Девојки имам 13 ипол години имам онака за мои години прилично големки гради и на десната града имам нешто како грутка, баш синоќа приметив. Малце се исплашив, што би можело да биде?? РЕдактирав, сега пак приметив дека кај другата града имам на друго место иста така помала, оф бе луѓе почнувам да се плашам...
па најдобро е да и кажаш на мајка ти па она е повозрасна и ке виде она ако има потреба ке те однесе на ехо за гради
Здраво девојки, Од мојата 16 година имав фиброадреном кој го пратев и следев, големината му беше 4,5цм. Во тоа време се консултирав со голем број ренгенолози и хирирзи и ми рекоа дека би требало да го извадам пошто е страно тело да не прерасне во нешто друго, меѓутоа дека не е ништо страшно но треба да се извади пред да се пораѓам бидејќи во бременоста со хормоните може да прерасне во нешто друго. Ми рекоа и да направам биопсија но мајка ми не ми дозволи, па така си го носев до мојата 24 година кога си реков ок веќе сум голема може ке најдам дечко и ќе треба да раѓам па треба да го извадам. и заказав операција го извадив операцијата траеше 30-45 мин , малку неприатна пошто си по локална анастезија и осеќаш како те тегнат на сите страни, ама битно се помина во најдобар ред. Ги поминав сите контроли се беше како сто треба, и после 3 години повторно ми се појави кога дознав збеснав, но радиологот ми рече дека од 2012 година донесене е заедничко решение дека фиброадреномите повеќе нема да се вадат бидејќи жените кои се склони повторни им се појавуваат и неможе да се сечат на секое.... на втората контрола ми се имаше појавено уште едно вкупно две на местото каде што беше претходното. И решив дека треба да истражам зошто баш јас сум склона кон нив и ја прашав докторката зашто ми се појавуваат што е причината поради која ми се појавуваат. и она ми рече вака: се појавуваат поради хормонот естроген, тоа е женски хормон да ама секоја жена не го лачи исто и не реагира на него исто, така да телото така ти реагира на него ти се создаваат фиброадреноми, а на други жени им се создаваат миоми и цисти на јајници, на трети им се појавуваат и двете. Епа јас сум сама среќничка што го има едното зло си помислив. и ја прашав има некое решение како да го решам и контолирам хормонот и она самао ми рече НЕ, ако чепнеш еден хормон ќе пореметиш се друго... и си се вратив на работи и почнав да сурфам на нет и да видам и најдам решение каква е корелцијата со фиброадреномот и естрогенот и сегде истото го пишуваше дека се појавува од вишок на естроген кој се задржува во црниот дроб, дека се појавува кај жени кои не се празнат доволно добро, у прицип поради загадување на организмот, и почнав да барам решение и налетав на еден сајт на некој доктор каде што имаше наведено цела листа на работи кои треба да се практикуваат меќу кои да не се внесува КОФЕИН во било која храна ( нема кафе , нема чај, нема како, нема чоколадо, нема кока кола... нема апчиња на база на кофеин) бидејќи при едно испитување кај жени со фиброадреноми кои престанале да конзумираат кофеин имало драстично намалување на фиброадреномите. Следниот чекор е исхраната треба да се хранам вегетаријански што знаци нема месо освен риба, нема заситени јаглехидрати (било каков шеќер не интегрални тестенини и житарки), затоа има мешункасти плодови ( грав, леќа, ориз, боранија, грашок....) и да пијам органско соино мелко, да се внесува многу витамин Е што го има во бадеми, спанаќ, кикирики... И така додека истажував налетав и дека треба да се масираат градите од 14-27 ден со крема од природен прогестерон, бидејќи во тој период во таквите случаеви било намалено неговото лачење што