1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грин-пас/ковид пасоши

Дискусија во 'Коронавирус' започната од INNERBEAUTY, 29 мај 2021.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Епа фино, сѐ дури ти изгледа така нема ни да добиеш соодветен одговор зошто си влезена во твој филм, ако веќе ти изгледа дека дискутираш со некој како тие на сликата. Ако тргнуваш убедена дека дискутираш со такви, не знам зошто си го трошиш времето.

    Јас немам цврст став за грин пас, ама во темава се измешаа 100 работи што врска немаат со грин пасот, па испадна дека само тие што се против вакцинација се најразбудени и свесни, другите сме овци. Во таква дискусија одговор нема да добиеш зошто никој нормален нема да си троши време да разубедува некој влезен во филм. Мене ми е досадно во моментов па тепам време, иначе немаше ни да вратам.

    Вакцинираните апсолутно немаат 100% заштита од развивање на болеста, не знам кој воопшто тоа го тврди. Се дури добар дел од населението не се имунизира, ќе си функционираме така, со мерки, со маски, со пасови и не знам што. И според мене очекувано. Животот некако ќе продолжи и секако после сѐ што се случи изминатиов период, колапси на здравствени системи, колапси на економии кои допрва ќе ги гледаме, сосема е очекувано секоја земја да преземе нешто за да нема нови outbreaks. Остајте ги нашиве со свадби и полициски во исто време. Понормалните земји нормално е поспоро да се враќаат во нормала. И никој нема игла со сила да ви стави. Ама факт е дека вакцинираните ќе имаат предности што невакцинираните ќе ги немаат. И искрено мене 100 пати покомотно ќе ми е да одам на одмор и да знам дека сите во хотелот се вакцинирани, отколку да се мислам дали има шанса да донесам нешто дома.

    Едит: И уште нешто. Прекинете дајте со таа антивакс реченицата "па ете ти ако си имунизиран што ти е гајле". Мислам од ммр уште истата реченица постои и сто пати е кажано и објаснето дека пандемија или епидемија престанува кога нема кај да се шири. Што се постигнува со вакцина или со прележување/умирање на болните (вака запрел шпанскиот грип). На светско ниво далеку сме од тоа населението да е имунизирано, и сѐ дури не прекине ширењето ќе си се вртиме во круг, зошто ќе има нови мутации, па невалидни вакцини за нив, па нови затворања и слично. Ама тоа е, со сила никој нема да ве натера да се вакцинирате. Ама дека секоја нормална земја би презела чекори да не дојде до нови експлозии на болеста какви што досега имаше, секако дека ќе преземе.
     
    Последна измена: 31 мај 2021
    На M.B., GirlRose, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.136
    Пол:
    Женски
    Проф.Пановски на оваа тема
    https://www.mkd.mk/makedonija/obraz...tvrdeno-dali-kje-treba-vakciniranje-za-pat-vo
     
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    @GirlRose Браво аплауз и по некоја суза додека никој не гледа, вака мислењето ти беше во поинаков правец и сама знаеш да не цитирам ме мрзи и повторно одбегнуваш одговор свесно или не го сваќаш прашањето нека тука сум упорно да потсетам.Друго неколку пати повторувам да не се иде оф топик и дека ова не е тема за убедување за/против валкцинација така да молим те без .И сама викаш не си медицинско лице и треба да прашам некој што е а кога поставувам информации од медицински извори поточно сзо се игнорираат и заобиколуваат.И најпосле како мислиш не треба обичниот граѓанин да е вклучен во дискусии кои ни ги опфаќаат/мењаваат драстично животите наши и на нашите најблиски.Свесна си дека доколку дојде до ова и се воведе грин пас и при влез во објекти/работно место без како што веќе спомнав основана логична причина колку луѓе можат да губат работни позиции само затоа што ќе решат да не се вакцинираат-не си секако те боли уфце ти ќе си џапнеш пасче и ќе си уживкаш привилегии иако пак ќе повторам се уште не се знае дали си имуна на примање и ширење зараза(ова не го велам јас го вели сзо-ете ти медицински извори причина зошто упорно повторувам и упорно игнорирате експериментална фаза од вакцина од каде таа идеја дека можеш без грижа на совест да си шеткаш и уживкаш привилегии ?

