јас правеб пред една недела биопсија не е страсно малку боли,не се плаши И јас сакам да прашам уште нешто осетив како некое пецкање кај пупката на градата и кога се притиснав малку ми истече нешто бело повеке како прозирно а ете денес пак се притискам пак по малку излегува...Премногу сум уплашена дали на некој му се случило ова??????
Вчера бев на гинеколог. Ми откри цисти на десната града. Значи не се работи за некаква грутка - туку конкретно за цисти. Извинете ако е off topic, не најдов по соодветна тема. Кога ми рече така, се исплашив и како да ми се блокира мозокот, па не се сеќавам точно на се‘ што ми кажа докторот. Ми рече дека не е лошо да си направам и рентгенски преглед на градата... Не сфатив, и не ми ни текна да прашам. Има ли некоја од вас слично искуство? Дали се работи за мамографија или некоја друга рентгенска техника? Колку што сум информирана мамографија се прави од 40 тата година па натаму, а јас имам 28 години. Ве молам доколку некоја од вас има такво искуство, да ми одговори. Да напоменам, димензиите на цистите се околу 11мм и 12мм, а има и други помали, па ми рече дека ќе треба да се следи ситуацијата со редовни контроли (од 4 до 6 месеци).
Уф еве ме и мене. Пред 3 недели пред претходното добивање ме здоболе десната града, онака како струиче и почна по малку да ме боли тој десен дел од десната града, минимална болка која ако ја кренам раката минимално се приметуваше. И арно бев настината и си бев кај матичен лекар па му спомнав, ми даде упут и си закажав ехо на дојка за декември, нали кај нас се чека со месеци. И еве приметив сеа пред новово добивање дека имам минимално топче на тој дел, онака се мрда. Се уплашив, aма и се надевам не е страшно. Болка кажав немам онака освен ако не се допрам. Ни промени на градата некои, ништо, тоа доаѓа дури и на крајот од градата. Да не е далеку декември за преглед? Месец ипол имам? Повеќе пишувам за утеха некоја, него дека од пишан збор дијагноза ќе ми дадете
Најверојатно се работи за фиброаденомче. Првиот симптом што го кажа, болка при движење на раката, ме асоцираше на истегнат мускул, бидејќи многу често се случува да се истегне градниот мускул и притоа да се мисли дека болката доаѓа од дојките. Штом велиш дека се движи и дека е на крајот на градата, тогаш може да се работи и за зголемена лимфна жлезда, ете си била настината, може се работи за некоја инфекција, па жлездата реагира. Јас би рекла дека немаш причина за грижа, најверојатно ќе се повлече. Ако е фиброаденомче, може да се зголемило поради тоа што треба да добиеш, фиброаденомите се хормонски зависни тумори и се менуваат зависно о циклусот. Би ти рекла да не се нервираш безпотребно, прегледот секако ќе си го направиш, за да се одреди што навистина е, и дали треба да се следи.
Девојки пред некој ден отидов за биопсија (ми закажаа пред еден месец) истрпев страв, нервоза пред вратата со уште еден куп луѓе, а кога дојде докторот за да ја направи биопсијата ме погледна и ми вика Кој те прати тука ?!? Немаш ништо. Си станав, се облеков и си останав да се чудам. Значи болка уште осеќам на моменти, а кога подобро ќе ги допрам двете гради ми делуваат исти освен што деснава ми е малку поголема и што на тоа место осеќам повеќе болка. Па сакав да ве прашам дали е веродостојно ехото од гинекологот или има некои специјални доктори со специјално ехо . Вие каде правите преглед? Се мислам дали гинекологов ми е чукнат, дали е до мене или до тој што не ми направи биопсија (иако никого друг не врати, на сите им направи, а кај мене не можеше да напипа никаква грутка).
Се консултирав со гинекологот (всушност со сестрата), и ми рече дека не се работи за мамографија туку повторно за ехо на града, меѓутоа на рентген кај радиолог. Радиолозите биле постручни за да кажат дали има нешто или не, за што треба да бидеме загрижени. Така што ова може да биде и одговор на прашањето на Minnie-e . Закажи си ехо на рентген. Во мојов град, за ехо на рентген се чека со месеци, а бидејќи сум загрижена, ќе одам на приватно (но ќе почекам да ми дојде и да ми пројде - тогаш било најдобро). Потоа, за контрола - ќе си закажам на државно. Ми олесна кога ми кажаа дека треба да одам пак на ехо, за второ мислење.
Дали може некоја поискусна да ми каже дали кога се прави биопсија на градата те пуштаат веднаш од болница, и колку чини од прилика биопсијата во државната болница во Скопје.. прашувам за свекрва ми бидејќи ја праќаат на биопсија да видат што е топчето на нејзината десна града, правеше и ехо и мамографија и ја снимија на рендген но неможеа да откријат..
