Општествена одоворност не е да примиш вакцина за која само ти самиот носиш одговорност за себе за последици. Едит: Пак ќе прашам зошто да се вакцинираат прележаните?
Многу од прележаните во последните 2,3 месеци од страв трчаат да се вакцинираат. Докторите им велат дека нема зијан, дека само ќе ги зголемат антителата. Епа не е баш така кај сите. Кај оние веројатно со висок број антитела, вакцината ги кутнува во кревет, буквално како уште еден ковид да фатиле, со високи тем., со кашлица, болки во цело тело, не можат од кревет да станат со денови. Ете уште една причина да не се става трн во оздравена нога. Посебно не кога сте прележале во последните 3-4 месеци. Имате заштита, без оглед дали антитела та ви се мерливи или не.
Јас прележав и пак се вакцинирав. Прележав лани ова време, се вакцинирав годинава. Ама еве за „демократската Европа“ ништо од ова нема да ми важи. Само затоа што не им е по ќејф вакцината што ја примив. @Bridget мислам дека ти спомна дека Македонија е сама крива што не обезбедила вакцини. Еве ја вакцинирана и прележана и имам антитела ама за Европа е џабе. Не е срце тука до Македонија, бурквално до ЕУ е. Не знаат ни самите веќе кај тераат со мерки, вакцини и слично. Сопствената неспособност ја прикриваат со викимизирање на луѓе што е лесно да ги правиш криви. Позната техника во психологија на барање на „жртвено јагне“. Мерките и за Србија важат која има подобар процент на вакцинација од цела ЕУ (со исклучок на Унгарија). Или поинаку кажано Србија има 28,3% вакцинирани со две дози и буквано вакцина можеш да добиеш во Трговкси Центар (со сови очи видено) и за таа земја овој Европски пасош нема да важи, ама за Бугарија која е членка на ЕУ со 7,8% вакцинирани со две дози зеленипот пасош ќе важи. Кај е логиката тука? Се сложувам дека мора да се отвори и економија и движење на луѓе и се, ама не на начин кој е тоталитарен и кој едните ги става пред другите. Ова што ЕУ го заговара е само демонстрирање на глупава моќ и незнење што да се прави. Врска нема со ништо друго.
Брат ми прележа лани август. Имаше добра антитела, даваше и крвна плазма. Во саботата си провери повторно антитела приватно, има многу повеќе од порано антитела. При секој контакт се лачат повеќе антитела, и одлучи да не се вакцинира.
Епа ништо, нема ковид пасош за него. Анти-ваксер еден, на природен имунитет ќе се ослонува Ова не е мое мислење, ова е мислење на државата која ја претставувам. Да повториме-имунитетот ти трае 6 месеци и не ти важат антитела. Нема шо да мислиш, вакцинирај се. Мислам изборот е тој- за да оди на работа или ќе се тестира на 3 дена, или ќе се вакцинира. Среќа па немате ваква ,,одговорна,, здравствена регулатива. Во контекст на слободниве патувања, а во светлината на тромбо-ефектите, подобро без долги авионски летови. И многу вода, и помалку седење. Спојлер: спојлер
Реалност., за секоја вакцина има податок.Секогаш има %на луѓе кај кои нема да биде успешна вакцинацијата. Не мешај баби и жаби.Зошто да не се движат слободно луѓе кои се здрави,зошто ? Како ке воведуват пасош кој не знаат колку ке има важност? Колку трае заштитата од вакцина,6 месеци,после пак ново ажурирање на пасошот. Како можат да воведат пасош кога не знаат колку трае имунитетот и на прележани и на вакцинирани. За контрола на можни заразени кои можат да влезат е доволен ПЦР. Зошто пасош и код и скенирање кој е вакциниран,зошто такво контролирање на луѓето?! Во каков свет живеете,каде што е нормално да ве скенираат и контролираат за да купите нешто во дуќан ? @Ahoy Не е секоја вакцина успешна. Има доволно податоци на луѓе вакцинирани и со Фајзер кои се хоспитализирани и болнички лекувани,тоа е неуспешна вакцина. Грин пасот не смее да биде виза.Дискриминаторски е здрави луѓе и без симптоми да не смеат да патуваат. Еве ти нема да го добиеш и ке бидеш затворен дома,здрав,прав ,прележан. Некој што бил болен во мај,ке не може да мрдне ниакде,зошто не му е време за вакцинирање и ке си седи затворен. Некој што не смее да прими вакцина ке седи затворен исто така бидејки за него нема пас. Никогаш нема да заживеат овие диг.пасови .Уште една бирократска глупоштина од ЕУ. Еве ке видиме.Ке збориме пак.
Еве пример од блиско семејство. Едниот вакциниран со Фајзер,антитела 2. Другиот прележан уште во ноември,антитела сега во мај 25. Првиот ке патува,вториот не. Кај кого ке трае повеке заштитата,кај првиот кој ке има пас или кај вториот кој сега не му е препорачано да се вакцинира?
Пријатели прележаа цела фамилија, релативно лесно според овдешна дефиниција (значи без хоспитализација), релативно тешко според нивното лично чувство. Никаква анализа за време на, или после прележување. Можат приватно да си проверат антитела кои ништо не им вредат, од септември секако мора да се вакцинираат за на работа, јер важноста на признаениот имунитет ќе им помине. Мислам признаен имунитет со рок на траење А одговорност никој нема да сноси ако им се деси нешто, од liability се сите исклучени. Граѓаните одговорни да бидат комплајант со општествените барања, општеството повратна одговорност НУЛА. Производителите се секако исклучени од liability, тоа е ваљда јасно.
Мене кога ќе ме праша прележан од пред не повеќе од 6 месеци дали да се вакцинира, велам не. Штета нема да има, а заштита веќе постои. По 6 месеци да, и само со една доза. За да се бустира имунитетот и трае подолго. Ама колку време после вакцина Косми? Неколку дена? Претпоставувам да. И јас знам таков случај, вакцинирана личност со Фајзер, 5 дена после прва доза доби први симптоми и заврши на болница, тешко. Инаку специјалист доктор. Вели да не била вакцината немало да преживее. А главна цел на вакцината е да заштити од смрт, и хоспитализација. А од смрт сите штитат, значи се успешни. Инаку јас сум апсолутно против грин пасот да е само за вакцинирани и прележани со поз. пцр тест, туку и за оние со антитела. Реков, нека биде тоа само еден (или повеќе) проверени методи за серолошко тестирање, меѓународно признаени. Потполно е глупост јас да не можам да патувам затоа што немам поз. пцр, а (претпоставувам) имам антитела, а мојот контакт со кого во исто време бевме болни, поради позитивниот тест може да патува. И сега само таа во фамилијата има поз. тест, а останатите 3ца не. Тоа е стварно глупо и нема логика.
А по која основа те прашуваат чисто ме интересира? И ок, сфатив, бомбони се вакцините, имале немале имунитет нека се боцка, нЕмА ШтЕта сигурно
Ама и ти забораваш дека се памти само селективно, односно она што им одговара на другите Ќути, може и полошо да те снајде
А, шо има баш за напнување во конкретниот ми пасус? Што јас да правам што ти не сакаш да се вакцинираш, а јас сакам?
Логиката а и зрелоста/емпатијата не ти е баш јака страна така да ако сеуште не сфаќаш/не сакаш проблемот во твојот став а и она што јас упорно го пишувам или заобиколуваш свесно тогаш си безнадежен случај или манипулатор али само у покушају така да на тебе веќе не планирам да трошам време и енергија само ќе се цитирам