Во Германија не јури народот на вакцинација како да даваат бесплатни бонбони и карамели. Има голем отпор кон вакцинација а кампања има огромна, со реклами, билборди и сл. Еднаш министерот за здравство рече дека секој 4ти жител на Германија е вакциниран а утредента вели дека секој 5ти примил вакцина . Пробаа со повеќе средства на притисок ама не можат да бидат толку напорни колку што може народот да издржи.
Ајде вака пошто веќе има тема за вакцинација да/не да дообјаснам оваа тема не е за тоа,вакцините се тука да но се сеуште во експериментална фаза па ко воли нек изволи значи тоа се информации кои за сега ги имаме зборот ми беше а и темава воедно кога ги имаме овие информации дали и која е потребата од овие потврди за враќање во нормала како и дали е ова дискриминација и притисок против оние кои ќе решат да не се вакцинираат (во случај кај нас за сега 97%од населението) за сега се споменува само при патување но не знаеме што ќе биде понатаму кога и самата сзо го вели ова Светската здравствена организација (СЗО) не го поддржува барањето за „ковид-пасоши“ како доказ за патување во различни земји и институции, поради немањето цврст доказ дека вакцинацијата го спречува пренесувањето на вирусот, како и стравувањата од нееднаквост, изјави портпарол на организацијата. А врз основа на што тогаш имаат авторитет и би можеле да одлучат дека некој што е вакциниран може да има пристап до тоа место кога самата сзо вели пак гледај горе
Јесте, многу логично дека вакцините се во експериментална фаза. Ама RaiThera, CureVac, Soberana 02... Другиве се одобрени за итна употреба со сите фази на тестирање поминати, исто како и сите претходни вакцини. Е сега, со платформата на која базирани Кинеските вакцини (Синофарм, Синовак) светот има искуство еден век во масовна употреба, а другиве иако претходно многу долго испитувани и истражувани, само неколку месеци се употребуваат масовно, во реален свет, а не во клинички студии.
Викаш може такво нешто да се случи. Може насила да ме натерат? Ако не се јавам на поканата, ќе дојдат насила, ќе ме врзат со каиши и ќе ми ја забодат иглата па после неколку недели пак исто? Нее, не може до толку далеку да отидат. Почнаа да најавуваат тука вакцинација на децата до септември ама кога се дигна народот. На анкета 90% родители против. Сега пу пу не важи, ќе било доброволно, а "предност" ќе имале децата со хронични болести и тие што дома имале член од ризична група. Се јави и STIKO, некое регулаторно тело за вакцини и кажа дека не препорачува вакцинација на децата.
Нема да те натераат, ама сите се силни и против вакцините додека не им стигне покана за вакцина. И не е еден или двајца вака, 50% од вакцинираните во Мк биле апсолутно против вакцинација пред да им се пружи можноста да се вакцинираат. Во странство такоѓе. Сите познаници кои ги имам, еве конкретно во Норвешка, и не се малку, а повеќето се родени Норвежани, беа против да се вакцинираат нивни родители (а и постари лица беа исклучиво против) оти ќе ги умреле со вакцината. Ама при прва покана оп примиле вакцина. Така да, многу противници на вакцината кој екшли се вакцинирале Пример најголемиот антиваксер од Србија кој кога го уапсија испадна дека е вакциниран против Ковид
Јас се пријавив, чекам да ме повикаат уредно да се вакцинирам. Се надевам ќе ми дадат и ваков пасош ќе си се прошетам без грижа на совест многу. Оваа вакцина ја чекав од март 2020. Е, сеа за оние што се антиваксери или како што се викаат „не сум антиваксер ама...“ стварно не ми е гајле за тие. Нека си бараат чаре, демократија, човечки права и шо ти таму не. Подемократски од ова сега не може да биде. А, ем да сакаш да си невакциниран ем да сакаш да си шеташ задникот малку нелогично е, ама ајде де. Среќа шо ги има и такви барем побрзо ќе се вакцинирам јас.
Врз основа на тоа што го пишав погоре на истата тема. Си се штитат државите, мислат и на економија и финансии а не само од медицински аспект и тоа е тоа. Се штитат и од нови мутации. Инаку понови изјави од СЗО не сум прочитала, ова е од пред некој месец. Иако, и сеуште да се на истиот став, може само препораки да даваат, се знае кој одлучува.
За која земја станува збор? Македонија не е толкав процент, а надвор интересот е значително поголем, барем од тие земји за кои знам
Кога станува збор за колективното добро, тоа секогаш треба да се става пред индивидуалните слободи. Simple as that. Така да не би ми пречело да има вакви пасоши. Не можи ем да не се вакцинираш, ем да си шеташ каде сакаш. Државите имаат право да се штитат исто како што ти имаш право да шеташ. Со права доаѓаат и обврски. Камо секој да ја осеќаше таа одговорност кон другите во себе, наместо само за себе да си гледа како сам на светов да е.