предизвикувало умирисување на мишките. Незнам за вас ама кај мене тоа е случај. И тука дојде друго прашање што е сега таа крема и почнав да пребарувам и најдов дека ја користеле жени што имале проблем со овулација и забременување, и се мачкале со нејзе пошто била природна без ништо вештачко во неа, и им помагала. Јас искрено несакам да почнам да ја користам и да ја нарачам додека не ги проверам хормоните и не се консултирам со гинеколог. Исто имаше и чаеви за потпомагање на работата на дробот( листови од глуварче и корен од глуварче) како и тоа дека треба да се внесува некое уље од некое ноќно цвеќе, доколку ве болат многу градите пред добивање, јас немам таков случај бидејќи градите ми се многу мали, ама ми се случи во последното добивање да ме чешаат многу неподнесливо и на интернет кога барав што значи тоа ми рекоа дека било вообичаена појава за фиброадреномни гради. Така да јас од пред два дена се фатив за работа почнав да пијам мнооогуууу вода и да не внесува кофеин, шекери и да се хранам со манџи и салати и овошје, па ќе видиме како ќе биде ефектот од сито тоа. се надевам дека на некој ке му биде ова мое искуство од корист и доколку има некој нешто природно пробано би сакала да знам
И јас го имав истиот проблем. Фиброаденомот не го оперирав, само успеав да го намалам. Се согласувам со се што наведе за исхраната, освен соино млеко. Сојата е една од најчесто генетски модифицирана храна, плус содржи фитоестрогени кои може да доведат до рак на дојката. Многу студии се направени и многу од нив се со контроверзни резултати. Во некои случаи помага, во многу одмага. За да бидеш на сигурно не ти препорачувам ни соја, ни соини производи. Естрогенот ќе го ставиш под контрола ако не дозволиш вишок килограми околу половината. Овој хормон сака масни депоа и се таложи на нив. Млекото е извор на естрогени, избегнувај го. Друга работа, исфрли ги или намали ја употребата на сите козметички препарати, особено оние кои ги ресорбира нашата кожа, како антицелулит креми, млеко за тело, гел за туширање, омекнувач на алишта. Тие содржат ксеноестрогени, кои исто така штом ќе влезат во телото се однесуваат како естроген. Ако успееш да го регулираш естрогенот на овој начин, никако немој прогестеронска крема, зошто ќе отиде работата на друга страна. Со додавање хормони, да не си играме. Исто како што фиброаденомот може хирургот да го отстрани, но со тоа не ја отстранува причината што довела до неговото создавање, и овде ако еднаш ја камуфлираш работата со прогестерон, вистинската причина која го покачила естрогенот нема да биде отстранета. Браво за кофениот, и јас приметив како ми смета и тоа за 10 мин по конзумирање кофенин, обавезно го чувствувам во градите... А дали имаш пиено таблети фолна киселина?
Немам пиено фолна киселина иако препорацуваат да се пие витамин б и е, јас во моментов пијам пацинја за потикнување на рас на коса па во нив има б битамин и не го дополнувам тоа количество, сега прочитав да се правел сок од зеленчук и да се мешало: спанаќ, кељ, целер, магдонос, ѓумбир, краставица, јаболка за вкус и некој раштан што прв пат слушам за него прогестеронската крема не ни планирав да ј акористам ама ја наведов бидејќи беше наведена од докторот. исто така купив еден чај за прочистување на дробот, ама ке го пијам разреден во намалена количина од дозата што ја пишува на кутијата. сега кажи ми ти од кога практикуваш вакво начин на исхрана и дали имаш некави ефекти.
Здраво феминки, денес приметив на десната града како бел секрет ( личеше како на мрсул) така малкуу во внатрешноста на пупката, премногу се исплашив, нормално ли е тоа или ?
