Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грутка на градата

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од bumbi, 15 март 2010.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Анат а тоа фиброаденом исто ли е како проширените каналчиња? Јас пред недела дена бев на прегллед и ми рекоа дека е мал 7мм и дека не требало ништо да ме загрижува и во скоро време да не сум идела пак.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.534
    Допаѓања:
    201.646
    Пол:
    Женски
    Проширени канали и фиброаденом не е исто - фиброаденомот обично нема врска со каналите на млечните жлезди, настанува со растење на ткивото помеѓу нив.
     
  3. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Фиброаденом ти е вид тумур, но од добрите не од лошите, што значи не е ништо страшно.
    Мене докторката ми кажа дека ќе го следи пак после 3 месеци да одам на контрола.
    Ако ми смета ми кажа дека можам да го извадам, или пак недај боже ако се зголеми над границата на нормалата се вади, но не било ништо опасно. Барем така ми кажаа. :?:
    Е сега можни биле некои компликации доколку останеш бремена, но не мора да значи...
     
  4. amazonkaka

    amazonkaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    neznam sto ti preporacala doktorkata no mal sovet , probaj so listovi od sveza zelka da stavas kako oblozi..sveza zelka se premackuva so malku zejtin i se stava na gradata da stoi cela vecer. od ova nema steta
     
  5. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    И јас имам грутка на десната града и десната ми е поголема од другата имам за 1 месец 17 што е проблемот ? :?:
     
  6. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Мене фиброаденомот ми е 20мм, а докторот ми рече дека ќе го следиме, да не го вадам одма????
     
  7. Moni4ka19

    Moni4ka19 Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Незнам дали моево е за овде, но јас немам грутка на градите, но кога ке ги допрам градите, најмногу накај брадавиците премногу ме болат, треба да добијам за 6 дена, а градите ме болат уште пред 4 дена, прв пат ми се случува оваа и стварно сум исплашена, дали е од што треба да добијам или ?!
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.534
    Допаѓања:
    201.646
    Пол:
    Женски
    Само следи го, нема потреба да се чепка, посебно ако не расте многу брзо.

    Колку години имаш? Инаку, нормално е да те болат, посебно кога треба да добиеш, некогаш може и воопшто да не престане болката до наредниот циклус. Се е до хормоните ;)
     
  9. Moni4ka19

    Moni4ka19 Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Колку години имаш? Инаку, нормално е да те болат, посебно кога треба да добиеш, некогаш може и воопшто да не престане болката до наредниот циклус. Се е до хормоните ;)[/quote]

    Имам 17 години, денес не ме болат толку многу, вчера беше ужас, затоа барав ваши мислења. Благодарам многу.. :)
     
  10. Strawberry.Girl

    Strawberry.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Слушај појма си немам од докторски работи и не сакам да те плашам ама кај сите жени, па и едвај да е забележливо, левата града е поголема од десната. Тоа се познава уште на 10-11 години кога ќе почнат да растат градите. Мислам дека треба да се консултираш со некој упатен во тоа.
     
  11. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Здраво барам совет од феминка со ваков проблем...Долго време си допирав нешто тврдо во градата и решив да се прегледам,мојот гинеколог ме упати на ехо на града па испадна дека имам циста (доктотот така ја нарече) голема над 2 цм,а јас ја осекам какмо поголема..ми рече да не се плашам не било нисто страсно сум имала и неколку помали,да одам на контрола на 3 месеци. Јас се плашам,како мози да знае што има во цистата кога не ме упати ни на биопсија? Докторот вази за еден од најдобрите во таа област кај нас во битола но јас сепак се плашам.Утре ке одам и на хирургија да се консултирам. Ве молам за совет. :(
     
  12. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Незнам каде да го вметнам прашањево - едната града ми е поголема и ако не носам соодвтени градници мислам дека мми се познава, долго време криев од мајка ми и летово ме примети бидејќи носев маички без градник - и викам сигурно од ташните до книги до години носев и основно и средно и не
    а факс ташна само на една рамо ...

    дали има вежби некакви или ке треба операција некоја за да бидат соодветни...ми смета, се срамам и пред другарки да се соблечам, а не камоли пред дечко - мислам дека ќе им е чудно и страшно
     
  13. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    На сите ни се различни, кај некој е поприметливо, кај други помалце. Ако толку ти смета единствено решение е да направиш операција, што според мене е сосема непотребно. Со вежби ќе ти се зацврстат градите, може ќе има минимални резултати, ама некоја голема разлика не верувам.
     
    На jasmina00 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Не е лошо да направиш биопсија за да се види што точно имаш. Имав и јас грутка што беше фиброаденом, ама ми сметаше, порасна многу и ми го извадија. Сега пак имам помало грутче и тоа е фиброаденом, ама не расте сега за сега ќе видиме што понатаму.
     
    На no.name6 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    A како утврдија што е? направи ли ти биопсија? ти благодарам за советот
     
  16. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Направи биопсија задолжително, па ако не е опасно , ако не расте и не те боли нема да ти го вадат.
     
    На no.name6 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ај едно прашање па кој знае нека ми помогне
    се прегледав сама со кружни движења на градата и не осетив ништо а одвреме на време имам болки во десната града и незнам точно на кое место некако како да си се шета болката а во мегувреме ме гуши грлото и осекам како стегање во грлото е сега последнава недела ми се собра се и зимници правење и дома генералка цела недела а и имам доста стресови во последно време правев ехо пред 1,5 година онака како редовна контрола и се беше ок дали да одам пак или да почекам да се одморам малку и да видам дали ке се смири инаку болката не е постојана и не е несто голема болка совет????????
     
  18. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    ако пушиш може да ти е и од цигарите и мене истото ми се случи кога почнав да пушама но пробај одмори се може ќе ти помине
     
  19. lovely555

    lovely555 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Јас на двете гради имам фиброаденоми, денеска бев на контрола и докторот ми рече дека едното било 24 милиметри а ако било поголемо од 20 треба да се направи операција. Се има ли некој правено операција од ова мене навистина ми е многу страв па ако на некој му се има случено истото нека го сподели искуството !!! ПОззз :*
     
  20. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    А како се прави биопсија? Боли ли?
    Јас два пати до сега (пред неколку години) бев на лекар бидејќи осеќав стегање во градата на моменти, ама двата пати на ехото покажуваше нешто како циста и беше многу мало. Сега на истото место осеќам болка кога ќе се допрам и нешто тврдо внатре, ама јас го осеќам големо. Докторот ме прегледа на ехо и рече дека се работи за фиброаденом 1см, и дека не е страшно, ама дека е најдобро да направам биопсија за да сум раат. Па ако сте правеле кажете ми како се прави тоа. Ми рече и дека ако некогаш има потреба може да се извади, ама сега нема потреба. Исто ми рече дека бременост и раѓање многу поволно влијаеле врз дојките