Епа морам да признаам баш и не ме интересира само битно ми беше дали си Христа добро сега тоа го разрешивме.
Здрави луѓе кои може да се носители на вирус. Толку за здравјето. Во пасошот ќе пишува дали си вакциниран или не а не дали си испитувал антитела и колку ти се вредностите. Исто во пасошот т.е грин пасот ќе пишува дали си прележал во последните 6 месеци и ќе можеш слободно да патуваш без вакцинација. Така да, тој што прележал во Мај нема да седи дома ако не сака. Во грин пасот исто ќе пишува дали си се тестирал пред патување и какви се резултатите, па ако си негативен, исто ќе можеш без вакцинација. Толку е. Сакаш никаква контрола да нема? Ни на сон. За каква дискриминација и каков свет пишуваш? Живееме во различен? Ти признаваат факултети во други земји? Можеш да се омажиш за странец без проверки и да те третираат ко криминалец прво? Можеш слободно да работиш во друга земја без работна виза? Зошто за истата работа некој во Мк зема 300 евра плата а друг во странство дури 10 пати повеќе? Ова на каков свет ти личи? Ама не те гледам да се бунтуваш, сега во време на пандемија ти смета што некои не сакаат зараза да им донесеш во државата? Па као увредена Ако се прашуваш зошто сега кога има уште непознати, затоа што има вакцини, луѓето сакаат да патуваат и работат преку граница, сакаат да одат на одмор. Ако не, да затвориме граници додека не се сто посто сигурни колку ќе трае имунитетот, дали еден во милион не развил антитела па како да го лоцираат и како ќе се одвиваат работите понатаму. Да почекаме на 0 заразени за да почнеме да живееме? Уште месец дена отприлика и ќе станат реалност, подготовките се при крај, сори.
А, шо да имам емпатија спрема тебе кога ти веруваш дека се експримент и се е лага? Имам емпатија јас, не се секирај. И пред да ме цитираш јас си искажувам мислење, а ти ми се нафрлаш. Нити сум манипулатор, а сепак културата не ми дава да го преминам прагот да ти ја вреднувам логиката. Едит. Баш сега си ги погледнав мислењата и првично си искажав мој личен став се додека ти не ме цитираше и да почнуваш да ме убедуваш како се во експериментална фаза. Како океј ако не сакаш не мораш да се вакцинираш.
За емпатијата, зрелоста и логиката на ваков став не би да навлагам. Само би додала не можеме општеството да го уредуваме во оваа ситуација по твоите ниту пак моите верувања туку логика и факти фактите се тие засега дека не знаеме дали вакцинираните се имуни и супериорни во споредба на невакцинирани за ширење и примање зараза затоа што тебе не ти одговараат не можеш да ги менуваш од факти во само мои верувања .
Ти имаш емпатија за оние кои се вакцинирале со вакцината т.е отровот како што испаѓа дека е? За мене решение се вакцини за тебе не се, добро. Што е решение за тебе? Да седеме дома уште 2 години? Мислењава се скроз оф топик ваљда и сама знаеш.
Каков допринос има вакво мислење во ваква тема ти реков можеш само да пробуваш да манипулираш не и да успееш во тоа провидна си и бегаш од тема пак мое мислење свесно.Најкултурно ти велам држи се до тема и заобиџи ме ќе пробам и јас тебе мада на нелогичности не останувам нема.
@INNERBEAUTY Кога ќе научиш дека се обидувам да водам дискусија со тебе, а не манипулирам тогаш ќе биде нешто. Вака не. Ако гледаме со манипулации ти почна да ми пикаш во уста зборови ко емпатија и слично. Имај убав ден и се надевам ќе научеш што е дискусија на форум, а не само испревртување на зборови.
Хих Грин пас и после ќе сме се, пардон, ќе сте се движеле слободно? Да видам да не верувам! Јасно ми е дека слепо веруваш на системот таму, дискриминација не постои за тебе во случајов, т.е може и постои ама одбираш да не ја гледаш. И не само што не ја гледаш, туку и гласно ја пропагираш истата. Ок, еве да речеме се е како што викаш, до кога ќе трае? И зошто побогу јас прележана од МК да не одам во Европа, всушност, можам да одам, ама со карантин? И не само јас од Мк, туку и вие ако дојдете во МК без разлика дали сте вакцинирани или не, пак Че си седите во карантин ко ќе се вратите? Нели вакциниве беа решение за се? Нели тоа беше поентава? Најверојатно оти ние од балканов сме валкани (ко што рече Били) или им се може. Пошто пази молим те, јас од тука заразна, а Педро од Шпанија не е И јас прележана пак сум опасна, а Педро од Шпанија не е? Хммммм....
