1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Група за поддршка

Дискусија во 'Психологија' започната од OhSarcasm, 16 ноември 2016.

  1. OhSarcasm

    OhSarcasm Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Во Македонија постојат многу алкохоличари,коцкари,луѓе кои заглавиле со дрога и луѓе болни од тешки болести.Дали во Македонија има вакви групи,каде луѓето можат да разменат искуства и можеби полесно излезат од проблемите,и ако нема дали мислите дека би функционирало такво нешто со оглед на тоа дека на многу луѓе им е срам и страв да не ги осудуваат бидејќи сепак сме малечка земја и во секој град луѓето горе-долу се познаваат.Дали мислите дека е потребна анонимна група за поддршка?


    Ако има ваква тема,слободно канта. :D
     
  2. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    И тоа како е потребно да има вакви групи. А колку би биле посетувани не знам.
     
    На Ketchup, eloves и OhSarcasm им се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Темата таман е на место, уште некој посериозно да ја свати и стварно да се формираат вакви групи за советување и пружање помош и поддршка.
    Јас би се пријавила одма за да ги ислушам и да им помогнам некако, колку можам.
     
    На sj *O*, Victorian, purple..m и 3 други им се допаѓа ова.
  4. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    17.747
    Пол:
    Женски
    Постојат дневни клубови за лекувани алкохоличари каде доаѓаат пациентите.
    Со нив работи медицинска сестра која им дава лекови со кои не смеат да земаат и алкохол, им дели ужина, разговара со нив за нивните тегоби и проблеми.
    Психологот подлабоко ги анализира психолошките проблеми и заедно со психијатар тимски работат ..
    Се организираат екскурзии и дружби со клубовите од другите градови.
    Во мојот град човек потписник и основоположник на клубот е токму медицинската сестра.Многу благодарници официјално има добиено од државата за својата хуманист и несебична пожртвуваност во работата но и од самите пациенти и нивните семејства.
    Лекуваните алкохоличари имаат тука свое катче и не се маргинална група отфрлена од останатите луѓе.Впрочем со самото нивно доаѓање да се лекуваат си се заштитуваат од отказ на работно место и повторно им се обединува семејството кое е најчесто во хаос и распаѓање предизвикано од девијантното однесување на алкохоличарот .
     
    На Victorian, theowndemon и OhSarcasm им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Да, и тоа како се потребни ваквите групи за да можат оние што некогаш биле алкохоличари, наркомани и сл. да се вклопат во општеството без страв како ќе бидат прифатени бидејќи често на нив се гледа како црни овци и често не се прифатени ни по лекувањето. Потребна им е огромна поддршка за да зачекорат нормално во нов живот а за тоа се многу важни ваквите групи. Сериозно треба да се обрне внимание на ова.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.434
    Пол:
    Женски
    Ова е доста потребно и за време на рехабилитација и за време на ресоцијализација и адаптација.
    Искрено, познавам луѓе со зависности, луѓе кои побарале и посегнале по помош, ама ете за вакви групи за поддршка не знам, за жал.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.