Ова мене воопшто не ми е смешно искрено, ни пак зафрканција. Или нека направат задолжителна вакцинација, а не после да те условува. И да јас знам многу шо се вакцинираат само за Грција да појдат. Јас не можам да го сфатам тоа. Јас не сум против вакцина, ама најмногу ме нервира едни вакцини признати, други не, мислам озбилно? На шо личи ова. А пак Ковид пасоши врв, дискриминација ништо друго. Ако некој не сака да се вакцинира не знам зошто некој бурно регира и се прави паметен. Секој има право на свое мислење и одлука. А не ќе се правиме кој од кој попаметен на форум.
За жал озбилно, иако нема никаква логика. Сите одобрени вакцини пд СЗО и ЕМА треба да бидат признати во грин пасот, а најавите се и дека ќе бидат, па се надевам дека ќе биде така.
Абе да не испаднеш и ти ко јас лани наивна, дека не може толку далеку да отидат. До скоро живеев во свет кој беше базиран на правен поредок. Е сега правниот поредок си постои на папир, ама на друг папир они ако може да пробаат, иако овој вториов папир се коси со правниот поредок. Го знаете оној синдромот на насилничко и криминално однесување? Силувал некоја, ама машко е нели, позиција на сила, негово е да проба, хехенце. Увезувал некој забранет мазут, па ја труел цела држава, ама позиција на моќ, негово е да проба, хехенце. Не дека не знаеле дека е противзаконско, ама да пробаат де. Се што видовме во Израел и во Германија ќе видиме, па и нагоре, па и надолу од Германија. Не можам да објаснувам зошто и со колку закони се коси, кој разбира разбира, кој не разбира, никому ништо.
@Biljarkata Ко-види види кој не и не сака џабе е ќе мора сам со глава во ѕид можеш ти до бескрај да објаснуваш и предупредуваш до каде може да оди ова имам разбирање колку толку ама за овие танананана битно мене да ми е супер а другите кој ги шиша затвараат и очи и уши и на комон сенс,на вистина,на логика,на човечност и слушаат само она што им одговара наивно и егоистично идат и на своја и на туѓа штета додека мислат и тврдат дека е обратно уште и се силат и мислат дека паметуваат а уствари се понашаат на ниво на тинејџери искрено и не ги жалам више.
Колку што знам, даваат само медицински сертификати после две дози од вакцината (не знам која беше). Инаку јас не сум за вакви пасоши. Состојбата е ужасна, нека одлучат прво дали вакцинацијата е или не е за сите. Сепак, од друга страна човекот секогаш има избор да одлучува дали ќе прима или не. Скоро сите што ги познавам примија вакцини. Скептик сум, од други извори знам дека е малку матно ова со вакцините и не ми е сеедно.
Мислам многу работи се бркаат на темава. Зборуваме за патување и функционирање со ковид пасоши,не за вакцинирање. Јас ќе се вакцинирам но не сакам да живеам во свет каде што ќе се обележуваат и скенираат луѓе. Нема никаква потреба од пасоши,кога има тестови. Бивш колега вакциниран со АЗ не створи антитела,во тој процент е на луѓе баксузи кај кои вакцината не беше успешна . И сега што ќе биде со неговиот пасош и код? А користење Код кој ќе скенира човек дали е вакциниран или не,за да оди во продавница,театар,ресторан. Тоа е будалаштина.
Оф леле мислев на тоа дека коментарот беше од шаллива природа ете избришан е да не се иде превише оф.