Како што и многу порано имам напишано, ќе ги делат државите по зони. Црвена, жолта, зелена, шарена. Кој како се справувал, кој колку тестирал и вакцинирал, кој колку си ја довел државата во ред. Исто реков, бидете гневни на тие што ве водат, кога наместо во здравство вложуваа во своите џебови. Тоа е, нема да дојде некој од страна да те спаси, затоа имаш право на глас, го користиш како што го користиш, те води тој што си го избрал. Е како што е. И Педро од Шпанија нема да го пуштат ако бројките во државата не му се во ред. Еве последно читав дека ќе олабавуваат мерки за тие од црвена зона и ќе може да патуваат со вакцина или тест без карантин, веста мислам од денес дека беше. Значи пак олеснуваат. Јас нема да седам во карантин, за други не знам.
Еве јас сум многу увредена на пример. Ем прележана ем вакцинирана ама џабе е. На Европската неспособна бирократија тоа не и е битно.Пошто не им се свиѓа вакцината. Вакцинирана сум со две дози Спутник. И за некој таму тоа не е битно. Пошто форсираат само еден тип на вакцина (се испокараа со Британија заради вакцина де). Само еве не знам како ќе ги третираат Унгарците што се вакцинирани со Спутник и Синофарм. Или како ќе се третираат Германците што одат на вакцинален туризам во Русија да се боцнат со Спутник зашто Германија ја оплеска на почеток со вакцините (и уште касни цела ЕУ зад САД, Британија и слично). Или оние од Сан Марино што се вакцинирани со Спутник и што исто сега нудат вакцинален туризам баш со Спутник. Тие не се дел од ЕУ, ама се во Италија практично. Нема логика во она што го предлагаат. За самата ЕУ внатре, еве и да го оставам Балкан настрана. Не е ли битно дали некој е заштитен и безбеден, туку е битно да биде само по теркот на оан што некој бирократ ќе го измисли. Еве и некој вакциниран може да се зарази и да го пренесе вирусот понатаму. И некој што ќе има негативен тест денес не значи дека не е заразен (може се заразил по пат и за околу 7 дена ќе развие симптоми). И од каде баш 6 месеци кога има студии кои укажуваат дека барем 9 месеци трае имунитетот па сега најновите дури имаат и укажување дека може да биде доживотна заштитата. Логиката на тоа дека некој е ОК, а некој друг не е, не држи вода. Барем не вака како што им е замислено.
Секаде пишува -not yet но се оди во насока да се одобри. Дали е политика или нешто друго не знам и не можам да знам, може имаат информации дека дрога клавет во вакцините, мислам...не сум читала зошто не е одобрена, ако знаеш напиши. Ако си прележана зошто да не можеш?
Затоа што сум прележала пред повеќе од 6 месеци. И ако имам антитела за тој пасош нема да важат. Само одредени вакцини и само негативен ПЦР. Ќе им ја растурат слузокожата на луѓево од будалаштина. За секое патување ПЦР не е нормално. А за Спутник е политика. Исто и за кинеската. Исто и за Астра Зенека.
Дали е сигурно потврдено,истражено и утврдено дека вакцинирани не пренесуваат зараза на други доколку се заразат:? ама нели тестот не е доволен па сега ке измислат контролирање на народот со QR кодови и пасоши кои не значат ништо. Сакаш влез во автобус,театар,ресторан,скенирај го човекот дали е вакциниран. Така сакате да живеете стварно,со картичка? Пред да одиш на фризер чекај да ти ја помине со читач пропусницата. Ковид пасошите се политичка одлука,не здравствена,чиста дискриминација. Еве во Германија 11 % се комплетно вакцинирани. Другите се дискриминирани, ако го воведат нема пас за нив. Се додека има приоритетизација во Европа кој да се вакцинира или политички одлуки со што (Спутник не се признава)дискримининаторски е да воведат пас. Месец дена? Требаше уште во март да почнат,па ај од утре 1.06.па уште абер немаат,ќе помине и летово и имунитетот на вакцината додека се усогласат европските држави. Во Израел ги укинуваат.
Ај да речеме се воведат вакви ствари - да мораш за на фризер вакциниран да си. Колку време би траеле? Што ќе биде услов да се укинат такви картички? И зашто за другиве болести нема така?
6 месеци ќе ти важи. Услов за укинување- крај на пандемијата ваљда Со месеци барам дефиниција за пандемија, никој не ми ја кажува . Колку има во моментов инциденца МК и колку хоспитализирани? До кога ќе биде пандемија? ММФ вика пари требале за да заврши пандемијата, многу пари, не знам ни да ги прочитам Спојлер: Спојлер The latest research by IMF staff analyzes multiple dimensions of the fight against the pandemic and proposes realistic targets to bring the pandemic substantially under control everywhere—and the means to achieve them. Building on the work of other agencies, the proposal aims to: vaccinate at least 40 percent of the population in all countries by the end of 2021 and at least 60 percent by the first half of 2022, track and insure against downside risks, and ensure widespread testing and tracing, maintain adequate stocks of therapeutics, and enforce public health measures in places where vaccine coverage is low. Importantly, the strategy requires not just commitments but upfront financing, upfront vaccine donations, and “at-risk” investment for the world to insure against downside scenarios. The proposal’s total cost of around $50 billion