Можеш уште 5 пати да го напишеш и пак нема да биде точно затоа што вакцините кои моментално се употребуваат се одобрени за итна употреба, според што основните, главните, 3 фази на тестирање на нивната безбедност, ефикасност и имуногеност се завршени уште пред неколку месеци, и тоа ти го пишува СЗО.
Ова се статистики што ги дава гугл vaccinations rate by country не знам ако има некој поинакви информации може да не информира. Во тоа можеш ти слободно да веруваш и да се убедуваш ако сакаш јас тука не можам ништо ко што реков темата не е за да се убедуваме или не за вакцинација да се држиме до неа.
Ама тоа е колку се вакцинирани во моментот, не колку сакаат да се вакцинираат Тоа што се неспособни вакцини да набават, не значи дека не сака народот да се вакцинира.
Ок, ќе коментираме за изгледот на грин пасошите Што мислите, како ќе изгледаат? Боја, корица? Сите ќе се исти или секоја држава ќе има свој?
Тука е во право Во Мк имаш 10% вакцинирани од кои 3% биле заинтересирани за вакцина, а другиве се боцнале за Грчка (нив ги разбирам ) и за да стават рамка на профилната на Фб Sputnik Vaccinated
Затоа реков за сега, точно тоа не знаеме уште колку ќе има што ќе се вакцинират во иднина ама ковид-пасошите се воведуваат сега додека статистиките на вакцинација се тие според овие информации што ги имаме.
Абе вакцинирајте се. Шо туку кршите клечки. До средината на 2022ра, се планира 60% глобално да се вакцинирани. Кој порано-кој подоцна, ќе може да го направи тоа. Издржавме година и пол, ќе издржиме уште една кога се мора.
Ама пак нешто не ми е јасно. Тоа на гугл не е заинтересираност, тоа е % на комплетно вакцинирани. Не може да се 97% незаинтересирани, а луѓе врски да фаќаат за вакцина и да идат надвор од државата за да се вакцинираат. Значи интерес има и сигурно не е 3%.
Фала ти за странава ептен Иначе да, ова се регионите прави многу разлика. Ја сум средна Италија, зимоска кога дојдов негативен тест не беше задолжителен ама јас си имав од Скопје и имав само 14 дена карантин без тест по завршување. Искрено, ниту некој дојде да ме провери нит ништо, комотно можев да си се шеткарам. Кај вас мислам зашто сте ударно од туристи од сите страни се построги. Што гледам по социјални медиуми луѓе од Словенија си рипкаат до Италија на ден/викенд ко никој. Еден на слика не е со маска. Не знам што да кажам веќе, апсолутно се гледа дека заради стабилизација на економија се опуштени мерките и во ред е тоа, ама да им даваш права на ЕУ и Америка зашто ќе ти донесат пари, а на луѓе од други земји кои ти живеат тука апсолутно им ограничуваш движење не разбирам.
Ахој ондак зашто дополнителни малтретирања со тестови и карантини за вакцинирани луѓе? И да, зашто за другиве болести нема вакви ограничувања по затворени места? Не се исчезнати, случаи на морбили и туберкулоза сѐ уште има. Малце се, ама има.
Епа политика, вакцините на ЕУ и САД се нај нај, другиве не чинат. Сигурно тие малтретирања не се за вакцинирани со Фајзер или Модерна?! Иако, иако, веројатно од 01.08 ќе важат сите одобрени и од СЗО и од ЕМА во грин пасовите, барем се надевам. Сега уште ништо не е официјално.
Ако те интересира било што пиши ми во лп, ако бараш некое инфо. Стварно има луди луѓе што ризикуваат и одат во словенија? Леле. Претпоставував. Не смееме, јас сум близу словенија. Немаме храброст да појдеме оти бараат пцр тест. Ако те сретне полиција казните се ужасно високи. Тука не носи никој маска на плажа, никој. В град исто под муцка. И мојата маска е под муцка на отворено кога шетам или на плажа. Почнаа жештините. Од америка има ковид тестед аередроми до милано наполи и венеција, наша братучетка ќе доаѓа од америка, додека за македонија чисто не знам како ќе оди. Картите и се закажани аередромот во тревизо е уште затворен. Трагикомедии сме. Карти има аереодром нема. Ти велам, сеуште не сум се осмелила да појдам, од болцано никој не седи во карантин, ги имам купишта народ пред мене, секој месец се во мк, додека во пиамонте седат во карантин. Логика нема. Нзс нема. Тоа е. Толкаво море имам на базен ќе одам цк. На море и тоа без маска се сончам Елај
Да мислеа државите на економијата немаше да го затворат во карантин здравото, работоспособно население туку ќе направеа стратегија да ги заштитат ранливоте групи. Недозволувањето на народот цела година нормално да работи а со тоа уништувањето на голем број мали и средни бизниси не е политика за заштита на економијата.
Па види, вирусот не бираше баш по лепота, години, здрав или не, работоспособен или не, туку одеше кај сите. И пошто по дома и на работа не сме поделени со посебни влезови здрави и поболникави или млади и стари, малку потешко изводливо е. За да направат Аушвиц камп за тие со најголем ризик и ги затворат сите таму, треба време, а за тоа време ќе се проширеше и онака насекаде, така да...
Па и онака си се прошири насекаде. Ниту карантини ниту полициски часови не се покажаа баш како ефективни мерки.
@Ahoy Какви корици, какви страници, ќе биде електронски, со најнова технологија, со QR код. Ако биде, нека биде.