Косми не се бара дали створил антитела или не од вакцината, битно по втората доза ќе биде целосно вакциниран и имунизиран, а со тоа и грин пасот ќе му важи. И не е баксуз, и не е дека вакцината не е успешна кај него. Има многу други механизми на имунитетот покрај игг, кои не се мерливи
Друг апсурд. Во Германија не признаваат тест за антитела ако не си имал позитивен ПЦР тест. Во тој случај не те сметаат во оние што го прележале и мора пак да се вакцинираш. Исто така за прележаните статусот важи само шест месеци, што значи иако си стекнал природен имунитет иако имаш можеби многу повеќе антитела од некој вакциниран со некоја од вакцините кои не се покажале баш ефикасни, ќе мораш да примаш една доза вакцина. Како тоа мерат кога ти "истекува" стекнатиот имунитет? Значи ли тоа дека вакцинираните стекнуваат "доживотен" имунитет ило пак и тие ќе треба да се вакцинираат на шест месеци или секоја година?
Битно е да е вакциниран, антитела се небитни. Тие со антитела, кои никогаш не биле заведени како позитивни, мора да си се тестираат или вакцинираат Ептен имаат врска ,,пасошите, , со грижата за здравјето. И оти ги викате пасоши? Грин пас е зелена пропусница, баш и нема многу врска со минување граници. Пропусница за да одиш на фризер или во вежбална на пример. Јер еднаш одиш преку граница, во вежбална штознам, барем двапати неделно. Да, сезонски вакцини @mKdevojce , дали еднаш, дали два пати годишно, па уште и некоја комбинирана за грип и ковид. Постојан апдејт на антивирусот- во најава од владини претставници
Јас ја разбрав Косми дека вели дека иако вакциниран (со АЗ), бидејќи нема антитела нема да му важи пасот, пропусницата, како и да е, што не е точно. Инаку, за антителава и јас сакам да се признаени, ете нека биде само еден конкретен тест/ метод. Бтв нели Урсула изјави дека во пропусницата ќе има податок и за присуство на антитела?
О Боже Боже. Сѐ ќе сфатам од дискусија, до страв од вакцини и несигурност и сѐ, ама вие што си придавате некое значење дека сте се разбудиле како Нео во Матрикс и само вие ја знаете тајната на универзумот, а сите други се слепи, не можам сериозно да ве сфатам никогаш.
Ама токму тоа е парадоксот,ако не е успешна вакцинацијата,утре тој ке може да се зарази,заразува,да заврши во болница,а пасош ке има бидејки формално ке го добие. Што корист од пасошот? Со пропуснициве ко со бесконтактна картица тоталитаризам.Контрола.
Ма дај нео е баш клише Мене зборот ми беше за мојот дел од дисусијава и ништо повеќе еве пример два пати прашав и потпрашав и 2 пати не добив уопште или бар логичен одговор од овие што се про-грин пас зошто вакцинирани да имаат пристап до места а невакцинирани не доколку дојде до тоа кога се уште не е сигурно дали вакцинираните се имуни на примање/ширење инфекција ми изгледаше баш како да дискутирам со некое од тие човечиња на сликата баш.
Се вакцинирам за себе и своето здравје и плус за тие околку мене, а ако како плус ја имам таа можност поради тоа да можам да патувам ќе ја искористам. Првенствено верувам во моќта на вакцината и мислам дека новите намалувања на бројките се почеток на крајот и се благодарение на масовната имунизација која се врши веќе константно пола година. Логично ми е и државите кои ќе примаат туристи ќе бараат и тестови и вакцини и се оти ниедна држава не сака пак да минува низ тоа низ кое мина оваа една и пол година. Така се прошири и вирусот во Италија, Британија, кај нас итн. Поради тоа што немаше мерки и правила, затоа ги сфаќам. Не сум експерт, виролог, микробиолог па да знам што и како ќе биде. Овие прашања што ги прашуваш треба да прашаш лице кое се разбира во тоа, а не рандом ликови на форум. Не е ова некоја бош тема „снаи и свкерви“ па да си кажуваме искуства. Сите треба да сме свесни дека во блиска иднина нема да можеме да се вратиме во тоа што ни било реалност пред две години. Темата ти е грин пас, а упорно зборуваш за експериментални фази, како делуваат вакцините итн, те молам воздржи се на темата која е Грин пас