    И да едит.Ти или јас можеме да веруваме или не колку сакаме во ефикасноста на вакцината фактот е дека се уште не се знае дали е тоа така.
     
    Последна измена: 31 мај 2021
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.581
    Кој кажа дека не сум медицинско лице? :)
    Јас реков дека не сум човек што се бави со вируси и микроорганизми.
    Друго, нема да си "џапнам" туку тоа ми доаѓа со тоа што ќе се вакцинирам. И не знам што има да ме интересира што ќе прават оние што не сакаат да се вакцинираат. Јас си знам за мене, ќе се вакцинирам оти сакам и им верувам од свои знаења и учења. Прашуваш за мислење, ти кажуваат после вака се понашаш. Не знам зошто ти е темава тогаш? Да те потапшам по рамо или што?
    Ако СЗО не одговара што те тера да мислиш дека тука ќе го најдеш вистинскиот одговор?
    Сарказмот зачувај си го за дома, а пред да отвориш тема прво информирај се како делуваат вакцините и што е експериментална фаза.
     
    Последна измена: 31 мај 2021
    На Ahoy, Tajnaotrovna и bicycle им се допаѓа ова.
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    Ти напиша дека треба да прашам медицинско лице на тоа ми се однесуваше одговорот небитно дали си или не, немаш монопол на вистината како што веќе се спомна во темава има подела кај медицинските лица околу ова прашање и фактот е дека сеуште не се знае и нема гаранција дека вакцинираните се имуни на ширење и примање инфекција тоа е се.
     
    Последна измена: 31 мај 2021
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    @Celltica девојче/дечко збунет/а ми изгледаш а и ко што гледам се сложуваме по ова што го пишуваш така да тоа би било од мене не знам каде се пронајде.
     
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Јас не знам во кој свет јас и ти исто пишуваме :D
    Никако не се пронајдов, не ни цитирав твое мислење пред да ме цитираш.
     
    Последна измена: 31 мај 2021
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    @Celltica и да поентата ми беше дека дискутирам со некој што не сака да разбере на тоа мислев за сликите не сум нео реков ту клише:D
     
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    Мислев за некои работи што ги спомна не за се да напоменам долг ти е постот и ме мрзи да сецкам и одговарам поединечно:D
     
    Последна измена: 31 мај 2021
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Колку проценти од вакцинираните не развиваат антитела? Демек руски рулет се вакциниве, или ќе имаш или не, Госпо како ќе одлучи. Драма.
    За во друга земја да се преселиш ти требаат еден куп документи, за да патуваш до само пред денеција или две исто, визи, пари на сметка, докажување кој си, зошто си од каде си. Сега во време на пандемија ќе не пуштат слободно да се движиме, секако. Во кој свет живеете? Кога си имала ти апсолутна слобода без правила и прописи?
     
    На M.B., noteforself, Pixi5 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Ама не значи дека ако нема антитела дека вакцинацијата не е успешна, просто секоја вакцинација е успешна, особено кај клеточниот имунитет. Да, може ќе се зарази вакцинирана особа, ама ќе помине само со растечен нос или нема ни да знае дека има Ковид.

    Грин пасот е виза за сите земји, како што ни треба виза за САД или УК, така сега за секаде, на поинаков начин. Исто како што треба да се примат разни вакцини за разни инфективни болести за влез во некои земји во Африка или други држави, така сега ќе треба за секаде, барем додека се прогласи крај на пандемијата. Значи, пандемија.
     
