месеци 5-60% ќе биле вакцинирани-сонот на мишко а за 4-5месеци свега 7% се вакцинирани да ги изумиме и овие 20%што се пријавуваат а не се појавуваат ваљда до толку што и пресвети мора да признава јавно значи каде стоиме со грин пасот во македонија мишко ајде те чекаме да се изјасниш не само ко киша око крагујевца Хмм па џе? https://www.aa.com.tr/mk/балкан/северна-македонија-бројот-на-вакцинирани-граѓани-против-ковид-19-надмина-240000/2262635 https://www.google.com/search?q=country vaccination rate&client=ms-android-alcatel&ei=obC_YNj-DqOPlwTB3rW4DQ&oq=country vaccination rate&gs_lcp=ChNtb2JpbGUtZ3dzLXdpei1zZXJwEAMyAggAMgIIADICCAAyAggAMgIIADICCAAyAggAMgYIABAFEB46BAgAEEc6BggAEAcQHjoECAAQDToICAAQCBAHEB5QtXZYoX1gs39oAHABeACAAasBiAHGA5IBAzAuM5gBAKABAcgBCMABAQ&sclient=mobile-gws-wiz-serp
Meanwhile истиот тој мишко. Филипче истакна дека верува оти до почетокот на летото(тоа е сега) ќе има висок процент на население кое ќе биде вакцинирано(нема-7 е %) https://www.aa.com.tr/mk/балкан/во-северна-македонија-пристигнаа-200000-дози-на-вакцината-од-кинескиот-производител-синофарм-/2225473
Не следам баш многу вести и не сум во тек, а знам дека цело време прават измени и сега ме интересира дали е сигурно дека може и со доказ за прележаност да се патува, односно антитела и колку месеци трае тоа(на пр. ако си прележал пред 5 месеци дали важи?) и исто така дали секаде важи вакво нешто?
Не, сегде важи различно Уствари, антитела не знам каде и дали важат, идејата е дека би важел позитивниот пцр што го имаш, постар од незнам колку, понов од 6 месеци.