Здраво и јас со ваква мака сум. Фиброаденом од 4 сантиметри и докторот рече бидејќи е големко препорачливо да се извади. Немам ни болки ни некаква надворешна промена на изгледот па затоа не ми е јасно ако е бенигно зошто мора да се вади ?? Ве замолувам акосте имале искуства софиброаденомите и некакосте успеале да ги намалите без операција пишете како. Ако нема спас како оди операцијата локална или општа анестезија и како е после неа
Јас го извадив пред година ипол. Ме оперираше д-р Кондов. Се вади затоа што ехото не кажува 100% дека е бенигно и не знаат дека може да ескалира и да биде страшното а и у најмала рака страно тело е. Нема некој си лек што може да го повлече освен тоа самото или да стагнира во растење. Ич не му ја мисли и за твоја сигурност извади го. Се оперира со локална анестезија (бљааак, не боли ама ружна е самата помисла што ти прават додека д-рот и сестрата ги слушаш како си прават муабет). Одиш одма дома, пиеш анелгетици и некој антибиотик - обично Цитерал и за 10-14дена вадиш конци. Првата недела малку боли ама не е страшно воопшто а после се пазиш да не креваш тешко и таа година нема топлес сончање Послушај го д-рот и извади го
Zdravo!! Jas sum nova na forumot i cepkajki po temive naidov na ovaa tema!! Spored mene edna od najcestite deneska!! Isto taka kako i mnogu od vas surfajki po internet i barajki pravilen nacin na ishrana, ishrana koja zdravo vlijae na organizmot ili pak e od nekoi lekoviti celi naidov na gorclivite semki od kajsija, od koj e izoliran vitB17 potoa pocnav da citam i za nego pa dojdov do invormacija deka se koristi pri terapija za rak, za sekakov vid na karcinomi, duri posto i bolnica vo meksiko koja leci so nego, njdov i nekolku knigi vo koi se spomnuva i mnogu doktori go preporacuvaat!! Sekako e progonet od FDA vo amerika bidejki bi im ja srusil zarabotkata na farmacevskite kompanii od citostaticite!!A od ne odamna doznav deka pocnal i kaj nas da go ima!! Pa moj sovet e dokolku sakate moze da istrazite i da gi vidite pridobivkite jas mislam deka pomaga dosta!! Jas tocno kaj nas go vidov vo edno spisanie mislam zdravje i ubavina bese!!
здраво!! да ви ја кажам маката прошлото лето бев на ехо зошто приметив на левата града грутка и ме боли понекогаш и ми рече проширени канали !! а знам проширени канали имаат жените сто биле трудни и доиле само. а јас не сум мажена имам 19 год.. така да отидов на друг лекар и ми рече имам масно ткиво на левата града и дека не е страшно и е 4 со 7 дали цм или мм незнам.. и рече пак да дојдам во мај сега незнам понекогаш ме боли и имам течност како една точка жолта боја од брадавицата на левата града..исто така ставам лист од зелка навечер кога спијам еве до ден денес ..дали имал некој ист проблем ве молам одг,, однапред благодарам
Вчера ги зедов резултатите од пункција на мајка ми и вака FIBROADENOMA MAMMAE ,атипични и малигни келии не се најдени. Тоа второто е супер, а ова првото е тоа Фиброзно ткиво за кое зборувате? На резултатот има нешто тврдина со промер од 1 цм, претпоставувам тоа е големиниата на ткивото. Е сега уште не е била со резулататот кај доктор но дали би било подобро тоа да се отстрани на време, бидејќи веќе има правено операција од малиген тумор на бешика па сега за се нешто вакво кога се појави баш е
Здраво девојки. Имам едно проблемче што ме мачи еве два-три дена. На левата града на пупката попрецизно да кажам како малку така се гледа малку да ми е отечена во долниот дел. Бев кај матичната вчера и ми даде упат да одам да се снимам на ехо. Пред две години бев на ехо од работа на систематски ми рече докторот дека сум во ред. Па доста време поминало, а знам дека редовно треба да се прави контрола на некои 6 месеци така нешто. Имам 25 години и докторката ми рече само на ехо да се снимам. Ми викаат некои дека е од замор може градата да отекува (или пупката), некои ми викаат дека може сум лежела лошо на таа лева страна на градата зошто имам обичај да лежам на стомак, неки ми викаат дека може тоа да ми е дека треба да добијам мензис. Ми рекоа дека треба да поминат 10 дена откако ќе ми заврши мензис па тогаш да појдам да направам ехо тогаш најдобро се гледало дали има или нема нешто. Па ако некој знае нешто во врска со ова дали може да ми каже што и како ќе ве замолам. Поздрав
