Па Израел нели се исповакцинираа, зашто вакви глупости? Пандемијава добра прилика им се пружи на одредени.
Тоа од лани е, паднато е на суд, никому ништо. Све ќе падне на суд, откако ќе заврши ,,мерката,,. Страшно лудило, тројца владини претставници и нивни послушници, си играат дрндупки за кои знаат дека ќе паднат на суд, ама они да пробаат. Е баш ваква изјава имаше еден од тие владините, знаеме дека не е баш по закон, ама ние ќе го донесеме а вие понашајте се како да е законско.
А океј Ќорава малце ја Нели и кај нас имаше слично демек да внесеш дали си прележал или нешто и преку блутут те известува дали си прошол у близина на носител или не знам како беше.
Да во Израел е веќе вакцинирано околу 5-60% од населението, кај нас е тоа случај со 3% од населението. За останатите 97%- Thou shall not (Green)pass!
Политика тераат тоа е. Од мкд абер нема некој да се залага за нас,да преговара за пуштање граници ете да постигнат некој договор. Гледам сега овие од Рајан Ер им рекле или пуштајте летови кон Србија или лапајте си парични казни. Државата да плаќа енормна сума на авиокомпанија дека нема летови кон таа земја. Врти сучи сами си праат.
Знаевме дека ќе има ковид пасоши и треба да има. После година дена затвор, карантини, економии во распад, здравство кое не знаеш дали премногу работи или ништо не работи, отпуштања од работа, болести и умирачки...време е да се вратиме во ред. Ќе ја прашувам јас Митра дали сака или не сака да се вакцинира и пак ќе се враќаме на старо оти Митра не е сигурна во вакцините. А Мк ако е лута нека е лута на тие ја водат што не обезбедија вакцини на време и што глумеа селска мафија и ратни профитери. Не на Европа.
Бриџа за преЦедател Остај ти нелогичностиве што ги муабетиме тука. Глупи сме, сакаме паметни да се праиме. Стави си го амот и само праве глеај
Ако ти си сигурна во вакцините зошто се плашиш дека невакцинираната Митра ќе те зарази и покрај тоа што ти ќе си "имунизирана"?
Една невакцинирана Митра не прави разлика, многу невакцинирани Митри и вирусот продолжува да живее, мутира, ќе почнат и деца, оние во ранлива категорија што не смеат да се вакцинираат ќе треба постојано да се пазат пошто уште се изложени на ризик... Митра не живее сама на остров.
На страна дискусијата, дигитален идентитет не е новост, не знам зошто преку ноќ сте загрижени за нешто што веќе постои, сакале ние или не. И јас не сакам да постои, ама постои и тоа одамна, возот за тоа е поминат. На сите информации, што менува информација дали си вакциниран? Посебно за Израел, не е ич новост. Најдобра разузнавачка служба имаат во светов, досега милион пати правеле mass surveillance, како и многу други земји низ светов и во Европа. Ништо ново, веќе може и повеќе од деценија е мината откако беше актуелно. Правна држава е за мачкање очи на народ, правната држава не ни постоела ни тука ни никаде. И мене не ми се свиѓа што плаќам даноци за да идат во џеб на политичари, ама јбг, никој не ми ги простува. Повеќе од јасно беше дека враќањето во нормала ќе е вакво, нема да се разбудиме еден ден и да изјави Тедрос дека короната е умрено. Тоа само оџата во Македонија за жал.
Ковид пасоши и човекови права. Чиста демократија. Јас не знам зошто толку ако некој не сака да се вакцинира или изјави сомнеж за вакцината одма бунт. Кога и сами доктори не знаат да дадат баш одговор конкретен. Јас лично прашав за некои поспецифични дијагнози и одговор беше кревање на рамења. И општо ништо конкртно не знае да кажи некој. Мене многу ме интересира шо ќе се случува на есен, в зима каде има мн вакцинирани. Моите веќе се вакцинираа, само пак не сум сигурна колку ќе штити вакцината, ќе видиме. Нема зошто да се правиме тука големи експерити, оти и тие шо треба да знаат кои се баш за таа област, не знаат точно. Не сум за Ковид пасоши. Ако веќе прават нека биди задолжителна, а не демек не е, ама ќе те услови со се за да на крај да се вакцинираш.
Ако не се сто посто сигурни дали се пренесува вирусот или не, сигурни се во вакцините што ги одобрија дека 90 или 100 проценти помагаат за полесно прележување и намалување на смртност. Што значи, дури и да докажат дека се пренесува (а дотогаш луѓе треба да патуваат), кога имаш граѓани кои се вакцинирани, не полниш болници, од старт. За понатаму, ќе следиме како ќе се одвива.
Ако нема вакцини зошто нема вакцини, ако има, триста маани ќе им се најде. Само влакно во јајце да се барало, а се сеќавам колку се хистеришеше за вакцини.
Зарем антиваксерите не беа една мала група наспроти сите заинтересирани и пријавени за масовната имунизација. Од каде сега излегоа многуте Митри кога народот масовно се вакцинира? Колку и да сакате не може 100% да се напредни и научнопоткрепени ваксери. Мора некој и да одлучи сам за себе и за своето тело.
Ковид пасошите и скенирање е дискриминација. Се надевам нема да заживеат никаде,апсолутно сум за вакцинација,но не и за дискриминација и обележување на здрави луѓе . Дали на невакцинираните треба да им сошие жолта ѕведа на чело?И да не се пуштаат никаде да се движат? За такво обележување се залагате? Гестапо ковид во Европа? Западноевропските држави ни на есен нема да имаат 60%. имунизирани,ни природно ни вакцинирани. а Германија бетер од Балканов доле, со скандаливе. https://www.jutarnji.hr/vijesti/svi...nam-je-zbog-hrpe-laznih-testova-visa-15077071 https://www.dw.com/hr/novi-korona-skandal-koliko-testova-je-zaista-provedeno/a-57716217
Точно. Така како што доликува за 21 век за нацистичка Европа заглавена во амбициите за тоталитаристичка власт од минатото.