За биопсија треба да оди и да закаже, отприлика за после еден месец закажуваат. Иначе кога прават биопсија не те задржуваат воопшто. Чекаш да те повикаат (иако имаш закажано, има многу гужва) и внатре си околу 5, 10мин. Резултатите се чекаат недела, две. А колку чини не знам, нешто ситно би требало да е
Па свекрва ми беше денеска и и закажаа за утре (прилично брзо), а значи резултати не излегуваат веднаш, фала на информацијава Minnie-e
на приватно во скопје е 4000 денари и резултати веднаш мајка ми беше али незнам точно за која ординација се работи ако на некој му треба како информација ке прашам
Јас кога бев ми закажаа за после еден месец и тоа демек пошто млада сум била.Имаше уште едно девојче што закажуваше и исто и на неа и закажаа за тогаш. Кој ги знае што прават. А дента кога отидов имаше многу гужва, сите имавме закажано ама сепак беше кој прв дошол. Мене не ми направија, ама слушав на шалтер кога доаѓаше по некој изгубен и му се дереа чим сега си правел оди си дома, резултати за една, две недели. Можеби има врска и од тоа колку има гужва
И да знаеш и тие не знаат што прават, утре ќе и прават на свекрва ми биопсија па ќе ги видиме резултатите.. ајде со Господ напред само, можеби нема да е ништо сериозно.. Minnie-e фала ти за информацииве поздрав до тебе Ева фала ти и на тебе за информацијата, но свекрва ми ќе прави биопсија во државната болница, таму сигурно е поевтино, па сега за резултатите ќе почекаме недела-две.. Како си ти Ева?
девојки дали ви се случило да ве боли едната града повеке од другата пред циклус.овај месец многу порано почна да ме боли при допир и како грутки да имам.летото бев на снимање ,и рекоја дека е од хормоните.ме плаши ова со градава ве молам за ваше мислење.
^ На претходната страна имам пишувано, исто имам болки ама не само пред да добијам, и не само при допир, се случува и така од ништо да почне да ме боли, ама на лекар ништо. Те праќаат од едно на друго место. Па се откажав да мислам од што ми е. А чим и тебе ти рекле дека не е страшно тогаш уживај.
Јас се имам превено опрерација од ова, пред 3 години.Не е ништо страшно.Најпрво ке одиш во Скопје за биопсија, и откако ке го добиеш резултатот, ке ти закажат опрерација.Операцијата беше со целосна анестезија,зошто јас така сакав, но може и со локална.Операцијата трае не повеќе од пола час, и одма истиот ден те пуштат дома.Значи не осетив ништо,дури не ми се познава ни белег,зошто тоа е многу мал рез.Позз
Може ли некој да ми помогне, некој кој веќе се оперирал од рак на дојка, се работи за свекрва ми, во понеделник ќе се оперира, сакам да знам од прилика колку дена задржуваат во болницата во Скопје после операцијата, и какви се последиците од самата операција, дали смее да дига и до која тежина, доколку не смее да дига ништо до колку време не смее после операцијата, што смее а што не смее да јаде, за колку време се вадат конците, и дали постои опасност од повторно јавување на ракот.. доколку има некој со искуство нека ми објасни малку околу овие прашања молам.. поздрав до сите на Фемина
Дали на некоја феминка и правеле операција за да и извадат грутка на градата, без пред тоа да и направат бопсија? На свекрва ми и се појавила грутка во градата и прво и рекле да направи биопсија (таа веќе и беше си закажала во Скопје), но во меѓувреме разговарала и со друг лекар и и рекол дека нема потреба од биопсија, и така ќе мора да се вади оперативно. Инаку не знам која големина е грутката (претпоставувам поголема е од 20мм, штом и рекле дека ќе мора да се вади), знам дека правеше и ехо и мамографија. Сега навистина не ми е јасно како тоа еднаш треба биопсија, а еднаш не треба - право операција? Не ли треба хирургот да знае со што си има работа? Ве молам некоја ако знае нешто - да ми одговори.
Мајка ми се оперираше и прво правеше биопсија, а потоа и закажаа операција.После операцијата земаа примерок од извадениот тумор и пак го пратија на анализа. Тешко не смее да се крева заради раната никако, но се друго нели зависи од типот на операцијата. Ако се прави целосна мастектомија закрепнувањето е секако подолго.
кнезнам дали е за тука прашањево ама јас да си прашам...имам 27 години,и имам прилично мали гради за мојте години... веке подолго време на двете гради имам вовлекување на брадавицата (ми се собира навнатре ) и одеднатабрадавица кога ке ја стиснам ми потекува нешто бело ,ама не е течно (незнам како да го опишам ,како згрутчено )значисамо кога ке се стиснам ми искаша така ... стварно ме фака паника ,грутки не напипувам(барем јас мислам така) ме интересира што мислите? што се случува со мене? а и тоа вовлекуванје на брадавиците многу ми е страв ....кеодамденовиве на ехо,треба да закажам, само ме интересира вашемислење дали има место за паника...фала ви мноогуууу
Сестрами има грутка во левата града и е 2.5цм можно е да се работи за циста дали некој има поминато низ ова и какви се последиците дали треба да се интервенира??