моја препорака тие да го следиш и да не го вадиш, од проста причина што има шанси пак да ти се појави и нема да се сечеш на секое. јас имав пред 3 години извадив фиброадреном со големина од 4,5цм, кој го носев едно 8 години, ме оперираше Кондов, и сега повторно ми се појавија нови два на истото место. Ренгенологот кој ме прегледува ми рече да го следам и да го вадам пред порѓање, да не прерасне во нешто друго под дејство на хормоните во бременост, а ако останеш трудна и го имаш во тебе треба да се прати. Во моментов пробувам да го изгубам преку храна па ке те информирам после постот какви ке ми бидат резултатите ако те интересира што како треба да јадеш прочитај го мојот пост погоре.. поздрав
Здраво девојки. Јас направив операција на градата пред 3-4 недели. Требаше да се извадат само 2 поголеми фиброаденоми, но кога отвориле, приметиле дека има повеќе и извадија од прилика 6-7(и некои помали, нели). Сакав да се обратам до оние кои веќе имале вакво искуство. Дали ви се случува истото што и мене - градата веќе повеќе ми се разликува од другата. Едната ми е баш поголема од другата(не како претходно кога се разликуваа, не е она природното едната да е поголема од другата) и ми смета тоа. Дали има шанси да се поправи тоа со време, дали како што ќе здравее местото, така можеби и ќе се зголеми? Забележувам и дека има малку чудна форма(резот е околу брадавицата) и се осеќа дека е вдлабнато кај резот. Ми велат дека масното ткиво само ќе се оформи и ќе се поправи таа вдлабнатина. Дали тие што имаа вакво искуство имаа некои вакви слични “проблеми“ како мене и дали се поправи тоа со време? Ми викаа дека нема да се познава, дека се ќе биде во ред и веќе не знам во што да верувам. По секое туширање, се гледам во огледало и плачам... р.ѕ. Имам 19 години(доколку значи нешто во понатамошното зголемување, оформување на градата). Поздрав, се надевам во скоро време ќе ми врати некој. Многу ми е тешко.
Ти си млада и верувам дека градата ке ти се врати во нормала бидејки нормално е тоа со големината и вдлабнатините после извадени 6 -7 фиброаденоми. Резот со тек на време нема ни да ти се познава, еве кај мене после 7 години нема ништо, а и порано го снема, мислам дека се познаваше 2 -3 години. Сепак кај мене извадија само еден голем, еден оставија и кога завршив со доење сам го снема. Уште тогаш докторот ми рече дека ако не многу големо и не пречи не треба да се вади. Не знам дали кај тебе сите биле големи па ти ја искасапиле цела дојка. И кој те оперирал?
Не беа веројатно многу големи. 2-те малку поголеми другите помалечки. Не е цела града испосечена, ама некако(дали од сугестија или слично) како да ми се разликува од другата. Но, тоа ме интересираше, дали ќе се врати во нормала. Штом викаш дека тебе ти се средило, веројатно треба само да почекам. Инаку баш денес напипав пак некое грутче на истата града. Не знам дали е исто или пак нешто друго после операција што може да се примети. Боже, уште оваа грижа ми фалеше. :/ Ти благодарам на одговор. р.ѕ. Ти пишав нешто и во лични пораки.
И мене кога ме оперираа отпосле напипав друго топче внатре, ама докторот рече дека не е се што е топчесто за вадење и стварно испадна така, тоа топче ми го снема откако ја доев ќерка ми. Не се секирај, само оди на 6 месеци на редовна контрола на ехо и се ќе биде ок
Здраво. Јас не сум правела прегледи до сега на градите но сакам да ве прашам некој што знае да ми одговори дали е опасно и дали е некој знак кога брадавицата (пупката) на градата ти е вовлечена на внатре. Кога се туширав го приметив тоа беше како дупка и не беше целата на внатре туку онаму каде што е дупчето таму беше на внатре и беше како поголема дупка. После самата се исправи. Незнам дали ова може да нзачи нешто или некоја болест а малку ми е и црвена тета вика воспаление некое на кожата. Јас пијам лекови што го зголемуваат ризикот за рак на дојка па незнам да не има врска нешто тоа?
кога си ги фатам градите целите ми се со грудки внатре дали е некој провлем ова или кај сите е така ?
Мене ми се све грутки градите. На ехо ми кажаа имам три фиброаденоми, два поголеми и едниот помал, ама не ми ги вадат. Сум била млада (28 години) и дека немам родено, нормално било. Двајца доктори ми рекоа така. Ама Нана за секој случај треба да одиш на ехо.