Не знам што е за чудење, дали реално сакате уште со години да се развлекува пандемијава и да живееме со мерки до бескрај? Колку луѓе изумреа од корона, колку луѓе тешко поминаа и едвај останаа живи, колку луѓе си имаат последици од короната. Чукнете ја малку тоа главата. Онака како што е можно да бараат потврда за примени вакцини за прием на деца во градинка/училиште така очекувам и оваа вакцина што поскоро да стане задолжителна. Сакаш да работиш / сакаш живот потврда за вакцина и крај.
Се' се заборава. Кога им одговара ќе зборат колку тешко психички го поминале периодот, кога не им одговара ќе зборат дека ништо страшно не е, сме прележале сите ко од шала. Еднаш се жртви дека немаат вакцини, дека нема здравствена грижа на ниво, лекови, зошто едни се отпушени од работа други не, зошто помош финансиска нема...од друга страна па со вакцините некој ќе ги труе и зошто им бараат вакцинација. Крај не им се наоѓа.
Да додадам - Зошто нема мерки? Испоцркавме, колку заразени има..Шо праи Филипче? Само седи на нет и објавува. Од друга страна со мерки - Мерките се глупави, третоодделенец да не ги измислил. Уф, не можам да доседам дома, ми смета маската, не можам да дишам а не помислуваат како им е на тие што се на кислородна подршка. Демек само Мкд е во ова, остатокот од светот не. Нежни. Затворете ги границите или да влагаат со пцр или карантин пошо ќе ни го донесат а уште во март месец букираат во Грчка и мрчат за ограниченоста. Премногу експерти на едно место.
Девојко дали разбираш и дека и ако си вакцинираш не постојат се уште доволно докази дека не можеш да шириш и добиваш инфекција затоа што вакцината е сеуште во експериментална фаза тоа веќе 5пати(буквално) го пишувам ова не го велам јас туку сзо.Значи волонтерно се нафаќаш да се вакцинираш со вакцина во експериментална фаза со ризик за нус појави вклучително и фатални без гаранција за заштита-капиш? Ама ко што реков не е темава да се убедуваме за-против вакцинација.
Девојко, знаеш како вакцините функционираат или??? Секако дека можеш да фатиш и да ја шириш, само мал е процентот да развиеш тешки симптоми.
@INNERBEAUTY Ги хејтате вакцините а од друга страна клукате лекови како бомбони за секој случај. Може не ти ама голема е бројката на личности кои го прават тоа.
Тоа и јас го пишувам не разбираш? Која е логиката и поента тогаш ти да имаш пристап до места а некој друг не - танананананана ко што викаш само затоа што ти си вакцинирана а тој/таа не кога сега за сега со информациите што ги имаме и двајцата можете да ширите/примате инфекција. Пак ќе повторам држете се до темата.
Во Италија сум 12 години, еве од кога почна пандемијава си немаме одено а требаме, имаме потреби. Ама ете. Работава сега ќе ти кажам која е, има луѓе што уредно се пријавуваат кај надлежните за карантин и брис, додека гротото на ризик одат, баш на ризик, фаќаат по црни мали села во словенија на граница по италија возат и се молат да не има полиција да ги сопри оти казните се огромни. Е ваквите се повеќето, некои имаат запрено, казнето, вратено а многу повеќе влегуваат и никому ништо, обично велат дека никаква полиција нема по пат. Значи ова е ризик што го прават поголем број од народ што оди/се враќа цела панедемија за мк. Мене ми е страв искрено. Инаку на сајтот viaggiaresicuri од владава што е, е официјален, ние (мк) сме во е категорија и таму можеш да следиш нови dpcm од владава. Сега за сега до јули 30. 10 дена карантин на враќање плус доле треба да направиме тест и да го покажеме овде плус на исгекот од карантин пак треба да направиме тест. Нормално ние го плаќаме. Чинам околу 86 евра секој регион е различно. Јас живеам во туристичко место, секоја втора кола се австијци, буквално и германци, за нив ковид пас или тампон толку. Ама се чудам дали сите ги имаат овие работи што ги бараат или се праат "ја нисам одавде " Значи ништо не разбирам. Од една страна првен велеа со вакцинација ќе сме слободни за патување од друга страна сега само за европа ќе важело вели премиеров. Буквално се ова ми е разочарување. @Biljarkata скраја да е да почнам да се тестирам за маичка или кафе или фризер болна работа. Психопатска.
Само споредувам. Ем хејтате вакцина и не верувате во неа зошто мислете штетна е.. Од друга страна се клукаат лекови за секој случај што и тоа е штетно. Не се вакцинирај, никој не те тера со сила.