    На noteforself, Pixi5, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.211
    Пол:
    Женски
    Разбирам се и вакцинација и потреба од истата.... ама... зошто тогаш има рестрикции и за вакцинирани?
    Нели, вакцинација е најбрз пат до нормализирање на состојбата? М?
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    А ќе ми објасниш од која причина им препорачуваат (да не речам вршат притисок) на лица со прележан ковид да се вакцинираат?
    Фала
     
    На INNERBEAUTY и mKdevojce им се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Кој им препорачува? Самите одат и се вакцинираат затоа што самите знаат што поминале, а докторите само даваат совет дали е во ред да се прими вакцината во одреден период по прележување.

    Кај нас мислам дека и има препорака прележаните да не се вакцинираат 6 месеци по прележувањето, за да има вакцини за оние кои немаат никаков имунитет, што секако не се почитува за жал.

    Па и притисок вршеле, мхм.
     
    На Pixi5, Tajnaotrovna и bicycle им се допаѓа ова.
  15. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Како не вршат притисок кога и за нив важат ограничувањата?
    Притисок не е само да те врзат на сила и да те избоцкаат.
    И не мислев само за МК.
    И и по поминати 6 месеци лица имаат и IgG антитела плус, пример 10U/mL кога веќе ги вметнавме во дискусија "ценетите фб доктори" (pretty sure и ти тука пропагираш исто, ама да не копам) им препорачуваат да се вакцинираат, пошто имале малку, или веќе поминале 6 месеци.
     
    На INNERBEAUTY и mKdevojce им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Ако имаат позитивен пцр/ антиген тест не важат за нив ограничувањата, а со грин пасот се надевам и верувам дека и оние кои немаат позитивен тест, а имаат антитела ќе ги уживаат истите привилегии.

    И Петличковски, кој патем не е фб доктор, вели дека да имал прележано, би се вакцинирал по 6 месеци независно од количината на антитела и дека нема потреба да се проверуваат антителата, освен ако не требаат за патување можеби.

    А ти кажи ми, зошто да не се вакцинираат прележаните, освен поради потенцијален недостаток на вакцини? Има друга причина?
     
    На Pixi5 и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  17. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Затоа што се работи за вакцини кои се развиени за 10 пати помалку време од стандардното, има многу матни работи и нема потреба да ги примаат.
    А ти кажи ми зошто мора да се вакцинираат прележаните што имаат имунитет?
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Така, дали знаеш зошто се развиени во толку брзо време? Затоа што сите светски ресурси беа ставени во нивен развој за да ги имаме што побрзо, за разлика од до сега. Затоа што има пандемија од вирусна инфекција која што ЕДИНСТВЕНО се решава со вакцина, која за среќа ја имаме, ама не ја сакаме, затоа што сакаме да се бориме со чудовиште. Браво.

    Овие вакцини ги имаат поминато сите фази на тестирање и проверка на нивната безбедност, ефикасност и имуногеност како и сите претходни вакцини! Факт.

    Ама не мораат. Самите сакаат. Самите одат, самите прашуваат дали смеат, затоа што не сакаат повторно да се борат со чудовиштето.


    И да, повеќе се плашам од последици од вирусот, него ли од последици од вакцината.
     
    На senjorita-v, Pixi5 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  19. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Ок грешно формулирав, зошто да се вакцинираат?
    И така де, никој не мора, ама ако не се вакцинираш ќе си трпиш ограничувања.
    И не прашуваат сите дали смеат, прашуваат дали има потреба.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Многу нормално, како поинаку би стимулирале помасовна вакцинација?
    Кога си во пандемија и јавното здравје зависи од секој од нас, нема како сакаш ти нешто или не, има како треба и мора.
    Со правата следуваат и одговорности. Така, еве сега, со правото да се движиш интернационално, имаш одговорност да примиш вакцина. И не е само ова.

    И во Израел може некој не сакаше да седи во скривница сред бел, сончев, топол ден, ама надвор фрчеа ракети, па седеше оти мораше. Па исто е. И ова е војна со невидлив непријател, а таква е пострашна. Надвор имаш ракети и не знаеш дали/ кога/ како ќе те поогоди, а имаш и скривница, односно вакцина. И бирај.
     
    На Pixi5, Tajnaotrovna и Amellie13 им се допаѓа ова.